Девојки најдобар начин да проширување на обувките на пример салонките е на местото каде што ве стегаат од внатре премачкајте ги со малку омекнуач и така облечете ги. Чевелот ќе си опушти на местат каде што стега и ќе бидат удобни. Пробано и докажано
Хах..Девојки и јас го имам тој проблем со салноки, си купив салнки точни ми се но напред се малку по теснички и ме сетгаат кај прстите и не можам да ги носам, а уште кога ги купував пробуав и поголем бр. ама ептен ми клапаше така морав да си ги земам овие..е сега предложете што да им правам како да ги рашчирам по дома ги носам со подебели чорапи ама пак ништо :/ некои велат дека може на чевлар да се однесат да ти ги рашири ама дека е лак па да не пукне? а и тоа со ставањето во фрижидер :/ некои се задоволни некои не .. хаха ама сепак да си пробам може ќе си најдам чајре хах
тоа со фрижидерот навистина делува и не нанесува никаква штета само ке ги оставиш една нок у замрзнувач и тоа е
Во поголемите маркети има како перничиња прозирни, со гел, се ставаат позади петата за да не излегува ногата. Ама не знам колку се ефикасни. Но, мене мора, или да ми е салонката тесна-претесна или да ми излегува ногата. За, раширување на обувките - мое испробано искуство. Облечете волнени чорапи (не предебели) или термо чорапи и низ дома носете ги салонките 2-3 дена заредом по 15 минути. Отпосле кога на голо ќе ја ставите ногата ќе бидат како кроени за вас.
И јас имам проблем со салонките , назад ми се точни но напред кај прстите како да ми се мали , ме стегаат и не можам да одам , пробам поголем број па ми се преголеми ќе пробам да ги ставам во фридижер и ќе видам колку ќе дејствува инаку сакам да ве прашам дали некоја од вас има купено од тие сунѓерчиња што се за во штикли , ги има во АВОН некаде околу 300 денари се , дали некоја ги има пробно , удобно ли е со нив или ?
Сум ги пробала тие како силиконски перничиња од Авон ама не одговараат на секоја чевла или сандала. Зимата ги носев во салонки и во чизми на штикла. Ми го зголемија времето на безболно стоење и одење на штикли. На почетокот чувството е пријатно бидејќи кај прстите се осеќа како да се гази на нешто помеко, но после извесно време се навикнуваат стапалата и мене пак почнуваа да ме болат. Сепак подобро ми беше со нив зошто повеќе издржував, стапалото е пофиксирано, не се лизга и постабилно се осеќав. Летово пробав да ги ставам на сандали и тоа веќе не беше ок, бидејќи ремчето над прстите премногу ме стегаше и притискаше па поради тоа не можев ни чекор да направам и си ги носев без силикони. Така да ако нема доволно простор во предниот дел на стапалото перничињава може да бидат вишок, затоа што сепак се дебели 3-4 mm и пополнуваат простор.
Ееее ова значит само кај мене се дешават! Си купив салонки кога ги зедов,си ми беа таман.и од еднаш разносување за низ дома,левата клап,клап почна да ми клапкат,и ногата ми излегуваше надвор Десната си ми е таман.А левата циркузи.Абе со кој мерак си ги купив. Си зедов силиконски влошки за напред,кај прстите.Џабе не поминува,пак си клапка. Девојки друг некој лек?
Zdravo zenski,pred 2 dena si kupiv kondurki od obrnata koza br.36 i mi se tamn,a 37 probuvav mi klapaa..i zemav 36 no gi nosev eden den i me razranija pozadi na petata,mi ispadnaa pluski,i mi se tesni na toj del Znae li nekoj so treba da napravam za da se opustat na toj del??? Ve molam pomagajte..... Fala odnapred [mod-kirilica:vzczvxdy][/mod-kirilica:vzczvxdy]
Општи прашања Знам дека милион пати е поставувано прашањево, ама морам... Како најефикасно да раширам тесни чевли?
Компир: Ако чевлите се претесни, земете компир со средна величина и ставете го во чевелот преку ноќ. Сокот од компирот ќе делува и ќе го рашири чевелот..... е сега компирот мислам дека треба да биде излупен ...... но пак незнам, како мислите вие ?
Сте слушнале ли за кратење на висината на високи штикли?? дали некој пробал вакво нешо или слушнал...Имам едни високи штикли па сакам малку да скратам од висината и платформата за да можам да ги носам на работа,вака не можам да идам на нив засо се високи :/
а што да им се направи на оние кои клапкаат,моиве прво ми беа таман а сега во последно време ми клапат кога ги носам,дали е можно да попуштиле од што ги носам повеке време и што да им направам да ми се кнап
Jез да на Aванти убави им се на око и се, ама попроблематични чевли јас немам ставено на ногава моја Tоа толку се неудобни, тоа е чудо, и со сите модели од кај нив ми било исто. A и не се некој посебен квалитет . инаку јас со флекниците си имам многу проблеми, мислам да ги гризав толку излижани и искршени немаше да бидат, ма не да ги гризав, со чекан да ги мавав... и без флекници си шетам, гајле ми е
Јас имам носено, тој процена дека може да се кратат (некои не можат), ми ги скрати, воопшто не се познаваат, преубави се, преудобни. (За информација, ги скратив од 14см на 12см, толку можело, само до 12см, ама разликата од 2см е преголема, осеќам во носењето) Плус ми стави нови гумчиња, платив околу 170-180 ден. за се.
Имам едни нови салонки од Биана, и сите слаби холахопки кои ги имам облечено со нив ми ги кини самата салонка (на оној заоблениот дел околу ногата). Се има случено ова на некоја? Сега ми е страв да облечам холахопки, зошто сите претходни в канта ми завршија.
Да споделам што ми помогна со тесни и крути чевли што ми правеа плускавици. Во Peko се продава спреј за чевли за омекнување на кожа. Како пена е кога прска и се става на проблематичните делови. Ептен е ефикасно. Чини само 149 ден.