Јас мислам дека опцијава е многу корисна. Особено делот за додавање во листа на непријатели. Не дека ми се нешто непријатели и мислам како да ги ошишам и фарбам зелено на спиење, туку затоа што додавајќи ги на листата нема да мора да им ги гледам мислењата, па и ако ми се закачат да си водат вагинални монолози.
Zarem I tuka nekoj ima neprijateli ?! Celta e verojatno da se druzime, a ne neprijateli da steknuvame.
Прво за да некој ти биде непријател треба да го знаеш лично а не да си замислуваш и измислуваш виртуелен непријател, затоа што така можеш најдобрата другарка или сестра да ја сметаш за најголем виртиелен непријател затоа што луѓево овде малку поинаку се изразуваат отколку во реалниот живот. Некои велат добро е што постои оваа опција за да не морам да читам нечии мислења. Јас се прашувам,зарем не сме тука да видиме и различно мислење од нашето а не само да читаме постови од оние кои ни се улизуваат и величаат. Искрено немам никаква листа ниту на пријатели ниту на непријатели, сите овде ги сметам за пријатели кои имаат сопствено мислење па макар тоа било спротивно од моето. Секогаш се трудам аргументирано да дебатирам и не се плашам од критика па макар било тоа тотално бесмислена критика. Сакам луѓето да ми кажат каде грешам а во што сум добра сама си знам.
Имам уште од почеток стекнато многу виртуелни пријателчиња што ги обожавам А, кхм... членови што не ги поднесувам ги има неколку од пред некој месец, но на форум ми е претерано да се нарече некого непријател. Иначе темава е out of date, ваква опција имаше на старата платформа
Непријатели - Искрено не се замарам многу дали имам или немам во виртуелниов свет бидејќи тие фактички за мене се духови кои не постојат и не ми е гајле за нивните мислења. ПРИЈАТЕЛИ - На некој што сум пишала бидејќи според одредено мислење и став ми се допаднале како личности и сум им пишала но не сум добила одговор за мене веќе се во категорија на личности Х , не го заслужуваат моето внимание, не викам дека ваљда и јас заслужувам нивно, но откако сум видела како се однесуваат со поединечна група на членки понашањето им е 0 и фала на богу што не вратиле бидејќи кога може да се однесуваат грозно со другите ,ваљда исто би било и спрема мене. ЗАТОА Си имам омилен дел на членки кои си ги читнувам одреден дел од денот кога сум слободна ,сепак тие се виртуелни,но затоа имам и некои лично запознати кои се прекрасни во карактер и одлично се сложуваме. И да ја поз тука мојата пријателка која го направи најубавиот колач и која ме почекуваше саатипол боса додека одев низ планината со неа и нашите најмили Следната која ми даваше совети добри и ме упатуваше кога ми требаше помош за мојата ќеркичка . Со некои допрва ќе се запознаам посебно една прекрасна личност ја чекам да доаѓа пп на гости успат да се запознаеме Исто така една прекрасна мајка која има прекрасни 3 деца и преубава долга црна коса , ми даде подршка кога медиумите пишуваа за сестрами. И многу други Сепак форумот е добра работа за тие што гледаат со отворени очи,размислуваат со отворено срце,немаат предрасуди,не судат никого бидејќи во овај живот се се случува. Им благодарам .
Не се вика непријатели на фемина, може да се каже Неистомисленици, а непријатели се стекнуваат во реален живот. А за пријатели можам да ги сметам сите добронамерни членови овде.Што ако е форум, имам луѓе кои обожавам да ги читнам.
Па имам негде 7-8 души стаено на игнор во една тура, и оттогаш форумов ми е релаксиран, а и за во иднина си знам.
Непријатели немам. Како што кажа една членка пред мене, може да имам неистомисленици и тоа е сосема во ред. Пријатели - да. Виртуелни, но многу драги. Секогаш се тука за да ме ислушаат и кога нема никој во реалниот свет...
jas i neznam deka postoi takva opcija inaku na forumot prijateli nemam no neprijatli premnogu kako da gi dodadam neznam