1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пријателство помеѓу личности од различна вероисповед

Дискусија во 'Религија' започната од Dessa, 8 јуни 2019.

  1. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.947
    Допаѓања:
    50.030
    Пол:
    Женски
    Не ми е важно од која вера е, важно ми е да се почитуваме едни со други.
    И тие се луѓе, ги мразам тие делби од различна вероисповед.
     
    На sj *O*, Peperutce1115, zalosna и 3 други им се допаѓа ова.
  2. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Вакви пријателства се толку чести, што почудно ми е што луѓе уште се прашуваат дали се возможни.
    Зарем немате ниту еден таков пријател?
     
    На piksooki, sj *O*, CameliaMiller и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Dessa

    Dessa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2019
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Зборувам за "искрено пријателство",каде сите карти се отворени,нема табуа и се дискутира отворено на секоја тема,подршка сте еден на друг,а не за некое рандом пријателство или пријателство од "интерес".Тоа впрочем и се чувствува....
    Да сум имала такво пријателство,штета што нашите патишта се разотидоа

    Штета што нема ниту едно мислење од припадници на друга вероисповест,претпоставувам сите коментари се од христијани,можеби грешам,сакам да го слушнам и нивното размислување.

    Не е делба,исти сме а сепак различни.Спротивностите многу често и се привлекуваат,нели?
     
    Последна измена од модератор: 9 јуни 2019
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  4. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    ние живееме во маало каде староградско население било турско. И куќата која што ја имаа купено моите баба и дедо биле од турци. Јас сум изтаснала со нив некогаш сум јадела и кај нив. Една куќа потака исто. Цел живот ни излагале во пресрет за се имаат аптека. Често знаат да дадат лек без рецепт или без пати па ко ќе сме имале ќе сме даделе. Никогаш не рекле не ама и ние сме биле фер па не сме ја злоупотребиле нивната доверба. Треба да сме луѓе пред се а не да се делиме според измислени работи и да си правиме јаз меѓу себе. А сум учела и со ромки турчинки имам и пријатели и пријателки албанци од на работа. Многу,ама многу поубаво со нив соработувам него со поединци од македонскиов народ.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dessa

    Dessa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2019
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Не е дека нашиот македонски народ така никаков,секаде има исклучоци.Добрина и лошотија има и кај нив и кај нас.
    Ме радува фактот ,што сите коментари на ова прашање се позитивни,значи има иднина за оваа државичка
     
    На candy.cane и marchi-cool им се допаѓа ова.
  6. mece090

    mece090 Активен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2018
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Немам такви пријатели и не би ми сметале и да ги имам, живеам во маало во кое сите комшии ми се албанци, па немаме никаков проблем, а имам дечко кој е половина турчин па пак си го сакам најмногу :inlove::inlove:
     
    На sj *O*, Luminary и candy.cane им се допаѓа ова.
  7. Dessa

    Dessa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2019
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Ви посакувам многу љубов и разбирање на тебе и твоето момче.
     
    На sj *O* и mece090 им се допаѓа ова.
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    точно,ама за жал штета не сум видела од муслиманите, ако не си им по ќеф ќе се тргнат ако не ти помагаат барем не ти одмагаа а нашиве абе ако не можат да ти помогнат за инат ќе ти одмогнат.
    иднина има и позитивните искуства се од порано не од сега само нашата државичка односно политиката сака да го дели народот а не ние самите.
     
  9. Dessa

    Dessa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2019
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Незнам,не сум размислувала многу на таа тема,можеби ти си имала такво искуство,но да,признавам,многу од нив знаат да почитуваат и на добрина возвраќаат со уште повеќе добрина.Посебно ми се допаѓа,почитта што ја негуваат кон жената,како сопруга и мајка.
    Јас таков впечаток имам од дружбата со нив.
    Па впрочем и ние сме такви,нели?:rofl:
    А за политиката,па ние сме си ги избрале тие,гласот на народот:(
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dessa

    Dessa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2019
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
  11. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Секој си има свој став на одредена тема. Нема што да се коментира тоа од линкот .
     
  12. Dessa

    Dessa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2019
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Мислиш?
    Па за тоа постојат овие форуми,да се споделат мислења.
    А какво е тоа пријателство ако не се почитуваме такви какви што сме,вклучувајки ги и нашите верски празници.
    Или говориме за меѓурелигиско пријателство а во истовреме се држиме во резерва,нели е тоа лицемерно?
    Зарем не би ни значело нашиот пријател од друга вера да ни честита роденден,слава,свадба....
    Тој може да ни честита,ни годи тоа,ама ние нема да му честитаме зошто така ни одговара,не веруваме во тоа.Не мора да веруваш,битен е самиот чин,си му искажал почит.
    Ако ти е вистински пријател,тој те прифаќа таков каков што си.
     
    На sj *O* и Tanjamm им се допаѓа ова.
  13. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Што има врска тоа? Мене тоа ми влијае кај човек исто колку што ми влијае што хоби има. Ич!
     
  14. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Зошто да не е возможно???
    Зар човек од вашата вера никогаш не ве навредил, повредил, излажал..?
    Да, мајка ми има пријатели муслимани, работела со нив долги години. Тие и биле како обезбедување. Ден денес, у сред ноќ да ги викне одма ќе рипнат за неа... за мене, за моето семејство. За разлика од ете многу други пријатели од иста вера.
    Само сме ослепени од политика, перење мозоци, ковање заговори...
    Имам пријатели и роми, албанци, бошнаци... потполно ист однос како со македонци.
    Кој ќе ме повреди, кој сака и што сака нека е, нека е и моја крв, нема да останам должна.
     
    На sj *O*, hermosa и Dessa им се допаѓа ова.
  15. Dessa

    Dessa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2019
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш за темава пријател-ство,потполно си во право,"ич врска нема":D
    Ако мислиш за линкот,дали треба меѓусебно да си ги честитаме празниците,тоа е индивидуално,секој различно ги доживува нештата,меѓутоа важен е гестот,почитта што му ја оддаваш.

    Големо(y),само за последната мисла твоја(n),мислам дека треба да се прости и да се даде секому втора шанса
     
    Последна измена од модератор: 3 јули 2019
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.475
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум размислувала за ова како тема на разговор.
    Јас сум муслиманка и сум порасната во населба каде што има мешано население--христијани, католици, Јеховини сведоци, муслимани... И по националност различни--македонци, турци, бошњаци, албанци, роми...
    Најдобра другарка србинка, јас босанка.
    Растени сме како едно, гледавме кој е каков по карактер и никогаш немало поделба (освен онаа детска, по друштва) . Поделбата ја осетив скоро кога јас една муслиманка искочена на кафе со 2 христијанки, девојки кои ги запознав во моите 20ти,во муабет за донации за дете кое е по вера македонка--христијанска, меѓу себе онака им излета "мора да донираме, детево е наше не е од нивните". Кога и текна на девојката што кажа, проба да се извлече ама немаше начин. Колку е тоа бедно.
    Ако прекинеме да дозволуваме политиката да ја прави омразата меѓу нас, тогаш уште малку па ќе се јадеме меѓу себе, никаков соживот, никаков живот...
     
    На piksooki, sj *O*, Alita и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Dessa

    Dessa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2019
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со твоето размислување,потполно.Изворот на немањето соживот,односно немањето доблест да се прифати некој кој е сосема или барем малку различен од нас,по начин на живот,обичаи,верувања итн,произлегува од домот.Што ќе добиеш од домот,воспитување-
    то тоа ќе го носиш со тебе,цел живот.
    Колку општеството има влијание во креирање на нечиа судбина?Мојот одговор е големо ДА.
    Под претпоставка:Што ако го најдеме нашиот најдобар другар,па дури и нашиот животен сопатник во личност кој не е дел од нашето така да го наречам племе,не е од нашата вера?
    Соочени сме со многу прашања,изборот што треба да го направиме,последиците од сето тоа,компромисите,осудата....
    Водејќи го истиов разговор со еден мој не толку близок пријател Муслиман,ми призна дека неговата сестра е мажена со Германец и можам да претпоставам низ што се поминувала таа девојка од "нејзините".Кога срцето бира,бира друга човечка душа,а не вера,нација,боја на кожа.
    ЕДНА ДУША,СЕ ВЉУБУВА ВО ДРУГА ДУША.
    Германското општество е ослободено од тие предрасуди многу одамна,но за нас некако времето застанало.
    Ова видео никој не може да го остави без солзи и ни е потсетник колку тоа ние луѓето сме бедни.

     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.145
    Допаѓања:
    76.557
    Пол:
    Женски
    Зошто да не? Пријателството е близина врз која религиската припадност нема никакво влијание. Пријателот го сакаме поради она што тој е како личност.
    Освен можеби во случај на екстремни религиски ставови кои би не оддалечиле од некого, но екстремисти и самите не толерираат мислења против нивната религија.
     
    На Lella и Dessa им се допаѓа ова.
  19. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Верата во 21 век треба да биде поистоветена со традиција само и никаков уплив да немаат во животот на човекот, од ваков аспект.
    Се друго е еретичност.
     
  20. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Сум се дружела.
    Нема ништо лошо.
    Како што сме ние (христијаните) луѓе, така и тие се луѓе.
     
    На Dessa му/ѝ се допаѓа ова.