Значи МНОГУУ СУМ РАОЧАРАНА ОД ПРИЈАТЕЛСТВОТО.Од луѓето со кои сум се дружела до сега од околината од лицемерноста нивна.Сите имаат две лица ти се праи наивна и фина а од друга страна е онаа вистинаскта злобничка.Навистина е така а за искористувачи само колку ги има да не праиме моабет.Никој не ти вика фала за никаква услуга а ај тоа можеш да го претприш али коа за тебе ке дојде ред да побараш услуга сите се зафатени сите не можат никој не памти што си направил за него.Е кај меене е единствената мана што не можам да кажам НЕ. А исто така до пред еден месец ИМААВ најдобра другарка.Секад фина добра ,секад речениците:СЕКОГАШ тука за тебе,И у 3 сабајле да се јавиш ваму-таму.Она имаше проблеми со тој шо го сака ја бев тука ја тешев,и давав совети не се нервирај ке помине заедно значи се пребродевме,тука бев и да ја споделам нејзината среќа али дојде време кога мене среќата ми се насмеа у љубовта неа никаде ја немаше значи толку љубоморно суштество уффф. Таа тогаш си најде ново друштво почна да ме откачува.. и дојде крај.И фала богу што се откачив од неа затоа што ме полнеше со негативна енергија од нејзините проблеми..
Боже..Чувај ме од пријателите..Од непријателите можам сама. Само ова ќе го кажам. Оти од таканаречените пријатели ми врие... Само вистинските ми останаа.. И не планирам одново да ги изгубам.. Ве сакам,гулабици мои.. И ќе ми недостигате...
Сметам дека вистински пријател не се наоѓа на факултет или на работа, после 20 - тата година. Можно е, но многу ретко. Јас имам дури една најдобра, вистинска другарка, уште од основно, за која знам дека никогаш нема да ме изневери, секогаш е тука за мене. Никогаш не сме се скарале, што не значи дека сме немале недоразбирања, ама ги решаваме смирено и една за друга имаме многу толеранција и почитување. На факултет пробав нормално да се дружам, го отворив и моето срце и мојот дом, и сите излегоа нешто што го мразам и презирам - оговарачки, пријателки од корист, забележав дека се како пчелки, од цвет на цвет, денеска се со мене, утре со некоја друга девојка пријателки (истата која ја озборувале пред мене и ми стана јасно колку е часот). За колешки од работа си имам правило - само пријателски однос на работа и понекогаш, но многу ретко кафе надвор, и пак дистанцирано. Ми се случило да се разочарам, и кога ќе размислам колку време и труд сум вложила во некои пријателства, а ми се расипале, ми доаѓа да си врзам една шлаканица. Од моето искуство вистински пријател не се наоѓа на таквите места.
Страшно време дојде. На луѓето не треба да се има ни најмалку поверение. Најверни пријатели!? Можеби, во бајките Кога им треба нешто, кога треба да кукаат и да се жалат, тука се, во спротивно ги нема ни број да ми завртат и да прашаат како сум. Затоа сум си рекла, ќе се дружам со сите, онака површински, а со никого нема да навлегувам многу ни во приватноста, ни во ништо друго. Ќе се скараш утре со некоја, ќе те раскаже низ цел град, ќе ти издаде и тајни и се. Запомнете: Поранешен пријател може да биде многу поопасен дури и од најголемиот непријател!
И јас така. Денес ни не верувам дека има некоја личност која ќе ти биде вистинска другарка и која нема да каже ништо лошо за тебе. Ние само си мислиме дека имаме другарка/и на кои можеме да и веруваме, но според мене денес на никој не можеш да веруваш, освен на самата себе. Доколку луѓето би знаеле што зборуваат едни за други на светот би немало ни двајца пријатели! А тој што озборува пред тебе ( сите! ), ќе те озборува и тебе!
Пријателство... ма денес секој гледа само да те искористи... имам неколку другарки кои спаѓаат во мојот круг на најдобри пријателки, но штом фатат дечко тогаш никаде ги нема. Сакам да ми дадете совет како да постапам со една другарка со која бевме неразделни а сега се смени се. Па јас и она се знаеме веќе 6 години, од средно станавме најдобри другарки, никогаш си немаме згрешено ништо една на друга, секогаш ни било супер, сме се дружеле, сме правеле секакви глупости, се гледавме и излегувавме заедно скоро секој ден кога немавме за учење, дури и безцелно сме дремеле така без да правиме ништо. Тоа ми било и се надевам дека пак ќе ми биде најдоброто пријателство до сега. Но работите одеднаш се сменија, таа беше во лоша здравствена состојба, а јас бев со неа постојано, доколку не можев да ја посетам со часови зборевме на телефон, одкако излезе така малце како да се одалечи но потоа работите пак си дојдоа во нормала. После некое време таа запозна еден дечко, се фатија и еве сеуште идат еве околу 8 месеци, а тој е тип за кој што таа збореше дека никогаш не би можела да биде со таков, некои глупави предрасуди во стил на место на живеење, облекување итн... од тогаш не ја препознавам. Ја нема да се јави ни да праша како сум, што правам, а не па да излезема некаде. Ок разговаравме и јас ги разбрав нејзините причини зашто ја нема, учење, немање пари ова она ама во петок навечер у сред јуни да решава задачи, тоа не верувам. Стана тотално друга личност, таа која што викаше дека никогаш нема да ги запостави пријателите заради дечко, таа која што не би можела да издржи да е цела недела сама со дечко. Секогаш кога ќе ја викнеме некаде она има причина, а потоа читам топици по фб еј вечер ваму таму топ ќе си поминеме, вака ќе биде така ќе биде, има нов круг на пријатели сега, другарките и роднините на дечко и... Еве веќе помина еден месец, ја нема ни на нет да се стави, ми пиша една порака и толку. Јас се изморив да ја викам веќе секаде, а она ми пишува кога сакаш дои да пиеме кафе. Јас ништо не и вратив, и сакав да видам колку време ќе помина додека и текне да се јави, ама ете веќе помина 1 месец. Незнам што да направам, како да се поставам спрема неа, дали да продолжам да ја игнорирам додека не сфати дека ќе ја изгуби пријателката, или да разговарам со неа да и кажам дека не треба така да се однесува? Сте имале ли некоја слична ситација? Добро би ми дошол некој совет да знам што да направам затоа што вака стварно немам идеја. П.С. Пред некое време она имаше многу долга врска па секогаш наожаше време да се гледаме, да излегуваме и се тоа, и затоа неможам да сфатам зашто во оваа врска се однесува вака, тоа не личи на неа. А не верувам дека и дечко и и забранува да се дружи затоа што го знам и него, и плус не смее да и писне
mims-89 и јас имам една ваква "другарка".Бевме постојано заедно,се си кажувавме па дури и мислев дека ми се исполни желбата-да си најдам другарка која ќе има слични размислувања како мене,а за останатите во кои сме различни дека ќе се надополнуваме.До тогаш си мислев дека имам гледано многу филмови и дека нема да најдам таква другарка.Но со неа се изгледаше совршено.Беше забавна,ми помагаше секогаш,бевме искрени за се една со друга.Заради ситници знаевме да се налутиме па потоа пак да се смириме како никогаш ништо да не било.Почна да се дружи со друго девојче,доста време со неа поминуваше,но решив да не ја оставам да си замине од мојот живот бидејќи навистина ми значеше.Се борев за тоа другарство и станавме уште поблиски од било кога.Но се случија многу промени во нашите животи,сменивме средина,друштво и искрено многу ми недостига.Ја барав неколку пати ама нема направено никаков обид за да бидеме повторно блиски.Сега сум едноставно изморена од тоа јас да трчам по други.Ако и значев малку ќе направеше и таа нешто,но ете има нови другари. А искрено верувам во Вистинско пријателство.Имало многу луѓе кои поминале низ мојот живот и секој оставил некој спомен,но нема некој што останал покрај мене до сега.Нема да ја префрлам вината на некој друг,едноставно такви биле околностите.Сега ми е мило што имам една другарка што ми е навистина драга.А разочарувањето од останатите луѓе ми помина.Сфатив како се движи светов.Некогаш се нервирав поради нештата што другите ми ги правеа,но сега научив каков е животот.Во никој немам целосна доверба освен во себе си.Со некои сум блиска,но со повеќето имам површно другарство.Излегувам со нив,им помагам до одреден степен,но почнав да се ставам себе си на прво место-нешто што требаше одамна да го направам и сега си ја вратив самодовербата (која ја изгубив поради моите таканаречени другарки) и не се оптеретувам ако некогаш знаат намерно или ненамерно,дирекно или индирекно да ме навредат или повредат.Бидете блиски само со малку луѓе а со другите што знаете дека сте им на лагер,играјте ја нивната игра и не се замарајте.И пред се бидете пријатели самите со себе и не дозволувате некој да ве наруши како личност поради негови егоистични намери.
mims-89, мој совет за тебе е барем навидум да престанеш да се замараш со неа, но тоа не значи да го прекинеш контактот. Оди кај неа на кафе и однесувај се ладно, не ја прашувај ништо, не и вели ништо. Однесувај се нормално, но не како порано. Можеби таа утре ќе го нема тоа друштво што го има сега, па ќе тропне на твојата врата, но сама ќе сфати дека и било една голема грешка тоа што те игнорирала. Верувам дека ни една од новото друштво нема да и биде поблиска од тебе, па ќе дојдат и твоите 5 минути, не се секирај.
Ви благодарам на советите, имате право, но мене ми е највеќе за тоа што таа секогаш ја критикуваше една наша заедничка исто така блиска другарка затоа што не занемарувала по се поради дечкото, а сега стана полоша и од неа, незнам како да се однесувам, сепак ќе чекам да сврти телефон.Ќе дојдат тие 5 минути да! Офф многу е тажно што вака завршуваат другрствата и што се толку ретки.
Нема идеално пријателство-сфатете го веќе сите тоа! Никој не може да ти биде поблисок од мајка или сестра. Не се разочарувај мимс, терај си даље Мене братучетка ми ми се лутеше што една недела не сум и се јавила кога била дојдена од Скопје, дури ми рече и муабет да не сум и правела, само со дечко ми сум излегувала, а немаше врска, се спремав за матурските испити не бев од дома мрдната..И и кажав да не се лути и ајде ок ќе се слушниме за да се видиме..Тикви шарени! Нејзе и дојде другарка и од странство и ја снема. За тоа време не ни помислував да ја побарам, бидејќи откога завршив со испитите ја побарав 2-3 пати таа не ми се јавуваше и кога еднаш се сретнавме ми рече ќе те побарам. И ме побара, ама по 1 месец, т.е. вчера. Јас не искажав лутина, иако работава беше премногу за лутење, ама ајде, братучетка ми е и безвезе ми е да и се лутам. А и не сум таква. Замисли еве роднина ова ми го направи, прва братучеда, не пак другарка.
јас искрено си ги сакам другарките и му вервам .. можи оти ги избирам на поинаков начин на пример кога ке се најдам во нова средина додека сите се пикаат (обично дволичните се пиикаат за да дознаат за сите по нешто да имаат тема за озборување) си седам на страна и си чекам да помини малку време секој по некое време го пакажва своето вистинско лице кога тогаш тој шо е дволичен ке дознаеш дека е па најдобро ми е да дознам од туѓите грешки одколку од моите а оние кои се добри ке си седат разочарани во меѓувреме каде и да е сигурно ќе имаш некои другарки од порано што ги знајш па ќе си се држиш со нив и ќе си одбегнуваш некој шо не знајш каков е и ко ке се тргнат маските на сите ке и имаш совршени другарки - како моите
Еве еден типичен мој пример. Раскинав со дечкото и овие денови кога најмногу ми требаат пријателите, тие ни еднаш не се јавија да ме прашаат како ми е. Ни најдобрата другарка! Само еднаш ми се јавија да ме викнат за излегување и тоа беше тоа. Тоа се пријатели?
шо се секираш ке си најдиш и поарен дечко и поарни другарки .. такви не ти требат и не те заслужват сврти се наоколу ќе видиш дека има и луѓе шо вредат, не се нервирај со нив
^Најтрагично е тоа што со нив сум другарка цел живот, значи од мали...Порано навистина ќе се скарав со некој, колку-толку ќе беа тука за мене, се трудеа да ми направат нешто да подзаборавам. Незнам што ги смени толку.
Сфатив дека кога некоја ќе си фати дечко веднаш се менува...Една која сега скоро го фати одат неколку месеци па нон стоп е со него а најтрагично од се е што очекува да се раководам јас според нејзиниот план.Е чекај малку ма,каде се наоѓаш ти?Пред тоа имаше уста за сите да коментира-не таква близина не е потребна,зошто постојано одела кај него па седела и со мајка му тоа не било во ред...Одмор?Ма каков одмор рано е за одмор...А она бре?Во 4 месеци кај него,тој кај неа,на одмор беа заедно па и мајка му и атко му со нив и нон стоп заедно....И после таа за другите ќе зборува..Ме нервираат такви личности...и плус кога ќе влезе некоја нова другарка во нивниот живот тебе те забораваат како и да не позтоиш...Марш одовде!
Потполно точно...Ми се има случувано истото со моја другарка...Ма не се замарам..не вреди..Секој по свој пат...