Психопат Ете колку музиката и смеењето во позадина може да ја промени цела категорија на серијата Од комедија може да стане тешка драма или хорор. Има и други видеа каде што е тргнато смеењето, и Рос навистина изгледа како психопат скоро на сите сцени.
Безвременска Можам да ја гледам секој ден,истата епизода повеќе пати и сеуште ќе ми биде интересна,комична,супер е за добро расположение. Омилен лик ми е Џои секако ,а од девојките Рејчел *мислам нема некој што не слушнал за Friends,а ако некој не ја гледал веднаш да почне
Ја даваат на МТВ2 со албански превод, а на првиот канал уште ништо, а уште од септември имаше најава дека наскоро ќе почнат да ја емитуваат.
Слушнавте ли за Friends reunion? Сеуште ништо не се знае, ама изгледа ќе биде некаде околу мај 2020 на HBO MAX, со цел кастинг Едвај чекам.
Го има на Замунда на добра снимка. Ама јас до пола стигнав и заспав, некако ме разочараа. Не е баш филм, туку документарец. Всушност евоцираат спомени и што се случувало зад камерите. Друго, премногу ботокс....Ми се расипа цела серија благодарение и на тоа пола што го изгледав.
Интересна серија, како мала ја следев редовно, ама од кога пораснав не сум била преокупирана или некој голем фан. Добра е онака, да те насмее. Од ликови немам омилени, сите се кој од кој Во почетоците Фиби ми беше најиритантна, а потоа Моника жив напор. Рос ко бев дете ме нервираше, сега ми е греотка да го хејтам. И добар пар се со Рејчел. Оваа, Фрејзер и Ало Ало ми се најдобри ситкоми
Јас ја почнувам сега по прв пат, дефинитивно ми се допаѓа, нешто прејако Рос ми е омилен од машките, а од женските Рејчел/Моника