Ми требаше итно да испробам некој од советиве во темава и се решив за омекнувачот. Женски, резултати има одма. Потопив памук во омекнувач и го ставив на местата кои ме стегаа до солзи и така потопени ги разносив малку чевлите. Ги извадив памукчињата и сега супер ми се чевлите. Препорачувам за сите што им треба итно решение за раширување на чевли.
Кај мене не се проблем обувките,туку големиот палец на нозете.Јас носам 38(а некогаш и 39 зависи од калапот)и некогаш во 38 не се чувствувам пријатно али ако зеам 39 па ми клапа,интересен случај сум ахах
Имам сандали, ваков сличен модел И некогаш, не секогаш кога ги носам туку само некогаш, зависи колку долго ги носам или како ми се поставени ремчињата, ми прават ранички на прстите односно се тријат од нив. Не знам дали да смислам некој трик за тоа или едноставно да се откажам од нив.
Значи вака си купив бордо балетанки на изглед изгледаат совршено ама имам еден проблем само еднаш ги облеков а многу ми се раширија инаку кога првиот пат ги пробав беа како залепен иза мене...Ве молам некој совет?
И јас имам лаковани кои сакам да пробам да ги подраширам во замрзнувач. Се плашам да не испука лакот. Кај тебе не се уништи лакот воопшто?
Имам тимберленд чизми, од тие класичните, ама не знам со што да ги чистам, дали со обична влажна крпа или има некои сунѓерчиња за чистење да не ми се упропастат? Некој искуство?
Јас имам проблем со ширината на скоро сите обувки, бидејќи имам многу тенко стапало. Особено со високи потпетици, сандали итн.
Незнам дали до мојата нога е или стварно до чевлите откај нив, купувам веке по незнам по кој пат чевли од Биана, и секогаш истиот проблем, назад на ногата долу сум цела плускавици откој веке едната се напрај и рана, јас стварно незнам поке ни шо да клам пробав со огромни ханзапласи, цел се прај со крв до чорап чак и внатре во чевелот, посоветувајте ме нешто, немам веќе идеа, последно шо ми текна да ги клам во замрзнувач со кесиња со вода, неможам ни чевла ни патика да клам, а преладно е со влечки да се шетам ми се плачи, а со каков мерак ги купив
Јас проблем со броевите имам. Порано немав или 39ка или 40ка во зависност од калапот и видот на обувките,а сега 39,5 на се.
Истиот проблем го имам и јас и тоа со чизми, чевли, патики. Единствен спас најдов во тоа што носам подебели чорапи
Си купив патики, точни ми се ама проблемот е шо назад над петата ми се направи рана како шо сум одела ми се симнала чорапата надоле и ногата се триела на голо со патиката, чаре за ова има ли?
Има сунѓери ( тврди) со нив се чистат. Во office shoes, Timberland има сигурно,а мислам и Пеко држат. Јас имам земено и водоотпорен спреј за заштита.
Пред некој ден си порачав патки од интернет,си порачав 40 мислев дека ќе ќе ми бидат мали 39 и сега кога ги добив ми беа големи и ми клапат.Ако некој знае да ми каже што можам да направам да не ми клапат
Ми требаат ниски чевли (може ептен мала штикла) но удобни бидејќи имам болки во половината и 'рбетот а треба да ги носам по 8 часа на работа. Искуство со бренд или модел?