за се ова што го кажавте тотално се сложувам од другарки сум се горела и сега дистанца од нив не и кажувај се ке се покаеш не знае да молчи ретко некоја стварно
многу пати сум била изгорена од другарки,другари секогаш ми забивале нож во грб,од кога го сватив тоа останав само на 4 другарки и 1 другар со кои иако не се гледам секој ден знам дека секогаш ќе бидат тука за мене во било каква ситуација да се наогам и многу ми е мило што конечно си најдо9в вистински пријатели кои ќе бидат секогаш тука за мене и се разбира и јас за нив
Е убаво за тебе, јас што да кажам -.- се дружам само со една глупачка што ми иде на нерви ќе ја препознаете во темата : Позајмување облека со другарка така нешто е таму ја имам опишано ...
Не сум прочиатала у која насока пишувате на темава, само ке кажам мое мислење општо за пријателството е дека пријателството денес не постои.. постојат исклучоци но за жал се претерано ретки, претерано.. Единствен пријател на кој можам да се потпрам во бииило кое време е дечко ми, и сестра ми
Пријатели? Вистински пријатели? Незнам веќе што е тоа.. Ја бидејќи немам брат,сестра моите најблиски пријатели ги чуствувам како брат/сестра .. Се сакам да им угодам , и ако не се чуствуваат убаво правам работи за да се чуствуваат убаво. Но, колку повеќе им попуштам и колку сум подобра со нив .. Се повеќе и повеќе се опуштаат ( како изреката "Ти им даваш прст, они ти земаат цела рака") До сега , имам изгубено две поблиски другарки .. Едната едноставно се одалечи од мене .. и измислуваше секакви работи (дека ја сум крива за тоа , дека моите се криви што нема врска ) А другата .. Долго време и зборував дека нејќам да ја изгубам,дека ја сакам како другарка .. Ете се случи и тоа спонтано, се вмеша друга .. и гледам дека на неа не и е гајле за мене , дека останав сама .. и ја си терам инает .. Ете како може од инает , тврдоглавост да се скрши едно другарство.. е сега.. Некогаш се прашувам, може ли да е до мене тоа што сакаат да се оддалечат туку-така од мене?
Порано верував во пријателство, но сега знам дека тоа е реткост и пријатели може да ти бидат најмногу 2 личности. Но единствен пријател на кој му се доверувам целосно е де4ко ми. Премногу о4екував од пријателите па можеби затоа и многу се разочарав
i mene mi se uma slucuvano da bidam izgorena od drugarki, no pak veruvam, imam drugarki/drugari sto sekogas se tuka za mene i jas za niv.
Имам две најдобри другарки со кои можам да споделам се.Останатите ми се онака за друштво-човек не може да се изолира од се.Избирам што ќе речам пред нив затоа што не знам утре дали ќе ми забијат нож во грб.А пред другиве две знам дека што и да речам тука ќе остане,тоа ми го докажале и покажале повеќе пати.А за другарство меѓу машко и женско баш и не верувам во него.Сакам да имам другари,но кога и да помислам е ова е другар тие ми доаѓаат со истава реченица:МИ СЕ ДОПАЃАШ ВЕЌЕ ПОДОЛГО ВРЕМЕ,а тоа ужасно ме лути.Човек на кој почнувам да му верувам и со него да споделувам дел од моите тајни ми вика дека е заљубен во мене.Уууффф тоа страшно ме лути
Пријателството е една прекрасна работа и секако доколку имам вистински пријатели ќе се трудам да ги зачувам и нема да дозволам тоа пријателство никој да ни го уништи. Вистински пријатели мислев дека постојат до пред некое време, сега мислам дека не е така сега ми се чини дека секој гледа да се дружи со некого и се од корист. Постојат пријатели , но се многу ретки би сакала да пронајдам вистински пријател, зашто овие што ги имам а се многу малку се далеку од вистински. Да ве прашам нешто дали вреди за пријателството да се жртвува? и Дали изгубената доверба од бившата другарка може да се врати и се да биде како порано? Баш ме интересира како размислувате на овие прашања ако размислувате на темата пријателство или ваше лично искуство можеби.
Да ве прашам нешто дали вреди за пријателството да се жртвува? зависи за кого се работи.мое мислење е дека вреди да се ќжртвуваш за вистинско пријателство и зависи кој што потразбира под жртвување.
Значи зависи Дали го знам доволно , дали мислам дека тој е вистински пријател и доколку се жртвувам и тој да се жртвува за мене некогаш .. А во сегашноста не верувам во вистински пријатели ..
јас мислам дека ние женските секогаш забораваме на другарките кога си факаме дечко.тогаш забораваме кој ни се наогал во добро и лошо и поретко се гледаме и дружиме..но од друга страна пак ние и си се разбираме зашто се знае дек акога ке си фатиш дечко и имас поозбилан врска се помалку имаш време за друштвото и секогаш барем со мојте гледаме сите кога сме слободни да се видиме и да си помуабите и имаме разбирање некоја ако не одбие.јас имам 1 вредна другарка со кја споделувам се и сешто и со која се развираме и никогаш не се лутиме ако некоја нема време зашто или на мсн или фб ке си пишаме ако сме во неможност да се видиме.а имам и една другарка која кога ке си фати дечко заборава на нас и кога нема да и оди добро со дечкото ајде пка се врака кај нас..што сме ние само рамо за плачење...е тоа не е баш искрена другарка.. од друга страна пак машките се подруги они никогаш не го жртвуваат другарството и секогаш имат време за другарот без оглед на тоа дали ке ја одбие девојката...девојките ние прво гледаме нив да им погодиме да бидеме со нив повеке време, а другарките може да почекат, а машките обратно.. и да имат закажено со девојката ке и откажат ако другарот сака да се види со нив..од искуство си кажувам...и никогаш не смееш лошо да кажеш з анеговиот другар ниту пак дека те запоставува тебе заради него...ич не го сакам најдобриот другар на дечко ми
мене дечкото ми е најдобар пријател, ја имам истата фреквенција со него, она што го зборувам или правам со него само на мојата мајка и го кажувам. Таа ми вели муаб4етот меѓу мајка и ќерка е затворен во кутија=мајката никогаш нема да ги издаде твоите таајни , денес пријателот ти е пријател но утре може не. Мојата другарка не ми кажа одма кога се сврши плус и од други дознав така што и јас кога ке ми дојде редот ке го нмаправам истото. ОКО ЗА ОКО, ЗАБ ЗА ЗАБ
ОД другарка која и верував бев разочарана,и од тогаш сфатив дека сега стварно нема вистински пријатели и треба многу внимателно да ги бираш (вистинските) Но за среќа си имам една стварно најдобра другарка која се надевам дека сеа за сеа е вистинска и се надевам дека така и ќе си остане.За неа би се жртвувала и тоа како
Денес пријателства искрени, без интерес ретко каде може да се најде. Пријателот се запознава каков е во момент на тешкотија-мака. Има луѓе кои знаат да го злоупотребат твоето пријателство во нивни цели. Имам другарка пријателка од детството .Тоа пријателство трае врз темелите на искреноста ,довербата,пријател во добро и зло .Пријателство искрено без корист, потреби ,пријателство кое трае 30 години и е подржано од двете страни .
Ооох колку повеќе ги запознавам луѓето и тие што мислев дека ми се најпријатели толку повеќе се разочарувам Но и колку повеќе се разочарувам се учам да не му верувам на секој и повеќе да ги ценам тие кои стварно се секогаш тука за мене и во добро и во лошо..Па подобро да имам помалку пријатели отколку еден куп лицемери ...
Во денешно време тешко е да постои вистинско пријателство. Еднаш слушнав интересена мисла за тоа кога е можно да постои вистинско пријателство. „Вистинско пријателство можеш да имаш само со човек со кој немаш заеднички интереси„. Мислам дека барем во мојот случај оваа мисла е вистинита. Имам доста пријатели меѓутоа најголеми пријатели ми се родителите. Кога нешто ќе и кажам на мајка ми никогаш немам страв дека тоа нешто некогаш може да се искористи против мене. Додека бев помала основно, средно, па делумно и на факултет верував во пријателство, но денес повеќе не. Верувам дека можеш да се дружиш со некој, да ти биде пријатно во негово друштво, но според мене тоа не е она вистинско пријателство за кое би дала многу повеќе.