Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини зошто го сакам или мразам родниот град

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Theodora, 29 април 2011.

  1. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Не го сакам токму поради тоа. А го сакам затоа што е Скопје.Поради Матка,чаршијата...Затоа што е мој роден град, скоро се е на дофат, не треба да одам во некој друг град доколку ми треба нешто. Има секакви можности за образование, работа, забава, итн.
    А да дополнам...
     
  2. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    850
    Ахх... мојата Битола :l: :l: :l:
    Толку многу причини за да те сакам... од каде да започнам!?
    Те сакам бидејќи тука се родив,тука научив да одам,зборувам,да сакам...Тука го живеам детството...се радувам,дружам....Тука ги проживев најубавите моменти во животот.... тинејџерските лудории во маалото,забавите до рани зори,зафрканции во паркот,кафиња по Широк Сокак,прв бакнеж,прва љубов,прво разочарување,први кавги со друштвото,први солзи за тешките моменти во животот.Тука пораснав....
    Те сакам оти си толку многу посебна,магична.. Улиците имаат посебна топлина...секоја со своја приказна.Чаршијата која ме потсетува на минатото.Широк Сокак или ткн. улица "Биди Виден".Пелистер....уфф какви спомени ми буди... Саат кулата...чие отчукување успева да ме наежи.. Партизанска... како само сум лудувала по таа улица во доцните часови,сум возела ролери,велосипед,сум паѓала.. Моето училиште..... училишниот двор..... Ракометно игралиште каде со душа одев да го видам саканиот... Лизгалките во паркот,мрежата :D Лизгалиштето...... Олимписки базен каде сум останата цело лето :)
    Толку многу причини за да ја сакам мојата Битола,а ниту една за да ја мразам...
    Многу сум приврзана,што да правам... секогаш кога влегувам во Битола...од каде и да се враќам,се чувствувам некако среќно,гордо,исполнето...некаква топлина ме облева...
    Уфф солзи ми се лизгаат по образите кога ќе помислам дека уште само еден месец сум тука... ;( ;( ;(
     
    На Foreveryoungiwannabe и minne-mouse им се допаѓа ова.
  3. IviA

    IviA Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    24
    Не го сакам мојот роден град бидејќи е мало место и сите се знаеме еден со друг , и да прднеш ке те дознаат , има многу голема љубомора кај луѓето , си завидуваат еден на друг , немој да бидеш подобар од некој , оговараат премногууу.. :yawn: инаку гоо сакам затоа што е мирно , нема бучава и галама :)
     
  4. M.arija

    M.arija Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2012
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    268
    Мојот град го мразам бидејќи другите знаат повеќе за тебе, а го сакам бидејќи е мало мирно градче :)
     
  5. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Ти беше со мене кога лажев за да се видам со него. Ми намигнуваше и ми велеше не се секирај, јас ќе те кријам. Јас ќе ти бидам соучесник, само ти води љубов.

    Ти не слушаше кога се караше. И само ти ја знаеше нашата тајна, зошто толку многу се каравме.
    Ти го инспирираше него да ме изненадува. Ти му нудеше места за да се заљубува уште толку во мене.
    Ти ги имаш оние клупи на кои ние седевме и си бевме доволни ..
    Ти и зимата во тебе бевте со мене кога му ја кажав таа страшна вест .. А тој беше тука да ме гушне.

    Ти имаш ладни зими. И изгор лета. Денски не се излегува, навечер не се спие.

    Но ти ја имаше и Неа.
    Јас и ти останавме сами кога Тој не остави. Некако беше тишина, некако беше убаво .. А можеби и не .. И ти не се сеќаваш веќе нели ..? Одамна беше тоа срање, не живееме веќе таму. Ни јас ни ти.

    Но ти го имаше и Иван.
    Твојот плоштад, твоите клупи и тие разговори. И повторно чуваш тајни за мене. И не ме напушташ во тоа. И ме врати во живот.

    И кога седиме на мојата тараса, а ти веќе си гушнат од зајдисонцето, нели ти е најубаво?
    Тогаш си и најубав.
    Кога се спуштам по патот од Прждево, по таа удолница, секој пат одново и одново се заљубувам во тебе.
    И кога навечер шетам по твоите улици, тогаш ме имаш по втор пат.

    И кога си депресивен, и кога си досаден, и кога нељубезен, и кога си непријатен, и кога сто пати сум паѓала по твоите улици, и кога сто пати сум раскинувала со тебе, во животов си ми ко Иван.

    Неможам да ти кажам не, Неготино мое ...
     
    На Umbrella22, Springy, Tenkai и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    . :inlove: ...битола.... :inlove:
    :clap: се случија најубавите настани во мојот живот...туак се родив,бев дете,тинајџерка, го доживеав првиот бакнеж и држење за рака,првата љубов,опкружена со внимание,нежност и милина.......
    град со душа...кај и да поминиш и заминиш да можат да зборуваат сите улици и згради имаат и што да кажат....почнувајќи од пред нашата ера па до денес.....кај и да одам ,што и да правам битола си ја носам во срцето...... :*
     
  7. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Го сакам затоа што...
    Има пријатна миризба и е многу чист :)
    Скоро сите кои ги сакам се тука :!:
    Сакам да шетам по неговите полиња и улици...
    Животот е мирен и бавен...
    Правиш ајвар никој не ти се "меша"... :D

    Не го сакам затоа што...
    Луѓето ми се многу одбивни и не го почитуваат другиот став...
    Нема воопшто кавалери,да ти се насмеат,да кажат некој убав збор,ниту пак згодни :|
    Нема многу можности за иднината...
    Секој подобро го знае комшијата отколку себе...
    Секој се дружи со своето друштво и нема право на други другари (со некои исклучоци)
     
    На Stoimenovska му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mileystar

    mileystar Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.101
    Пол:
    Женски
    Секој град има раѓање , постоење , име луѓе , пејсаж , симбол , сегашнина и иднина.
    Секој народ го бележи својот пат низ летописот на поколенијата - да се создава светот од денес за во иднина и да ја печати опстојбата до вчера . Само така се негува вековната традиција , духот како огледало на културното живеење.
    Ако може да се поттикне добриот патник намерник да го посети домот на гостопримството , тогаш тоа сигурно ќе го стори топлината на градот , градот на најјужната точка во Република Македонија , крај самата граница со Република Грција , градот на срдечноста - ГЕВГЕЛИЈА. :inlove:
    Топлиот дух на гевгеличани се уште ја памети легендата за еден дервиш кој дошол и не сакал да си оди од Гевгелија бидејќи многу му се допаѓало местото.Некогаш Гевгелија бил град на незаборавните серенади , денес Гевгелија е град на сонцето , град на топлината.
    O Гевгелијо златна,има толку причини зошто ја сакам,но и мразам.Најмногу ми се допаѓаат палмите хах :D :inlove:.
    Некогаш познат како град во кој цвета земјоделието, сега Гевгелија се претвори во град на конфекција и на казина. Во некогашните стари фабрики сега се произведува гардероба која се извезува, а во казината најчести гости се Грци. Ноќите им припаѓаат на казината.
    Убаво е се,ама понекогаш ми станува досаден,дали знаете дека нема ниедно кино,нема разонода,се едно исто,де оди во Коцка,де во Корзо :rofl: :o
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Пааа го сакам затоа што е приградска населба и не е сеуште така загаден. :inlove:
    А не ми се допаѓа тоа што тука луѓево се мн злобни и само гледаат како да ти наштетат. |(
     
  10. NewYorker

    NewYorker Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    95
    Живеам во Скопје.
    Мора да се каже дека градот си има добри и лоши страни.Убаво е да се живее,но најмногу мразам кога ќе видам отпадоци на улица.Тоа ме вади од такт!Но колку и да го сакам градов,спеак сум решена да си се преселам во странство ако ја имам таа шанса.Дури и мајка ми и татко ми ме тераат да се преселам,бидејќи можностите да си најдам на пр. работа се многу мали.И јас самата без поддршката од родителите сакам да си се преселам во странство.Или во Лондон или Во Њу Јорк.(градовите од соништата) :$ :inlove:
     
  11. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Колку и да сум заљубена во Њујорк или незнам кој град, Скопје засекогаш ќе си остане во моето срце!
    Тука сум се родила, тука ми се случиле најубавите моменти, тука станав тетка, тука ќе останам засекогаш!!! Си го обожавам! Колку и да е нечисто и сл. приврзана сум си! :!:
     
  12. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Јас ова истово би го кажала...ми го погоди градот... Од една страна еден и единствен незаменлив од друга....ОХРИДЕ АЈ БИДИ ИНТЕРЕСЕН КОЛКУ ШТО СИ УБАВ ! Ама не би живеела на друго место сепак
     
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.118
    Пол:
    Женски
    Дијалектот ни е прегрд :puke:
    Инаку градот е убав, за разлика од другите, има досра места кои треба да се видат, го сакап поради новогодишните украси кои се редат по булеварите, од оние сини кои како капки паѓаат... Има и голема фонтана како кружен тек, има прекрасен трговски!! :inlove:
    Го сакам затоа што сум родена тука и тука сум растела! :)
     
  14. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    40.014
    Пол:
    Женски
    Градот си го сакав се додека не почнав подобро да разбирам како всушност тој функционира. Врски, партиски книшки, неценење на труд, полн град со неписмени сељачишта, кои ни името незнаат да си го изговорат,
    (не зборам за луѓето кои живеат во село, се разбираме за каков вид сељачишта зборувам)
    , полн град со манијачишта, неизживеани луѓе, спонзоруши, никаков напредок...
     
  15. FeminkaDoKraj

    FeminkaDoKraj Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    49
    па го мразам поради тоа што има многу луѓе од албанска националност и ние за нив сме само ѓубре,никаква почит нема....неможеш лесно да најдеш работа, градов не е баш среден, а го сакам поради тоа што е мал,нема многу врева и овде живеам откога сум се родила... овде се чувствувам најубаво :)
     
  16. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.597
    Пол:
    Женски
    Значи Прилеп е убав град немам збор за тоа го средија на најдобар можен начин (мислам дека може и поубав да биди ама... ) само ме нервираат луѓето кои се мн големи трачари и озборувачи и дека знаат за сите да кажат, а се немат видено во огледало какви се и + то за нив кој да зорува господе боже колку ме нервират......... |( |(
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  17. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Битола, бабам Битола.

    То шо го сакам во врска со Битола е дека од секогаш била на некакво културно ниво.
    Искрено јас сум љубител на такви културни дешавки. Го имам Битолското лето кое секоја година е ТОП, значи има многу многу настани скоро секој ден во лето баш за сите вкусови. Рок свирки, транс журки, поетски читања, изложби, ревии, претстави, кино прикажувања... Се, се, се.
    Исто така тука е и фестивалот на филмот Манаки, значи буквално ко ќе се оддржва градот блеска од гламур. Се шетат луѓе по Широк Сокак со долги вечерни тоалети, најсвечени фустани и костуми... Мхххх убајни :inlove:. Има од се понешто, за сечиј вкус, и општо онака луѓето се средени дотерани да ти е мило понекогаш само да поминиш по Широк Сокак и да ги видиш сите скоцкани :lol:

    Секако, има и негативни страни. Првата е како и во секое мало место, озборвањето. Секој за секој се знај. И не се пропушта прилика да биди то прекажано на шо е можно поќе луѓе. Сите знат со кој си се смувала, кога си била пијана, дали си уште со дечкото... Како си била облечена, дали по тренерки си поминала... Дома каква ти е состојбата... Абе се се се. Иритира понекогаш шо луѓето си го пикат носот кај шо не треба. И на моменти можи да е малце монотоно. Секој си оди само таму кај шо го бендисало. И набрзо се станва исто и монотоно... И исто така ме нервира малце образовниот систем. Лошо. Да не навлегвам.
    Битно се на се, роден крај си е роден и тука си сме дома. :D
     
  18. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Го сакам Скопје заради проектот Скопје 2014. Сега заличи и на метропола. Убаво го направија.
    Го мразам заради загадениот воздух и скопјаните. Но и ноќниот живот не го сакам. Белград и Софија нудат многу повеќе.
     
  19. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    И ја мразма и ја сакам Битола.
    Ја мразам поради луѓето.Сите се оговарачи прва класа, се ги интересира во врска со тебе, тие повеќе знаат од тебе за тебе.Кога поминувам по широк сокак прв впечаток добивам дека сите што се седнати да пиеат кафе се први оговарачки, или седат таму за да бидат видени.И не добивам впечаток, туку така е.Друго, од мали се сите толку кренати во воздух и то е то, доста беше плукање. :emo:
    Ја сакам исто поради многу причини.Тука сум се родила, сите што ги сакам се тука.Ретко иам роднини во друг град и друга земја, значи сето она што си го сакам ми е пред нос.Би ми било многу тешко еден ден да ја напуштам.Ја сакам заради тоа што е еден од најубавите градови, го сакам широк сокак, ги сакам утрата во Битола.Ја саакам саат Кулата и нејзиното отчукување.Го сакам Пелистер и ја обожавам бучавата во градот. :)
     
  20. tejjaam

    tejjaam Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2013
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    14
    Ресен го сакам бидејќи е мал град и можеш во секое време да се снајдеш.
    А го мразам бидејќи сите настани одма се рашируваат низ цел град.