Ах, Скопје наше......Љубовта моја најголема. Го сакам. На моменти го мразам, ама многу кратко трае. Има еден тон работи во него кои ми пречат, но не можам да го мразам. Едноставно не можам, и да сакам да го мразам, не успева. И луѓето се никакви, исфурани, исфрустрирани, уфилмани, ама и ради тоа не можам да го мразам. И плоштадот тотално ни го упропастија, и духот на вистинското Скопје го убија, ама не можам да го мразам. Мое си е, бе. И си го сакам највише на свет. И не го давам на никој!! И си ги сакам импровизираните пазарчиња пред моја зграда во маало, без разлика што не можам до влез да стигнам без да се удрам во некој. И си го обожавам најславниот ми мој комшија Си го сакам маалото мое најубаво. Многу блиску до центар, а надвор од него. Релативно мирно и спокојно. Со многу деца. И пет пати повеќе кучиња. Го сакам Вардар и кога има и кога нема доволно вода во него. И кога смрди многу, и кога малку подзасмрдува. И чаршијата ја сакам, заедно со сите флекници пропаднати во дупчињата меѓу камењата. И го сакам центарот на Скопје, зашто само тука можеш да видиш едно до друго застанати на семафор запрежна кола со товарени картони и најнов и најскап модел на Мерцедес. Го сакам Водно во секое време од годината. Во секоја можна боја. Во пролет и лето гледано од некоја висока зграда со поглед накај него, ги има сите нијанси на зелена боја. Посветла, потемна.....Секаква зелена. Вистински одмор за очи и нерви. И тогаш ми е најубаво. Од пред некое време и кабините од жичарата се гледаат. Го сакам и хаосот во Скопје. Без разлика колку е се неорганизирано и хаотично, се снаоѓаме. Како знаеме и умееме, ама се снаоѓаме. И деновиве кога од саат во саат отвараат и затвараат улици за сообраќај и менуваат сообраќаен режим, и тоа го сакам. Ме нервира, ама го сакам. Ја сакам и врелината на жешкиот скопски асфалт. Некогаш дури и осеќам како штиклата ми прави дупче во асфалтот, од што е жежок. Ама и тоа го сакам, баш ми е некако мое, и скопски. И само Скопје може да го пружи задоволството на најубавата симит погача во фурна во Чаир после град. Или пирошка или тост од 7-ца во 4 сабајле. И ја сакам стазата покрај кеј. Иако повеќето одат за да пропарадираат а не за да спортуваат, ама таков ни е целиот град, не смее ова да отстапува од скопското клише. Без разлика што додека ролаш или возиш точак немаш кај да поминеш, ама на стаза мора да те видат. Најмногу шмек од целиот град може да се најде на Цветан Димов. Таму ти требаат сите прекршувања на сообраќајните правила и прописи за за поминеш. Иначе нема шанси, остана таму со саати ако ги почитуваш. Со сите орнаменти по излозите, и најсмешните називи на дуќанчињата. Измешани јазици и култури, традиции...Се на едно место. Зашто цело е кога има се. И неизбежното прерипување на ограда на булевар, или излегување од грмушките од булевар се најзакон. Без нив едноставно не се може. И не може да не ги сакаш. Зашто само во Скопје можеш да ги најдеш. Тие ни се trademark на градот наш убав и мил. И само овде липите така мирисаат. Има липи на други места, во други градови. Ама не мирисаат како тука, овие скопски липи се, не можат како другите да мирисаат. Посебни се. Без разлика што сум алергична на липи и страшно ми сметаат кога цветаат... и тоа го сакам. Ах Скопје мое мило.....Не би го менувала за друг град. Па и нека е поорганизиран и почист. Каков сака нека биде, модерен, современ, организиран, урбан.....Едно е Скопје. И скопското во него. И народот е уникатен. И не ги менувам за ништо на светов. Зашто се ми е овде. Секој мој здив, секој мој чекор, секоја моја воздишка по некој wanna-be скопски фраер. Целата моја душа, целото битие дише и живее во градов. И секоја моја пора дише само скопски загаден воздух. А од други се гуши. Се гуши поради недостиг на скопските издувни гасови и други штетни материи. Опасни, но мене многу потребни за живот. Длабоко навлезени во секоја моја пора, не ми даваат да бидам одвоена од моето мило Скопје подолго време. Зашто папочната врвца не ни е пресечена. И никогаш нема да се пресече. И да сакам, не може да се пресече, нераскинлива е таа врска. И таков каков што е, најнесовршен на свет мојот град, го обожавам. И точка.
Го обожавам Скопје неизмерно. Роден крај, татковина и мајковина, поминато детство, спомени. Не се заменуваат ни за некоја најегзотична точка на планетава земја. Многу пати несвесно се имам забележано во состојба како го вдишувам Скопје. И повеќе пати уз муабет имам кажано - едноставно ми мириса на .. Скопје. Го сакам Скопје затоа што мојата улица е водич во разнесување на нежности прелиеани со мирис на чај на липа. Го сакам Скопје поради опојниот мирис на прашинестиот асфалт измешан со скапи, евтини и природни парфеми. Нешто незаменливо. Го сакам Скопје заради гужвата пред Нова Година, и заради опустошеноста по новата година. Го сакам Скопје заради тоа што гирото ни е подобро од неговата матична земја. Го сакам Скопје зашто можеш да пиеш кафе да јадеш форнети, да слушаш убава музика и да се сончаш за 50-60 денари. Го сакам Скопје затоа што за да отидеш од еден на друг крај ќе треба да ја дадеш цела заштеда од неделата. Го сакам Скопје поради старите луѓе кои сеуште ‘корзираат‘ и се држат за рака. Има љубов во Скопје Го сакам, кога ќе видам млад заљубен пар како разменува нежности на сред плоштад. Го сакам, поради оние семафори што свират и те терааат побрзо да ја преминеш улицата и да ги испцуеш истовремено. Го сакам Скопје, затоа што може да ти влезе куче скитник на факултет, во просторијата каде го даваш испитот пред да ја завршиш годината. Го сакам Скопје, ради малите циганчиња што ја преколнуваат швалерката.. поради нивната веселост и игра која уште повеќе го акцентира Скопје. Го сакам Скопје, поради тоа што кога шетам низ центарот се чувствувам како да не сум во Скопје, туку на некое потопло и посветло место. Го сакам Скопје, ради лошите теткици што шират фрустрации во автобусите, ради нервозните чичиња што свират по улиците, ради манијакалните дечишта што зјапаат по тротоарите. Го сакам Скопје, затоа што иако седиш на импровизирана плажа покрај река, го чувствуваш летото повеќе и поблиску до срцето и имаш желба да се капеш во бљувотини.
Го сакам мојот град бдејќи ме прави да се чувствувам безбедно, да растеш овде е како да растеш во розов меур. Но го мразам бидејќи е многу мал и понекогаш (во последно време многу често) ме прави да се чувствувам како да не ме собира во него..тесно ми е...
Колку го сакам Скопје открив прв пат кога живеев во странство неколку месеци... Почна да ми фали СЕ! Улиците кои сум навикната да ги гледам, зградите, луѓето, рекорд ..... Скопје е уникатен град Најубаво ми е на пролет кога се шетам негде низ градот, во летна облека, сонцето пече а во далечината се гледаат врвовите од планините покриени со снег Милина........
Го сакам Скопје зошто е свесно грд, валкан град, и тоне во својата лажливост... Го сакам зошто во лето мириса на смрад, во пролет на липи и јоргован, во зима на снег под ноздри, во есен на ајвар... Зошто е единствено место во кое се чувствувам Своја на Своето. Кај што можам по пижами да шетам на Месечина, баш. Го сакам зошто има супер играчи на судбината, лажни ликови, нафурана младина, трули души, совршено скоцкани дами, добри фраерчиња, поети, скулптури за фрлање во Вардар, маалски џукели, има Душа. Го сакам зошто не го сакам, и... Зошто е мое и Наше.
Го сакам мојот роден град, зошто е мал, се ми е блиску, не ми требаат милион автобуси и 1ипол час однапред за да стасам каде сакам. Си го сакам градот зошто најтопло и најмногу грее таму. А го сакам и зошто сите блиски ми се таму, сама никогаш не сум, досадно никогаш не е , секогаш има каде да се оди , а сетоа тоа е на 10мин . Го сакам зошто има палми на секој 30м. Го сакам зошто има идиоти кои постојано се знаат за тебе, но со таквите идиоти можеш лесно мајтап да си играш. Епа мал е, комшиите попрво знаат тебе што ти се случува, него нив дома... но си го сакам мојот роден град.
Си го сакам родниот град оти во него израснав, едноставно само таму ми мириса на детството, посебно моето маало ... ммм спомени убави Си го сакам оти има долга историја, си го сакам ради дијалектот. Оти ми пружа топлина некоја. Само, единствена работа што не сакам во него е самите луѓе, народот... Парата си го направи своето како велат . Тоа некако ми е ко дамка на целата слика околу мојот град .
За свој град си го чувствувам Скопје, тука ги направив првите чекори,....учев,растев,се дружев,спортував,....цел мој живот од мало бебе па до ден денес е овдека. Тоа што еден друг мал град испаднало мое родно место е од други хх причини, тој град токму така- е моето родно место,си го сакам такво какво што е мало, го сакам зошто сите роднини на мама се од таму,моите братучеди тетки стринки....се ми е таму. Убаво ми е кога одам таму (Во Србија). Но за свое место го чувствувам Скопје.
Битола-мој роден крај Го сакам зошто се е блиску и скоро сите што ми значат ми се тука Го сакам зошто на Широк Сокак го има најубавото ладно капучино, а не во СК кога порачав такво и ми рече келнерката што е тоа Го сакам зошто навечер во лето дува ветер хахаха Го сакам зошто од моментот кај фонтата па се до сега животот ми е како шпанска сапуница и авантура Што ми смета Скоро секој со секого се знае и ако ти се случи нешто сите ќе знаат. Ретко во Битола нешто да може да се сокрие или да се сочува како тајна. Премногу озборување- машките дури повеќе озборуваат од женските кога си седат на кафе ххаха
Јас ја сакам Битола и тоа многу, стварно е убав град, имам доста пријатели тука, има места каде што може да се посетат и ми се допаѓа тоа што не е многу голем како Скопје, па не трошам многу време по автобуси/во пешачење. Не ми се допаѓаат некои луѓе, т.н. Битолски кабадии, а ги има многу верувајте и тоа што обавезно кога одам на Широк сокак има такви седната, се фалат да ги слушне цела Битола. А има повеќе луѓе кои се озборувачи, што редовно темата на разговор им е животот на други луѓе. Ми се допаѓа градот, но луѓето, искрено не...
Го сакам Охрид навистина сум го напуштала и сум се враќала и секогаш ќе го носам со мене во мене АМА болдираново толку многу е точно ко за мене и сакам да ми се исполни што последно време тоа и ние е главна тема на разговор да си заминеме ДОСТА Е Е ОД ГРАДОТ ДРЖАВАТА ДОСТА Е
Го сакам - поради тоа што е мн мирно место за живеење, нема опасност да се шеташ сама во 2 или 3 саат сабајле - секаде можам да стигнам за максимум 20 минути - има мали улички и сокаци, кои секогаш можат да те вратат на истото место од коешто си тргнал - нема снег скоро никогаш во зима (мн погодено оти јас мразам снег) - убаво местенце е, топло и стварно ми е мн драго Не го сакам (не можам да пишам дека го мразам) - поради тоа што и до продавница кога ќе отидам, ќе сретнам барем 5 души на кои мора да ги поздравам или да им се насмеам, а во некои моменти не сум расположена за никој - секој со секој се знае, муабетите се шират со брзина на светлината - нема некои места за излегување, за шетање, се е исто па исто, досадно на моменти
си ги сакам сите градови во македонија секој си има убавина на свој начин и вредат на свој начин а како струга нема друга
Не го ни мразам ама не го ни сакам. Многу би сакала да беше тоа друг град а и друга околината,поголема култура да имаше,а и некако се ми е затрупано со историја а јас ја мразам.Врска немам,ама сметам дека сум се родила на погрешно место.
Кој е мојот роден град...Хммм....Имам еден роден и еден сроден на мојот карактер и живот.... Да ви кажам за тоа каде сум писнала за прв пат, каде сум ги здробила коленцата додека сум проодувала, каде за прв пат сум се заљубила и сум плачела по тој препотентен машки примерок....Едно мало градче, ќе речев најмало, но не е такво, во моето срце тоа е најтоплата површина на светот населена со 7 000 жители, каде растат банани, урми и киви, каде мушмулите можат да бидат јапонски, каде јаболката по дифолт се јапонски и каде калинките се најслатки на цел свет. Ни на југ ни на исток, од едниот до другиот крај стигнуваш за 15 минути, комшивката знае се за тебе, па дури и кога ти касни, продавниците не работат во недела после 12 кога и не вадат тазе леб, пазар има само еднаш неделно, ах таа среда, сите ја чекаат како оче наш, ако побараш рузмарин во продавница ќе те направат улав и ќе те упатат во нечив двор да си скинеш од таа грмушка која служи само за украс. Кај нас луѓето не сакаат фолк музика, ама на крајот на Мај сите се фолкери у душа и трчаат со гратиси да присуствуваат на еден од најстарите фолк фестивали, гласаат како да имаат знаења за фолк музиката како најголеми експерти. И ние си имаме феномен на гастербајтери, секое лето во кафич бараат Ајс Кафе со три врсти сладолед, кафе со млеко од коза и вода од сталено шише, ги шетаат новите цвикери Полис и скапите аута купени од плац во Австрија, се расфрлаат со евра и постојано и постојано ти оставаат бакшиш во центи, цела рака центи а кога ќе ги изброиш одвај евро се собрало. И не смееме да плачеме, кафичи има доволно за сите фамилии во градот, секоја фамилија си има по едно, за оние кои нема тука се спортски кладилници, си имаме најубава дискотека и базен, скриени во ридот, никој да не ти ги гледа пијаните глупости кога после бурната ноќ се трезниш во некоја грмушка, сепак не е исто да се трезниш сред град во паркот или надвор од градот во некоја грмушка крај пат. Си имаме и Титаник, здание кое ги знае сите излетници во љубовта, конзументи на забранети супстанции и тешки стомачни нагони сред бел ден. Ах каков град е тоа, сонце имаме на претек, во лето речиси и да не се поместуваат гранките на дрвата од застоеноста на воздухот, од сите страни обиколено со високи голи планини а на југ отворено кон нашето море, осеќајќи го мирисот на солта и кремот за сончање под нос. Си го сакам мојот град, и мааните и врлините се тука, и за едните и за другите не вреди да се зборува додека не ги поминете тунелите на најдлабоката клисура со најпосакуваните карпи од моите другари маунтклајмбери А оној другиот, или овој кој го живеам со сето мое битие, со сите мои чекори, со сите мои успеси и неуспеси, со него годинава ќе ни биде јубилејна, ќе ја пречекаме во центарот на градот но не како што ме пречека пред 10 години, туку во ново руво со нова облога на плоштадот со најаморфен облик и нова сценографија. Жалам што морам да кажам, но го сакам повеќе од роденото дувло, овде уште многу одамна за прв пат заработив жуљеви на нозе, откако го пропешачив потегот последна 16ка-Карпош4, овде за прв пат се качив во црвените автобуси и заработив јаче на задница а чичкото топол чај на глава директно од термос, овде дишам со полни гради иако вдишувам и не баш најздрав воздух, овде морам да се дотерам за да идам да купам леб, овде сабајле излегувам со сонце навечер се враќам по бура, овде поминав најубави мигови на најубавата улица во градот, легендарната Ленинова, овде има парк и гуски кои ти се најдобри пријателки, не може да се замисли лето без тој парк. Овој град има се, дури и моето срце. Го сакам овој град бидејќи ме прими на мои незамисливи 14 години и ме израсна во зрела и одговорна жена, ме научи да се однесувам одговорно над мојот живот и ми даде независност која ја посакував. Го сакам бидејќи го има во своето срце најубавото средно, предодредено за уметници и деца со талент, бидејќи ја има жолтата зграда на Партизанска која ми го даде лебот во раце и ми покажа дека големите немаат жал за тебе и не им гајле што е Бадник а ти мораш да седиш во изнајмената барака и да учиш Механика додека дома се крши лепче со паричка. Таков е овој град мој сроден, иако не е роден, го сакам како мајковина и татковина, како лебот наш насушен со зрна и семки исечкан на најфини парчиња, како вода во пустина.... Мило ми е што ги имам и двата, првиот мил и топол спремен во секое време да ми го отвори крилото и да ме прими, вториот суров и отворен за сите мои предизвици но со секогаш одредено резерва кон моето провинцијалско потекло
Баш така, каде што сонцето пече најсилно, каде што комшивките знаат најмногу, каде во зима пиле не лета и куче не лае а во лето има активен живот од јутра до сутра. Тоа е моето Валандово!
Скопје. Мојот Роден град! Можеби многу луче наочаат мани и негативни нешта за Скопје, но да знаете дека сето тоа е дел од вас. Кога не сте таму, нешто фали! Зборувам од искуство. Се ми фали веќе, секој ден се брои за кога ќе дојдам во скопје. Носталгија, ете, така. Го сакам заради глетките, нашето Водно. Нашите оговарачки кој навистина се смешни. Пазарчињата наши, разновидни! Нашиот начин на живот. Рамстор и Плоштадот огрден Фамилијарите ручеци (кадешто ги има во цела македонија) Нашите улици... Ете така, има многу за набројување, но да знаете, вашиот роден град е единствен!