Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пријавување криминал

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од WildMk, 5 август 2018.

  1. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Мајка ми видела жена како става во ташна... 5 чоколади. :D И пријавила. И ја фатиле жената. Украла 6 чоколади и една паштета аргета (си ги вратиле производите назад). Жената побегнала.

    Се изненадив кога ми кажа. Ама ете пријавила. Јас не знам како би постапила во таква ситуација. Не зашто би сакала да скријам, туку од шок не би верувала што сум видела.
     
    На Alisa22, Feminka22, realGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Дали некогаш си имала лично последици од тоа што си пријвувала?
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    836
    Допаѓања:
    2.615
    Еднаш пронајдов новчаник, имаше и пари - точно колку не се сеќавам, го пријавив во полициска станица, веќе наредниот ден, беше вратен на сопственикот.
     
    На Jas! му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    3.549
    Пол:
    Женски
    Познавам добри инспектори кои си ја вршат работата ( обично се постари ) исто така познавам и јас полицајци кои дилаат, мислат дека се алфа мажишта кои можат се пред себе да истепаат и за жал моја роднина е командир и беше вмешан во аферата со кокаинот пред години..
    Заради ова се двоумам во правично вршење на работата на полицијата во Мк.

    Сум идела од работа, ноќе најдов една жена пред брза помош се стегаше за гради и нормално ја прашав дали е добро?
    - Добро сум ми се покачи притисокот бев на брза помош. Циганка беше па патот до дома и беше далеку, ја испраќав и додека одевме почна да плаче и да ми раскажува каква тортура доживувала секојдневно од маж и, и која е вистинската прчина што била на брза помош. Се договоривме вечерта да спие кај сестра и па сабајлето јас ќе одам и заедно ќе пријавиме. Стигнав дури порано од договореното за да добијам врата во лице и да бидам колнета дека сакам да и го расипам бракот, се разбира мажот беше таму.

    Друга ситуација ме испраќаше дечкото до дома исто ноќе и наидовме на пар во ќор сокак каде што дечко/маж брутално ја шамара девојката. Кога не виде дека планираме да одиме одма се качи во кола и летна. Разговарав со девојката и разговорот течеше вака :
    - Не е он крив, јас сум виновна за се, леле да не ме остави, да не мие премногу лут што ќе правам..

    Мислам дека најголемот проблем лежи во свеста на жените.
     
    На Alisa22, Indiegurl, lovestoneddd и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Dr.Zzz

    Dr.Zzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2017
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    496
    Пол:
    Женски
    офтопик за постот над мене, типичен пример за Стокхолмски синдром, жените секогаш мислат дека тие се виновни...
    Онтопик
    Да имам пријавувано многу пати, украдени телефони, велосипед, имаат реагирано и вратено телефон. И би пријавувала секаков вид криминал, иако знам дека не секогаш би се исплатило...
     
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Јас до сега не сум дошла во ситуација да треба да пријавам криминал.Имаат ограбено другарка моја над 500€ и имаат украдено и полицијата среди се.
    Ми имаат кажано дека за кражба под 100€ или така нешто не ти доаѓа полиција и нема записник..
     
  7. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Мене не ми се трча по институции за туѓи проблеми.
    Ако имам јас проблем би пријавила , но додека не ме засега мене нешто воопшто и не се мешам.
    Имаше споменато погоре за мито,корупција такви работи, криминал е тоа не велам не, но јас не сум од тие чесните бранители на правдата и да пријавувам такво нешто кога знам дека и јас некогаш можно е да дојдам во ситуација кога би морала да понудам мито некому.
     
  8. Dejan0_Skorpija1

    Dejan0_Skorpija1 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Машки
    Дел од тема дали има некаде да продаваат тејзери спрејови и слична опрема за самоодбрана бидејќи има многу случаи каде психопати се приближуваат на девојки да не знаете броеви за пријавување такви случаи и превзимаат иницијатива бидејќи одредени служби како што читам тука не се замараат
     
  9. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    @WildMk се е супер кога имаш приватен бизнис и нема како да ти се одрази ова.

    Моите се вработени во едно од поважните државни тела, а во се што е државно знаеме како стојат работите. Со години се малтретираат со пријавување на неправилности и поставување на високи позиции поради врски/пари/швалерај.. за малку и до тужби не дојдоа. Со секое нивно бунење тие беа некако уназадувани. Преместување од еден во друг град (работна позиција), не им дозволуваа да напредуваат во работата, дојде дури до вадење муабети како ТИЕ се со врски. Не вредеше повеќе, поважно им беше да си ја задржат работата и да земаат пари за да прехранат семејство дома.

    Јас пред 10 години пријавив жена што ми закачи нокти во врат. Со мајка ми отидов до полиција, а тој ме гледаше и ми се смееше (дете па очигледно лажам) и упорно тврдеше дека чим не и знам име и презиме и домашна адреса, џабе сум отишла. А отидов со можност да ја опишам целосно како изгледа и кажав во кое маало живее.

    Во школо пријавив соученици што ме задеваа со вулгарни муабети и допири, добив коментар Нормално е, во тие години се.

    Баба ми ја удри мотор, лежеше 2 дена во болница. Жива била, не морало да го бараат сторителот.

    Сфатив само дека освен со црно на бело доказ и јака позадина не може ништо да се истера. Прашање е дали и така може..
     
    На olenceeto му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Волшебникот

    Волшебникот Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2018
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Пред 2 недели ни украдоја половина тон тутун скоро 2000 евра. Пријавивме во МВР, дојде увидна и крим техничарите, сликаја, зедоја материјали т.е остатоци од ДНК и ај. Од тие 2 недели АБЕР нема од кога е пријавено. До сега само 2ца се свикани од 10 души. Знам дека нема ништо да ни се врати ниту пак ќе откријат кој бил а тоа е затоа шо не не бива за држава, се гледа само да се укради нешто и да се живеј без работа.
     
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не ми е проблем да пријавам. Проблем е тоа што мислам дека има ризик да се дознае дека сум пријавила. Сум слушала од луѓе дека имало случаи каде полиција кажала (не ми се случило мене), и заради тоа сум сигурна дека на многу им е страв да пријават. @WildMk ти си имала ваква ситуација?
     
    На Alisa22, WildMk и candy.cane им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    До сега не.
    Или ако кажале, јас не сум дознала.
     
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.850
    Полицијата секогаш знае кој пријавил.
    Нема анонимност кај нив.
    Знам по случај каде пријавив дека цела улица е мокра и тече вода на сите страни и си наводнуваат и си мијат кола, а водата истекува пред мене каде се прави вир кој не пресушува.
    А тогаш плус имаше апел да се наводнуваат дворови пред 8 сабајле зашто имаше некоја рестрикција.Мене ме мачеше вирот пред дома и калта која ја разнесувавме насекаде.
    Комшијата до ден денес е љут.
    Кога ги прашав ЗОШТО ме оддадоа, ми рекоа дека мора да се знае и кој пријавува и кого пријавува.
    Не ме ни прашаа на телефон која сум.
    Си знаеја тие.

    Така да...на анонимно пријавување заборавете.

    ...и да ви кажам, вир сеуште има.
     
    На eli25 и Mantub им се допаѓа ова.
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.953
    Допаѓања:
    123.541
    Сакаш да кажеш дека ако сум го пријавиле комшијата, они ќе му кажат еј Ели те пријави?
    Мислев дека не смее така!
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.850
    Ели..
    Имам пола фамилија во МВР.
    Во Билтен мора да има: Х го пријави Y поради тоа и тоа...
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Ако е ова вистина не ме чуди што повеќето се плашат да пријават,не само криминал туку и насилство.