Јас почнав пак да си ја гледам од почеток и не ми се верува колку настани сум заборавила... Некои делови ги памтам од точка до точка, сите фрази, буквално цело сценарио, а скроз заборавив од кого се разведе Рос по трет пат! И после кога стигнав до тој дел ми светна - Со Рејчел се венчаа во Лас Вегас! Штотуку ја изгледав дуплата епизода (15та и 16та) од 6та сезона, и ќе кажам дека оваа епизода ми е омилена за оваа сезона. И оваа скроз сум ја заборавила! Шта би било кад би било Ако Рејчел се омажела за Бери, Џои останел да биде доктор Дрејк, Рос не се развел од првата жена, Чендлер дал отказ од работа, ако Моника останала дебела и ако Фиби почнала да работи за некоја компанија
Ja изгледав и последната сезона пред некој ден... Нешто не ми беше нај во споредба со други сезони но си имаше моменти. Се наежив на последната сцена, на свадбата на Мајк и Фиби. Смешни моменти бакнежот меѓу Џенис и Ченделер, и кога се присеќаваа на минатото како Чедлер ја бакнал Рејчел, а мистериозниот миднајт кисс на Моника бил Рoс Се на се убава серија, ретроспективно гледано од сега наспрема тогаш има многу посмешни и позабавни серии денес, но тогаш беше врвот и во гледаност и во забава.
ја обожавам серијава омилена ми е епизодите на сите сезони којзнае по колку пати ги имам изгледано и не ми здосадуваат, никогаш нема ни да ми здосадат
Кога и да ми спомени некој Пријатели или да слушнам Friends одма мозоко ми мава на песната http://www.youtube.com/watch?v=lvqkLirfUkM и си ја потпевнувам во себе
Јас си ја завлечкав 10тата сезона, не сакам да заврши Па поминав тука да оставам едно линкче со интересни факти за серијата. Некои од нив ми беа познати, ама некои не. Како на пример тоа дека првенствено Џои и Моника требало да бидат пар, а Чендлер да биде геј
Јас откако за една година два пати скроз ги изгледав сега си гледам само некои омилени епизоди. Заклучив дека ептен сум фрик за серијава, на ЈуТуб мислам имам изгледано се околу неа. На ФејсБук имам лајкнато една страна за Пријатели и речиси секој ден пуштаат по некоја интересна сликичка со дешавка, ептен ме пука носталгија за пак да седнам да ги изгледам, а не иде, навистина не иде. Иначе ептен ми паѓа жал за Метју Пери, типот имал преголеми проблеми со алкохол и дрога и во текот на серијата (што е очигледно во некои сезони), а мислам дека е еден од најквалитетните комичари и во голема мера ја носеше серијава. пс:Откако ја прочитав листава, знаете дека имало вработено посебен човек (уметник) да пишува пораки за секоја епизода на таблата во станот на Џои и Чендлер?/ :geek:
Почнав пак да ја гледам серијава, до 4та сезона сум. Мислам дека никогаш и не сум ги изгледала сите епизоди. Сега си ја поправам грешката.
Се пронајдов во голем дел во овие знаци на зависност. Неколкупати имам кажано дека од мене поголем обожавател на Friends нема! И точно е ова, кога некој ќе ми каже дека ја нема гледано серијата или пак дека не му се допаднала неможам да верувам, веднаш следува контра напад и убедување дека тоа е најдобрата серија на сите времиња за која што не постои теоретска шанса на некој да не му се допаѓа. Толку многу ме опушта и ме смее. Ме асоцира на еден совршен живот со совршени луѓе. Зависност е серијава, зависност еј!
Ги обожавам FRIENDS. Ја гледам серијата по вторпат, лани ја изгледав конечно цела од почеток до крај, а во моментов сум до 6-та сезона. Сметам дека нема поуспешна комична тв серија од тогаш. Денешниве, меѓу кои глобално фаворизираните How I met your mother или The Big Bang Theory не можат ни одблиску да се мерат со Пријателите. Едноставно нема споредба. Омилен лик отсекогаш ми бил Чендлер. Мислам дека е неверојатен глумец и одлично скроен тв лик. Порано кога фаќав епизоди на тв Фиби доста ме нервираше, но сега ми е супер и слатка. Моника е таа која можеби најмногу ме нервира од сите, зашто е бајаги напорна и опседната со хигиена, ред и чистење. Меѓу омилените епизоди ми се онаа со кожните панталони на Рос, чантата на Џои, венчавката во Вегас на Рејчел и Рос... всушност МНОГУ ги има. Џенифер Анистон никогаш ќе нема поуспешна улога од онаа на Рејчел. Тоа е нејзината животна улога, дефинитивно. Прекрасна серија, полна со хумор и многу душа.
Јас подолго време веќе ја гледам убаво и уредно, сезона по сезона, сега 9та ми се спушта. Со повремени паузи поради други серии, ама сепак сакам да ја изгледам цела. Една од НАЈомилените сцени: http://www.youtube.com/watch?v=6xzTbFI9sg8 Ау, со солзи се смеев прв пат кога ја гледав.
Еве уште неколку интересни факти што прв пат ги среќавам за Friends Спојлер Чендлер имал нормален татко after all Можам само да ги замислам како играле Марио
Најдобра и најомилена серија дефинитивно. Јас во принцип мразам серии, повише сум филм тип на човек, сакам филмови пошто почнува, гледаш 2 саати и завршува, толку крај..не можам да се маткам со серија што трае и трае, па тапка во место за конечно после некое време да се деси нешто и така се одново. А и немам толку време за губење за серии. Вака филм ми е чиста работа, таман за релаксација. Не дај Боже да гледаш малечката невеста и сличните на неа.. Серијава трае, ти се раѓаш. серијава трае и успат живее со тебе, ти умираш серијата продолжува.. Friends ми е единствената серија што ја имам изгледано од прва до последна сезона. Најомилен лик - немам! Ги обожавам сите до еден. Толку се одлични сите што не можеш да ги двоиш, не можеш едноставно Сега слики од какви се, остарени и тогаш..леле колку се изменети, али тоа е, времето минува
Омилена серија дефинитивно. Како мала се сеќавам дека ја гледав на А1 во 8 навечер А посебно ми се допаѓа песата Омилен лик: Џои
По 3 пати ми се изгледани сите сезони. Ги обожавам ептен и посакувам уште да се снимаа Омилени ликови: Моника и Џои