Затоа не треба да се избрзува со заклучоци и лутење. Туку потребно е да се направи искрен и отворен муабет. Мило ми е што е сè ок сега.
Искреното пријателство е вистинско богатство, но само искреното. Ако се работи само за меѓусебни интереси, тоа и не е пријателство.
Женски здраво Сакам совет Живеам во куќа каде што сме поделени по спратови со уште две етрвки. Е сега многу не сум била многу блиска со нив онака се почитуваме.Јас имам свои пријателки тие свои. Пиеме кафе когасме слободни бидејќи сите одиме на работа. Едната од нив ми е поблиска барем така си мислев до пред некое време не дека многу време поминувавме но онака ми споделуваше нејзини работи како и јас. Пред некој период забележав дека ме избегнуваат и двете.Не ме канат на кафе ниту пак на прошетки како порано бидејки они сепак имаат возрасни деца и се повозрасни од мене и некако имаат повеќе време слободно јас малку сум повеќе зафатена со мало детенце,работа обврски. На поминување нирмално ќе се сретнеме и тоа е. Но има период кога најверојатно нешто се случи помеѓу нив па почнат да звонат да доаѓаат да ме канат и тоа едната па другата и кога ќе се средат работите пак ѓи нема никаде. Исто кога ни треба нешто доаѓаат и кога едната не е дома/излегла некаде итн. Не се чувствувам така ок.И им имам спомнато што е работата бидејки сум искрена кога сум навредена или лута го искажувам тоа неможам да кријам нормално.И пред мене се ок тогаш како нема врска нешто непланирано ни излегло така сакале да ме викнат но брзо било итн. Незнам што да правам како да се однесувам бидејќи сепак сме во иста куќа. Совет би ми дошол добредојден. Поздрав
Според мене изговор од типот дека сакале да те викнат, но набрзина се случило па не успеале е без врска. Ако вистински сакале ќе те викнеле. Пробај дистанцирај се од нив некој период, па види дали ќе забележат дека ги одбегнуваш. Ако не ти спомнат ништо значи дека стварно те одбегнувале.
Имав една другарка, многу бевме блиски. Не се знаевме долго, но се дружевме ептен, не се делевме и ја сакав како сестра. Таа другарка преку ноќ ја снема. Почна да ме игнорира и избегнува без да ми даде причина. Не само мене и луѓето околу мене. По некое време скроз исчезна. Ме блокираше секаде. Ја барав, барав објаснување, но не добив. Слушнав дека имала проблеми, но не ми беше тоа оправдување за нејзината постапка. Ја преплакав искрено. Многу ми фалеше и ми беше тешко и не ми беше јасно зошто.. После 3 години сега се појавува. Преку заеднички пријатели прашува за мене и дали би сакала повторно да стапиме во контакт.. Што мислите, заслужува ли шанса?
Искрено јас не би и дала шанса. Без причина некој да ме игнорира, а јас притоа ништо не сум ја повредила или навредила никако ,доста неубаво од нејзина страна. И да сакала да се тргне некој одреден временски период ќе потенцирала ,а не така без збор да ја снема и сеа коа и текнало ајде да се дружиме .. Ти кукла од партали си! Плус кажуваш дека те повредила па дури и си плачела заради неа, многу не ферски од нејзина страна. Размисли можеби пак кога ќе и здосади и да се вратиш пак исто може да постапи се дур не ти даде разумно објаснување.
И јас исто размислувам. Би ја сослушала чисто јас да си разјаснам работи во глава, но она лично мене не ми се обратила, само преку другари/другарки така да...
Испитува терен. наскоро ќе те адне на фб, од искуство ти кажувам ова Бар мене така ми се случи. А зошто би сакала да разговараш воопшто со таа другарка по 3години, што сакаш да разјасните?
Те разбирам те интересира што-како, ама еве и да ти се извини би преминала преку се и би дружела пак?
Па мислам дека не.. Најпрво од страв дека повторно ке исчезне. Многу се врзувам за луѓе и многу ми е тешко кога ќе ги снема од мојот живот, поготово тие што ми биле ептен блиски како нејзе. А и не верувам дека би можело да биде како што било, не би можела да имам доверба во нејзе, а сигурно и двете сме сменети овие години ...
Токму така, те прашав за да се стигне до овој одговор од кој произлегува дека џабе ќе очекуваш нешто да разјасните и се објасните. Ако ти се тоши време на нешто ради реда ако те контактира прифати дружба ако не сакаш не се замарај за таков небитен лик. Некогаш сте имале добро пријателство и тоа е тоа.
Hi Нова сум во форумов и можам да кажам дека оваа тема прилично ме заинтересира па ќе почнам со мојата приказна.Имав пријателки со кои се дружев долго време.Бевме група.Понекогаш знаев премногу да бидам разочарана од нивна страна,но тоа никогаш не го сметав за нешто поради кое би престанала да се дружам со нив.Бар јас.Се случуваше многу пати да бидам повредена од нивна страна но секогаш простував и заборавав на она што се случило.Премногу ги сакав и ги ценев без разлика на се.Се обидував секогаш да помогнам и да учествувам во било што.Така и остана откако фатив дечко со кој сеуште одиме.Нормално учење, обврски мораше да се најде време за се.И откако фатив дечко продолжив да комуницирам со нив, излегувам и се останато.Ги сакав онолку колку што ги сакав денот кога станавме најдобри пријателки.Дојде денот кога настанаа одредени несогласувања меѓу нас.Направив се за да ги задржам, дури и се обидов да се сменам.Секогаш го откачува мојот дечко за да излезам со нив а тој го прифаќаше тоа.Еднаш се случи да ги излажам поради оправдана причина, а подоцна се трудев да го поправам тоа,но сите прават грешки исто како што правеа и тие.Колку и да сакав да ги задржам и колку и да се трудев околу нив,тие си заминаа од мене.Ми кажаа дека повеќе не сакаат да комуницираме воопшто и да се гледаме.Ги имав само нив и најмногу им верував исто колку што му верував на мојот дечко.Се уште мислам на тоа и се наоѓам во ужасна ситуација.Премногу ми фалат и уште мислам на нив.Тука е мојот дечко кој секогаш ме поддржуваше и остана тука кога се случи ова.Не можам повеќе да верувам во никој.Освен во моите и него.
Навистина не знам од каде да почнам.Имам навистина прекрасни пријателки со кои се знам веќе цели 16 години и бевме скоро неразделни по цели денови бевме заедно но сега тоа почна да се менува,почнаа да ме одделуваат од друштвото што навистина многу тешко ми паѓа дури ни не можам да го опишам со зборови.Не знам дали е до мене тоа што почнаа да ме одделуваат од друштвото бидејќи во еден период ми се случи нешто многу тешко и многу болно па почнав по ретко да излегувам бидејќи сакав во тој период да останам сама и да бидам со моето семејство.Но потоа почнав пак да излегувам и си мислев дека се е по старо но не било така.Сега кога почна ова со короната најмногу забележав дека едноставно не ме сакаат во друштвото и само затоа што не излегувам многу бидејќи сите дома ми се ризични групи и сепак мислам и на нивното здравје.Излегуваат а јас не знам дека се излезени имаме група каде се договараме кога ќе излегуваме но ништо не пишуваат во групата и јас си мислам дека не излегуваат,се додека не видам на некоја социјална мрежа слика од сите нив,излегуваа повеќе пати без да кажат и јас само гледав слики и така дознавав дека се излезени но не реков ништо си реков можеби ме зборавиле,единствено оваа ми беше утеха.Потоа другиот ден бев до продавница и ги видов пак се правеа демек не ме забележуваат.Вечерта "другарка" ми ми пиша да и сликам една задача,и ја сликав задачата и ја прашав зошто не ме викаат кога излегуваат?Зопто ми пишуваат само кога им треба домашно?И зошто не пишат во групата кога излегуваат за да знам и јас?Или можеби имаат друга група? На сето тоа што ја прашав ми одговори само дека излегле набрзина и немале време да ми кажат,ќе ме викнеле друг пат.После 3 дена ме виканаа и отидов.Тоа беше пред 2 месеци,а секој ден се излезени и како што реков во групата немаат пишано многу оддамна.И сега денес исто гледам слики по Инстаграм дека сите се повторно излезени,и тоа навистина многу боли да гледаш како некој се оддалечува од тебе со кој си бил по цел ден и цела ноќ со кој си правел сеќавања да стане само сеќавање и дел од минатото.А ми пишуваат само кога имаат корист од мене.Тоа е навистина жално и оваа што јас го чуствувам секој пат кога ќе ги видам сите сликани заедно едноставно не може да се опише со зборови.Ги имав само нив,а сега останав сама без ни една пријателка....
Мој совет е да се тргнеш од нив.Воопшто без повторно да ги прашуваш зошто те одбегнуваат и слично.Имав иста ситуација со блиска пријателка но, оној вистинскиот ќе остане, а сите останати си заминуваат. Јасно се забележува дека сакаш да ги задржиш и да испаднеш фер, но со сила убавина не бидува.
Според мене треба да престанеш да ги прашуваш зошто не те викаат да излегуваш со нив,дека не ти се вистински другарки штом така прават.И секако не им праќај домашни, не давај да те користат.Најди си нови другарки,запознавај нови луѓе и така.