Што се однесува за темава и дали сум за пријател со кој би имала само секс..ДА, па тоа вие луѓе мои како да јадете вкусно чоколадо без калории па немате расправии, нема повредени емоции не трае долго но не е лошо такво пријателство
Мислам дека бившиот дечко мене ме гледаше како пријател за секс. Нормално првите месеци во врската се однесуваше како што доликува, но последнинте почна да избегнува она што нормален дечко во врска би го правел. Така да може да се каже дека сум имала.
Сексот секогаш бил взаемен чин. До кога ќе го користите против женското еве не знам.. Како тоа само машкото се празни и искористува? Според вас, ние што сме во моногамни врски имаме секс само за да го задоволиме дечкото, ама бар еден е, и сме во официјална врска... така некако му иде... а не дека и ние уживаме во истиот. Иначе не можам поинаку да си го објаснам фактот што некои не можат да сфатат дека и девојката може да ужива во врска без обврска. Се некако ви се сведува на "искористувачот" -машкото. Ако сте се плескале значи двајцата сте го сакале тоа и двајцата сте уживале во чинот. Ако некој подоцна се најде повреден или искористен, тоа е само негов проблем, и тоа се случува само доколку истиот имал неосновани очекувања после тоа. Па дури и да биле основани, треба да се сфати еднаш засекогаш дека никој на никого не му должи ништо. Дури и типот да и ветувал брда и долини на девојката или обратно, може подоцна да се премисли, иако тоа во моментот кога било ветувано било искрено посакувано. Да не бидам офф топик, фак бади или фак френд сум немала. Како и секоја друга девојка сум имала шанси за тоа, но сум стоела настрана единствено поради фактот што не сакам да дојде до момент да развијам чувства кои нема да ми бидат возвратени..па после да плачам дека сум била "искористена" иако свесно сум се одлучила на чинот. Што се однесува на оние кои можат да си стават лимит и да спијат со некого без да развијат подлабоки чувства немам ништо против. Посебно ако и двајцата се привлекуваат и притоа се слободни, и имаат заштитени односи за утре кога ќе се одлучат на врска со трето лице да не го јаде тоа ни криво ни должно. Што се однесува на почит, се нема кога девојката е навредувана, омаловажувана, дискриминирана и понижувана. Кога двајца се одлучуваат да бидат фак френдс таму нема недостаток на почит зошто одлуката е донесена од двајцата. Некако поимов почит имам чувство дека секаде ќе го увалите само за да осудите некој или нешто.
Не сум имала ваков секс, ама неам ништо против. Во право е @Yowannty не туку драматизирајте, глејте си ги вашите животи!
Ова е многу тешко да се случи иако многу луѓе сакаат вакво нешто. Да се има некој само за секс.. па поубаво здравје, проблемот е да се најдат 2 особи кои што би биле стриктно за таков однос и да работат на одржување на истиот.
И јас ве поддржувам. Од такви девојки што се објекти за секс на кого ќе стигнат, се рапаѓаат семејства и страдаат деца. Нека се празнат тие, кој со кого стигне, ама немаат ли грижа на совест? Нека се засрамат тие што легнуваат со женети мажи само за секс. Не се тепани таквите од дома, и не се воспитувани, а ти како модератор ај не им се однесувал дрско на луѓето, претеруваш. Сите се многу модерни на форум и не се плажат ни од карма, ни од казна, немаат совест. Од таквите луѓе имаме распадната нација и растурени семејства. Од тоа што немаат самоконтрола и легнуваат кој со кого ќе стигне. Тие што имаат пријател за секс, значи дека ги води половиот орган, а не умот. Немаат контрола над себе, своето тело и нагони, и тоа си има и последици. Јас знам случај каде сопруга на работа истепа девојка која е факинг френд на мажот и.
Па па па, колку примитивни сфаќања и погледи на животот имате. Ај да сумирам: НЕ Е дискриминирачки тоа што велите дека жената е објект за празнење, ама дискриминирачки и понижувачки Е тоа што жената при здрав памет одлучила да има секс со некого. Момент кој никогаш нема да го разберам е кога жената ја тепа швалерката. Зошто? Ако личноста не сака да има секс - нема да има. Или "кога веќе се соблекла..."
Прво и основно, цитираш мое мислење од пред повеќе од 8 месеци, притоа ми се обраќаш како модератор... епа тогаш не бев модератор, ама сеуште го имам истото мислење.. @Kitten никаде не рече дека легнала со женет маж, туку рече дека верува дека нема да ја одбие и сега, доколку го побара. Ама НЕ го побарала... ОК? Од многу светици што не виделе повеќе од еден полов орган во животот, ни се растури нацијата.. затоа што им станало јасно дека е точна народната - жена со еден алат не оди во гроб.. Оставете ги луѓето нека имаат фак френдови, вашите мажи ли ги земаат за фак бади па толку се тресете? Дури и да е вашиот маж, значи сте утнале во изборот.. не е крива жената што му се пикнала во кревет, туку идиотот што дозволил. Место да се мудрува на форум, подобро е да се живее надвор од него...викаат подобар секс, помалку фрустрации.. И така..
А за што служи форумот ако веќе не им давате на луѓето да си кажат мислење? Ако мажот го викаш идиот затоа што имал пријателка за секс тогаш и таа е идиотка. Никој не ми земал маж на ваков начин. Освен што напаѓате и навредувате примитивно ништо друго не знаете. Форумот заслужува бојкот. Тоа ќе го направам затоа што и така не дискутирате, туку промовирате и поддржувате неморал, некултура, лажен либерализам и повеќето лажете и фантазирате. За мене ако има жена курва, тој што другарува во кревет со неа е кувар. Нема поента да се пишува веќе на форумов, не вреди, ова е само напразно изгубено време.
Живеј надвор од форумот, најди факинг френд и биди среќна, а не да навредуваш луѓе примитивни биле. Примутивни и промискуитетни се тие што спуштаат гаќи кај стигнат. За мене твоето мислење е примитивно. Мешате почит и понижување, мршате дрољи и нормални, обични жени. Кој не се сложува со вас е фрустриран?????????????
Нека се засрамат женетите мажи што легнуваат со било која, освен жена им , за секс. Ако не е оваа, ќе биде онаа - ним им е сеедно... Они си го растураат семејството, никој друг... А исто така и нивните жени, кои знаат дека се курви мажите им, ама намерно им раѓаат деца за да ги врзат за навек за нив, без да им биде гајле за тоа каков семеен живот ќе имаат. Битно они мажето си го имаат до нив. И после ќе идат швалерките ќе им ги тепаат, а на мажот и фала ќе му речат...
Не кај нас не е понижување што дома ја тепа, малтретира жената и се понаша како да е сопственик на нејзиниот живот....него е понижување да имаш секс со некој кој на двајцата им е убаво. Абе колку се празни он...толку и јас. Што е тука понижувачко ?
Што знам, ако има две особи кои се слична бранова должина, не се осеќаат способни за врска, не сакаат да се ангажираат ништо повеќе од секс, мрзеливост или што и да е, после има социопати кои не можат да остварат емотивна конекција со друго битие, па млади господа и дами кои се во филм на урбани професионалци и немаат време за ништо...има категории кои по договор би се сексале онака и нема ништо страшно во тоа. Али треба човек да се познава самиот себе колку толку. Јас како изразито емоционална па и романтична особа не би се впуштал во такви ситуации. А пошто се поштовам самиот себе, знам и како би изреагирал во таква прилика, пример сеа со некоја комуницирам едно друго некоја прича се дешава и демек шо, ми кажува не сум доволно добар материјал за да и бидам дечко ама за ебач може...марш бре, носи се у qratz
@Tanjamm девојките треба да се засрамат што одат со женети мажи или женетите мажи треба да се засрамат што им мрда газето? М? Јас би рекла овие вторите се за тепање, не првите. Да не се сфатиме грешно, дури и да е обратна ситуацијата со дечко и мажена жена, сметам дека партнерот кој изневерува е виновен, а не причината колку и да се обидуваме да ја бараме вината во неа. едит. Да не бидам оф топик, би се впуштила во ваква врска ако сум 100% сигурна дека нема да се врзам со таа личност. Во тоа не сум никогаш сигурна и таа е причината што немам вакво искуство.