Еве и јас ја изгледав 3та сезона, за некој ден ќе ја почнам и 4та. Приметив дека од 3тава сезона многу работи паметам што сум ги гледала на ТВ, за разлика од првите 2. Омилена епизода: The one with the football Најсмешна убедливо. Спојлер Кога Чендлер го избра пред Џои. Најбизарен ми беше брат и на Фиби, тотален wheirdo. Aма затоа Чендлер, генијален како и секогаш. Женски манири.
Серијава ја имам изгледано неколку пати и никогаш не ми се здосади.Значи ја обожавам,си ги имам сите сезони и дефинитивно за мене најдобар лек кога сум депресивна. Омилен лик ми е Чендлер и неговите зајадливи коментари. И јас најмногу се имам смеено на епизодата кога ќе играат фудбал.Омилен момент ми беше кога ги оставија Рос и Моника сами во паркот да се борат за топката како мали деца.
Eкспресно изгледани 5тата и 6тата сезона. Мислам дека 5тата беша меѓу најдобрите до сега. Имаше предобри сцени, првично ми е најмило за Моника и Чендлер, зашто ми се најпар од сите до сеа Пресмешно ми беше со сцената со капките за очи на Рејчел Или, Чендлер најјак, нема појак, НЕМА Смешен момент овој кога раскажуваа најлоши текнсгивинг со мисирката И Џои 6тата ми ја одбележа почетокот по крајот на 5тата со Вегас вединг сум се згазила од смеење и 3тиот развод на Рос, најјки моменти од цела сезона Па новата цимерка на Џои, и пак Рос со забите И д вединг прополсал, уренебесен е Џендлер само него може тоа да му се деси Но убдливо 5тата ми беше најјака сезона до сега
Серијава ми е на план пак да си ја гледам летоска и онака нема некои други серии за гледање (бидејќи се имам изгледано). Се подразбира дека е легендарна серијава што заслужува да се гледа одново па одново.
Ја изгледав 4та сезона, колку беше предобра. Од кај да почнам. Чендлер маестрален, солзи ми течат со него. Кога му рече на Рос - Wham broke up кога Рос стави обетка на уво. Може да речам дека една од подобрите епизоди, ако веќе издвојувам, ќе биде The one with the embryos кога девојките го изгубија станот на игра. ~ И кога Рос го испокршија кога играа рагби, леле се пресмеав. И Чендлер во Јемен, леле леле. Нема бегање од ОУ МАЈ ГАААААААААААД. Досега најдобра сезона, многу подобра од претходната. Приметувам и на сезоните уназад, Фиби не може да се воздржи од смеење и кога на пример треба да се изглуми сериозност, може и е таква фацата, ама тоа ми боде во очи. Се сеќавам на епизодата со венчавката на Рос кога ја гледав на А1. Свадбениот марш со гајда отсвирен, so Ros.
Заборавив ова да го постирам, леле умирам од смеа! Веројатно ова е почетокот на електронската музика, имало нешто бетер од Фиби. http://www.youtube.com/watch?v=yLa8Br569gA
Одамна ја немам гледано серијата, ама закон е. најомилени ми се....па сите ги обожавам,добро што ме потсетивте, веројатно идните денови ќе се потсетам на моите пријатели
Дефинитивно комедија на сите времиња!Пораснав со серијава,и мислам дека сите сезони најмалце 10 пати ги имам изгледано Секое лето го проаѓам со нив,и колку пати и да ги имам гледано секогаш ме смеат!
Ce мислев која серија да почнам да ја гледам, нормално некоја нова што ја немам гледано, ама врти сучи пак за пријатели се фатив. Eве моментално ми се симнува првата сезона и не можам да дочекам да ја пуштам. Hезаменливи се дефинитивно. Kласика. Спојлер
5та ја изгледав одма, 6та малку ја развлеков ама сепак 6тата ми беше поинтересна од 5тата. Онаа со Унаги ми беше интересна, а и досетките за Елизабет што стално му ги пуштаа на Рос. Рутинскиот танц на Рос и Моника. Леле насмевкава му е hilarious. И нормално се разнежнив на запросувањето на Чендлер, и Рејчел кога рече: He does this 3 times, he knows what this is about , сега во 7ма сезона ги чекам Џои и Рејчел, тие ми се сексуљав пар.
И 7ма изгледана. Тек сега во 8ма ќе има спојување на Џои и Рејчел, и големите вести на Рејчел. Ај кент уејт. Колку пати во текот на сезонава ми се јави флешбек како седам пред тв и на А1 гледам Пријатели. Посебно на последната епизода јасно како ден ми е сеќавањето кога Џои се плука со актерот на сет. `Таткото` на Чендлер. Костумот на Рос за Божиќ. Рос и Џои овде до солзи ме насмеаа, бат ту фејс момент. Нормално, прекрасната Моника . . и Чендлер. И гледам дека со текот на годините ми се менува мислењето. На пр. ко мала го обожавав Џои нели пошто е најсимпа и има хумор секако, ама Рос некако ми е посмешен, тромаво смешен, и многу повеќе досетки има за него. На Џои му се стандардните: лезбејски мисли и опседнатост со храна. Едвај чекам 8ма да ја почнам, ќе биде многу повозбудлива од 7мата.
Дефинитивно нааај серија според мене! Ги имам изгледано не знам колку пати, сите сезони, само DVD-ата си знаат колку се оштетени од гледање И дефинитивно одсекогаш најомилен ми бил Чендлер и неговиот сарказам
Џенски, да замолам јас за една услуга. Да ми даде некој линк од торент со сите 10 сезони со фин квалитет?? Ги имам само еднаш изгледано сите епизоди (освен она на А1) ама ги избришав и плус ми беа симнувани сезона по сезона и не беше секаде добар квалитетот. Сега ми треба една ударна доза смеење, плус сакам да си ги изрежам и на ЦД-иња па би ценела некој торентче да ми даде. Грасијас.
Ова дефинитивно, баш дискутирав за истово со една другарка. На пример како мала не сум ги разбирала саркастичните досетки на Чендлер или Моника воопшто не ми беше смешна, а сега од овој аспект баш они двајца ми се врвни.. Како поминуваат сезоните, Моника дури ми станува омилен лик. Исто така и од другиот аспект, ко малечка ми бил интересен хуморот на Џои затоа што реално незрел е и самиот, и кај него е смешно баш тоа што си е приглуп, нема тука некоја филозофија. Исто и налудничавоста на Фиби. А сега, они двајца ми се ко веќе видени, просечни. Инаку паузирам од серијава, веќе месец како немам гледано, ама осеќам паузава ќе ми трае уште малце подолго, со оглед на тоа што други серии ми се приоритетни. А да, и колоквиуми.
http://thepiratebay.se/torrent/6014345/ ... 64_-_MKV_b или http://thepiratebay.se/torrent/4015365/ ... eason_1-10 * Ја изгледав 8мата сезона, по голема пауза, хит на сезонава дефинитвно бременоста на Рејчел. Џои ми беше смешен во последната епизода со божемниот мериџ пропузал, сум се изнасмеала И Џенис мораа да ја вратат мажот и среќа што е глув какв звуци беа тоа Спојлер
Grasias Hister, ја најдов пред некоја недела и безсрамно признавам дека сум на почеток на 9 сезона со голема опсесија. Искрено не планирам да ги бришам од лаптоп, луѓе повеќе се смеам на овие него на било која друга серија, веќе две недели ништо немам симнато затоа што ми се досадни. Пробувам и не можам да си изберам омилен лик. Одлично се оформени сите, совршено се надополнуваат. Првите три сезони ептен ми се шармерски, сите се млади и мутавки. Во седмава и осмава хуморот е малку поразличен ама сепак добар. И не знам дали е до мене ама ептен бе добро се облекуваат. Секако си имаат лапсуси ама модата од 90-тите за мене е многу интересна. И чекам мажи кај нас кои можат да се носат како овие тројца, еден немам видено. Кошула и бела маица, каде ли заминавте???