Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини зошто го сакам или мразам родниот град

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Theodora, 29 април 2011.

  1. amberr

    amberr Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    11
    SKOPJE where are uuuuuuuu????? ;(
     
  2. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Не бе, не само мојот град, сите останати градови во Македонија неможат никогаш да бидат како оние по западот! :@

    Го мразам родниот град.. толку има неписмени луѓе , љубоморни, дигнати, лоши...Ми се чини или не :puke: , али вака мислам има само во оваа Виница наша.. Сообраќај ужасен, никаков ред..
    Зборови немам :x за градот ( во негативна смисла )
     
    На Lady17 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Го мразам поради луѓето, нивната плиткост и малограѓанштина!

    Има и причини и поради кои го сакам и понекогаш сум среќна што живеам баш тука, наместо во кој било друг град во државава.
     
  4. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Причини од што тука пораснав и сум цели 20 години , ги знам сите улички од А до Ш не по име али по локација :lol: :^)

    Причина од тоа што тука ги имам сите спомени од лоши до најубави... и едиствено жалам е тоа што не ги сликав старите неколку ливадки кој беа низ Центаров и околината пред да никнат големи згради и компании

    А не го мразам , заради луѓето? .... истите ги има низ цел свет , едноставно тие тука ќе бидат цел твој живот и нема ништо што можеш да направиш да го смениш тоа ....
    Едноставно ќе се прилагодиш и помириш со тоа и ќе продолжиш понатаму

    Супер е Скопје , нека опстане уште милион години ... :rock:
     
  5. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Го мразам поради трачевите, луѓето кои ги шират истите, љубопитноста и сл!
    Го мразам поради недостатокот на убави момци :$

    А го сакам зошто тука сум пораснала..
    Тука ми се сите спомени :)
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.012
    Допаѓања:
    81.347
    Пол:
    Женски
    Го сакам, затоа што никаде не е како дома, ама баш никаде како мојата дома. :)
    И не го љубам ич, поради болната љубомора и љубопитност на луѓево, за кои се сомневам дека не оставиле ниту една од информациите од типот „Радио Милева све зна“ да им избега од рака.
    Мислам, крајно патетично е да се мешаш во туѓ живот, фали уште точниот час на раѓање да им го научат на луѓево, па да трубат после - Еј, малата на Трајковци/Петковци била донесена на свет у пет до десет сабајлечки. - Ју донт сеееј !? :D
     
  7. Spring17

    Spring17 Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    6
    Не знам дали го сакам или го мразам.Секаде кај што ќе појдам ми е милион пати поубаво,ама пусто твое те влече за дома... хахахах :D :D :D ...
    5 причини зашто го мразам Прилеп.
    - Луѓето ( т.е нивната заинтересираност за туѓите животи)
    - Семафорите
    - Фонтаните( на секое ќоше има по 3)
    - Сеа ги менуваат плочите на плочникот и ќе ми фалат старите
    - Не баш добрата забава ( освен во лето) 8) 8)
    ......
     
    На Oleeenka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Моментално Скопјево го сакам само ради липите! Ах :inlove:.
    [​IMG]
     
  9. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Го сакам зошто е мој роден град и тука го имам поминато детството и најубавиот период од мојот живот кој не верувам дека некогаш ќе се врати. Го сакам зошто е мал и кај да сакаш да појдеш за пола саат најмногу пешки си појден(една проценка) некогаш треба и повеќе од половина час но тука некаде, зборот ми е дека цел град пешки можеш да го свртиш за 3-4 часа ако не и помалку.
    Го мразам, па не го мразам и не би издвоила причини дека го мразам, но скоро секој со секого се познава и трачевите се неизбежни, а во поголемите градови тоа го нема, секој си ја гледа својата работа.
    Каков и да е, јас си го сакам мојот роден град и ќе ми недостасува кога ќе го напуштам.
     
  10. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Другпат ќе напишам зошто го сакам,сега сум малку поинаку инспирирана.
    Го мразам затоа што се и сешто е сконцентрирано во Скопје,па тука сме ограничени на некој беден избор и не не правам муабет за штикли или такви работи,туку општо за сите аспекти од современиов живот.Се е некако штуро,а најштур од се е менталитетот.Понекогаш сакам да се понадевам демек сега млади генерации па ќе се смени нешто,али тешко,многу тешко...
    Некој ќе рече дека сите сме тука негде во државава,слично е,али богами не е. :!: Тие што почувствувале знаат.
    Понекогаш,имам чувство дека ме познава и ја познавам половина од целокупнава популација во градов,а како личност ама ич не се сметам за комуникативна.Тоа е жалниот дел.А и Прилеп не е баш ептен некое мало гратче.Тоа е пак уште полошо.
     
  11. CurlyD

    CurlyD Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    4
    Епа вака. Ах Гевгелија моја златна. Ја сакам Гевгелија дека е мал град, нели убаво местенце, заради климата (не сме навикнати на студено :D). Но лошата страна на мал град е тоа што секој со секој се знае и многу трачеви паѓаат по кафичиве, за жал. Идеш на излегување и сите ќе те измеркаат од глава до пети, приватност некоја нема, со кој и да те видат ќе ти извадат муабети итн итн. А да не зборувам дека еве како женско, другар не можам да си имам, и секој мисли дека ми е дечко (моментално сум во наведанава ситуација |(). Во секој случај, сите роднини ми се тука, пријатели и се, па и кога ќе одам на факултет, сигурно ќе ми недостига. Така да, Гевгелија ин мај :l: :)
     
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.
  12. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Си ја сакам Битолата оти не е многу мал град и има поќе места кај да се оди. Ако сакаш да се видиш со многу луѓе прошетај низ Широк Сокак, а ако неќиш па оди Новиот пазар или удолу Гинимале. Ја сакам Битолата оти тука е Тумбе кафе, Кркардаш, Смолево, Лавци, Германски гробишта, Хераклеа... Би сакала да имаме едно езерце каде шо ќе можиме да се разладуваме, ама јбг нема. Има многу места каде можиш да возиш со точакот, а посебно низ големиот парк. Има поголем избор на средни и основни училишта, а почнаја и повеќе факултети да отвораат. На лето има многу културни манифестации, како Бит фест кој се одржува цело лето и има шо да се види. Многу пејачи одржуваат концерти во Битола и не е досадно, има многу кафичи и интересен ноќен живот. Не можи да ми текни една работа поради која би го мразела родниот град. Не би сакала да заминам од Битола, ова е совршениот град за мене :inlove:
     
    На macysh и ilipili им се допаѓа ова.
  13. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.129
    Пол:
    Женски
    Скопје....

    Го сакам зошто е Скопје! Нема поубав, посив, помирислив, полипест, поцрешест, пожив, посонлив, побрз град. Го сакам зошто знае да ме сокрие од другите, имаме места кои останатите не ги знаат. Го сакам заради паркот, зарди Матка, заради црквите, стара чаршија, старите маала, моите згради, детството, метежот, неспиењето. Скопје е позер, шмизла, фраер, дечар, симпатија, другарка... Скопје е радост.

    Го мразам... ауф колку го мразам што ги прима и ги сака сите, што се претопува во 3/4 такт на зборување, што е латински кварт, што нема вкус за музика, за облекување, за однесување, за почитување, за трпение, што е... скупштина.

    Сепак, во следниве два месеци се му е простено... Во овие два месеци ме потсетува колку е пренајубав и колку сум лоша што го нејќам преку годината. Ме потсетува колку е убаво да си сам во својот град- тивок, брз, сив, твој.... :inlove:
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  14. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Битола-моја сакана Битола.
    Зошто ја сакам?
    -Бидејќи е магична. Во своето срце грижливо ги чува сите спомени од моето детство, тука имам пуштено корени и каде и да заминам осеќам како некој да ми ги сечи, а тоа боли.
    -Ја сакам поради Широк Сокак- душата да ти се наполни со задоволство кога ќе поминеш низ таа поплочена улица, мир и спокој ма мене ми е волшебна.
    -Ја сакам бидеќи во себе сеуште го носи шармот на конзулското време.
    -Ја сакам поради дрворедот по Партизанска. :D
    -Ја сакам поради тоа што е мајка на големи луѓе.
    -Ја сакам поради тоа што го има најдолгото културно лето :lol:
    -Поради ноќниот живот.
    -Поради богатата историја, има претрпено разни удари од разни војски но се уште стои гордо во подножјето на Баба измиена од водите Пелистерски.
    -Ја сакам поради саат кулата (ме потсетува кога каснам :wasntme: )
    -Ја сакам старата чаршија и неколку те занеетчи што имаат останато.
    -Го сакам Битолскиот воздух.
    -Ја сакам бидејќи е спомната во многу народни песни а има и за што.
    -Ја сакам бидејќи таа е мојата Битола и ниеден град не можи да ја замени. :)

    А зошто ја мразам?
    -Па не можам да речам дека ја мразам поради нечистотијата, тоа ѓубре не е вродено во неа туку ние самите сме крви поради тоа. И не можам да речам дека не ја сакам поради озборувачката способност на жителите, и тоа не е до неа.

    Битола едноставно е само сакана од моја страна :l:
     
    На macysh, butterfly33 и ilipili им се допаѓа ова.
  15. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.483
    Нема да пишувам зошто го сакам Скопје пошто не го сакам, simple like that.
    Не го сакам затоа што е загаден, неуреден, несигурен, затоа што кај се свртиш - лајно, затоа што е полн со пијандури, мањаци, наркомани, педофили и слично.
    Зошто во него живе гнасна нација. Трачеви, лажги, ку*ви, г'золижачи, Леони и Леонарди, ископлексирани луѓе, луѓе полни со предрасуди кон секој кој е малце поразличен, затоа што се е со врски и т.н.
     
  16. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Ооо мој златен Радовиш.. :lol: Ама градов ептен си го сакам.. ;) Шо да зборам.. Го сакам Рдовиш бидејки таму скоро живејам 10 год. Во тој град ми помина скоро половина детство..Нз сакам мали градови..И шо е најважно ВО РАДОВИШ ЛУЃЕТО ПОВЕЌЕ ЗНААТ ЗА ТЕБЕ ОТКОЛКУ ТИ САМИОТ.. :rofl: :rofl:
     
  17. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Го сакам затоа што тука сум израснала, тука се моите најблиски, познаници, пола мои спомени се од овој град, го сакам затоа што е мал, и секој со секого се познава, си го сакам дијалектот ...
    Не го сакам затоа што луѓето се никакви, оговараат, прават сплетки, нема патека за возење или трчање, нема езеро, нема убаво паркче и така.
    Колку и да нема неколку нешта ние сепак секогаш ќе си го сакаме родниот град, битно е она што си го проживеал во него, а недостатоците може да се надополнат. ;)
     
  18. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Си го сакам Скопје, пред се затоа што е мој роден град, скоро се е на дофат, не треба да одам во некој друг град доколку ми треба нешто. Има секакви можности за образование, работа, забава, итн. Но, нема да должам многу со тоа.
    Од друга страна не ми се допаѓа затоа што градот постојано се шири, сите сакаат овде да живеат што би се рекло "Ќе затрудну и од Циганина само у Скопје да остану..." . Oд ден не ден е се позагаден во секоја смисла на зборот. Не ми се допаѓаат големиот број на "вип фаци", спонзорушите кои глумат светици....
     
  19. bobby.pin

    bobby.pin Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    29
    Има неколку причини поради кои го мразам Велес, најпрво сите те знаат, не дај боже нешто лошо да каже некој за тебе прво сите ќе си преувеличат па сите ќе те оговараат. Никој не си гледа за себе сите гледаат "да му цркне козата на комшијата" или општо на било кој. Сите се некако обични сите исто се облекуваат ретко кои имаат храброст да си создадат стил. Еден нешто ќе облече и утре дента пола град истото го носи. Сите се жалат на тоа како немаат пари а секој трет вози мотор. А кога ќе вози некој мотор колку и да е клошар одма некоја спонзорушиза ќе му се закачи. Луѓето едноставно немаат почит кон самите себе, излегуваат за да бидат видени а не за да уживаат во вечерите со другарите или слично. Немам ништо против кон градот како место на живеење туку против луѓето кои живеат тука. Единствено глупо нешто е што нема кино туку сега е во изградба х) И да би можела да се преселам не би се вратила да живеам тука.
     
  20. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Го сакам поради тоа што е
    -мирно планинско место
    -што има прекрасен пејзаш
    -што можеш слободно да шеташ
    -што има доволно места за шетање и одмарање на мозок

    Го мразам поради тоа што
    -луѓето повеќе с езанимаваат за другите животи отколку за својот, што знаат повеќе з адругите отколу за самите себе си.. или што би рекла БИСТРАТ ПОЛИТИКИ или МЛАТАТ ПРАЗНА СЛАМА