Пријателство преку Фејсбук

Discussion in 'Општи дискусии' started by вƖυє єуєѕ ♥, Feb 27, 2016.

  1. вƖυє єуєѕ ♥

    вƖυє єуєѕ ♥ Нов член

    Joined:
    Feb 6, 2016
    Messages:
    6
    Likes Received:
    7
    Gender:
    Female
    Самиот наслов кажува.
    Дали имате запознаено пријатели преко фејсбук од некој друг град/држава? Дали сте се виделе некогаш со нив? Дали сеуште сте во контакт со нив? И како се запознавте?
     
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Staff Member

    Joined:
    Sep 17, 2013
    Messages:
    14,171
    Likes Received:
    175,458
    Gender:
    Female
    Јас, во повеќе теми, се имам изјаснато дека сум против флерт на фејс, ама спријателување под различни основи - зошто да не. Добар чат без задни намери на никој не му штети и како шо сите знаеме, некогаш на некој кој не го познаваме ни е полесно да се искажиме.
    Вакви онлајн пријателства имам со неколку девојчиња и момчиња. Еден од нив ми е еден од најдобрите пријатели, се имаме видено (од друг град е, во мкд), го знам откако бев основно. И уште еден доста добар пријател со кој игравме многу игри порано заедно - од Индија. Обично онлајн пријателите ми се од заеднички групи во кои бев дел одамна, сега некои свежи пријателства - немам, а од овие претходните имам контакт само со овие двајца кои ги споменав сега. :)
     
    Kimberly11 and Victorian like this.
  3. Janina

    Janina Истакнат член

    Joined:
    Aug 1, 2015
    Messages:
    260
    Likes Received:
    414
    Gender:
    Female
    Јас сум ширела многу познанства преку фејсбукот кои некои ми станале више од тоа пријателство.Имам пријателки и пријатели со кои одлично си живеам.Не гледам во далечината на која се наоѓаме доколку пријателството е вистинско :)
     
  4. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Joined:
    Oct 19, 2015
    Messages:
    2,792
    Likes Received:
    21,846
    Gender:
    Female
    Имам и сега ми се најдобри другарки ептен убаво си живеам со нив
     
  5. JonyBravo

    JonyBravo Популарен член

    Joined:
    Mar 14, 2015
    Messages:
    548
    Likes Received:
    2,142
    Gender:
    Male
    Јас имам прилично добро искуство за пријатели од интернет ( така би го крстил и насловот на темата). Најмногу од таквите интернет пријатели ми се дури од времето на Mirc (кој се секјава на Mirc знае за што зборувам :D) па потоа Msn и после тоа е веќе лесно. Ги имало секакви, некои за кратко па ги снемувало, некои останале до ден денес, некои се на паузи (де ги има де ги нема) али најбитното е дека такви пријателства или познанства фунцкионираат.

    Највпечатливо ми е интернет пријателство со едно девојче, со кое во комуникација сме цели 10 години. За прв пат се видовме пред 3 години, а вкупно сме се виделе 4 пати. Прикаскава ми е толку интересна (на моменти и смешна) што многу луѓе не ми веруваат кога ја споделувам. Нормално, во таквото наше пријателство немало никакви задни намери, туку чисто пријателство и ништо повеќе од тоа. Споделување вести, кажување тајни, радосни и тажни моменти, и секакви други ситуации низ овие 10 години.
    Многу интересна случка ми се случи, кога бев во америка, другарчето го запознав преку Mirc, од ист град сме, во средношколските денови се гледавме чат пат и него од еднаш него го снема ( тој беше постар 2 години од мене) за да на крај после 4 години се најдеме во Америка, во случаен разговор дека познава таков и таков човек кој го запознал преку Mirc = не се препознавме до моментот кога не ги изговори овие зборови. После тоа прослава за добрите времиња на Mirc :D

    Денес, Фб пријателствата ми се прилично вештачки и секоја намера за некаква поактивна комуникација се сваќа многу погрешно, барем од страна на девојките ( не сакам да генерализирам, има исклучоци али најчесто е така).
    Од досегашното искуство, фб пријателство фукнционира како пријателство она што настанало најчесто како комуникација ради деловни причини и причини поврзани со некаква си работа.
     
    PaLaVa, zhap4e, Victorian and 2 others like this.
  6. ***nekoja***

    ***nekoja*** Истакнат член

    Joined:
    Aug 2, 2015
    Messages:
    496
    Likes Received:
    873
    Gender:
    Female
    имам другарки две запознаено на фб едната ја немам никогаш видено но сепак ми е мн блиска а другата се имам запознаено и сега ги знае сите мои тајни и јас на неа.........во принцип не сакам мн да пишам со секој на фб но за срека една вечер ми пиша еден маж и натам навам и сакав да го избришам дека бил разведен со дете па мислев дека ке замара..... а внука ми беше бебе и имаше висока температура и ме праса циво е тоа бебе на сликите па добра ли е ова она и благодарение на него беше ми кажал да пробаме нешто и вистина малата намали температура............инаку да можни се пријатели на фб без разлика дали ке се запознаете лично или не........
     
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Joined:
    May 31, 2010
    Messages:
    13,813
    Likes Received:
    80,646
    Gender:
    Female
    Имам запознаено пријатели од различни градови во Македонија, од Србија и од Индија. Со никој од нив сеуште не сум се видела во живо но планираме да се видиме со тој од Србија и неколкуте од Струмица. :) Понатака може и со други.
     
  8. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Joined:
    Apr 10, 2015
    Messages:
    764
    Likes Received:
    5,373
    Gender:
    Female
    Немам досега склопено пријателство преку фб за во иднина незнам можеби зошто да не.
    Да се надополнам мислам нема да смета.Пред 15 години се запознав со еден дечко преку Мирц и се запознавме.Толку од моите виртуелни дружини:)
     
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Joined:
    Mar 10, 2010
    Messages:
    17,718
    Likes Received:
    38,438
    Gender:
    Female
    Немам пријателства преку фб. Комуницирав со неколку ама прекинавме контакти. Имаа некои скриени намери господата. Со некои комуницирам повремено. Само со еден се имам запознаено.
     
  10. VladeMila

    VladeMila Популарен член

    Joined:
    Aug 20, 2015
    Messages:
    430
    Likes Received:
    8,515
    Gender:
    Female
    Не прифаќам секого на ФБ,претежно познати,не е дека несакам да се дружам..
     
    SummerGirl likes this.
  11. Vori

    Vori Активен член

    Joined:
    Mar 2, 2016
    Messages:
    54
    Likes Received:
    57
    Јас бев жртва на женска луцидна игра на интернет.
    Бев заведен и ми се распадна бракот поради тоа.
    Кога се разведов, исклучив се тоа и ФБ и све у пичке материне.
    Какво пријателство какви бакрачи, или жени ке ви се пуштаат или машки ке ве кодошат за политичките ставови...Се е тоа за курвалук и политичка шпиунажа сега станато, претежно.
    Недај боже да сте малце по интересен и поличен од другите, ке ви се упикаат за да ве легнат.(исто е и за машки и за жени).
     
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Joined:
    Mar 27, 2011
    Messages:
    7,113
    Likes Received:
    107,128
    Gender:
    Female
    Имам. Поголем дел од нив се машки пријатели (за жал, момите,мада пуштаат friend request, не пишуваат..не одржуваат контакт. А јас, такво прекрасно биќе..желно за дружба:D), често било бидејќи сме имале заеднички пријатели па, сум им се појавила во она: „предлози“ за пријателства. Добар дел од нив се,бидејќи често се случува да коментирам под статии - најчесто странски, или, да се вклучувам во туѓи (јавни/public) дискусии :D на фејсбук, па..љубопитни се луѓето.
    Ваљда мислат дека профилот ми е таков, ко на VIPовците од социјалните медиуми, а, не ми е. Воопшто. :DИнтровертен човек сум. Имам граници до каде-колку. Само сакам добри дискусии (филозофии, политики, право...што год) и зезање.:)
    Некои од пријателствата се уште од пред едно... зилиони години. Од 2008,кога сум го направила фејсбукот. Некои од Скопјево, други од други градови на македонијава..трети од регионот, четврти од подалеку - Европа, Америка итн. Многу веројатно дека, никој од нив не тргнал со „ете, сега ќе си бидеме другарчиња“ во глава, ама, тие што не успеале да се преустројат кон пријателска, нефлертувачка комуникација...хасан сече:D
    Добар дел од нив, испаднало да се појават во периоди кога нај ми било потребно муабетење со некој кој не ќе замарал со стандард теми, жалопојки и прашања какви сум избегнувала, пошто, ми бил тежок период и сум сакала да го надминам.. Ми се нашле, сум им се нашла.. Им ги знам девојките,се имаме и со нив во пријатели. Дури и откако раскинале, они си се одфрендувале, јас уште сум во контакт со нивните бивши девојки и со нив, и,никогаш не сум направила муабет на едните за другите. Не сум спомнала што им се случува во животите, иако некои од нив се ожениле со други многу скоро потоа.:) Не им правам на луѓето тоа што не сакам да ми прават и мене.
    Можеби не комуницираме секојдневно,не пиеме кафиња ко со некои пријатели што човек ги има од детство,ама, чат-пат порака да добиеш на фб или смс на телефон или јавување е супер фино, слики одне знам ти каков одмор или од бебињата... од.. било што :) Бидејќи колку што они знаат за мене, толку знам и јас за нив и немало никогаш ништо сексуално.
    Од еден од Тексас дури и си добив пар книги.Со душа ги чекав да стигнат:D си мислев,бог знае што книги ќе се сега, некои митологии некои за архитектура, за Индијанците бла,бла..пошто со такви теми се занимава личноста,меѓудругото, кога оно, self-help books испаднаа:rofl: Што, никогаш во живот немав читано. И, седеа една добра година и нешто, нечепнати:D Излажав дека ги читам:tmi:Дека ми се свиѓаат ептем,дури и ми рече: о,супер сега ќе ти пратам други :rofl:. Викам, о не, не молим те..тоа поштарината види колкава е од кај вас до тука, повеќе одошто вреди книгата. И, се извадив. Толку беше од книгите од Америка:rofl: Ама, :) испадна следната година да ми е ептем тешка,ептем лоша.Неподносливо тешка.. и,почнав да ги читам. Ми се најдоа,уствари. Чудесии,ама,ете. Збркаа добра работа за човек да се закрпи психички,што би се рекло.
    Имам велшанец,морнар другар:D ако не е фесбук,од кај мислам се некои такви ликови човек би запознал...моментално е во Виетнам.Мерак му се такви,косооки момиња:rofl: Па,сега кога беше најтмурно времето, а јас во канцеларија прати слики од плажата и куќарката кај што ќе живее..милина.:) Пошто,само што се имаше укотвено таму. И така. Супер.Секакви приказни имам чуено..драго ми е што сум ги сретнала виртуелно,па во живо.Мада некои и не ги имам сретнато во живо,сеуште. Али,биќе и то:)
     
    ceca-1 and JonyBravo like this.
  13. NikiBastore

    NikiBastore Активен член

    Joined:
    Jan 25, 2016
    Messages:
    60
    Likes Received:
    122
    Gender:
    Female
    Па нели бракот ви се распаднал по ваша вољја, сте и признале на жена ви дека се гледате со друга жена и сакате развод во темата брачни неверства, боже боже жртва на луцидна игра...:lol:
     
    atala and zhap4e like this.
  14. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Joined:
    Feb 8, 2018
    Messages:
    4,279
    Likes Received:
    20,713
    Gender:
    Female
    Да, имам запознаено една многу добра пријателка од друга држава, со која се’ уште сме во комуникација.