Ме потсети на една од најсмешните сцени. Солзи ми потекоа од смеење. Џои ми беше наијнтересен лик. Денес ги гледав репризите од последните 2 епизоди, на Телма. Штета што нема уште епизоди. Некои од моите најомилени сцени.
Мене секогаш ми е најинтересно кога ќе видам дека на самите актери им е смешна сцената Обично тоа кај Моника и Рејчел го имам приметено. Рејчел не можам да ја заборавам во сцената со Рос и гајдата, мене повеќе она ми беше смешна Пустата, едвај се воздржуваше да не прсне од смеење Баш сега на tumblr налетав на една од моите омилени фотографии од снимањето
Толку ми е омилена серијава, што редовно гледам кратки сцени на youtube или instagram, со часови дури и една сцена- неколку пати. Пресмешни се, посебно Фиби и Џои со нивните лажни имиња Погледнете што научивме од Џои & Фиби
Сите епизоди ги имам гледано можеби 6-7 пати, повеќето од дијалозите ги знам и на памет Ги обожавам, врв ми се.
Не знам за вас,ама јас се изнаплакав на последниве две епизоди.Во исто време се газам од смеење и се бришам.По не знам кој пат ја гледам серијава и секогаш на крајот срцето ме заболува.Ко ќе го видам празен станот, а нив им се гледа дека плачат од што е крај на сите години снимање. Нема и нема ни да има подобра,посмешна,потопла, попријателскасерија,точка.
Мене омилени ликови ми се Фиби и Џои. Најдобра серија на сите времиња, понекогаш само ќе се сетам на некоја сцена и веднаш несвесно се смеам. Ова се моите омилени сцени: Исто така: Спојлер
Омилена серија. Откачени, луди... Сите ликови ги сакам, само Моника ми е помалку смешна од другите. Никогаш нема да има ниедна серија како оваа. Сум плачела на многу моменти не само на последната епизода на пример кога го гледаа тоа старо видео кога Рос сакал да оди на матура со Рејчел, кога Чендлер ја запроси Моника.... Чендлер е цар, многу му го сакам сарказмот. Џои е циркуси се тркалам на секоја сцена со него. Фиби исто така, откачена е. Рејчел ми е многу смешна кога ке почне да се брука пред луѓето има многу такви сцени. Ross the divorce force - му ги обожавам фаците што ги прави. Моника е исто така многу откачена со нејзините CONTROL FREAK особини. Најсмешна сцена ми е оваа, ВРВ:
А Фиби само смешки кажува, и на моменти да не знаеш дали се зеза, дали е сериозна или глупава Најјако кажано од Фиби... Phoebe: My mother was killed by a drug dealer. Monica: Your mother killed herself. Phoebe: She was a drug dealer! Инаку и јас мислам дека Моника најмалку е смешна, а Чендлер најмногу знае да руга. Ама сепак од кога ќе направат свадба, а може да се каже и уште малку пред тоа, Чендлер едноставно ја губи смислата на ликот. Некако послаб е со финтите.... Ама добро, како и да е, ова е една од сериите со најјак буџет (или може не една од сериите туку баш таа има најјак буџет, со оглед на тоа што во последната сезона земаат по 1 милион долари по епизода)
Најјака сцена ми е дефинитивно инаку ги имам гледано може едно 4, 5 пати сите 10 сезони и никад не ми се досадни. Култна серија.
Лелеееее ми фалии серијаваа премногу сум плачела на крајот омилени ликови ми беа: Рејчел, Моника и Џои! Баш летово ја гледав по некој си стоти пат, ама и 100000000 пати да ја гледам нема да ми се здосадиии. На телма во 19 и 15 играшеее
Од толку многу незаборавни сцени што ги има не знаеш која да ја избереш како најјака и сега го гледам ова и на глас се смеам