1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пробиотици за деца

Дискусија во 'Бебе' започната од Tridva, 21 јуни 2017.

  1. Tridva

    Tridva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27
    Пробиотиците земаат се поширока примена при третманот на бебешките грчеви и стомачните проблеми кај децата, но дали навистина функционираат? Доколку вашето дете страда од гасови или колики, постојат повеќе различни студии кои потврдуваат дека редовната употреба на пробиотици е и тоа како корисна.

    Коликите се дефинираат како неконтролирани испади на плачење кај здрави и добро нахранети бебиња, кои најчесто започнуваат во првите 2-3 недели од животот и траат отприлика 4 часа на ден, најмалку 3 пати неделно и траат најмалку 3 недели. Пробиотиците, како PROBalans Baby protect содржат природни микроорганизми слични на оние кои се наоѓаат во здравиот дигестивен тракт. Со додавање на овие пробиотици (кои содржат Lactobacillus Reuteri) во дневната рутина на вашето бебе или деет, може да го поттикнете развојот на добри бактерии во дигестивниот тракт кои ги намалуваат стомачните проблеми како гасови и грчеви.

    Една студија во изданието "Pediatrics" потврдува дека давањето на пробиотици на децата помага во одржувањето на балансот на добрите бактерии во стомакот, што резултира со помалку воспаленија кои резултираат со гасови, колики или плачење. Друга студија на "European Journal of Clinical Investigation" пак потврдува дека пробиотиците помагаат храната полесно да се движи низ дигестивниот систем, што дефинитивно помага при олеснување на тегобите.

    Родители, какво е вашето искуство со Lactobacillus reuteri?
     
    На Miss.Sweet му/ѝ се допаѓа ова.