Проблеми и совети во врска со пријателството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од poppie, 21 јануари 2010.

  1. poppie

    poppie Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    6.496
    Јас и „таа“

    Најпрво би сакала на сите да им кажам едно големо ЗДРАВО.. Нова сум на форумов и морам да ви кажам дека е ОДЛИЧЕН! Е сеа вака.Ја имам проблем и би сакала доколку можете да ми помогнете..Јас "имам" другарка со која што бев мнг блиска. Дури ја сакав и како сестра.Сите тајни што ги имав јас она прва ги дознаваше. Но не се промени.Почна некако да ме одбегнува,почна повеќе да се дружи со другите.Јас се чуствувам премнг отфрелена,осамена и тажна. ;( ;( Секој ден си викам дека ќе биде подобро..Немам со кого да ги делам моите тајни,а и немам никој близок кога најмнг ми треба ;( ;( ;( Сега сме скарани и сме само на "ЗДРАВО"..Навистина неможам повеќе.. Глумам дека се е ок пред другите а уствари неможам да издржам..Секој ден плачам и се нервирам.. Драги Феминичари ве молам помогнете ми!! Фала однапред
     
  2. pilar

    pilar Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    10
    hah...imav slicen problem pred nekolku meseci isto taka so mojata drugarka so mi bese ko sestra, i ona slicno se ponasase i koga se skaravme sfativ deka dzabe so sme se druzele i sme bile ko sestri koa nejze so se vika ne ja bolese p za mene taka ti preporacuvam da ne se zamaras mnogu pogotovo so ti vikas deka ona te odbegnuva.Krugot se vrti ke si najdes podobra drugarka veruvaj mi ... nema potreba da places i sve ostalo :D mislam ti samata bi trebalo da procenis dali ona vredi za ti da places ili ne razmisli si ...
     
    На Sara000 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. poppie

    poppie Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    6.496
    Svajkam.. Do nekade duri mislev i da razgovaram so nea utre .. No dzabe.. Fala na sovetot :))
     
  4. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    81
    Попи грл, според напишаново делуваш ко да си опседната малце со пријателицата твоја ,
    ноу хард филингс. Можеби би требало да си ја викнеш на по едно кафе
    и да се разјаните зашто е тоа така.
    Пошто јасно ми е дека во светов неможе сите да бидат бест френдс,
    можеби треба да се запарашаш зашто таа бега од тебе. Можеби и ти треба да си оставиш простор
    за останатите пријателки да влезат во твојот живот, а не да се ограничуваш на една.
    Прати и смс , или пак пиши имејл, кажи и дека не сакаш да ја изгубиш како пријателка.
    Бидејќи ако те избегава лично, како и да е смс или имејлот сигурно ќе го прочита.
    Видете се, шмркнете по едно кафе и разјаснете се!
    Поздрав и еве стискам палци да се смириш со пријателицата твоја ;)
     
  5. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    се согласувам со gwen. Мислам дека треба убаво да разговараш со неа и за се да разјасниш, можеби таа има стварно добра причина за нејзиното однесување.
     
  6. poppie

    poppie Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    6.496
    Okey srcki.. Fala vi mng :) Najdobri ste <3 <3 <3
     
  7. Cabala6

    Cabala6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2009
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    7
    bolje e vo lice da i kazes se..ali prvin vidi dali mozda ti nesho i imash zgresheno nejze ili pa od mng vreme zaedno nejze i se zdomacilo..veruvaj mi praj si muabet so devojcheto i rascisti si so i da ispadne ic da ne se razocaruvash mozda ne bila prava drugarka..


    p.s. od premnogu druzenje so nekogo celo vreme zaedno onaka 24/7 so se vika veruvaj po izvesen period stanuva dosadno..

    se nadevam ke si go reshish ovoj problemcic..:):)

    pozdrav
     
  8. Vega

    Vega Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    27
    значи најтешко е да си човек меѓу луѓето!
    понекогаш не значи дека ако ти ја сакаш како сестра и таа тебе исто те сака и и значиш...пробај да расчистите и ако не бива не бива...главата горе и чекај да се сврти кругот без да чекаш (најди си добра замена која ке вреди да ја цениш) зошто јас и покрај се се уште верувам во луѓето..ваму таму уште има по некој :)
     
  9. magic

    magic Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Па и јас сум имала сличен проблем, но по малку измачување како тебе сфатив дека не вреди да се бориш за таквото „другарство“ кое не е вистинско и кое само предизвикува нервози. Јас имав порано 4 другарки, а сега имам само една вистинска за која вреди да се борам и да направам се. Но, никогаш не ме разочарала, никогаш не ме оставила на цедило, никогаш не ме отфрлила или заменила со други. А другите мои „другарки“ се слични на твојата и сега ми се само пријателки за кафе онака за општи муабети кога „имаме време“ како што би рекле тие. Јас стојам зад она дека секогаш ќе имам време за другарките, барем еден саат можам да одделам секогаш. Но, тие излегуваа само „кога имаа време“ т.е. кога ќе имаа проблем, а кога јас имав потреба од нив никогаш не беа покрај мене. Затоа мислам дека треба да ја оставиш твојата другарка да си ужива со нејзиното ново друштво. Ако и значиш доволно и ако и требаш како другарка таа прва ќе се јави. Ако не сигурна сум дека ќе најдеш др многу подобри другарки од неа, за кои ќе вреди да направиш СЕ. Само треба да им дозволиш и на др да стигнат до тебе и да им дадеш шанса да ти бидат другарки. Поздравче
     
  10. Malechk0

    Malechk0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    87
    Знам дека ја сакаш и сакаш да си ја вратиш назад, и тоа можеш само да го постигнеш со искрен разговор ;) прашај ја за причините зашто постапува така :|
    тогаш ќе знаеш на што си ! ;)
    со среќа! :D и кажи ни после што како. ;) :lol:
     
  11. anastasija19

    anastasija19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    51
    ако таа не знае да те цени зашто ти да трчаш по неа а таа да си ги дига акциите разговарај ако таа се однесува исто олади и ти не се замарај кругот с врти низ твојот живот ке поминат многу луѓе ,јас имав другарка што ја сакав повеќе од родената сестра ама таа ми се налути демек сум зборувала дека таа е растурена јас со едн фина порака и пишав дека не е точно но таа поверува на новите другарки јас се нервирав некое време но помина и после две години таа ми се јави и дојде лично дома да ми се извинува еден стар заеднички другар и ги оворил очите ама веќе беше доцна за извинувањеништо не можеше да биде како порано но тоа е тоа ке дојде ден кога ке се покае зашто сега вистинска другарка не можеш да најдеш
     
  12. BlueEye

    BlueEye Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    29
    i jas bev kako tebe so nea bev isto ko "gaz i gaki" so se vika.i se skaravme za pricina koja seuste ne mi e pojasnata ali bilo pominalo... jas ja prasvav so e problemot i postojano odgovorot beshe si znajs ti a jas ne ja znaev. poradi toa sto ja izgubiv kako najdobra drugarka i jas doma sedev placev se nervirav i zaminav vo dr grad na posedok mozi da se reci :| za da se podsredam poradi nejzinoto odnesuvanje me natera da pomislam duri i da go smenam ucilisteto no posle 2 nedeli ko se vrativ izlegvav non stop so dr luge i se trudev da zaboravam na se so e povrzano so nea. i imase edna slucajnost so taa za to vreme dur sum bila veles pocnala da izlegvala so drugar na bracet mi. i bila vo drusvo na bracetmi i toas taa se mu kazala na bracetmi deka i e krivo sto sme se skarale deka i e mn tesko .posle nekoe vreme taa se ispijani i mi se javi da mi kazi deka premnogu i e zal so izgubila licnost kako mene so mu bila kako sestra ama imase sreka i taa so ne beshe mn dolg period beshe period samo od 1 mesec :D . se rascistija dilemite megu nas i seuste ja delime ucilisnata klupa samo so ne sme ko "gaz i gaki " sea ali dobro e :D ti posakuvam mn sreka i ako imas moznost da se smiris no malce na distanca drzi se :)
     
  13. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    81
    Лелеее и мене ми се има случено вака нешто слично и неможев да се опоравам некое време,најдобро е да ја седнеш на кафе и да си напраите асален муабет зашто тоа така се десило од толку што сте биле блиски едноставно да то го каже проблемот за да не се измачуваш зошто така?
    мене ова ми се случи со две другарки со кои се дружев до пред некое време кои од добро седење се почна од еден викенд почнаа да ме лажат дека не излагаат и сто иљади глупости и си најдоа друга другарка и мене ме баталија поради толку банална работа што срам ми е да ја пишам на форумот :D и ми беше криво и сега сваќам дека фала богу што останавме само на здраво дека такви неискрени и донекаде малограѓанки не ми се потребни,и плус користољубиви..поздрав и мислам дека во денешно време стварно ретко постои оноа правото другарство
     
  14. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    100
    Јас имав ист проблем, но не го решив. Зборував не еднаш милион пати, но она пак и пак правеше триста глупости, ме извисуваше за секој некој, ме лажеше, ми криеше многу работи. јас толерирав се, за да видам до каде ќе оди и дали го заслужувам тоа. Веќе не се дружиме она не сака да ме погледне во очи после се што ми направи, се осеќа виновна.
    Знам дека ти е тешко, до вчера што се вика едно спиење ве делело само, но верувај дека ретко кои пријатели се вечни. Не знам колку години имаш, но со тек на времето како созреваш ги гледаш сите квалитети кај луѓето и дури тогаш ќе можеш да оформиш вистински круг на пријатели кои ќе вредат и ќе треба да ги негуваш.
    Разговарај отворено со другарка ти, прашај ја каде си згрешила, можеби несвесно си направила нешто што ја повредило, доколку сте биле толку блиски кажете си ги отворено работите и решете го заеднички проблемот, сами вие две, а не некој од страна. Поздрав и среќно па кажи ни што си направила.
     
  15. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да и докажам дека сеуште ми значи

    Значи вака,имам една другарка која искрено многу ја сакам.До пред 1 месец бевме премногу блиски,се си кажувавме,но некако како одеднаш да го снема сето тоа.Чувствувам како да ја има изгубено довербата и да ме има заменето со друго девојче,а навистина од моја страна не чувствувам и не памтам дека дека нешто лошо сум и на правила.Секогаш бев до неа и во лошо и добро и знаеше дека ја има мојата поддршка и ме има кога и да и затребам.Сега ја чувствувам како да е оддалечена од мене,да ме одбегнува,да не и се допаѓа моето друштво,а сепак најлошо ми е што не ја знам причината поради која и се случува тоа :? Ве молам помогнете.Има многу ''тежок'' карактер и и најмал збор кажан со многу добра намера може да го свати многу погрешно. :? Но сепак ја сакам таква каква што е и многу ми е тешко вака...
    Сакам со нешто да и кажам дека ја ценам и почитувам,но не го знам правиот пат за да не погрешам.
     
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    Фолен мило, најдобро ќе ти биде да си разговараш на само со девојчето. И тоа многу внимателно, затоа што како што кажа ти, тежок карактер има. Ќе изнајдеш прави зборови да и се обратиш и да ја прашаш дали нешто погрешно си направила. Ако таа девојка ти е права другарка ќе ти каже ако си направила нешто.
    Е сега, може да се случи и да е незаинтересирана за разговор. Во тој случај таа или не те заслужува како другарка или нема храброст да се соочи со тебе.
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.351
    Допаѓања:
    200.687
    Пол:
    Женски
    Нема друго чаре Фолен, освен разговор... зошто мислиш дека си и згрешила? Можеби таа нешто ти има згрешено тебе, па затоа и го прави тоа... ама можеби и грешам. Сепак, колку и да има тежок карактер, не би требало да и биде проблем да седнете и да поразговарате, нели сте другарки...
     
  18. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Ќе се обидам да не ме свати погрешно,уште утре бидејќи вака неможам... меѓутоа можно е и да е само една од нејзините игри. Блиска е со едно девојче неколку месеци,па со друго, со трето и се така,но работата е во тоа што јас сум премногу наивна - признавам.Се чувствувам дури многу тажно.Мојот живот е како марионетка,а други ги држат конците и ме управуваат.Ме влечат каде сакаат и ме тераат да го правам тоа што е во нивна полза,а најлошото е што јас продолжувам со насмевка,а во себе умирам.Ќе се обидам,сепак сакам многу да ви се заблагодарам.Да не бевте вие на форумов,мислам дека ќе цркнев до сега... фала :) Тоа е што е,ќе се обидам со раговор,ако не иде - ќе прифатам. Сепак,јас не чувствувам вина,а ако таа ја чувствува не сум јас таа што треба да се преоптоварува со тоа.
     
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    Мило мало, ќе ти дадам еден совет. Никогаш немој да дозволуваш некој да си игра со тебе. Ти не си играчка, ти си човек. И никој нема право да манипулира со тебе. И не им верувај слепо на луѓето. Тоа е огромна грешка. Ти кажувам од искуство, бидејќи кога човек ќе се изгори, поинаку гледа на работите. ;)
     
  20. tweetygirl

    tweetygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    10
    Како да ја тргнам од мојот живот

    Значи вака се работи за моја другарка и за мене се разбира.... Сакам да ја оттргнам од мојот живот, не затоа што не ја сакам, али многу ме нервира..... Кога ќе дојде кај мене седи по цел ден, па сакам нејќам со неа морам да седам и јас и ај да правиме некој муабет и така и така али ние само молчиме јас на fb, а она гледа телевизија и така по цел ден, а инаку откога ќе си замине од кај мене 22 - 23h таа не си оди дома, оди со машки еднаш кога беше пијана ми призна дека има спиено со нив за пари, па сакам и заради тоа да ја отстранам од мене... А имам и забележано дека многу шири негативна енергија само што ќе влезе во собата мора со некој да се скарам или да се чувствувам нервозно... Кажете ми начин како да ја тргнам од мене... Имам пробано ко ќе дојде да ја оставам и излезам, имам пробано да и кажам дека татко ми вика што по цел ден имам гости, но ништо не помага....