Ваква тема не забележав. Значи, да си кажеме сите кој е пријателот кој најдолго време е во нашиот живот. Дали е тоа пријател од детството, од училиште... Еве јас да ви појаснам како, моето најдолго пријателство трае 5 години, а сега навлегува во шеста. Со девојчето се спријателив во прва година средно и до ден денес сме тука една за друга. Со другите не ми опстанало толку време. Како е кај вас?
Најдолгото искрено пријателство ми траеше скоро 9 години, бевме ко сестри, се сме знаеле една за друга и во секое време сме биле тука и за тие 9 години ниту еднаш се немавме скарано. Сега е мажена во Скопје и ја немам видено одамна, ептен ми фалат муабетите со неа, глупостите..
Nad 25god so drugarka mi zaedno bevme gradinka,pa osnovno ucevme zaedno,sredno..koga dojde vreme za fax se razdelivme vo razlicni gradovi ucevme i odvaj cekavme da dojde vikend za da se videme.Sega zaradi obvrski so familija,rabota se gledame ednas nedelno no kumunicirame sekoja den.I maz mi da ne go zaboravam veke 14god mi e najdobar drugar i zivoten sopatnik
vekje ja zapochnuvame 12tata godina so 9drugarki koi kako 9mozhebi zvhuchi premnogu razlichni karakteri no vsushnost toa ne drzhi cvrsti ovie 11godini zaedno
Пријателството со мојот најдобар пријател ни трае и се надевам дека ќе трае и понатаму еве веќе 12 години со исклучок на 1 година во која бевме скарани и не комунициравме.Некако успеавме да го надминеме тој период,еден вид на тест кога разбираш кои луѓе едноставно се судени да бидат дел од твоот живот без разлика на препреките,на кој навистина му значиш како личност и пријател и кој не сака да те загуби.Се гледаме и слушаме скоро секојденвно. Колешка од факултет бевме неразделни скоро 10 год.сега живее во странство поретко се гледаме.. Другарка од маало..сеуште сме во контакт 15 год.можеби и повеќе но,не се гледаме толку често,мажена е со 2 мали деца.
Се дружам со неа од 5то одделение, секоја чест шо успеа да се справи со мене во тој период (доста разгалено, размазено, депресивно детиште шо за се се лутеше и го интересираше само природни науки и седеше назад само зошто никој не беше „достоен“ ) и ако сум нешто сигурна е дека сериозно ми е најдобра, најсериозно. Знам дека поќето мислите дека од лични искуства и се тоа не постои вистинско пријателство знам дека она е вистинска, реално камо да бев пријател како неа, знам некогаш да бидам некоректна. Мислам дека идат 8 год откако се дружиме, гледав како се развива, гледаше како се развивам, на почеток беше комплицирано, нормално си имавме свои кризи ама битно е кај сме денес зошто реално да не беше та малце да ме среди ќе го врвев времето на tumblr и во библиотека и немаше да имам социјален живот. И знам дека ако напрам некоја глупост та ќе ми вика, јас ќе се смеам, можи и ќе вели дека не ме поддржва ама сепак ќе е добра, а јас си ја поддржвам во глупосите ... мислам ... кој е тој пријател кој охрабрува да прајш глупости? Знам дека не седи на фемина, ама ај некој ден ко ќе прочита мислењево ќе се потсети на себе, па ко ќе види името на члено кој напиша ќе знај дека си сум јас, те сакам
Најдолгото пријателство ми е 15 години,значи од градинка па се навака.Си го имам муабетот со многу пријатели од градинка,сме продолжиле и основно,ама со тој еден никогаш не се разделивме. Основно и средно бевме во исти класови,имаше закачки и глупирање,а како што созревавме,така си станувавме единствена потпора,рамо за плачење и најголеми доверители од најповршни работи до најинтимни детали. Сега е на другиот крај од светот,но кога треба,без разлика дали е 3 сабајле кај него или кај нас,секогаш сме тука да се критикуваме,советуваме,па дури и само да се зафркаваме и да тепаме време. Темава ме потсеќа колку ми фали. А со најдобрата другарка се дружиме едно 7 години,со почетокот на средно.Сега и со неа сме разделени поради факултетот,но секојдневно комуницираме,летата обавезно заедно,како и викендите за журка.Таа е личност што комплетно ме разбира,на шала си викаме „соулмејт“ и што и да се случи,тука сме една за друга. Ваквите пријателства вредат за чување,по секоја цена.
Имам доста пријателства, ама најдолгото и најцврстото ми е со другарка од прво оделение првиот ден, до сега, 11 години точно.Буквално знае се за мене, до најситен детал, ме знае и како дишам, живееме карши карши, и скоро нема ден да не се видиме, макар и на 10 мин на една цигара пред зграда.Сме имале и некои кавги небитни, знаела и да ме изнервира ама никогаш не ми направила нешто непростливо. Не си ни ѕвониме на врата една кај друга.
По природа сум личност која не е многу расположена за дружења, тешко се приврзувам за луѓето и немам некоја голема потреба од воспоставување на силни контакти кои би се трудела да ги одржувам. Низ годините имав неколку женски пријателства кои добро функционираа на дистанцирана релација каква што најмногу ми одговара. Поради сплет на околности и создавање на животната слика постепено комуникацијата се губеше се додека не се прекина засекогаш. Можеби и толку биле силни и сплотени тие женски дружења што завршиле со спонтана разделба. За разлика од таквата површна блискост со жените каква што отсекогаш сум преферирала, машките пријателства ми се поблиски и секогаш наоѓам некоја заедничка особина што ме исполнува, ми причинува задоволство за разговор и повеќе им верувам што не значи дека треба да го споделам мојот живот до таква мера каква што постои во размислувањата и практиката меѓу женските пријателства. Ниту кон едните, ниту кон другите не сум целосно отворена и доверлива затоа што имам прилично интровертен карактер. Времето поминато со идентична машка личност според сфаќањата и личните ставови ми создава неспоредливо повозбудлива и опуштена атмосфера отколку актерските способности и лицемерните насмевки на "неразделните пријателки". Тоа значи дека моето најдолго пријателство кое е единствено вредно од сите останати е со соученик од средношколските денови и трае 20 години. Иако сум во брак комуникацијата ја одржуваме, но поретко се гледаме поради обврските.
Зависи од повеќе околности, но основно правило е дека вистинските пријателства траат многу долго, односно истите се трајни, а лажните пријателства кратко опстануваат.
За моменталната другарка не пишам мислење оти од 2015 ми е лол, let's not curse it зошто видовме како заврши со претходната.
јас имам пријателка другарка незнам како да ја наречам за мене е сестра со која сме блиски еве веке 29 години често се гледаме неделно 3 пати секако и сме една за друга за што и да потреба друго вакво пријателство или слично немам