Секогаш Подобро од ова нема Моментално сум со пријателка која е 9години помлада од мене и е навистина предобро за двајцата
А жена/маж ви кој ја/го ебе. Одвратни сте мајке ми Баш сакам да знам како би ви било да прочитате нешто вакво од нив Нека се пронајдат тие зафатените слободно.
Не е една за жал, но крајно мизерно и одвратно ми е да ги читам. Не ме чуди и да си имаат вакви 'другарчиња' за да се издуваат у слободно време
Види не е ретка појава ова. Секако дека постои. Ама и мене ми е одвратно што вака јавно се признава. Да не се почувствува некој навреден, ама јас мислам дека овие што овде се фолираат ништо не прават или ептен аматерски го прават. Тие што прават нешто си молчат, ќутенката. И во секоја прилика држат лекции по морал. Исто како мафијашите што се културни и отмени "бизнисмени" а обичните ситни криминалци и дилерчиња се накитени фалбаџии. Јасс познавам "професионалци" во ова област. Се среќаваат во супермаркет, демек пазаруваат и си се договараат меѓу рафтови каде и кога ќе се видат (за да не си пишуваат на соц.мрежи, оти и двајцата во брак со деца). И тие таквите глумат морал најмногу. А не си почитуваат сопствена фамилија со тоа понашање.
@Mrs. right @DarkStormm искрено , ама најискрено , што се згадивте толку ? Вие , да можете , не би ? Бај д веј , не глумам никаков морал или неморал . Тоа сум што сум и тука и под ник и без ник . Конкретно , јас бев саркастична ( за други , не ме интересира ) затоа што познавам 20 годишни , ем мажени ем со фак френд настрана . Фала Богу , маж ми ми е сосема доволен за секс , дури и повеќе од шо ми треба . Ама , гледам дека се упецаа многу риби во морето . Што оние што поддржуваат , што оние што плукаат . Social experiment , succesful . Macedonians will always look in neighbour's yard , then their own . П . С . Не се правдам воопшто , мислите што сакате БМК . Ае поз .
Прво, зошто мислиш дека не би можеле ? Ме познаваш ? Второ не ме интересира мене дали си била саркастична или не, моето мислење не се однесуваше на тебе или на било кој поединечно. За @Mrs. right не можам да кажам на кој мислела. Општо си дадов свој став и гледиште за она кое таа го изјави. А чекај штом не ти е ич гајле и било social experiment оти се правдаш ?
Јас само на поминување сум, жешко не се спие, плус зовриени хормони па гласно си размислувам.. Ај овие слободните без жена, девојка, сопруг, дечко, ги разбирам.. Ама да имаш партнер и да имаш ваков пријател ми е но, но, но.. А капак на се овие женети, мажени, абе не глумам морална ваква, онаква. Ама кога бре имате време и желба. Затоа што во брак имаме обврски повеќе, треба ептен слободно време да имате, а плус и дете, едно е доволно да имате а за повеќе муабет да не се прави, тоа некако многу математички операции му доага. За да имам таков треба да се вложеш целата да лажеш се живо по дома, секој атом и енергија за еден *е*#. Абе ај како па нема. Во ПМС само маж ми колку нереално ме нервира а па со двајца мажи човек да одлепе Еден сериозно ќе го јаде стапот Шала на страна ама сериозно овие зафатените со ваков пријател, многу кривини треба да поминат за да сокријат од другите. Ексик нека е и се#*ови ама слободата нема цена
Кај виде дека се правдам ? Ни немам фак френд , за што би се правдала ? Вие шо делите морал на форуми , па и во рил лајф сте најлоши на таа тема , екскјуз мај френч , ама сите кои ми делеле морал , се фатени во превара на партнерот . Така да , да , не се правдам , БМК пошо она мое мислење беше само експеримент . Значи , мажи и жени поддржуваат фак френд , ама најпаметните шо го попиле цел памет на светов , најморалните шо се еднакви на Мајката Божја , делат совети за морал , се прават светици тука , а реално први го прават она , што луѓе како мене само го пишуваат на форум . И да , како човек ви кажувам , прво исчистите го вашиот двор од неред , потоа делите совети за чистоќа на комшиите . Мислам , ако разбирате метафора де .
А ти кај виде да те имам спомнато ? Зошто мислиш дека за тебе се однесуваа нашите мислења ? Правдање: Правдање: овој дел за моралот. Истото го реков и јас. Ама кај виде јас да се правам светица и да делам совети за морал ?? Само се согласив со членката што имаше пишано пред мене. А твоиве жестоки одговори .. изгледа се почувствува повикана да се правдаш и браниш. Не навлегувам што и да правиш, твој живот. Ама штом одма се напна тука еве не знам... ако е било social experiment, ќе се изнасмееше и ќе го кажеше само тоа: А ти изнакажа куп глупости, непотребни муабети за тоа дали некој можел фак френд да најде, па правдања, и дојде и до напаѓања ОК
Не напаѓам , само кажувам реално како стојат работите . Во мои 30 г , секоја шо ми делела морал , па со гадење гледале на некои кои , според нив се неморални , на крај се развеле затоа што имале некој настрана . Така да , тоа е реална ситуација која ја среќавам барем еднаш во неколку недели .
Мислам дека мажена жена 30+ која би се одлучила да бара фак френд, не би барала само за секс, туку за страст, за повторно да се осети страствено посакувана, бидејќи мажот долго време ја запоставува.
Ако имате друг маж/жена за секс зад грбот на вашиот партнер небитно дали е врска или брак е неверство и тој човек ви е љубовник не пријател за секс.. А неверството нема оправдување, па како сакате наречете со го љубовникот... Пријател за секс може да биде ако сте во отворена врска/брак и му е океј тоа на вашиот партнер или ако сте сингл па не сакате сериозна врска...
Фак френд го викаат затоа што ако е љубовник/љубовница или швалер/швалерка најчесто постојат љубовни емоции. А кога ќе речат френд, као безопасно звучи.
Што и да е ако си во брак или врска и без и со емоции зад грб е неверство.. Ако толку многу сакаш секс со друг расчисти со првичниот партнер, не мора од љубов туку од почит кон времето поминато заедно, после прави што сакаш. Нема потреба да повредиш некој со твоето неверство, никоја лага, па дури ни нормален раскин не боли како неверство...