1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми во воспитувањето

Дискусија во 'Дете' започната од natasinka, 15 декември 2009.

  1. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    28.329
    Многу деца влегуваат во филм дека се Спајдермен, други се Бентен, трети се диносауруси... Дури ги гледаат како цртан филм се мирни и ни даваат време ние како родители да одмориме, но после тоа ја плаќаме сметката, поточно не знаеме како да се справиме со нивниот филм во глава.
    Пред очи ми растеше внукот во филм дека е Спајдермен, се што се купуваше од играчка беше Спајдермен, собата исто, облеката исто, приборот за во училиште исто... а дома секоја игра беше скокање по кревети и маси, 100 пати паѓање и плачење, и милион пати викање дека не треба вака.
    На крај одлучија да му го одвлечат вниманието од Спајдермен, па го запишаа на спорт фудбал, каде троши енергија и му се развива нов интерес и нов филм во глава дека е фудбалер. Сега дома се живо е со сликицка од Горан Пандев, дресови една купа, игри на компјутер пак фудбал... и така. Но подруго е, сепак поголем е и некако има повеќе разбирање а и доста троши енергија на тренингот па дома нема сили и време за шутирање топки.

    Идејата ми е да му го одвлечете вниманието на друга страна, пример спорт... Купете опрема за спортот, играјте со него, пуштете нови игрички на компјутер, по можност запишете го на спортот за кој ќе одлучите (ако не е премал). Зборот ми е, режирајте нов филм за да излезе од стариот... можеби звучи како излегување од еден проблем и влегување во друг, но веќе ќе знаеш до каде смееш да допушташ и играта до каде смее да оди. Овојпат поумерено со гледањето игрички на компјутер, со построги казни ако го имитира виденото дома пред сите...а понатаму и возраста сама ќе придонесе да заборави на монеталните цртани флмови.
     
  2. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @melieli Не е нерешливо, тргнувајќи од фактот дека сепак детето има некоја осет и самоконтрола кога е надвор од дома. Бидејќи можело да биде и полошо, секаде така да се однесува. Ова може да му биде некој период, деца како деца. Би рекла да времето за играње наместо со насилни компјутерски игри да му се замени со вистински спорт, може пинг-понг, малку фудбал, кошарка, нешто што го интересира или нешто за правење, како arts & crafts, тој тип.
    Eдит: Сега видов дека слично те посоветувала и членката над мене.
     
  3. olence86

    olence86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    91
    Мајки имам еден голем проблем со поголемото девојче...
    Има 4 ипол годинки, темпераментна е многу. До пред 6месеци беше супер, немавме никаков проблем, мирно девојче, послушно, но откако си доби сестриче она се смени за 360 степени. Сега е мн непослушна, плаче без врска, " се тепа " ( нас не гризе понекогаш, не тепа ) односно мн е бесна, нервозна, се сака по нејзино да биде, дури почна и да ги гризе ноктите. Кога и викаш немој, не го прави тоа она за инат обратно прави.
    Откако се породив со второво напротив наместо на бебчево се неа и обрнуваме внимание да не се чувствува запоставено, но најлошото е кога ќе ја земам малава во раце да ја дојам она тогаш знае да беснее и дури често пати ја има штипнато стиснато и удрено ....... и сето тоа нејзе и било дека " ја сака сестрата "...не намерно...
    Понекоаш ќе ја потчукнам ама џабе не вреди, тогаш се станува полошо...вреска и плаче повеќе...
    Навистина незнам како да си го вратам старото девојче што си го имав...
    Сите ми велат дека е период додека го прифати бебето, ама еве 6месеци веќе а она е се полоша дома ( а надвор е бубачка, мн се срами на улица, кога ја прашуваат нешто само трае како да незнае да зборува )
    Оди во градинка, значи таму е бубачка, а дома звер...Имаше периоди кога со плачење одеше во градинка , но веќе не,,,,поминавме низ тоа...
    Ве молам дајте ми некој предлог што да правам, како да ја сменам, дали да ја носам некаде???
    Милион прашања ми се вртат во главата, каде погрешив во воспитувањето????
     
  4. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Моето е две години, исто карактерно се смени од како доби братче пред месец дена. Сака да го гушка, ама гушкањето му е пресилно, тоа без најава па немаш време да изреагираш. Првите денови плачеше кога го доев бебето. Генерално е разлошен. Кај мене е потешко затоа што сеуште не зборува.
    Јас не викам по него, викање и тепање мислам само контра ефект ке ти даде. Забранив било кој да повиши тон на него. Не ги одвоив ниту во еден момент. Будала ме прават бабите, требало да го оставам на поседок кај нив, мене вака ми било тешко. Јас не се сложувам. Децата мора да се навикнат, прифатат и соживеат едно со друго. Бабите викаат требало да го тепам и карам ке заборавел, пак не се сложувам. Може ке заборави на тепањето, ама фрустрацијата не му остане.
    Јас намерно се обратно правам. И кога го дојам го дојам пред него. И во иста соба седиме. И заедно шетаме надвор. На големово цело време му зборам дека треба само да го погали по нога или ако легне да легне до него.
    Еве после скоро месец големиов се смирува. Еве денес цел ден сами се чувавме тројцата. По опуштен е, кога го дојам пред него веке нема реакција, го гали по нога. Пак треба многу пазење, ама нема веке толкава напнатост.
     
    На galapce, azelea, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  5. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    dragi zenicki mi terba sovet. imame 4ipol godini,sme nemale nesto problemi okolu vospituvanjeto do sega ama sega vejke mi popustaat i kojnskite nervi.aj sto ponekogas ne saka da prifati toa sto mu velis da ne go pravi uste i se pravi jak i uporno za inat pravi toa sto ne smee,toa sto toj saka.ako go iskaram ili udram posto vejke preminuvam i vo vikanje pa ke se napravi pojak i ke udri i toj po mene.milion pati sum mu kazala kako treba a kako ne treba da se odnesuva sprema roditelite no vo takva situacija ete se pravi pojak dodeka ne dobie malku posilen kjotek pa da se smiri.
     
  6. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    Да не има некој во околината на кого има потпора кога го караш? ( баба дедо тато). Немој да го тепаш, ќе мисли дека така треба и затоа ти враќа. Пробај со игнорирање, кога ќе прави нешто што не смее, опомени го еднаш два пати ако не престане остави го па да видиш. Игнорирај го. Не му збори налути му се. Речи му мама ти е лута и многу тажна зашто не ме слушаш. Смирено, без ќотек, без викање и остави го сам. Тој период е малку таков ми се чини напорен до кај 5 години, сакаат да се инаетат, се да е по н ивно и баш тогаш е најдобро да му се стават граници.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ***Lami***

    ***Lami*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2016
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Мајки да го споделам и јас мојот проблем.Имам син на 8 годишна возраст и проблем со него.Премногу стана агресивен и нервозен.Не слуша никого и воопшто не му е битно што зборам.Морам да кажам дека јас до скоро бев построгиот родител и ги држев конците во свои раце ,имав авторитет но повеќе НЕ.Ако нешто не му се даде во моментот или не му се одговори станува многу нервозен.Има сестра на иста возраст и морам да напоменам дека многу се тепаат а еден без друг неможат.Што значи нит се тераат нит се водат.Тоа страшно ме нервира.Многу ме загрижува тоа што нема почит према мене ,татко му , баба му.Мисли дека треба да им врати на секој укор.Дури и крева рака на нас.Значи сум пробала и со добро и со лошо,и со казна и со ќотек исто е се.Мислам дека ништо не му влијае.Проблем голем е тоа што со сопругот имаме различен став кон воспитувањето и тој е единствен виновен што ми го сруши авторитетот.Се чувствувам како да ја губам контролата врз детето.Незнам како да се однесувам веќе само знам дека нервозава ме изеде.За се се споредува со сестра му се е натпревар.Уморна сум веќе.Во последно време забележувам и некој страв кај него од типот не сака сам ни до тоалет да оди нити па во соба да е сам.Кога сакам да поразговарам со него да видам што го мачи тој избегнува секаков разговор.Не споделува ништо.Кога беа помали беа сосем.поинакви деца.Точно се знаеше што може а што не.Незнам кај се згреши работата.Ама маж ми многу им попушта претерано.Тоа толку го злоупотребија што човек неможе ни насамо да поразговара нити па он може за нешто да им каже НЕ.Незнам како да постапам детево да се смири малку.Приметувам дека и девојчето се менува во негатива пошто и она почнува да ни одвраќа.А заборавив да кажам дека од скоро имаме и бебенце.Но оваа состојба е пред доаѓањето на новиот член во семејството.Сега е само дополнително влошена.Место да одиме напред ние се враќаме назад. Многу ми е тешко што се чувствувам како во ќор сокак и што ја губам контролата.Советувајте што да правам?
     
  8. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    На 8 години децата се веќе свесни што прават.Според мене првите пет се најважни на свет. Но,сепак може не е толку доцна.Само мора и сопругот да се смени,иако ќе биде тешко зашто така веќе навикнале.Седнете сите разговарајте,да не има некој проблем на училиште? Да не се плаши од нешто.Може уз игра или преку цртежи да го натераш што чувствува.Најверојатно има и љубомора спрема бебето.
    Никогаш не сум за викање и трпање,но понекогаш треба малку поовишуање на тон во краен случај.Ако сега го оставиш така, после уште поголеми маки.Значи разговор само, секој ден и нон стоп.
    Мотивирај со награди,со нешто,ако треба и со учителките разговарај.Веројатно се второ одделение.
    Ама пак ќе реќам,мора прво сопругот да стави граници.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    27.786
    Пол:
    Женски
    @***Lami*** по ова може да има неколку проблеми.
    Едно е пркосот, вториот се стравовите.
    Основата на проблемите може да е иста, а може и различна да биде.
    За пркосот мора да бидете исти во воспитувањето со партнерот. Ако види дека добива мешани пораки (еден го кара друг го гали) сфаќа дека се ќе поминува по негово и ќе си го користи тоа. Малото ќе учи од него и двајцата ќе се копираат еден со друг.
    За стравовите може да се нормална појава кај деца на таа возраст ама ако се претерани тогаш треба да се дејствува. Коренот на проблемот може да е ист со оној на пркосот. Некогаш може да пркоси и за да си докаже себе си дека е бестрашен.
    За да дознаете прво вие уедначете начин на воспитување, потоа со убаво и мирно обидете се да видите дали кога игра со играчки нешто зборува што би можело да укаже на изворот на стравовите. Другиот начин е преку цртежи. Некогаш може и спонтано да нацрта што го мачи. Ако не тогаш може преку игра и слично полека полека да го натерате да ви нацрта или на играчките да им каже што го мачи.
    Може да испадне и дека бебето е проблем иако можеби вас не ви изгледа така. Прво бил сам, па ај се навикнал на втор член и споделено внимание сега одеднаш има уште едно и тој е најголем и веројатно од него се очекува да биде најзрел да попушта, да се грижи за другите и слично.
     
  10. ***Lami***

    ***Lami*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2016
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Тој е близнак со сестра му а сега имаме бебе.Нетрпение со сестра му има речиси отсекогаш , но во последно време е неподнослив.Еве денес на пр.излезе надвор и кога го викав да влезе се правеше како да не ме слуша и не ме гледа .Игнор 100%.Го повикав повеќе пати и не ме послуша.Ќе пукнев од нервоза.Несакав пред децата да го посрамотам и се воздржав и го оставив сам да влезе.Си викам ајде затворен дома нека поигра ама претера.Се однесуваше како да не ме гледа.Претера во играта и не ги заврши училишните обврски.Незнам што е со детево.Како за се инает да тера.Незнам како да реагирам.Во моментот ми иде да го згазам колку ме нервира но се воздржувам.
     
  11. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    27.786
    Пол:
    Женски
    Сега прво ти смири се. Потоа смени пристап со детето. И ти и маж ти.
    Не може да не те слуша толку големо дете. Ќе го викнеш еднаш. Вториот пат го викаш со име. Третиот му даваш предупредување што ќе се случи ако не те послуша. Четвртиот пат одиш го земаш му кажуваш што се очекувало од него и ако треба го казнуваш. Некогаш самото прекинување на играта и тоа што не прошло по негово му е казна. Очекувај бунтување, рикање, клоцање и слично, ама не смееш да изгубиш живци и да почнеш да викаш, да се закануваш и ништо да не направиш.
    МИслам дека главнито проблем е што сфатил дека само му се заканувате и се си тера по негово. Затоа и ве игнорира. Знае детето дека никаква последица нема да има од неговото однесување. Зошто би те слушал ако си прошло по негово. Го правел тоа што го сакал, го одбегнал тоа што не го сакал. Убаво му е така. Нема никаков поттик поинаку да биде.
     
    На cresa-jagoda и *Лорена* им се допаѓа ова.
  12. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    5.912
    Допаѓања:
    135.427
    Пол:
    Женски
    Големиот ќе ми биде 8 уште малку. Не можам да кажам дека не слуша воопшто ама секогаш има бурни реакции кога нешто не е по негово, кога ќе види дека нема попуштање си легнува на брашно. Со мм сме горе доле со исто мислење околу воспитувањето само што сум јас лошиот полицаец кој вика по дома. Во секој случај пред него никогаш не ми пререкол да го оставам на мира детето или да му дозволи нешто ако јас сум рекла дека не може.
    Изгледа возрата им е таква кога се осеќаат дека може да се силат и противат. Јас си имам моментално проблем со измисчување болки за да не оди во школо :doh:, вчера дури го однесов на лекар да види дека не може само да рече ова она ме боли и готово иако не му беше ништо. Пена ми фати устата од предавања дека ја губи вака довербата во нас вајда нешто ќе влезе во глава. Вие плус имате и бебче иако викаш дека ова почнало уште претходно но ако почнало додека си била бремена сепак може и тоа да е причината. Кога ми се роди малата он имаше 5.5г и почна ужасно да се однесува со нас, карање инатење вреѓање ама со тек на време се подсмири. Не знам што да кажам тешки се а допрва пубертет не чека :worried:, не попуштај казнувај ако мора со нешто, јас уценувам некогаш правилно не правилно ако само тоа пали морам.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.