Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пријателство

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Gordana10, 28 декември 2009.

  1. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Порано се крстев во другарките што се вика, сеа со 500 мукии излегувам со нив зашо не можам да ги сварам, одбивни ми се толку многу што не се опишува.Ама тука ми се, со нив учам, ќе пробам да ги истрпам, а да барам друго друштво немам живци воопшто.Толку се дволични, едвај чекаат да згрешиш за да те извреѓаат.Пред тебе зборуваат за друг, пред тој другиот збораат за тебе, гревови од друштво сме. :puke:
     
    На buba4e89, littlevampire, kataleja1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. love-cat19

    love-cat19 Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    31
    Оф...темава е многу убава за да се искаже се,ама......Ма којзнае дали ми се такви другарки какви јас што мислам дека се...Имам една така најдобра што мислам дека е фер,фина,што не ми мисли ништо лошо ниту ми љубомори,сепак понекогаш се чуствувам сама и покрај сите луѓе на светов.Не знам,сум се дружела,се за нив сум правела со страв да не ги изгубам,да не се налутат за нешто..Исто и мене секогаш сум била на крај разочарана.СЕГА, е сега свртив нов лист,една ја игнорирам колку што можам повеќе ,нека сфати сама малата дека нешто се случува со мене,дека нашето другарство не е како порано.Нешто се олади,и чуствувам неискреност ,недоверба,нешто не штима...Се сменив,постанав ладна,недопирлива,притаена....зошто не знам,можеби така ме научија,играм според нивна игра...А би сакала да бидат сите како мене.Боже па нормално дека не можат.Мислам дека имам добрина за цел свет,не лицемерам,не користам,не правам работи зад грб.Не љубоморам,не имитирам,не сакам оговарање ,себичност,глума....и злоба..За жал тоа го има денес. Разочарана сум тотално,сепак се држам некако,откако сфатив дека она за кое треба да се грижам и сакам најмногу сум самата јас..... :|
     
    На buba4e89 и littlevampire им се допаѓа ова.
  3. mila-88...j

    mila-88...j Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    60
    леле ова исто како јас да сум го пишувала,незнам зошто не секогаш мислам дека сите размисливаат како мене.И тоа ме наведе во многу лажни пријателства.Но сепак од сите учев и не дозволував да ме променат.Ме променија но на подобро,не сум веке онаа истата која лесно се спијателува со сите.Сега и јас игнорирам,бирам со кој ЈАС сакам да се дружам.И добро ми е вака
     
    На love-cat19 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. love-cat19

    love-cat19 Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    31



    Тогаш знаеш како е кога си премногу добар.Ме гуши мене некогаш воздухов од покварени луѓе на секој чекор.Се обидувам да се средам,среќна сум не викам не....благодарна сум за ова што го имам бидејќи некој и тоа го нема..Сепак на моменти сум многу осамена.Ми фали нешто,некој,некое пријателство,љубов,мир,спокојство..Добро сум јас,имам по малце од се тоа,но помеѓу толку луѓе и пријатели сфаќам дека сум сама... :(
     
  5. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Немам многу другарки, имам само 3 пред кои можам да се отворам и кои ќе ме разберат и ќе ми дадат добронамерен совет. Со едната другарка сега живееме на сосема различни страни и сме од различни градови, комуницираме преку скајп, и може да се случи да се слушаме и еднаш месечно, но муабетот секогаш почнува од каде што сме завршиле. Пред неа можам да се опуштам и да си кажам се што ми лежи на душата, она најдобро ме разбира од сите. Иако сме разделени, далечината не ја чуствуваме како пречка.
    Другите две се од мојот град и они знаат многу работи за мене, но пред нив неможам да се опуштам и да зборувам многу.
    Понекогаш сум размислувала зошто немам повеќе другарки, некое големо друштво, но овие три не би ги менувала за ништо на светот.
     
  6. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Јас си ги имам двете најпријатни, највесели, најмили, најфини и најдобри другарки. Никогаш не ми сториле лошо или ме натерале да плачам ЗА БИЛО ШТО! Секогаш кога сум со нив се чувствувам пријатно и среќно. Тоа се вистински пријатели!
    (но највистински пријател ми е сестра ми) :P
     
  7. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Имам повеќе другарки, но само со 1 можам да кажам дека го споделувам тоа вистинско пријателство. Се знаеме од малечки, постојано сме заедно. Само со неа можам да се отворам и да дискутирам на темите кои ме мачат, само таа ги знае моите најдлабоки тајни и најголеми стравови. Не сме на далечина, всушност на иста улица сме. Имаме испланирано заедничка иднина, бидејќи и на двете ни е страв дека ќе останеме една без друга.

    После неа имам 2 многу блиски другарки, но неможам да ги наречам најдобри, бидејќи едноставно ме разочарале неколку пати и сметам дека треба да работат долго и многу, за повторно да ја заработат таа титула. Едната ја знам од мала, а другата од 5 одделение некаде. Мислам дека тоа што се паднавме сите заедно во ист клас не зближи многу. Овие 2 знаат многу за мене, но не премногу. Основните работи ги знаат, нешто потајно, за кое треба да знаат.

    Како и да е, горда сум што ги имам сите 3 во животов.
    Кога сум тажна или осамена разговарам со нив и сфаќам дека не треба да бидам зашто имам се во животот, се што сакам, а најмногу сум благодарна што ги имам нив. Сите 4 заедно создаваме една дива група, тешка за преговарање, искрена и сакана, која дели неочигледна и невообичаена искрена пријателска љубов, наместо многу лигавење и срцушки мои најмили. Ги сакам.
     
  8. kate-84

    kate-84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2010
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    14
    А како да дознаеме дали некои другарки се вистински? Дали на пример ако некоја другарка ти се налути за нешто (без разлика дали е основано или неосновано лутењето) ти ќе пробаш после тоа да ја побараш и во случај и да не се чуствуваш виновен за ситуацијата?
    Го прашувам ова бидејќи сум се наоѓала во ситуации да ми се лутат другарките и сум пробувала да ја решам ситуацијата без разлика дали се чуствувам виновна или не.
    А сега јас сум лута и повредена, а тие истите се лути дека јас се лутам и никаде ги нема.
    Почнувам да се прашувам дали потрошив голем дел од животот со погрешни личности.
     
  9. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Ликот на пријателот – Св. Нектариј Егински
    19/11/2014 Поуки - совети
    Пријателството е љубов на здрава душа спрема здрава душа. Пријателството, како излив на здрава душа, е свето, чисто, честито, верно, постојано, искрено, отворено, вистинито и вечно.

    Пријателството е добродетел, затоа што се основа на моралот и чистото живеење на здравата душа, затоа што се спојува и со самата добродетел и станува нејзин љубеник, ја прегрнува и со неа останува до века. Пријателството како добродетел се привлекува со слични и се потпира на сродни добродетели. Пријателството е врска помеѓу две слични души. Пријателството е страст на разумната душа, која со силна љубов ги спојува пријателите и која има порив со копнеж да го спои она што по природа е разделено. Пријателството има постојан и непроменлив морал. Пријателството е морална сладост, која ја радува душата. Пријателството секогаш трпи и страда и слуша. Аристотел рекол: „Пријателството е една душа во две тела“. Пријателството е посилно од роднинска љубов, бидејќи роднинската љубов е поради нуджност, а пријателството по произволност. Пријателството наоѓа благочестие спрема светињите на пријателот, чистота во живеењето, чесност во моралот, вера во карактерот, постојаност во одлуките, искреност во зборовите и слобода да говори што е исправно, корисно и вистинито. Пријателството е основа на благосостојбата на двајца добри луѓе на земјата, бидејќи единствено меѓу добри луѓе може да се развие вистинско пријателство. Платон вели: „Пријателството е согласност околу доброто и праведното, еднакво настроение во животот, едномислие во настроението и делувањето, љубезна согласност околу заедничкиот живот, заедница во доброто делување и страдање“.

    Има три вида на пријателство: по добродетел, по взаемност и по навика, а најдобро е по добродетел, бидејќи во добродетелта љубовта е силна.

    Ликот на пријателот

    Пријателот е добар човек, со здрава душа, мисли исправно, ја сака добродетелта, има беспрекорен морал, верен е во љубовта, искрен на зборови, има постојана душа, искрен советник е, отворен е, вистинољубив и правдољубив. Пријателот е слика и прилика на својот пријател и до крајност чувствителен го чувствува душевното расположение на својот пријател и страда со душевното страдање на својот пријател. Уште пред пријателот да му се исповеда, тој го претекнува и ита во негова помош уште пред тој и да му побара помош и подготвено се предава и му помага ако е во опасност. Пријателите на неговиот пријател се и негови пријатели. Го брани својот пријател и се подложува на опасност заради него. Во неговото тело обитава душата на пријателот. Тој е добар советник, секогаш го зборува она што е најдобро и се труди за честа и името на својот пријател. Светињите на пријателот се и негови светињи. Вистинскиот пријател е моќна заштита и кој го нашол него, нашол ризница. Пријателот е најголема среќа. Добриот пријател е непроценлива вредност, подрагоцена од секакво богатство. На неговата убавина нема рамна. Пријателот и во несреќите и во радостите останува ист. Вистинскиот пријател ги фали вредностите што се достојни за пофалба и отворено го куди она што е за кудење.

    Еврипид вели: „Вистинските пријатели немаат ништо свое, туку имотот им е заеднички“. Ништо не е подобро од вистински пријател. Неговото советување делува посилно од секој лек на страдалната душа и напатеното срце на пријателот. Неговите зборови се животен лек. Добриот пријател може да има благодатно дејство и на душата и на телото на пријателот. Добриот пријател прима на себе сè што му недостига на пријателот и го милува најмногу она што добро се прави, а оној кој греши, најмногу го исправува. Пријателот станува разум, чувство и око за пријателот. Пријателот е олицетворение на добродетелта. Никој кој мрази не е пријател. Григориј Богослов вели: „Верниот пријател е богатство со душа, затворена градина и запечатен бунар, што се отвора во вистински час и од кој се црпи, а пријатели ги нарекувам добрите и убави и оние со кои сме соединети според добродетелта.“

    За неискрениот пријател

    Неискрениот пријател е човек користољубив, немил, се преправа, себичен, лицемерен и носи само лик на пријателство за да го искористи тоа. Лаже кога вели дека е пријател и го сокрива лукавството преправајќи се дека е верен. Го повикува на помош пријателот, а самиот одбива да му помогне, наоѓајќи илјада изговори. Пријател е само во успесите на пријателот, а во неуспесите се одрекува од него. Се сеќава на него кога тој е во благосостојба и се распрашува за него кога е далеку, а кога е среќен му посакува среќа, кога е здрав – здравје, кога е славен – слава и богати дарови му праќа додека е богат и прави сè за да го покаже своето пријателство; а брзо го заборава ако се случи некаква несреќа, па и не прашува за него и не се сеќава на него ниту кога се соседи. Го избегнува и колне, му префрла за глупавоста во неуспехот, кога е болен го заборава и не му ни приоѓа кога е несреќен, се одвраќа од него ако е жалосен, кога е понижен го презира, кога е осиромашен се трга од него, кога е во оскудица – не му помага и кога умира – не го жали. Таков е неискрениот пријател.

    За лукавиот, лош и подмукол пријател

    Лукавиот пријател е некорисен и опасен човек. Тој во својата душа нема ништо здраво, во неа нема ништо свето и ништо честито, безверен е, превртлив, лукав и подмукол. Не знае за искреност, а на јазикот носи лукавство и лага. Мисли лукаво, а во срцето свое чувствува подлост. Неговите зборови се благи, а намерите превртливи. Со зборови покажува пријателство, а тајно прави сплетки против својот верен пријател. За пријателот раширува лоши приказни и светилката на лукавството ја пали со зло. Гледа во далечина и мисли на гадости, додека со устата мрмори погани нешта. Тој е извор за покор на својот пријател. Пред очите на пријателот устата му е слатка и со зборови ќе му искаже похвала, додека подоцна не ги промени приказните и своите зборови со цел многумина да соблазни.

    Пријателството на злиот човек е пострашно од непријателство, бидејќи од тоа можеш да се сочуваш, а од ова – не. Лукавиот пријател е ненаситен, ниту целиот пријател да го изеде, не би се наситил. Бесрамен е, бидејќи додека прави пакости и го поткопува домот на оној кој е сигурен во неговото пријателство, не му е срам на усните да го носи чесното име на пријателството и да се претставува како пријател пред оној кого страсно го мрази. Неблагоутробен е, бидејќи утробата на лукавиот пријател не се трогнува. Она што е ’рѓата за железото, тоа е за пријателот пријателството на оној што мрази, бидејќи тоа го јаде не мртвиот, туку живиот пријател.

    Извор: ВРЛИНЕ ОСЕЋАЈНОГ ДЕЛА ДУШЕ – Св. Нектарије Егински
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tumblr.123

    Tumblr.123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2014
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    421
    Пол:
    Женски
    За среќа имам другарки и тоа вистински другарки во буквалана смисла.8) Со нив секогаш е опуштено, не се плашам дека нема да бидам сватена дека секогаш ме разбират, што е чудо бидејќи не сум многу јасна. На нив им ги поставувам најнејасните глупави прашања а тие секогаш ми даваат јасен и точен одговор. Не сме многу но колку сме толку сме, подобро мало друштво со многу убави моменти отколку големо дрyштво без разбирање. А ние со поглед се разбираме. ГИ САКАМ И ГИ ОБОЖАВАМ.:l:
     
  11. Darko_11

    Darko_11 Нов член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    Тешко е денес да најдеш вистински пријател/ка на кој ќе можеш да му веруваш и со голема сигурност без да имаш двоумење ќе можеш да му се довериш кога ти е најтешко.
     
  12. 3m43

    3m43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Имам многу пријатели и пријателки ама на прсти се бројат тие што можам да им кажам се' и да ме разберат, да не ме прекажат и да ме поддржат. Им верувам речиси целосно на 5 девојчиња, со машките немам добро искуство (главните трачеви за мене од машко се пуштени).. Како и да е, и од тие 5 само една ме нема никогаш излажано или забодено нож во грб а се дружиме еве веќе 8 години. Другите ме имаат по еднаш издадено но направија се за да го зачуваат пријателството, а јас не сум таква личност-злопамтило и простувам. Сепак никој не е безгрешен, секој од нас има згрешено на некого нешто, и луѓето треба да се прифатат со нивните грешки и маани. Нели еднаш треба да изгубиш нешто за да сфатиш колку вредело, таков беше случајот со 2 другарки ама барем сега знам дека би направиле се за мене и дека ме сакаат и никогаш не би ме издале пак. Многу арно не е на арно нели?Имам роднини што здраво на улица не ми викаат. Факт е дека пријател повеќе ќе ти помогне отколку роднина. Сепак мислам дека се разочаруваме зошто имаме преголеми очекувања од луѓето, па можеби затоа со години не сум се разочарала.. Во секој случај постојат вистински пријатели и среќна сум што ги имам. Се надевам и ви посакувам сите да имате такви луѓе во животот:*
     
  13. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.411
    Допаѓања:
    9.377
    Пол:
    Женски
    Добро имам другарки, ама 1 најдобраби невсакам да ја изгубам или повредам. :(
     
  14. littlevampire

    littlevampire Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2015
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    699
    Пол:
    Женски
    Нема вистински другарки денес:) Јас имам 2 најдобри другарки но не им се доверувам толку многу,се разбира знаат се за мене но за некои приватни работи што се случува во семејството и други ствари тоа не им кажувам..со нив зборувам за лошите случувања,дечковци,мување дрндрнд.Сепак ни тие утре нема да бидат до тебе:):)
     
  15. Осамената09

    Осамената09 Активен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2015
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Колку што се сеќавам порано имав голем број на пријатели,сите ми беа од моето мало.Но јас и мојата (екс) најдобра другарка бевме по 3-4 години помали од нив.Јас за разлика од неа повеќе се дружев со нив и тие повеќе се дружеја со мене и ме викаја секаде со нив.Но кога тие завршија основно и почнаја средно полека полека се помалку се дружевме.Не ги обвинувам,знаев дека тие се поголеми и сакаат да излагаат.Со некои сеуште имам контакт и можат да ми се најдак кога и би ми затребале.Затоа што со нив не се дружев повеќе целото мое време го поминував со мојата другарка.Заедно учевме заедно излагавме и нон стоп бевме заедно.Но по некое време она почна да излага со други јас со други деца.Полека полека нашиот однос повеќе и повеќе исчезнуваше.Ја почнав да се дружам со други девојки,со нив излагавме се шетавме и се чувтсвував среќно и мислев дека го најдов моето идеално друштво.Но се излажав.Денес е многу тешко да најдеш барем една другарка која ќе те сослушува и на која ќе можеш да и веруваш.Мојата најдобра другарка со која се знаев од мојата 5 годишна возраст ме избриша од нејзиниот живот поради тоа што најде некоја друга другарка за која мислеше дека е многу подобра од мене, и другите девојки кои се дружеја со мене денес ни едно здраво не ми викаат.А со една од нив бев премногу блиска.Заради тоа престанав да им верувам на луѓето и се изолирав од надворешниот свет.Знам дека тоа не е добро и не го препорачувам на никого.Кога почнав во средно најдов неколку девојки со кои можам да им се јавав и да ги замолам за помош.Но сеуште немам доверба.Некој совет.СТаврно сакам повторно да им верувам на луѓето но секогаш пред да се отворам сите случки од минатото како да ме плескаат во лице.Не бидува пријателство без доверба и ако едната личност ти кажува се а ти на неа неможеш :/ :'(
     
    На Darko_11 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    Никогаш не сум била тип на човек со големо друштво. Јас тоа и ден-денес не можам да си го замислам. Сум ги презирала оние вештачки, лицемерни односи "на кафе", а после да ја оговарам. Во периодот на основно сум имала така друштво ако може да се нарече, сум ги сакала ценела, ама една ми била најдобра другарка. Ден денес си стоиме супер, се гледаме, е сега не е тоа што било, пошто различни патишта, сме пораснале итн. Ама сепак ја ценам и ја сакам во мојот живот.


    Имав и десетгодишно пријателство кое заврши за можеби банална причина, меѓутоа веќе неважно, иако долг период поради ова мислев дека пријателство денес воопшто не ни постои, а всушност ние две отсекогаш бевме два различни светови. Во текот на тие 10 години, секогаш сум била таму за неа и знаела дека може да се потпре на мене. Утре-задутре кога би ми тропнала на врата ако има некаков проблем, сигурно не би ја одвратила, ама тоа пријателство што сум го имала со неа, никогаш повторно не би го имала. Скршените работи не се лепат, барем не кај мене.


    Сегашната најдобра другарка, ми е soulmate, второ јас. Само по зборувањето кога ќе ја слушнеш, нежноста, начинот на кој зборува, сфаќаш дека само добрина можеш да најдеш во нејзе. И нема потреба да и кажам што мислам за дадена ситуација, како се осеќам, пошто кога на глас ќе го кажеме и двете тоа, сфаќаме дека сме исти. Уште кога ја запознав сфатив дека истиот момент можам да и го раскажам мојот живот, зашто во нејзе не може да се види ниту една зла намера.

    Ја сакам многу, би направила се' за нејзе зашто мислам дека никогаш повеќе нема да запознаам таква личност.:hug::sun:
     
    На Осамената09, the.vampire.girl и crimson им се допаѓа ова.
  17. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Во пријателството треба да се вложува, исто како и во врска. Во моментот кога ќе сватиш дека се свртело во интерес бегај подалеку.
     
    На SnowWhite8 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  18. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.540
    Пол:
    Женски
    Пријателството и дружбата се милна работа.
    Да имаш луѓе покрај тебе што те почитуваат и сакаат е да знаеш дека не си сам, дека секогаш си опкружен со љубов, дека си добар човек, дека имаш рамо за плачење, човек кој ќе те ислуша и нема да те остави сам..

    Но сето тоа како што добро знаеме е многу ретко.. луѓето и општо светот се претвори во тешко лицемерие и корист..љубомора... па затоа дружбите се сведени секогаш на минимум, тука се и обврските и поимот што секој си гледа за себе.

    Сите ние сме многу себични и нека не не чуди зошто сме до ова дереџе.. зошто се повеќе и покрај толку луѓе се чуствуваме сами.. немаме на кој да се искажеме да се олесниме.. бидејки никој не го интересира тоа а и никој не е должен да го трпи.

    Имајте пријатели, весела дружба, моменти и ведрина но никогаш не се искажувајте целосно на никој, не дозволувајте ситниците и очекувањата да ви станат преоритет бидејки секој е за дружба но не секој за лошо и подршка.

    Дружете се смеј те се и уживајте .. а проблемите решавајте си ги сами .. пројателство и дружби постојат и ќе постојат но од вас зависи на каков начин ќе се одвиваат и доживуваат.
     
    На SnowWhite8 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Beautiful_girl..

    Beautiful_girl.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    315
    Пол:
    Женски
    Јас најмногу верувам само на семејството, а другарки само неколку се вистински или јас така само си мислам незнам.Само знам дека сум разочарана многу од пријателство, еден ден ти е пријателка најголема а др ден ти е најголем непријател еее то ти е другарка денеска :)
     
  20. Bella.FCB

    Bella.FCB Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    И јас се согласувам со мислењето на @Beautiful_girl.. Ретко во ова време има вистинско пријателство, еден ден ти е најдобра другарка, а веќе другиот ден те оговара и ги кажува сите можни погрдни зборови за тебе.. И јас ги имам неколку и се надевам дека и така ќе остане, односно дека нема да ме напуштат .:)
     
    На buba4e89 и Beautiful_girl.. им се допаѓа ова.