Го сакам родниот град бидејќи сите луѓе што ги сакам ми се таму и сите најубави спомени ги имам од таму. Го сакам и заради тоа што кај и да одам не ми треба превоз, секаде може да се стигне пешки. Не ми се допаѓа тоа што секој со секој се знае, и знае се за него, премногу се оговара.
Си го сакам Скопје ( иако сега е раскопано, гнасно онака предизборно).. Го сакам поради чаршијата.. атмосферата таму во лето.. Го сакам поради улицата Максим Горки во пролет.. Го сакам поради Вардар, иако е таков каков што е, израснав на неговиот кеј. .. поради Водно, сите оние паркови околу мојата зграда што сеуште ми мирисаат на моето детство.. Скопје, те сакам.. и ќе ми фалиш
Го сакам зошто си имам мои тајни местенца на кои одам да се релаксирам и да се скријам за миг од сите... Го сакам заради езерскиот мирис, мирисот на липите на мојата улица, прекрасните пејсажи при изгрејсонце и зајдисонце, поради прошетките по песокот од кој секогаш ти влегува некое камче во патиката.... прекрасните ноќи на плажа на кои јасно се гледа небото послано со милион ѕвезди..... Јас го обожавам мојов град... И никогаш не би можела да мразам нешто во мојов град...Можеби другите не го доживуваат како јас што си го доживувам и се нешто им смета..јас наоѓам убавина во се...
Тоа малото топло градче на југ кое веќе го викаат "Македонскиот Лас Вегас" е мирно пријатно за живеење. Да,тоа е Гевгелија. Со сакам поради: -Топлата медитеранска клима и во лето и во зима -Иван Раденов,наш е -Нетолку густиот сообраќај -Поради блискоста со Грција,повеќето од Грците во Гевегелија кои доаѓаат се префини луѓе -Поради СЕ,едноставно си го обожавам градот! Го мразам народот,толку многу озборувања ..уфф А градот ... во никој случај ... за ништо не го менам ... за ништо! Ова е поглед од Вардарски Рид .. кон исток т.е Богданци и соседните села. Фламинго. Принцес.
го сакам заради мирисот на липи што се ширеше по партизанска затоа што е едно и единствено затоа што таму пораснав
Го сакам Скопје. Навикната сум на него и моето срце чука во ист ритам како со она на градот. Ја сакам Ленинова, ул. Македонија, сите трачарки и wanna be фаци кои ги гледам низ тукашните улици и ми дозволуваат да ги озборувам. Џагорот на дечињата кај мене пред зграда, преполн градски парк со пијани фацки. Го сакам старо Скопје, пропратено со добра староградска музика. Мирисот на липи, ќебапчиња од Дестан, атмосферата во Дебар маало, гужвата во строг центар. Си го сакам цел град со сите свои недостатоци, несовршености, целиот хаос кој го нуди и топлината која ми ја пружа. Начинот на кој функционирам тука. Брзање, турканици, гужва. Стара чаршија, Кале, Даут-пашин амам. Камени мост, застанатиот часовник од земјотресот. Старите згради во близина на градски парк. Ми фали лименката Скопско која стоеше горе на Железничка станица, на која постојано и се радував кога ќе ја видев. Го сакам Водно со погледот кој го нуди, и упорното барање на нашата зграда кога бев мала. Ја сакам калдрмата во која ми се заглавува штиклата, па после оп-троп паѓаш на земја. Го мразам затоа што е нечист. Затоа што кејот е уништен, исто како и миризбата под Камени мост. Ах таа миризба. Го мразам затоа што одгледал хулигани кои го уништуваат. Ја сакам лектирата која ја работевме во основно, каде е доловено старо Скопје. Онакво какво што ми е раскажано дека било. Улиците, детската игра, тогашниот живот. Но како и да е, го сакам и сум горда што сум родена во него.
Една многу важна причина зошто го сакам родниот град бидејќи после напорниот работен ден си одиш на не толку фреквентна плажа каде ги чекаш сите трансформации на небото од вжареното безмилосно печење на сонцето до ладовината и преубавата палета на самракот, мигот на совршен мир на зајдисонцето и потонување во мрак на истиот пејзаж, подобро чувство отколку луксузен спа третман за душа, тело и остали органи, .
Го сакам Скопје, затоа што мојата мириса најубаво мириса на липи. И кога седам внатре го чувствувам мирисот.
Охрид - Град кој гордо се вее на брдото, град кој во него ги крие и открива сите негови убавини...Место кое неможете да го одминете, рај на душата, мелем на очите...Слегувајќи од Варош горе, таму од на калето и спуштајќи се по тесните улички и сокачиња просто како да си во некој друг свет. А низ тие сокаци те пречекуваат сите, од најмали до најголеми, џагор на весели и разиграни деца, стари луѓе кои сеуште знаат како да му се воситуваат, и многу многу туристи (особено во летниот период) кои неможат ни да се начудат да убавините на наишиот мил и сакан Охрид...Охрид ги крие речиси сите најголеми мои тајни...Таму на Црвената зграда го нацртав и првиот свој графит, аа на клупите кај Св. Софија ја запознав првата љубов...Сепак сето тоа останува во нашиот Охрид, и во моето срце....А да, единствено што мразам во Охридот е кога морам да се разделам од него (сепак израснав уште во 1 град и 1 село...но, овде треба да напишеме само за еден :/)
...Ми измами насмевка на лицето насловот. А баш скоро размислував за тоа колку многу спомени имам на секое ќоше од градов. Мојот роден град е Неготино. Да,тоа е оној град за кој можеби не слушате многу,освен понекогаш на вестите кога лозарите имаат проблеми,кога ќе прочитате на некое вино Повардарие - Неготино,кога го слушате и гледате Мишко Крстевски или Александра Пилева,Кристина Арнаудова,Нели Ти Реков,кога ќе го слушнете легендарното ЧЕ изговорено од некоја ваша колешка или колега од факултет,пријателка од овој крај... Да,скромно е Неготино. Го обожавам приквечер,во лето или при почетокот на есента,кога не е толку многу жешко и кога седам на тарасата и го голтам градот со погледот. Го обожавам приквечер,кога полно е со луѓе,сите се раздвижени,мијат дворови,деца трчаат,се слуша баскетот на улицата,слушам некој точак од некаде,некој се смее од комшиите,оноа малото Ќире пак плаче... Го обожавам затоа што животот ми е тука. Јас растев со него и тој со мене. Јас се сменив,но тој и не баш. Делумно е ист. Го сакам затоа што ми даде толку многу да се сеќавам. Направи некои сплетки и јас запознав неверојатни луѓе кои се мојот живот. Луѓе кои го чинат мојот живот. Сакам кога шетам навечер по неговите улици,тивко е .. Таму понекогаш си го барам мирот во душава. Сакам кога шетаме другарките по уличките,од оваа па на онаа,и ќе излеземе некаде кај што никогаш не сме биле,ама не е битно. Не можиш да се изгубиш. Го имаме најубавиот базен. Го сакам навечер преку викенди. Сум била на секакви журки,но како што сум си поминала во Неготино,со мои луѓе,никаде на друго место. Можам да се глупирам тука. Кој што нешто ќе ми каже? Дома сум,на свој терен сум. Понекогаш толку ми оди на живци народот тука и досадата која ја има во преголеми количини,но никогаш не би се откажала од него. Секогаш ќе бидам жедна за него. Да,го обожавам. Излегувам и го гушкам со целото срце. И се смеам ко луда. И не ми е гајле.
Кога ја видов темава веднаш ме потсети на еден краток текст кој го напишав во еден миг од еден навистина тежок период во мојов живот кога ги воочив вистинските вредности на животот. Еве: Прекрасно е... Ѕиркам од прозорецот и го гледам самракот, денот полека си заминува,а ноќта го постелува прекрасниот ѕвезден килим. Прекрасно е, никогаш не сум ги ценела овие моменти,но сега во овој период без разлика колку тажен и тежок ми е сфаќам колку се важни оние мали мигови, кои не се купуваат туку се бесплатни,а воедно и се насекаде околу нас,но малку очи, малку срца ги виделе и ги почувствувале со вистинската вредност и убавина... Ја гледам глетката право гробишта... Знам колку морничаво звучи,но прекрасно е го знам местото на секоја куќа во таа глетка и новата патека осветлена со прекрасни светла... Волшебна е целата глетка дури и гробиштата околу нив куќи, игралишта-живот,а во нив смрт. Од десната страна после балконите на соседите од каде што чувствувам мирис на кафе,чувствувам вистински прекрасен момент кога едноставно се одмараат зборуваат,се смеат,ги гледам малите делчиња покриени со тмурниот самрак на езерото кои едвај се гледаат,но се гледаат и оние вљубени парови на педалинка кои отишле далеку во брановите... Прекрасно е, Струга е прекрасна... Мал град кој не се наоѓа ни на прогнозата,но го има најубавото нешто во територијава езерото... Ја обожавам глетката,градот,мирисот, караниците од некои залутани туристи викајќи по телефон со смешен акцент, зарем не е волшебно?! Ја гледам и првата ѕвезда која светна на небото... Го обожавам градов, се обожавам бидејќи тука сум родена, го обожавам бидејќи јас сум од Струга,јас сум горда СТРУЖАНКА. Еве зошто го сакам родниот град,поради ваквите волшебни моменти кога седиш сам на балкон и едноставно...Уживаш, во вистинските вредности. А зошто го мразам? Не го мразам, ги мразам луѓето, ама тоа нема никаква врска со градот,јас го мразам поголемиот дел на луѓе во целава Македонија кои ги познавам,што да ви кажам имам талент за мразење
Јас сум од оние личности кои не го сакаат своето родно место (татковината) туку го обожуваат. Во која смисла? Од типот на - каде и да одам во животот, каде и да живеам, без разлика колку места ќе посетам, пак дома ќе си се вратам. Зошто? Затоа што дома се чувствувам најсвоја, најубаво, најудобно. Тука ми се најблиските (барем до сега), тука пораснав и ми се допаѓа начинот и местото на живеење. Не велам дека Македонија (и конкретно моето гратче) се најидеалното и најубаво место за живеење во светот, далеку од тоа. Се' си има свои позитивни и негативни страни. Мојот роден град го сакам бидејќи по природа е мирен, чист, среден, изобилува со локали за забава на младите (па и постарите ). Има солиден број на знаменитости кои би можеле да се посетат и туристите секако нема да зажалат доколку го направат тоа. Кога ќе размислам всушност разбирам дека барем според мене ништо не му недостасува. Во моментот навистина не би можела да се сетам и претпоставам што е она по кое би го мразела. Во согласност со условите кои го дозволуваат тоа има се' што им е потребно на луѓето кои живеат таму. Нормално, секогаш може нешто повеќе, но не би сакала да навлегувам во толкави детали.
што најмногу мразите во својот град? Во глобала си го сакам изгледот на градот. Навистина, некои делови се катастрофални, но сум се навикнала да живеам и да се помирам со нив. Повеќе ми пречи однесувањето на луѓето. И младите и старите. Младите живеат во некој џет-сет филм (секоја чест на исклучоците). Сите се у филм дека се некој и нешто, не излегуваат за да си поминат убаво- туку за да бидат видени. Старите пак, само се жалат од младината.....а добар дел од лошите навики кои ги стекнуваме, произлегуваат од нив. Ете тоа ми пречи.
што најмногу мразите во својот град? Во мојов глуп град ги мразам луѓето та млади та стари испозанесени испокренати како кизнеј што да се а никој и ништо не се , ги мразам сељаците (манијаците) штом помини некој човек туку зјапа седнале на порта и како некои вртелешки туку се врта по луѓето што поминуваат
што најмногу мразите во својот град? затупеноста на лугето со политика,оговарањето,седењето пред врата и гледање кој каде оди и со кој...и да дефинитивно тоа што има луге со едно кафе седат по три сати во кафич,и заради нив мораш пет пати да вртиш нис кафичи за да најдеш место ( или одма да попиздеш и да седнеш во некоја пицерија)
што најмногу мразите во својот град? Карактерот, кој е малограѓански!!! Мислам дека има побитни работи од тоа комшиката во колку испаднала, а во колку се вратила!!!
што најмногу мразите во својот град? Изгледот на градот во глобала го сакам- среден е и чист. Има места за излегување, кафичи, ресторанти, пицерии итн. Живеам во супер град . Повеќе ми пречат луѓето кои живеат во него бидејќи се гоолеми озборувачи. Секој знае се за сите, бидејќи не е кој знае колкав градот, а и ние луѓето ја имаме таа "лоша" навика. Секој гледа во туѓиот двор наместо во својот.
што најмногу мразите во својот град? Мразам што Комуналциве пола ѓубре го пролеваат по пат и смрди цел град после тоа