1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини зошто го сакам или мразам родниот град

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Theodora, 29 април 2011.

  1. Anne.B

    Anne.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    51
    Зошто го сакам Скопје?
    Како да ја изразам љубовта за градот на солидарноста, Старата чаршија со сите дуќанчиња и занаети, Градскиот парк, Камениот мост, црквата Св. Спас, Куршумли Ан, Аквадуктот? Градот на мајка Тереза, на Џони Штулиќ, градот на Дебар маало, Пајко маало, Еврејското маало... Градот на Рекорд, Рубин Кармин, природно-научниот музеј, зоолошката градина, 7-ца, градот на „Вардар“, Скопскиот џез фестивал, мојата населба... :inlove:
    Градот со најубавиот мирис на липа, градот со толку многу спомени, улици, места, кои ако умееа да зборуваат ќе беа напишани најубавите романи за историјата, љубовта, болката и смртта. При секое враќање дома чувстувам топлина, која ниеден друг град не може да ја предизвика. :inlove:
    За жал Скопје е и градот на страшниот земјотрес...
    Има уште толку работи поради кои го сакам Скопје, ама ќе немам доволно место.

    Јас не можам да го мразам Скопје, ама има работи што не ми се свиѓаат.
    - Не ми се свиѓа новата фасада на моето Скопје, тоа што сакаат да го направат нешто што не е, што го градат цел кич и буквално го силуваат градов.
    - Не ми се свиѓа ни тоа што одамна се нема ред у тоа кој кај искача(малолетници насекаде), не ми се свиѓа што многумина се на разни диети, па не знаат да купат топол бурек у 5 сабајле и да се најдат ко луѓе.
    - Не ми се свиѓа што луѓето немаат време за опера, балет, театар, библиотека, а имаат време за сликање во WC и пијанчење по кафичи.
    - Не ми се свиѓаат ни луѓето... Ретко кој знае нешто за Скопје пред земјотресот или па знае да збори на скопски дијалект(за жал полека изумира). Исто така, се поретко можеш да видиш некој што ќе им помогне на постарите да преминат улица или пак ќе им го носи товарот. Кој знае кога последен пат сум видела деца што играат џамлии, ластик, скокаат на јаже... :^)
    И кога толку сакаат да го менуваат градот со толку споменици можеа еден и на Џони да му направат и да му дадат еден пасош додека е жив да му одадеме почит... Ама не, побитни се спомениците на бугарите (намерно е со мала буква) за кои никад у живот не сме слушнале. :puke:
     
  2. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Охрид најмногу го сакам заради езерцетто. :D:D
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.407
    Пол:
    Женски
    Skopje si e Skopje, zar treba posebna pricina da se saka!! Najubavoto mesto na svetot, mojot roden grad :l:
     
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Зошто ја сакам БИТОЛА ?
    Бидејќи градот има културно и историско минато ,градот е домакин на познатиот Шекспир фестивал и многу други ,во Битола се снимани многу Турски филмови и серии на старите локалитети и во некои постари села , исто и во познатата стара Битолска чаршија,колку ме радува кога во лето гледам туристи кои поминуваат и се сликаат во градот, значи има нешто посебно ,град е со многу конзулати воглавно е и познат по тоа , во срцето на градот се наоѓа стариот познат часовник саат кула , до него е реката Драгор која градот го дели на два дела , најважниот дел и можеби најпрепознатлив е битолскиот Широк Сокак , на него се наредени безброј кафичи, по некое казино и бутик , кога и да поминеш низ широк сокак е преполно , и во лето и во зима ,. имаш прилика да седнеш на добар муабет со пријателите и познаниците , и да си пооговараш малку де :D за нокниот живот да не зборувам , се е преполно и се лудува до раните утрински саати , имаме убав голем парк ,каде можеш да трчаш и шеташ , над паркот се наоѓа градскиот стадион и познатото Тумбе кафе , тука е и зоолошката , која пред некој месец ја збогатија со нови животни ,во Битола единствено што мразам што нема доволно работа за нас младите , и нема Трговски центар , и Море де ,скромна сум знам 8)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Го сакам Скопје затоа што тука сум родена и тука живеам целиот свој живот. Ми се допаѓа тоа што има каде да се прошета и што го средија градов. Многу други работи ми се допаѓаат, ама ќе треба многу време да пишувам. Единствено што не ми се допаѓа е некултурата на голем број на луѓе од тука и што се уште има такви луѓе кои што се замараат со туѓите животи.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Pinafan

    Pinafan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Машки
    Не дека го мразам Скопје но кога сум во центарот на градот имам осет како да се наоѓам на некои гробишта.:(
    Сакам измени и ново,но не без идеја и план.Најмногу ми е криво за тафталиџе и особено делот кај гимназијата Г.Димтров иако не сум од тој дел,сепак најголем дел сум поминувал како мал таму,па во Аеродром не ги знам толку улиците и луѓето како во таа населба.

    Денес со узурпација на планските мали куќи и изградба на огромни згради премногу ми е криво и сум особено носталгичен за тоа место па сега ми се чини дека е бетер понатрупано и од Ново лисиче.


    Инаку најубав дел од Скопје.Секако Водно.Нема споменици,нема политика,нема бомби на Заев или полиција на власта.

    Таму едноставно е изолација од Македонија.Кога сум таму имам некој осет како да сум некаде во друга убава земја.Имиџот ми го рушат само оние лудаци со мотори,но гледам дека и тие во последно време се доста совесни возачи.

    Веројатно поради тоа и не го мразам Скопје.

    Се надевам само дека нема да им падне на памет да градат и таму куќи и згради барем не од видиковец нагоре.:tmi:Ако и тоа биде не гледам веќе спас.Во тој случај најдобро ќе биде да не погоди уште еден земјотрес и да ја расчисти барем малку работата
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.087
    Допаѓања:
    11.250
    Куманово го сакам заради местоположбата. Блиску е до Скопје, автобуси на секои 20 минути тргнуваат. Има голем плоштад и кеј, голем избор на чевли, многу кафичи. Не ми се допаѓа големата невработеност.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  8. aahhsddcjd

    aahhsddcjd Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Прилеп ич не ми се допаѓа некако се монотоно неколку дискотеки кафичи брендирани бутици нема село прилеп село
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.581
    Пол:
    Женски
    Не кажувам од кој град сум :P Во последно време, нема нешто што го сакам во градов... Единствено фактот дека тоа е град во кој сум израснала. Дома си е дома. И местоположбата можам да ја наведам како добра страна. А зошто не го сакам? Некако ми е изменет, оттуѓен. Кога излегувам гледам непознати фаци, зголемен број на Албанци кои парадираат наоколу. Нема некое посебно место каде да се оди кога ќе дојде некој од страна. Некако ми е мизерно.
     
  10. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Си го сакам градот во кој живеам. Градот каде што сте родени може воопшто да не е битен, зашто се случува жената да се породи во друг град по некоја случајност, таму се затекнала или заради избор на болницата и сл., а всушност да не живее во истиот град.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.
  11. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Зошто го сакам Скопје?
    Зошто се има и не морам да одам на друго место да барам. :D
     
    На MrenaRiba му/ѝ се допаѓа ова.