Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пријателство

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Gordana10, 28 декември 2009.

  1. CherryBerry

    CherryBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    132
    Епа се уверив дека нема другари.Ако имав мала надеж дека некој нешто ќе направи без да има корист сега згасна и никад веќе нема да се појави.Ќе поверувам дека има искрено другарство ако некој се појави и ме убеди во спротивното.А јас нема дефинитивно да плачам по некој и да се трескам од земја кога на тој не му ни текнува дека јас постојам.И тоа буквално како да не постојам.Епа сега плаќај женска :devil:
     
  2. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    108
    Имам еден проблем кој стварно незнам како да го решам .Значи се работи за моите најдобри другарки.Со едната дружиме од 5 годишна возраст ,а со другите две веќе 3 години.Се беше океј се додека на забава случајно се запознавме со една Х личност.На забавата бевме јас и другаркава што ја знам подолго време.Се зближивме со неа премногу што дури и на роденден не покани...после тоа се се смени,тие две имаат тајни,за кои јас знам,служам за корист во секоја смисла а и другите две другарки се зближија многу со Х,при што јас сум на второ место секогаш.последна ги дознавам работите а крајно што се случи беше:бившиот мој се мувал со другарка ми а јас за тоа не бев известена туку дознав од Х!!! ете тоа ме извади од себе и сега неможам ни да размислувам,преку к** ми е од се ,веќе не чувствувам никаква љубов кон неа...а неможам да разговарам со неа оти ќе одрекува a јас ќе испаднам љубоморна ! кажете совет :) :)
     
  3. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.435
    Допаѓања:
    5.393
    најдобро е да разговараш со дечко ти. ако е искрен и ако го направиш тоа очи во очи ке ја дознаеш вистината. а исто и со другарка ти еден фин искрен разговор само вие двете очи во очи и изнакачи и се. ако смета дека си во прави и ако навистина си тогаш во нареден период сама ке свати што ке изгуби или дека треба малку повеќе внимание да посветува на тебе. и впрочем ако е таква каква пшто ја опишуваш главата горе и по потрага по нови пријатели
     
  4. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    мн си ги сакам мојте другари/ки баш такви какви шо се ВЕ САКАМ :inlove: :*
     
    На Night.Star му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Јас во местото каде што живеам не можам едноставно не можам да им верувам на другарките.Не можам да знам дали ќе ме оговараат или ќе ми направат нешто зад грб.Еве на пример:мојата другарка која сме 2 мин одење оддалечени кога и е досадно кај мене,немала интернет кај мене, пишување домашно кај мене се сака кај мене.А во школо со едно друго девојче само нешто си шепкаат си зборат.Ете затоа овде просто не можам да имам доверба. Но еве доаѓа и светлата страна.Кај тета ми си имам најпрекрасни другарки кои може секој да ги посака.Иако не ги гледам секој ден многу ми се поблиски и многу ги сакам.И имам доверба во нив.Иако не ги гледам секој ден мора дневно да си пишеме порака или да се допишуваме.Јас за нив и живот би дала и тие за мене.И многу сум благодарна на животот што ми ги даде.Ги знам уште од 5-6 години.И не знам што би правела без нив. ;)
     
  6. trendy

    trendy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    172
    Aко немам другари/ки се чувствувам осамена..чувствувам како никој да не се дружи со мене МНОГУ СИ ГИ САКАМ ПРИЈАТЕЛИТЕ!
     
  7. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Имам две другарки најверни и што се вика рака во оган би ставила за нив , а и тие за мене . 224/7 сме заедно , не се одвојуваме :) Ги ценам , ги почитувам , си помагаме , им кажувам кога грешат и им помагам да ги совладаат грешките . А и тие мене ! :*
     
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.639
    Допаѓања:
    106.673
    Пол:
    Женски
    Изгледа јас сум единствената овде што нема другарки.. :( Порано имав едни 2 со кои живеев 14 години ( од деца ) ама ни се раздели патот ( учевме во различно средно ) таа си запозна други другарки , со кој беше секој ден заедно , потоа ми се налути за една глупост ( бидејки не излегов со неа да прошетам ) и толку беше , ниту ми пишубаше на мсн ниту ми се јави на тел ниту се гледавме. И се разбира нема зашто да ја молам. Сама си избра. Потоа јас се омажив и..немам другарки :( се надевам дека некој ден ке имам
     
  9. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Пријателите се како громобрани. Додека не почне невреме, не мислиме многу на нив. :rofl:
     
  10. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    914
    Пол:
    Женски
    Во денешно време се помалку има вистинско пријателство како некогаш што било што другарите се делеле во добро и во лошо.Денес се е извештачено секој си се гледа себеси.Tоа е најнормално но луѓето станаа многу себични кога се пријателите во прашање,љубоморни.Jас имам другарки имам 2 најдобри од кои на едната можам да и кажам се и знам дек тука секогаш е за мене но го нема она старото пријателство како некогаш што се дружеле нашите родители.Имам другарки кои се љубоморни ако си купам нешто ново или ако положам испит или ако излезам со друга другарка љубоморат.Зашто се такви луѓето?Никој не им дал таков повод за да бидат такви се однесувам најдругарски спремна во секое време да бидам тука за нив.Дури и дечкото и фамилијата ги занемарувамз а нив а тие пак незадоволни.Јас дури се радувам на нивните успеси,ако си купат нешто се радувам за се што е убаво знам навистина да се израдувам нема потреба од љубомора.
     
    На lylaby му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sophy14

    Sophy14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    8
    i jas imam 2 najdobri prijateli no celo vreme kako oni da se pobliski a jas da sum otfrlena , taka se custvuvam. oni se guskaat se bacuvaat edno drugo, a so mene nikogas taka ne se odnesuvaat . mozebi ke vi zvuci smeshno no,mnogu retko si prikacuvaat linkovi na fb :$ .toa mnogu me povreduva. ne sakam da im kazam mislam deka nema da me svatat . premnogu gi sakam i samo niv mozam da im se doveruvam moze li da mi pomognete ? :worried: :sweat:
    [mod-kirilica:2hr009i0][/mod-kirilica:2hr009i0]
     
  12. pumpkin

    pumpkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    119
    Јас мислам дека човек може да има највеќе двајца најдобри пријатели...Во спротивно, нема да може да им се обрне внимание на сите, па некој задолжително ќе биде повреден. Секако, зборувам за вистинското пријателство, она каде доволно е да те погледне за да знае како се чувствуваш.
    Имам само една другарка со која мислите како да ни се поврзани телепатски, и не ја давам на никому :) Сите други се само познанства, но таа беше единствената која ми се најде во моментот кога ми требаше поддршка...Заради нејзе се уверив дека вистинското пријателство постои, но е многу ретко и бесценето!
     
    На Mandarinna88 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    Не знам дали е до годините во кои се наоѓам, или само минлива фаза, али убедена сум дека НЕ постои вистинско пријателство, барем не до подоцнежните години.
    Луѓево околу мене се страшно лицемерни, дволични до такви кои еволуираат во тролични - 4лични и нагоре. Се се врти околу корист, на овој или оној начин. Моиве ‘‘другарки‘‘ отсекогаш ме ставаат во втор план, не е битно сум фина со нив, колку се трудам да угодувам или да се докажам како независна личност што не осеќа потреба да им се улижува на сите. Но ништо од тоа што го правам не изгледа дека функционира.
    Сигурно го знаете оној поглед кога разговарате со некој и се осеќа дека тој пред вас ве гледа со чудни очи и размислува за нешто сосем трето од она што вие го зборувате. :)
    Некои од нив ме сфаќаат здраво за готово, а други ме ставаат на ignore. Друштвото ни е од 10 женски, и се подразбира дека нема да може со секој да се сложуваш. Но, колку повеќе време поминувам со нив толку повеќе ми изгледаат патетични и плитки во понашањето. Форава е со колку постари типци ќе седиш на чет на фб, колку повеќе ќе изглумиш дека си кул и пи-ка (без пардон го пишувам, затоа што нема поадекватен збор за нивниот резон), сите други се глупави, ороспии, детинести, лигави и досадни, само тие се личностите што најмногу вредат. Сигурна сум дека сите што ќе го прочитаат ова, ќе им се поклопи барем со една ситуација во која биле инволвирани самите (било да е од перспективата од која гледам јас, или таа од која гледаат моиве ‘‘френдици‘‘).

    Како да постапам во вакво друштво (кое сакала да прифатам или не, е на добро социјално ниво) каде се осеќам како единствена доволно совесна за сите глупости кои ги прават и површноста на таквото понашање, а сепак колку повеќе сум со нив толку повеќе сум принудена да го прифатам нивниот резон со цел да опстанам во групата ? Како да ја поставам рамнотежата меѓу фер другарка и девојка со цврсти принципи и самодоверба која не дозволува да ја газат (се разбира, без да створам непријатели) ?? :|
     
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
  15. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Според мене вистинско она искрено пријателство не постои. Дојде такво време во кое на самите себе не можеме да си веруваме, камо ли на некој друг. Имам другарки. Четири девојчиња сме во друштво и тоа подолго време. Ги сакам и почитувам но не мислам дека неможат да ме изневерат. Другарките највеќе ми се за муабет и кафе. Како што кажав денес самите на себе не можеме да си веруваме, а не па во другите.
     
  16. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Шуглите (се извинувам за овој грд збор ама така ги доживувам) со кои се дружев у средно секогаш ме гледаа од висина оти беа керки на доктори и функционери а јас сиромашна. Јас им бев друштво по потреба, рамо за плачење кога им требаше, ме користеа кога и како сакаа. Се разидовме по различни факултети и сега сме само на здраво како си на улица. Абре на годишнина од матура се договорвме телефонски да се чекаме пред кафаната, стигам со кола пред време, застанувам и чекам. За среќа заправив муабет со еден школски и кажав дека ги чекам, а тој вели аааа па тие се внатре :fubar: До тука.

    На факултет се запознав со две девојки од други градови и сватив што значи другарство. Што значи некој да те пречека со раширени раце, да помине 150км за да ти дојде на роденден, на повојници, на роденден на децата итн. Тука го гледам и ценам вниманието. Секоја си има свој живот ама се собираме кога можеме, или ако некоја има мака па да си направиме муабет и да си помогнеме. Било која од нив да ми се јави во сред нок и да ми каже дојди веднаш, не питам зошто него палам кола и идам зошто сигурно има причина што ме вика.

    Во животот сретнуваме многу луѓе и ретко, ама се случува, некои ги допираат нашите животи на начин на кој неможеме да го заборавиме. Се останато е попатно, да помине времето, кое покажува кои ти се вистинските пријатели.
     
    На easyyyyy и blond им се допаѓа ова.
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    мислев дека имам другарки (иако се две) на кои можам да се потпрам, но не било така
    на едната кога најмногу и требав секогаш бев тука за неа, освен еднаш кога се разболев кога не можев да и помогнам(човек сум и јас од крв и од месо) и од тогаш не сме се виделе
    а другата цело време ја викам да излеземе, таа ме одбива со се некакви изговори, иако кога беше тешко кај мене, ми има помогнато
    незнам зошто ама во нивните очи гледам некако завист, љубомора, а не гледам на што би ми љубомореле.
    до сега се покажало и многу пати докажало дека не постојат машки пријатели
    како што ми глумеа лудило двајца "другари" па едниот сам си призна дека е заљубен во мене, а другиот кога го прашав, си призна, барем искрен беше иако знаев дека второто "пријателство" не е пријателство, во очи му прочитав кога ме погледна(се познава) :lol:
     
  18. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Денес ретко да најдеш некому за да му ја подариш целсоно својата доверба....дури и кај најдобриот докажан пријател секогаш имај доверба 99,9 посто,барем еден процент имај резерва,некои работи треба да се остават за себе...од 5-6 дргарки што си бевме во друштво ,сите се покажаа една по една,со тек на време....ми остана една на која и верував и која се скара со нив демек ради мене а ме повреди на најболен начин од сите 5......најдобар пријател ми е дечко ми....имам и другарка која ја сметам за најдобра-колешка од факултет,сега колешка и на работа,имаме слични животни судбини се сфаќаме во се,и подржуваме...најбитно е дека во другарството освен да земаш мора и да даваш :!: без тоа не оди....
    Гледам дека денес се се сведува на правење лице,групни собиранки на кафиња и искачања,а никој со никого не сака да се види,позади грб сите се оговараат,просто се чудам...и не фала,не сакам јас така...поубаво сам,него да патиш од такви работи-свесно :!: доволни ми се луѓето што ги сакам,и што ме сакаат,се знае дека најблисикте не можат да те повредат....
     
    На RockyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. srcka55

    srcka55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    18
    Мислам дека треба да разговараш со другарка ти од кај знаеш мозе таа Х особа те лаже....за колку да те увери дека оваа другата не ти е другарка и да ве раздели....најдобро е да си збориш со другарка ти...онака во 4 очи...и да му кажеш дека се чуствуваш отфрлена...со среќа ;)
     
  20. mima83

    mima83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    57
    Значи вака -имам само една пријателка на која единствено и верувам и никогаш не ме повредила...другите ми се да речеме за кафе-муабет,никогаш не им се исповедувам ако им треба совет тука сум,но тие за мене повеќе не...причина-ги видов убаво кои се,ги прочитав иако ми требаше долго време и сега на дистанца...не се карам со нив,само не ги сматрам повеќе она што ми биле некогаш....слушнав многу лоши работи зборувале за мене и затоа игнор...не се замарам,така решив...неможам да трошам време и енергија за некои кој не вреди ,наместо тоа да го потрошам со луѓето кои ги сакам... :)
    Значи -најдобрата другарка ми е колешка од факултет,а сега и колешка на работа :) ,да бидам искрена ја сакам речиси исто како сестра и, ако би ме повредила премногу би ме болело..секогаш ама секогаш е тука за мене,и јас за неа,секогаш го мисли најдоброто за мене,единствена која ме критикува -што е ретко денес бидејќи секој ќе ти направи лице и нема да ти каже кога грешиш и кога имаш некои маани,и тоа навистина го почитувам...Сега сакам совет од вас
    Последните 2-3 недели ни дојде нова колешка на работа,која си нашла стан во нејзината зграда ...таа оди со нас во смена,и со нејзе се знаеле од порано ама чисто онака,имале заеднички другар и биле на здраво здраво....порано секогаш се договаравме со другарка ми во колку часот ќе тргнеме ,дали ќе одиме пешки ,со автобус,со кола,со такси итн...ќе се чуевме и ќе се договоревме...сега новата колешка и рекла дека сака и таа да оди со нас заедно,па другарка ми приметив дека почна прво со неа да се договара и потоа ќе ми каже и тоа на скајп или фб,-пример појди во 7часот дојди пред зграда ќе одиме со такси,или дојди покасно ќе одам со нејзе до банка,па ќе те чекаме итн.....ова почна да ме нервира и тоа многу,неможам да ја сфатам...на работа и помага нонстоп ако треба нешто да се среди некој документ или било што,нонстоп е над нејзината глава,а јас кога сум ја викала ќе ми кажела што да направам и ќе си заминеше на нејзиното биро :( колешката нова еднаш после работа ни рече ајде да одиме на кафе ,тој другарот што и двете го знаеле бил седнат некаде и ја повикал,и оваа не повика и нас...јас одговорив дека неможам и дека сум изморена,и другарка ми рече и јас неможам другден....додека одевме по пат ми рече-зошто не сум сакала да одам на кафе,зошто не сум се дружела со нејзе :o ,баш била фина,требало да ја запознаам поубаво,колешка ни била,ако ни треба помош некогаш,како ќе сум и побарала,не дека и таа ја сакала многу,ама морало да се прави лице ради работата...јас останав вака :o и ништо не прозборев цел пат..наредните денови се осеќав повредено :worried: ,и не зборував ништо ,а другарка ми цело време ме прашуваше што ми е,ме канеше на гости со дечко ми ,во кафана,ама јас измислував причини да не отидам.....незнам што да мислам навистина,се осеќам дури љубоморна,почна нешто да ме јаде внатре,незнам навистина,не сум навикната некој да се исперчи меѓу нас сме имале многу колешки и другарки,а секогаш сме биле само ние две,едноставно со поглед се разбираме...Вие што мислите :doh: