значи искрено мислам дека нема никаква врска дека таа другата се испречила помеѓу вас,другарка ти само сака да и се најде да и помогне.....чим вашето другарство е цврсто сигурно никој неможе да се испречи меѓу вас.....ако чуствуваш љубомора кажи и на другарка ти,ако ти е права другарка ќе ти каже искрено шо е финтата....јас кога чуствувам нешто дека се оддалечува од мене другарка ми и кажувам и таа ќе ми објасни шо е работата....то е мое мислење....поззз
Без другари/ки си никој и ништо. Имам просечен круг на пријатели со кои се дружам. Со сите држам дистанца, ако треба совет за некого тука сум да помогнам, да се искаже да му биде полесно, а јас совет да барам? -не. Бев отворена со една личност, ме повреди.Па тоа ми беше пример да не се отварам многу кон луѓето. Им кажувам на другарките општи работи што ми се случиле, но не навлегувам во мојата интимност до толку да се отворам. Затоа сега и не сум толку повредена. Само мајката е ввистински пријател и мајка.
Па имам 1 најдобра другарка на која најмногу у верувам и знам дека никогаш нема да ме издаде. Имам и други другарки што сме во друштвото ама со неа најмногу се осеќам слободна на која можам да кажам се. а исто така му верувам и на мојот најдобар другар во кој се заљубив
Имам многу пријатели но само неколку се вистински! Секогаш се до мене кога ми е најтешко,знаат да ме насмевнат во тешките моменти и да ми го покажат правиот пат.Се разбира и јас сум секогаш тука за нив..СЕ би дала за нив се, раката во оган би ја ставила па дури и живот би дала и би одземала ако е потребно! Биз нив мојот живот немаше да биде тоа што е а исто и јас ! Љубов до нив !
Е ај сеа вака-кој има време да го чита мојот проблем: Најдобра другарка и колешка.На работа дојде нова колешка со која таа претходно се знаеше.Признавам,ме обзеде љубомората дека станаа блиски.2,3 пати се случи тие да си оделе на гости нормално,ама другарка ми нишо не ми спомна,дознав од друг...тоа ме мачеше,признавам посомневав дека новата другарка повеќе и одговара.така месец два,скрос се изменив-на работа не отварав уста,а ги гледав нив како си се смеат и се нервирав...другарка ми ме прашуваше шо ми е -но молчев. Пред 2 недели бевме на семинар.Сабајлето ,раното,ја викнав другарка ми да дојде на кафе,пиевме кафе и зазвони телефонот и ми рече-а само шо дојде-морам да одам,нема да имам време да се спремам за семинарот вечер...попладнето кога тргнавме на семинар,новата колешка реле-леле,што ни требаше да пиеме вино прееска со ручекот другарка ми со дечко и си отишле кај нејзе,ете зошто брзала....луѓе се изнервирав ептен и цел семинар и коктел и вечера не и прозборев ни збор на другаркаат иако ме прашуваше шо ми е....се вртивме и вечерта ми се јави и ме праша шо е проблемот-од нервоза и кажав зошо крие од мене дека се гледала со неа. Како прво-се заколна дека случајно се сретнале кога си оделе од дома,и овааа ја викнала на кафе па дечко и донесел и јадење некое па и јаделе....Рече дека требало да сум искрена-после толку моменти заедно и во лице да ја прашам... Ок,ја признав грешката и дека се понашав како дебил.....сега таа е лута и ми кажа многу навреди,рече уште еднаш нема да трпи такво понашање од мене,и дека за мое добро да се сменам-прво да су м прашала и после да си вртам филмови ,било срамота таквото понашање,сум била како дете и сум ја разочарала како прво што воопшо сум помислила дека се дружи со некој зад грб..сега зборуваме,ама све е заладено,и се јавив пак да и се извинам- а таа само рече во ред ,и пак истите работи ми ги кажа-ме нарече дури и дебил Ова ме навреди и и реков дека немапотреба од навреди и иронија,и дека си ја признавам греската....сега осеќам дека неможам ни јас да бидам со неа она што бевме,зар за еден ден мое -признавам глупо понашање да го смени мислењето за мене?Кога никогаш лошо и немам сторено и сум ја сакала искрено -ко сестра
Имам многу познаници и неколку добри другарки. Е тие неколку вредат повеќе од сите луѓе кои ги познавам. Би дала се’ за нив, а верувам и тие за мене. Добра склопка сме. Од секоја трагедија, знаеме да извлечеме нешто позитивно кое ќе предизвика насмевка на лицето. Секаде сме заедно ама изгледаме многу расеано. Многу ги ценам девојкиве, бидејќи беа со мене во најтешките моменти
Маца, нормално е да почувствуваш љубомора. Јас се најдов одамна во таква ситуација и ја оставив другарата да бира со кого ќе биде, без јас збор да изустам. На крај таа стави крај на долгогодишното другарство за да биде со личноста што ја познаваше само неколку месеци. Како и да е, воопшто не гледам вина кај тебе. Таа наместо да те сфати и да е среќна што ти не сакаш неа да ја изгубиш, таа се понаша ко дебил, а тебе (со кое право????) те нарекува дебил? Со тоа што си и се извинила повеќе пати, само си и ги кренала многу акциите (претпоставувам дека сега таа сака да те "мачи" и затоа така се однесува кон тебе). Остави ја, ти однесувај се нормално кон неа, т.е така како што се чувствуваш и не глуми лудило. Се ќе си дојде на свое место. А ако не дојде, НЕ БИЛО СУДЕНО. ______________________________________________________________________ Туку и јас да побарам совет. Случај1 Една другарка,многу добра другарка, ми откажа доаѓањето на свадба со изговор дека вереникот и бил на работа наредниот ден (а наредниот ден е неработен, никој не работи, значи ме излажа).На друга другарка кажала дека немала пари, а на трета дека свекор и и кажувал дека бидејќи тие се свежо верени (сега овој викенд се верија) дека за Велигден требала да седи дома снаата, не требале НИКАДЕ да шетаат додека се свежо верени. Случај2 Најдобриот другар (од бебенца сме заедно) исто така нема да дојде на свадбата поради тоа што не ја повикав и неговата девојка (па кој к*р има неа да ја викам кога му е само девојка и со неа сум само на едно здраво (и тоа понекогаш можеби и ќе се одминеме). На мене ми ја плусна причината дека немал пари (а за свадба колку пари требаат??? 500 евра?), а додека тој сега пред неполни десет дена си купи нова кола (зборот ми е дека има пари). Е ај сеа совет како јас ПОНАТАМУ да се однесувам со нив?????
^ да блонд ќе се однесувам и јас онака,па таа шо сака нека прави...иако е боли многу пошто ептен бевме блиски Кога и реков може и ти така ќе се понашаш да си на мое место-таа рече не никогаш,зошто никогаш не би се посомневала во тебе и твоето другарство,и ти имаш право и со други да се дружиш...... Инаку за ваквите случаеви-имам искуство-другарка која доби бебеи накоја и одев и на 40 дена со поклон,и за нова година год.и дадов поклон на бебето,и за 1 роденден,не дојде на мојот роденден зошо бебето и било болно,а на дечко ми исто не дојде-била кај друга другарка на роденден...значи очигледно за мене и дечко ми не и се трошело пари,иако финансиски се доооста добри,понашањето ми е онака на дистанца,памет за другпат Значи и во твоите случаеви очигледно не си им битна ,зар 1000ден неможат да најдат ако немале пари???Ако си им битна-парите се минимален проблем. А вториот случај-изгледа девојката му забранила на не доаѓа пошо таа не е канета,така ми се чини.......Памти па врати,.....уствари ако вратиш ќе треба да се спушѕаш на нивно ниво...така да не ги ни прашувај веќе дали ќе доаѓаат,мисли си на свадбата И другарката со бебето немаше стапнато кај мене цела година,а јас нонстоп идев-секое идење кашички,сокчиња,чоколадца за бебето а нејзе сок,кафе...никогаш со празни раце....кога дојде таа неможеше едно кафе да донесе бре!
^ Стварно се изнервирав кога го прочитав твојот пост (за твојот проблем до другарката). Поточно, се изнервирав поради однесувањето на другарка ти. Ајде што ти сто пати си и‘ се јавила да и‘ се извиниш, госпоѓата (како што рече Блонд) сега си ги крева акциите и сака да те мачи. Но, овде мене ми мириса нешто и некако нејзината приказна дека случајно се сретнале со таа другата не ми е за верување. Тебе ти рекла дека брза и дека нема да има време да се спреми за вечерта. Тогаш каде по ѓаволите нашла време за РУЧЕК (што реално гледано одзема повеќе време од едно кафе) со личност која „СЛУЧАЈНО“ ја сретнала т.е. со личност со која не била договорена. Ми нема логика. И + уште еден показател дека сака да си ја сокрие лагата е тоа што те нападнала. Нејзиното претерување со навредите ми звучи како она Нападот е најдобра одбрана. За да не ти отвори простор ТИ да ја напаѓаш, таа почнала да те напаѓа тебе и врз тебе да ја префрли вината. Ваквите, за крпа да ги земиш и да бришиш низ канцеларија. Жити другарката. Извини, можеби моево мислење за неа ќе те повреди (со оглед на тоа што девојката навистина ти значи), ама тоа е. И за крај, што ми текна друго: мора да има причино за нејзиното вакво однесување. Велиш дека сте колешки... да не се работи за прикриена љубомора во случајов? Да не е другарка ти љубоморна на тебе доколку си подобра во работата од неа? Размисли И ти посакувам животот да ти подари другарка како тебе
се најдов во темата искрено да кажам смачено ми е од овие работи уште фермани да напишам за другарките или упс згрешив кога ги нареков така бидејки такви луѓе веке нема а и секогаш налетувам на некој што сака да те контролира односно плански се му е спремно па и ти спаѓаш во тоа. предходно имав другарки се држевме заедно си верувавме се беше ок се додека една од нив не ја донесе братучетка и која бај да веј имала другарки ама се скарала па некој период да се дружи со нас. и даа тоа беше дружба и пол дури и сестра и почна да ја носи со неа на почетокот некако ми делуваа како ок девојки се слушавме редовно излегувавме се додека не почна да се однесува хистерично за ситници не и се обракало внимание сами сме решавале во врска за се сме имале други пријатели јас се запрепастив вакво нешто не очекував оваа е нокна мора какви глупости не правеше што ли не видов од неа и верувајте кога престана да се дружи со мене се осекав како нов човек се препородив а што е уште најсмешно или не знам како да наречам со сестра и уште излегуват со нас иако не зборуваме покрај братучетката уште се влечат не знам како не им е срам јас на почетокот негодував за нив и така не сакам да ги видам не пак да сме заедно ама тоа е не ги ни приметувам довололна е само една насмевка на лицето за да се осекат незгодно.и да се уште ја викам хистерична бидејки и после толку време и години не е променета како мало дете е ако не и се оди по кејфот се дере кај најде и стигне ама сега на другите јас сум слободна веке. а и другите не се некоја китка за мирисање ама тоа е што да се прави имам другарки од детството и само тие си ги признавам за прави бидејки после толку години уште се дружиме си помагаме и верувам дека ке остане така на крај сепак не е битно колку ке имаш или колку ке загубиш доволно е да бидат искрени да те почитуват и ценат како личност или да биде еден ама вреден.
Искрено смачено ми е од лажни пријателства, преку таквото више! Сите само од корист, лицемерни аман! Колку се ретки тие вистинските.. Кога им треба нешто тука се, а кога ти треба на тебе ниггде ги нема! http://www.lajkuvaj.com/18751/ http://www.facebook.com/pages/Зошто...ават-добри-а-всушност-се-лоши/112959935418527 http://www.facebook.com/pages/ПххДругарки-додека-имаат-корист-од-тебеxc/121542604524525 http://www.facebook.com/pages/Kolku-e-loso-i-tesko-da-imas-drugarki-koi-se-dvolicni-/312669725747
^ Elena браво за првиот лајк---Пред другарки тајни не откривај, пред другарки солзи не пролевај.....денес светот е лицемер нема другар верен.... Тоа е -другар сам на себе....И уште нешто-мајката е единствениот пријател без интерес Имам многу пријателки ,во друштвото сме 10тина,некој си оди некој доаќа....искрено ми се допаѓаат дружбите,знаеме добро да се журкаме,секогаш сме насмеани и весели,но реално другар од никој неможеш да очекуваш да ти биде......зошо кога ќе сднам со една,таа ја оговара другата,другата =третата итннн па си велам-сигурно и јас не сум изоставена од нивните оговарања Еднаш кога ќе се изгориш толку е-----со една другарка нешо слично како кај маца99 што го напишала проблемот-сестри бевме,јас направив грешка и колку и да се извинував таа како да сакаше да ме мачи ,и се однесуваше како некој адвокат на судење поставувајќи ми прашања филозофски......зошто така направи зошто онака итннннннн........ потоа девојката се однесуваше нормално кон мене и ми правеше прва муабет-ко нишо да не било-може и она се каеше,но јас едноставно се осеќав оладена кон неа. сега се ожени и е во друг град
Имам, мојата кавадрачанка од 7 години сме заедно одкога и ја дупнав главата на пруга и крвавеше енормно и место таа да плаче јас плачев а таа ме смируваше , одтогаш е врежана во мене, и не заменливо ни е пријателството, ни се случија многу нешта најубави и најлоши губејќи една од нашата другарка, и мојата киттен која ја запознав на факс и сме како дневници една спрема друга. Му балгодарам на животов што си ги имам такви скормни и едниствени, посебни. Ги сакам!
Деновиве сум крајно разочарана, ова никогаш не го очекував од другарка со која бевме најблиски 10 години. Мислев дека сум една од ретките среќнички која има другарка која секогаш ќе биде тука..но изгледа работите се смениле. Сеуште не можам да поверувам, се надевам дека само мене така ми се причинува и дека се ќе се среди на крај..иако не верувам дека некогаш ќе биде повторно исто
^ welcome to the club дури и да се средат работите-ништо повеќе нема да биде исто. Бар јас ја гледам оладено сега,и јас мислев дека сум среќничка. Убаво си реков еднаш доверба во никој-ама ајде реков зш да не ,покажа дека ми е другарка и ми помогна во мн ситуации,па да не се ограничувам јас,еве Господ ми пратил конечно саглам другарка......... Заедно плачевме,заедно се смеевме. Разочарана бев до крај,и сега сфатив -не вреди-повторно се враќам на мојата девиза-доверба во никој ,и си ветив дека никогаш повеќе нема да заплачам пред неа,колку и да ми помагала порано...........
И јас повторно со лошо искуство. Многу блиска другарка, ДЕЛЕВМЕ СЕ, не се појави на денот наречен "мојата свадба". Причината не ја знам, но претпоставувам која може да е. Се надевав цела вечер дека ќе ја видам како влегува низ вратата, ама тоа не се случи. Се прашувам, дали да и пуштам една срцепарателна порака?
Блонд,некој може ќе каже-не и придавај значење и не и се понижувај со праќање пораки! Но,сте биле најблиски-и да не ти дојде на свадба барем да ти кажеше бе За жал љубомората ги уништува луѓето Нема зошто да не и пуштиш порака-ти знаеш каква И после тоа-се разбира да не го продолжиш пријателството....секако дека е тешко,но некои работи едноствано треба да се спречат на време...