Со екстремисти не сакам да се спријателувам, ниту тие со мене. За среќа најголем дел од верниците не се екстремисти. Познавам луѓе од ептен исламски држави кои се муслимани, ама не ми пречи дружба со нив бидејќи и покрај религијата, почитуваат основни човечки права и феминисти се. Во превод, ги игнорираат нехуманите делови од Куранот. На крајот од краиштата, тие ми се стандардите за дружба со некој. Постојат секакви луѓе и исклучоци во секоја демографска група, па тоа не игра голема улога.
Не гледам зошто би било проблем, ако индивидуите се почитуваат меѓусебно и ако не се обидуваат да си наметнат некакви сфаќања. Јас не сум верник, но околу мене има многу примери за успешни и долготрајни пријателства помеѓу луѓе од различна вера.
Кое срање од одговор човече. Се додека ги делиш луѓето на муслимани се ама добри се овие, ќе имаш срање карактер. Стварно ми се одвратни ваквите мислења. Јас еве имам пријатели што се Христијани, ама овие добри се, не се многу по верата така да можам со нив кафе да испијам. Глупо е нели?
Не е глупо. Потполно истото го мислам и за христијани. Секој што сериозно си ја сфаќа религијата сосе сексизам, хомофобија, геноциди итн., не може да ми биде пријател, независно дали е христијанин, муслиман, евреин, будист, јеховин сведок итн. Веројатно требаше да го потенцирам тоа.
Не ми е јасно, зошто е воопшто тема ова? Ко демек, невозможно е да се дружат луѓе од различна вероисповест?
Заради менталитетот. Кај нас се двоиме на шиптар, турчин, каур како карактерна особина. Премногу предрасуди и генерализации.
Нормално дека може да има пријателство. Зошто воопшто да има ваква тема? Всушност имам слушнато луѓе да коментираат како со црни турци и "ѓупци" не се дружеле, па не ме чуди воопшто. Срамота и греота некој вака се уште да размислува
“Брааат, нашата вера најубааа е“ Се дружат, ама кога не се во заемно присуство зборуваат лошо токму за религијата или националноста на тој другиот. А 99% од народов најпрво треба својата религија да си ја запознае и своите гревој да ги увиди пред да се удара во гради како тоа што му останало во наследство е она вистинското. Неисправни луѓе зборат за исправност.
Религизна личност сум , но Не гледам проблем во пријателство на личности од друга раса и вероисповед затоа што најважно од се е меѓусебното помагање и почит.