1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

П'рл Џем (Pearl Jam)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Mishela, 15 август 2012.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.861
    Допаѓања:
    81.104
    Пол:
    Женски
    Цела вечер буричкав низ темиве, ама за моите омилени никако да се најде една, па решив да ја отворам. :)
    Се надевам дека не сум единствена на форумов која ги слуша. :tmi:
    [​IMG]
    Pearl Jam, е американски рок бенд создаден во деведесеттите, или како што љубам да го наречам - периодот на затишјето на вистинскиот рок. Зашто денешниов рок (ако уште го има, всушност), е сѐ освен она што бил во периодот на осумдесеттите, па и деведесеттите.
    До сега имаат издадено вкупно девет албуми, од кои последниот е во 2006 и мене ми прави најмалку ќеф.
    Најомилен ми е првиот, насловен Ten, кој несомнено е и нивна отскочна даска и секогаш ќе ми биде асоцијација за моите драги Pearl Jam. :$
    Најголеми хитови, по кои знам дека сите (ќе) ги паметат, се: Black, Jeremy, Alive, Even Flow - сите од првиот албум, кој пак ќе кажам, дека според мене им е најуспешен. :)
    Кога ми морала да бирам која песна ми е најомилена, без сомнение би рекла Jeremy.
    Зад песнава стои трагична приказна, а јас (по некое си непишано правило), си се приврзувам за сѐ што е трагично - ракче бе, ракче! :D
    Исто, Alive е една од песните која си ја очекувам на секоја рок журка - одлична ми е за откачување до бесвест. :D
    И стварно не знам зошто ми се еден од поомилените бендови - дали е до меланхоличните мелодии и текстови, дали е до вокалот на Еди уште си се прашувам така потајно. :lol:

    Еве ја во прилог, фамозната Блек, која нема некој што не ја знае. :D
    http://www.youtube.com/watch?v=AFVlJAi3Cso
    :rock:
     
    На WarriorAngel, RockNroLLGirL, Jordanovska-K и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.724
    Допаѓања:
    24.566
    Пол:
    Женски
    Мишелке, браво за темава.
    Ќе бидам кратка, и ќе ги кажам само омилените песни.
    Омилени песни ми се, Even Flow, Jeremy и оваа подолу, за која ја издвоив од другиве две дека ми е број еден.. Знаеш ја све у животов си рангирам у топ 3 :lol:
    Еве ја:
    http://www.youtube.com/watch?v=Hq-pA4R_EMM
    :dance:
    Како и да е, Even flow ми е посебно драга, затоа што најмногу ја слушав додека бев средно, Jeremy ми е драга од други причини, но од што ги имам тооолку многу слушано, веќе ми станаа по малце монотони, па веројатно затоа World wide suicide ми се издвојува...
    И The Fixer, ми е онака, супер за расположение.
     
    На WarriorAngel, Jordanovska-K и Mishela им се допаѓа ова.
  3. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Е како Pearl jam да не ги сакам,а ? Омилени песни:Еven flow,Jeremy и Black. :)
     
  4. TinaM25

    TinaM25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
  5. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Леле, ги обожавам!

    Кога ја слушам Even Flow буквално паѓам во транс и заборавам и простор, и време и се. Eargasam, така чинам беше. Прв пат ја слушнав некаде четврто, петто кога бев и од тогаш... Никогаш не станува досадна. :!:

    Ами ај, да ја поставам, да не биде темава без неа:
    http://www.youtube.com/watch?v=CxKWTzr-k6s
     
  6. Freckles

    Freckles Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    9
    Новата песна
    http://www.youtube.com/watch?v=DhODYyZVL6Y

    Некако не е во нивен стил, побрза е, Еди не звучи ко Еди, ама ако е оваа песна единствена на албумот што е таква, не се лутам. Не дека е лошо, ама она претходното им е многу подобро, па немаат потреба од промени :)
    Ајде ќе видиме со новиот албум што ни спремиле. :)
     
  7. poffy.pie

    poffy.pie Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    10
    Мене еден што ми се допаѓа малку.. ми прати песма од Pearl Jam - Black потоа јас се ’закачив’ за нив.. Yellow Ledbetter, Just Breathe, Sirens, Alive, Nothingman итн :lol:
     
  8. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    :inlove: Цел албум Ten е нешто... нешто вредно за сите времиња! + Footsteps!
    Oд последниот албум ме бендиса Sirens.
    http://www.youtube.com/watch?v=qQXP6TDtW0w

    Гласот.. секогаш ме допира и трогнува.
     
    На KidA, rhcpfan и Mishela им се допаѓа ова.
  9. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Иначе, песната Black за првпат била испеана на концерт и никој од публиката немал идеја која им е песната. Веројатно биле чудно-збунети и отпосле сфатиле колку ДОБРА била песната.

     
    На Jordanovska-K му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Мислев само јас сум затрескана во бендот, добро е што не сум сама.

    Ги открив во прва година средно, тогаш слушав само метал и рок и си истражував некои групи и ја слушнав и Pearl Jam. Од тогаш до денес ми се омилени.
    Лани ги слушав многу, си имав една плејлиста која што нон стоп си ја вртев. На Black колку само имам плачено, ептен ме погодува песната, не дека сум загубила некој што го сакам, само ми ги отвара очите. Воедно "Black" ми е и омилена песна на сите времиња. Исто така би ја издвоила и "Yellow Ledbetter" и "Even Flow", нешто прекрасно.


    Најдобри се. Најдобри. :bow:
    [​IMG]
     
    На Jordanovska-K, Priroden и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  11. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    2.946
    Пол:
    Машки
    Супер бенд се, супер текстови, мелодични, одлични на сцена.

    Баш ме потсетивте да го гледам пак документарецот кој го гледав пред 5-6 години али не памтам што беше толку посебно за нив, надвор од музиката, мислам дека настапувале без пари или одбиле да земат пари баш за некој конкретен настап.
     
    На WarriorAngel и Jenniffer им се допаѓа ова.