Абе овие на Телма пак ги даваат бе...па нормално,кој може да се засити од најоткачените и најсмешните чоеци на ТВ?
За сите фанови на Friends, избришаната сцена од "The One Where Rachel Tells Ross": Причината, сосема разбирлива. 9/11.
Има една игра за на телефон се вика Trivia Kingdoms и има секакви категории, ги има и Пријатели. Иначе на играва се натпреваруваш со други лица, така што одговараш на поставените прашања, а ако победиш, добиваш награда нели, како на сите игри. Интересна е
Сега знам што сакам за нова година! So cool! До сега вртев низ Алиекспрес, има прилично многу маски инспирирани од Friends, вклучително и маска со текстот од Smelly Cat Чисто како предлог за подарок, не мора да биде за нова година. Ако познавате некој голем обожавател на серијава, вакво нешто сигурно многу ќе му се допадне
Е ова е ко за мене! Ако некој ме читне нека ми купи...читате? Вакво сакам...купете ми вакви и Епинал ве носам
Friends се враќаат на малите екрани со специјално издание http://zazabava.com/friends-se-vrakjaat-na-malite-ekrani-so-specijalno-izdanie
Убаво би било,ама можно е да е лажна вест,низ годините се вртат такви информации за снимање на филм Friends,а сите испаѓаат грешка
Јас како што разбрав, нема да се појават само ликовите од Пријатели, туку и главните ликови од останатите серии кои ги режирал Џејмс Бароус. Ќе направат некоја комбинација, така што тоа двочасовно издание нема да биде посветено само на нив. Инаку, во насловите на сите статии за оваа вест, се спомнуваат само Пријатели Сите кога ќе прочитаат за нивно враќање на екраните, така малку се потресуваат и одма кликаат на статијата Макар што и јас како Мароса овојпат не поверував дека ќе направат reunion, премногу лажни гласини имаше за тоа последниве години. И сепак се испостави дека нема да биде баш како што очекуваме, ама сепак, ќе ми биде мило да ги видам актерите со нивните стари улоги
Да,официјално е.И Мат ЛеБланк дури кажа!(Џои срцлето),а и Лиса Кудроу(Фиби) 21 февруари се чекааа! I'll be there for you.....
Е сега веќе се радувам Без разлика што нема да биде класичното Френдс,знаете како ќе ми се исполни душата кога ќе ја видам таа шесторка? Бидејќи ги гледам повторно,да ви кажам,порано омилен ми беше Џои,ама сега дефинитивно Чендлер.Саркастичен до срж и секогаш негативен My kind of man
@Marossa слична приказна ко јас Мене порано Фиби ми беше омилена, целата откачена и ексцентрична. Чендлер дури и ми беше одбивен, може пошто во многу ситуации не му ја разбирав смислата за хумор Сега дефинитивно ми е омилен, скоро секоја фраза му ја знам и пак се смеам кога го гледам
^ а Рос, а Рос? Ќе се појави? Мене пак тој ми е омилен, го обожавам. Најјак коментар што го сретнав во една статија под насловот за нивното враќање е: They were on a break!
Значи од еден мал милион серии што имам изгледено..BEST PROPOSAL EVER!!! Многу го сакам паров,толку си се надополнуваат,Чендлер со сарказмот и хуморот,Моника со уредноста и опсесијата за ред и контрола Се утепав плачејќи...again. Замислете на крајот каква ќе бидам,без разлика што ми е гледан Кажувајте како да ја убедам сестра ми да ја изгледа,греота е да ја нема гледано,култна е,како лектира...