Проблематични обувки

Дискусија во 'Мода и стил' започната од girl.23, 9 февруари 2012.

  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Овде може да се советуваме околу проблемите со различните видови обувки. :)

    Еве јас да почнам прва :worried: :
    Многу тешко ми е да најдам салонки на кои ногата нема да ми излегува надвор. Без разлика дали сум боса или имам слаби холахопки, секогаш после два-три чекори ногата (петата) ми излегува од обувката, па морам да ги стегам нозете во неа, за да не ми излегуваат.
    Чаре?
    Како се справувате вие со овој `проблем`?
     
    На Hortenzija му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Јас носам мал број на чевли кој тешко се наоѓа.Понекогаш од толку многу што ми се допаѓа некој модел,купувам несоодветен број (зошто мојот број нели,го нема).И ми се случува истата работа како и на тебе.Па, моите братучетки од време на време добиваат скапи чевли како подарок (за чевли никогаш не жалам пари!).Во последно време се освестив,па се трудам да бидам објективна-ако тоа не е мој број,тогаш тоа не е за мене.
    Сакам да ти кажам, веројатно грешиш со бројот на чевлите.Колку и да имаш тенки глуждови и тесни пети (како јас),ако бројот е соодветен,ногата нема кај да бега :)
     
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    И јас го имам овој проблем, затоа можеби и ме нервираат штиклите за подолги релации. :envy: Едноставно се лизга ногата, ако носам помал број, се враќам со рани од позади и никако не сум. Чевлите од матура само двапати седат облечени, ми излегува ногата и крај. :( Кога ги пробував, изгледа ми беше поттечена таа, дека бев со лонгета, и ми беа точни... Сега шлапкам. :fubar:

    Инаку Грл, прееска гледав едно видео на јутјуб, девојката залепи како перничиња-силикони кои и ја држат ногата внатре. Јас мислев дека можеби и заради неквалитетот на чевлите се случува тоа, но таа вели дека и покрај тоа што носи Лубутинки, повторно и испаѓаат. Работат на принцип на некое лепење, очигледно, и тврди дека не и се лизга ништо! Чисто се сомневам дека можат да се најдат некаде кај нас, ако знае некој, нека каже каде, како... Би купила, о, колку би купила. :D
     
  4. butterflyyy

    butterflyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    59
    Јас имам такви силиконски гумички. Ги купив од Џамбо за 50-60 денари (стојат на горниот спрат кај што се шминките, лаковите...) , и топ се. Од тогаш си немам мака со штикли и слободно можам да носам 12ка штикла, без да ми се лизга ногата (а и да не осеќам болка при пешачење на долги релации). Иначе има и други форми. Лентички- да ги залепиш над петата за таму да не прават рани. Мали кругови - за кај пртите (или помали делчиња). И поголемите кругови за под стапалото (за да не ти се лизга ногата).
     
    На sanja8, AngieVi и Doozy им се допаѓа ова.
  5. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Јас многу тешко наоѓам соодветни чевли особено на висока штикла, зошто имам тенко стапало и многу е тешко да се движиш ако има премногу празен простор во самата чевла. Практично мене може бројот да ми одговара совршено ама од страните останува некогаш и видлив празен простор. Е тоа и не изгледа убаво и не е ни пријатно за носење, иако моделот ми изгледал најпрекрасно.
    Затоа освен што гледам вака на изглед да ми се свиѓаат штиклите, многу обрнувам внимание убаво да ми легне ногата внатре, инаку се осеќам несигурна да чекорам и џабе нивната лепота :). Значи и до калапот си е, а и за припомош имам користено и силиконски перничиња (има и во рамстор маркетот и во cosmo).
     
  6. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Девојки како беа оние финтине за раширување тесни обувки?
     
  7. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.306
    Допаѓања:
    3.344
    Пол:
    Женски
    ^ Па, јас знам дека треба да ги оставиш ноќ или повеќе во зависност колку сакаш да ги рашириш и внатре да ставиш нешто потешко, пошироко како би се рашириле..( тапа сум за објаснување а? )

    Мислам дека се стават и во фрижидер, ама не сум сигурна од кај го знам ова :?: Пробај, па доколку не помага, можеш да ги однесеш на чевлар, они ќе ти ги рашират колку што сакаш ти... :)
     
  8. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    На Li..Na му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Има разни ,,финти,, или ,,бабини деветини,, што сум ги чула...од типот крпи натопени во алкохол се ставаат да одстојат во чевлите, или тоа со замрзнувачот што го спомна некој погоре.
    Искрено, не сум доволно богата за да правам вакви експерименти со нови чевли,така да ништо од ова не сум пробала.
    Најдобро однеси си ги чевлите на чевлар,ќе ги стави на калап да одстојат и завршена работа.
     
  10. m3a3c3a3

    m3a3c3a3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    259
    каков чевлар...нема да ти треба воопшто.најубава2010 земи чорапи по мошност термо(многу дебели шо се) и наводени ги и стави ги водени во обувките и остави ги да се сушат.јас така ги раширив сандалите ги оставив на балкон и се исушија по 5-6 дена и после немав мака.ама сеа пошто не е лето за да ги оставиш на балкон стави ги внатре но гледај да не се до клима,печка,камин зависи на што се греете.100% ке се рашират.
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Е јас сум само за оваа тема, пример патика 39 ми е мала а 40 голема.
    Сандала 38 ми е голема а на 37 пета ми излага.
    Епа сега.... :@
    И нормално за патика ќе изберам поголемото, ама за штикла, сигурно нема да земам поголема да ми клапка, па си велам уште кога ќе се разгази ште толку, па зимам помали.
    Ретко кога наоѓам точна обувка....уфф големи маки си имам.
    Некој ако има некоја финта испробано нека пише :|
     
  12. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Незнам дали некој овде се обидел да си ги рашири чевлите со онаа финтата со мразот, но мене искрено ми е страв да се обидам. Се сеќавам одамна е, еден комшија со ставање во змрзнувач на лаковани чевли ги имаше уништено. Ги купил ги ставил во замрзнувач (дека тесни) и кога ги извадил не биле веќе за носење. :tmi:
     
  13. majaaaaaaa88

    majaaaaaaa88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    27
    јас имам прoбанo пoвеќе пати :) не им се случи ништo на чевлите,ама немаше ни разлика кoга ги извадив...па пoсле ставав крпи сo ракија и не знам уште штo и пo тoлку малтретирање пуштија малку...камен да беше ќе пуштеше
     
  14. majaaaaaaa88

    majaaaaaaa88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    27
     
  15. marina22mk

    marina22mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    51
    Јас сум пробала и тоа баш со лаковани, па не се уништија. И ми успеа после неколку „замрзнувања“ попуштија :lol:
     
  16. emiliandre

    emiliandre Активен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    5
    го имам „скоро“ истиот проблем, само што мислам дека мојот е уште поголем :(
    покрај тоа што моето стапало е тенко, мојата нога е и многу мала, па така секоја можна 35-ка низ градов ми е голема. кога ќе ја пробам, на нога ми изгледа супер, ама недај боже да направам еден чекор, одма ми искача :(
    сум пробала и силиконски влошки, и обични (и тоа по 1-2 пара ставено) и ништо
     
  17. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Сум пробала и јас, на нови, ми седеа и повеќе од 24ч во замрзнувач и кога ги извадив беа исти. Не само што не се оштетија туку не се ни раширија. Али еве погоре читам кај некои од повеќе пати успеало, па планирам да ги бутнам пак на некој ден.

    Инаку имам и јас проблематично стапало, во должина 40, во ширина 41 :( Еве конкретно салонките што ги замрзнував ми се 40ка и ми се скроз таман во должина, дури и простор малце има, ама ме стегаат кај што е најширока ногата и мислам дека ако ги носам подолго од 1ч стапалата ќе треба после тоа да си ги ампутирам од болка. Не се кожни за да попуштат со носење, а сум ги носела и по дома за да ги разодам малце, ама после 10тина минути почнува да станува болно.

    И така нови убави салонки си ги чувам во кутија се додека не најдам соодветно решение.

    А инаку за проблематични стапала ми предложија custom made shoe. Не стега и не се вади, а за удобност на ногата верувам дека не треба многу да се штеди.
     
  18. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Јас го имам најголемиот проблем со салонки :@
    Со сандали и патики се снаоѓам добро, ама салонките ми се ноќна мора!
    Преслаба а долга нога. Носам 39/40, И ми е многу тешко да погодам салонки |( , стално од страна има по прст или два луфта, ни со влошки не се управа од проста причина што ако стам влошка автоматски ми го смалува чевелот па ме набиваат после тоа и боли до срж...
    Од еден куп салонки само неколку пара ми се онака таман, и тоа повеќето се на мајка ми од далечните 80-ти и 90-ти на минатиот век (ама па квалитетни се и изгледаат ко вчера купени :lol: , си знаела мамичка ќе роди ќерка иста како неа, со слабо ноџе, па зачувала :P )...
     
  19. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    девојки, некоја да не знае за стеснување на обувки,пошто сите ми се раширија од кога ослабнав,сега не ми чинат никој скоро , ах да :!: и дали сте слушнале за кратење на висина,имаше овде едни две девојки и ми кажаа како мајка им ги кратела во висина на чевлар ,за пониски да се ,јас си викам ке изгубат на форма така ,не можам многу на високо да одам ,и не купувам пошто кога ке одам сакам како нормален човек да одам ,оти многу девојки имам гледано како не знаат да одат и им е мачно а сепак купуваат високи,а си видов едни во срце ми останаа,ама не можев да ги носам :|
     
  20. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Имам кратено висина на сандали 10цм високи со игла тенка штикла бидејќи не можев да стапнам, а не па да одам со нив...ама убави беа :D
    Ги скратив со менување на штиклата, на чевлар со негова консултација одбрав 2 цм пониска и подебела штикла која пак одговараше на падот и изгледот на сандалите.