1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини зошто го сакам или мразам родниот град

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Theodora, 29 април 2011.

  1. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    што најмногу мразите во својот град?

    Ги мразам црвено-жолтите грди огради на мостовите :puke:
     
  2. marijagjakovska

    marijagjakovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    2
    што најмногу мразите во својот град?



    имаме исто мисвење :)
     
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    што најмногу мразите во својот град?

    Тоа што тропскиве горештини ги поминувам во него. Тоа ќе му дојде горе-долу... ама па и есенските дождови ми сметаат во него, пролетниот полен од дрвцињата у цут, снегот у зимско доба !
    Ваљда тоа ми смета де, што сум во него сите четири годишни времиња, секој месец од годината и секој ден од неделата со по некој исклучок.
    А, инаку го обожувам, го величам.. имам и календарче со старо Шкуп на ѕид, го оговарам во друштво, ми недостига кога го нема у друштво.. и то.
     
  4. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    543
    што најмногу мразите во својот град?

    Ако можам да кажам ,, типично заостанатиот народ`` :x
     
  5. eemmiilliijjaa

    eemmiilliijjaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    213
    што најмногу мразите во својот град?

    е така и јас тоа посебно
    селациве
    кои ги има секоја сабота в град и дури поради тоа не ми се излегува в град
     
  6. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    што најмногу мразите во својот град?

    Малограѓанштината дефинитивно и од староседелците и од дојденците (нормално со исклучоци и секоја чест за нив)
     
  7. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    19
    што најмногу мразите во својот град?

    Ќе се надоврзам на Чупе.Ми смета малограѓанштината,седење по цел божји ден на Широк Сокак и маткање со кафето 100 саати,шмизлите уфилмани(оти кај нас важно е да бидиш виден како чекориш по нашата модна писта Широк Сокак со новите алишта кои си ги купил со последните пари)а дали утре ќе имаш за јадење не е важно.Мешање во туѓи животи/врски,комплекс на виша вредност....
     
    На baby-star и Chupe им се допаѓа ова.
  8. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    што најмногу мразите во својот град?

    малограѓанштината или сељачана не знам веќе како да ја наречам и оговарањето секој за секого се ќе каже а не се гледа прво себеси
     
  9. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    што најмногу мразите во својот град?

    тоа што менталитетот е апсолутно под нула...и има перени мозоци кои живеат само за тешки предрасуди :@
     
  10. TeddyS

    TeddyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    121
    што најмногу мразите во својот град?

    Оговарање .. :wasntme:
     
  11. Lina92

    Lina92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    29
    што најмногу мразите во својот град?

    градот си го сакам ама народот ... no comment
     
  12. fatbeautiful

    fatbeautiful Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    58
    што најмногу мразите во својот град?

    Исто и јас мал град е и ноон стоп озборуват абре не можеш да поминеш а да не слушнеш коментари позади тебе :puke:
     
  13. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    што најмногу мразите во својот град?

    ЈСП дефинитивно! :!:
    Спомениците не сакам да ги коментирам воопшто... :nod:
    Туку фала богу што сега донесоа нови автобуси - па ај некако ќе пројде. Ама тие гужви, испотени мишки, реите од ракија, кромид, лук, праз, понекогаш перверзни и непријатни погледи, бутканици, култура сведена на најниско ниво... :x набројувањето е... endless...
    А да не зборуваме за хигиената и чистотата. :x
    Пред некој ден сум прснала на сред автобус во таква смеа што секој се сврте и ми подари онаков ’што и е на оваа?’ поглед. На стаклото позади шоферот табела: датум - автобусот го исчистил - датум - автобусот го проверил. И како што најверојатно претпоставувате - празна листата. Леле како прснав во смеа кога ја видов, дваесет минути ми беа малку да се смирам.
    А тоа не дека за смеење, сироти ние, за плачење е. :worried:
     
  14. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Градот си го сакам заради што имам многу спомени кои ме врзуваат за него, а и тука живеат оние кои ги сакам најмногу :)
    А градот го мразам заради народот и затоа што е so f**king boring :@
     
  15. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    399
    Тука се родив, тука го започнав животот. Секако дека сум поврзана со мојот град. Го сакам и бидејќи е убав..Колку се само прекрасни утрата...Колку е чист утринскиот летен воздух.. Вистински рај-летно утро, шеташ покрај езеро, пиеш свеж сок, го чувствуваш мирисот на тазе искосена трева и го слушаш звукот на лелеавите бранчиња. Колку само историја на која сме горди крие стариот дел на градот. Фасцинантен поглед од ридот со панорама на градот и езерото. На секој чекор имам спомени..А тука се и сите што ги сакам.
    Но, колку што е прекрасен градов, толку катастрофа му е народов. Мал град, па луѓето живеат од животите на другите. Многу се алчни, гладни за пари. Затоа не го бива туризмов последниве неколку години. Преку лето на пример таксиметрите остануваат во заборав и таксистот ти кажува цена во зависност дали си турист или не. Цените на пијачките е како во центар на Прага да седниш на кафе.

    Сигурна сум дека после постов ќе ви биде повеќе од јасно за кој град станува збор.

    Но сепак, каде и да живеам, работам и каде и да ме однесе животот и обврските, би сакала, ако даде Господ пензионерските денови да ги поминам токму тука :)
     
  16. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Исто. :tmi:
    Градот и го сакам, ама и не претерувам со сакање. :rofl:
     
  17. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Го мразам,го мразам и го мразам.
    -прво и основно го мразам бидејки е мал град и има малку луге :@
    -го мразам бидејки има вкупно 7 кафичи од кои летово 3 не работат,2 работат колку за и тие да не стават клуч и остануваат само најдобрите 2 во кои одат се исти луге и се знае точно кој на која маса седи, се со исти диџеи(понекогаш доага еден дебел,ќелав грк кој се качува по шанк и секој втор збор му е мада фака)
    -го мразам бидејки има 1 базент кој веќе две години не работи и нема каде човек да се бања :@
    -мразам бидејки е скап град и за викенд во супермаркет неможеш да дојдеш на ред од грци :devil:
    -мразам бидејки има многу малку бутици со најглупата гардероба и нема ништо поефтино од 1000 денари
    -мразам што последен пат видов многу луге во градот пред 1 недела а пред тоа мислам дека беше на еден митинг кога бев мала |(
    -мразам што има само 1 пензионерски дом
    -мразам што поради големите хотел го нарекуваат Лас Вегас а тој е што се вели 2 на 2 голем :D
    -лугето |( не ми се коментира ке треба 2 часа да пишувам ако веќе почнам

    Па и како шлаг на сите овие работи тој спаѓа во 5 најдобри градови во Македонија :o Нека се соберат сите пензионери од Македонија и нека дојдат да живеат во овој топол,претивок и досаден град погоден за трачарање во кој на секој му го знаеш комплетно целиот живот(дури и повеке од што треба) 8)
     
  18. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Неготино го сакам зашто во него дишам најубаво, мирна ми е душата, тука ми се најмилите, мислам моите родители, братот, моите роднини со кои сум блиска, и пријателите најблиски.
    Го мразам зашто е мал град, и секој за секого се знае, нонстоп се прате кој шо како, нонстоп се оговара, се измислува се надоврзуваат лаги па и она што не е лага, доволна е 1 мин цел град да дознае се, значи малку се оние кои си го живеат својот живот а не живеат во сенката на некој друг живот.
     
  19. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    Го сакам затоа што е мој роден град,и тука живеам веќе 18 години.И каде и да ме однеси животот тој секогаш ке бидит мојот град и во секоја прилика ќе се навраќам тука.
    Го мразам затоа што е мал град,нема некои интересни настани,све е монотно,нема многу места за шетање.Најубавите места,и кафиќи диксотеки се албански.А нашите се дупки така речено во споредба со нив.За викенди е исто,секогаш иде некој пејач дали од соседна србија,или од македонскиве,но сето тоа се дешава во два-три кафиќи во другите е тапа само за дневна шема работат.И сакал несакал морат да излегуваш таму.Едноставно нема некаква забава за младите.
     
  20. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Те сакам поради твојот инает,твојата несовршена убавина и силен народ.
    Што без да сакам пуштив корени и не ми се оставаш.
    А и ти не ми замеруваш.

    Те сакам што можам да те воспевам и нагрдувам ,да ме дочекаш топло секогаш кога ќе се вратам ,ме оставаш да ја газам секоја твоја улица со сета гордост што си ме одгледал.

    Го сакам Ридот твој ,со сите стари или недоградени куќи ,сведоци на нашите детски палавштини .

    Самракот од ѕидот на Германските гробишта,сеќавањето на безбројните игри што ги игравме врз таванот на починатите кога едвај се држевме на нозе ...
    Ми буди една нескромна доза на носталгија и мами по некоја солза за она што не се враќа.
    Ми удри шамар реновирањето ,а баш ги сакав онака стари ,непосетувани ...Им ја одзедовме невиноста и им дадовме дух...

    Го сакав паркот кај Судот и старите ,рѓосани нишалки ...Како дозволи да ти ги земат? Знаеш ли дека немаше дете ни голем што успеваше да им одолее и да не се заврти на нив?
    И сите баби што прекорно не следеа додека главата и нозете ни се спојуваа и пак се разделуваа на нашата Гасеница,за некои Воз.
    Добро ,сега имаме пајки и куќичка на дрво ,но нели ти недостасува неговиот стар шмек? Мене да .


    Џони и фудбалот ...


    Бессоните ноќи на Димо Наредникот ...Сета бучава,жештината на бетонот која ја чувствувавме во секоја клетка наша ,што го колневме летно време кога ќе не замелушеше и ќе ни се свртеше во главата ,сината и црвената клупа со наши белези и со список на нашите симпатии...
    Барем ти остана живата ограда ,иако е мртво и никој веќе не седи да ја варди.


    Дрвцето пред Старо кино...

    Те сакам поради количината на слободата што ми ја даваше Тризла маало и почитта од тамошниот народ.


    А кога ќе се качам на Маркукулето наше - што можам да го изнадишам здивот твој и така убаво да те разгледам и да ти се восхитувам ,секој пат се повеќе.

    Правопропорционално на недостигањето.



    Свесен си ми ти дека не можеш да им ги затнеш устите на прилепските портарки ,брате не можам ни јас ,а веќе и не се потресувам.Нивно право.Нивни комплекси.Нивни кармички долгови.

    Честа е твоја.Ти ме направи ваква.

    Ми ги предочи своите слабости за да те засакам уште повеќе ,кога те гледам така ранлив и знам дека сочувствуваме.


    Обајцата копнежливи меланхолици ,Прилепе најдраг мој ...
     
    На ani22, La.Reina.Del.Sur, Simonna7 и 3 други им се допаѓа ова.