Ме интересира дали постои телефонски број или сајт на кои може да се пријави работење на диво. Исто така дали постои закон за пензионерите или технолошки вишок да работат на диво во приватна компанија. Ова спаѓа под трудова испекција, меѓутоа дали е под општински или државен инспекторат? Oднапред Ви благодарам.
Барај на интернет број на трудов инспекторат за твојот град. Мое скорашно искуство, кога после една недела одење на работа без да ме пријават, и еден ден од ко ме пријавија ме отпуштија, без нигде да потпишам или да ми дадат на писмено нешто, пријавив кај инспектор кој и самиот ми рече џабе се јавуваш, сигурно увиделе дека си бремена и зато те отпуштиле!,не можеш ништо, нема закон за тоа, то шо си равотала без пријава една недела добро де како проба го рачунале! и то е то! Со стеќа!
Благодарам за одговорот. За жал така стојат работите кај нас. За мојот град неможам да најдам ништо, освен дека е во жолта книга регистриран. Меѓутоа најдов нешто на државно ниво, па не е лошо да знаеме за линков: http://www.pravda.gov.mk/tekstovi2.asp?lang=mak&id=duinov Недај боже да ни затреба Поздрав!
Дали некој знае, неправилностите треба да се пријават на локално или државно ниво? Прашувам бидејќи кај нас се функционира на база на пријателство и врски. Доколку би можела да ја одбегнам локалнава самоуправа би било подобро.
неправилностите се пријавуваат во градот кај што работиш, односно во трудова инспекција, ако не си од Скопје, не праќај таму затоа што ќе го препратат во подрачната трудова инспекција каде што е и самата фирма, ќе изгубиш на време. поднесиси претставка и се што сакаш наведи, ако сакаш да биде анонимна не се потпишувај, ако не остави и телефон и адреса и име и презиме и во определниот законски рок ќе те известат за постапеното од трудова инспекција.
Се јавив на бројот на трудова, и пријавив дека работам во фирма каде што несум пријавена веќе 20 дена, ми рекоа дека ќе ја пренесат изјавата и инспекторите ќе излезат на терен. Кои се последиците? Кажав и мои податоци.