Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми и совети во врска со пријателството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од poppie, 21 јануари 2010.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Problem so drugarkami :)

    Најдобро е да разговараш со неа, да и кажеш отворено што ти пречи. Доколку не помогне разговорот тогаш таа воопшто не ти е другарка. Ние не можеме конкретно да ти кажеме што да правиш со неа. Разговорот е единственото решение.
     
  2. melodijaa

    melodijaa Активен член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Problem so drugarkami :)

    Фала ви многу :) за васшите мислења :)
     
  3. Emche-kremche

    Emche-kremche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Problem so drugarkami :)

    Според мене треба да и кажеш јасно и гласно што мислиш,ако не разделете се,бидејки мн добро знам што излегува од овие другарства.
     
  4. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Problem so drugarkami :)

    И јас имам сличен проблем со другарками, само што во последно време таа почна да ме избегнува. Има дечко и цело време е со него а за мене не и ни текнува јас прва и пишувам секогаш и ја молам некаде да отидеме. Кога сме заедно тој секогаш е со нас и не ја пушта ни 5 минути сама многу се нервирам :@ По цел ден почнав да не излегувам од дома депресија ме фаќа умирам од досада главата ќе ми пукне :@
     
  5. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Problem so drugarkami :)

    Разговарај со неа...А ако се налути и не ти прави моабет тоа ќе докаже колку таа ти е вистинска другарка
    Иначе имаш грешка во насловот другарка ми се пишува,а не другарками |(
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Maite.P

    Maite.P Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Mојата другарка со која се познавам уште од градинка во последните неколку месеци многу почна да ме нервира.Се беше по нејзино,ме тераше да и ги кажувам моите тајни што ги имав кажано на други другарки на кои многу им верувам но на нејзе не сакав да и ги кажам бидејќи таа никогаш не ги кажуваше нејзините!Oсвен тоа живееме во иста зграда и сум приморана да се гледам со нејзе секој ден. :@
    Сега отиде на одмор и се осеќам како да ми паднал некој товар од грбов.Се чувствував многу напнато кога сум со нејзе.Постојано ми се фалеше за секоја ситница,се дружиме скоро 10 години и досеа ништо за нејзе ми нема кажано(значи не ме смета за другарка-блиска,јас така мислам).Mислев дека ќе се смени и и дадов време но ништо од тоа.Досега издржував но повеќе немам нерви и затоа ве молам дај те ми некој совет. :wasntme:
    Oднапред многу ви благодарам!! :D :* :* :* :)
     
  7. simones

    simones Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    пријателство и љубов

    ви се случило ли до сега некоја блиска другарка штом започне врска да се одалечи од вас? секоја минута од слободното време да ја троши на новиот миленик т.е нејзината нова љубов а вас да ве занемари.еве да ви го раскажам мојот случај. среќна сум што е заљубена мојата најдобра другарка,што има некој што го сака и што ја сака ама тоа не е причина да не однесува како да немала живот пред да го запознае него.далеку од тоа дека сум љубоморна ама според мене не е убаво се ова и се повеќе и повеќе ми оди на нерви.не остави за на одмор сами со другарките,не излегува повеќе не доаѓа на кафе ,ништо ништо а до вчера само за нас знаеше.а што е најлошо тој не ни пробува да не запознае нас,не се ни поздравува се однесува како да не постоиме и ако она каже дека треба да излегува со нас овој се што е можно ке направи за да излезе со него.а кога тој сака да излезе со неговите другари она мора дома да седи.ужасно ме нервира веќе незнам како да постапам :^) |( :|
     
  8. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    пријателство и љубов

    Никако не постапувај. Познавам девојки за кои одговара ова што си го напишала, до збор. Едноставно не можеш ништо. Ќе се отуѓи од вас, бидејќи дечко и е најверојатно некој крајно љубоморен тип.
    Нема да ја гледате повеќе, помирете се со тоа, барем не додека не ја прекине таа врска..
     
  9. simones

    simones Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    пријателство и љубов

    па како се ова да не е доста нас не обвинува демек ние не ја сфаќаме она била заљубена убаво и било и не смееме збор да кажеме.ние не сме биле заљубени никогаш демек не знаеме што е тоа ,не прави глупави како само она да слушнала за љубов.а кога јас се гледав со тој што јас го сакав памтам одвоив еднаш време за него значи зборам за тој еден и единствен пат кога него го ставив пред сите нив и оваа оган блуеше како сум можела така на ништо не ми личеле постапките
    оффф
     
  10. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    пријателство и љубов

    Ау, долго време ли е во врска? Може навистина и е толку убаво и е толку заљубена ако поминале само неколку месеци. Но, ако се работи за повеќе време, не е до неа, до дечко и е.
    И друго нешто. Колку години има? :)
     
  11. simones

    simones Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    пријателство и љубов

    не бе,дали два месеци се заедно.она има 21 он 28 .ама знаеш он на тие негови години има други размислувања на него сигурно не му е дојдено до излагање или кафе муабети туку работи човекот сака одмор и некоја да не му се качува на глава.уште и кажжал јас несакам да се женам сега вака со тебе ми е убаво знам дека нема да ме замараш пошо ако фатам некоја како мене ке сака свадба. во превод ке ми биде убаво додека трае па за нешто по сериозно понатака има други риби во морето
     
  12. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Епа во тој случај вашата другарка се однесува ПРЕМНОГУ незрело. Она вели дека е заљубена, а тој и вели дека не помислува да се жени со неа? Мислам, не дека сака свадба на тие години (а можеби и сака, којзнае) но тоа е директна навреда, човекот во кој велиш дека си заљубена да ти каже дека не сака ништо понатаму со тебе на тие години. Добро, има некои луѓе што не сакаат брак од х причини, сепак, на 21 година да е во врска со 28 годишен човек и цело време да го поминува со него како да е единствениот на свет е премногу детски. А тој, можеби сака само забава, па затоа нема време да шири други познанства. Како што ми изгледа мене, другарка ви наскоро ќе заврши извисена и пак ќе ве побара. Е тогаш, изборот е ваш. Или удрете и ја клоцата или одржети и добра лекција за тоа како дечковците се минливи, а другарките се тука засекогаш. :)
     
  13. Vesna26

    Vesna26 Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    10
    Вака имам една другарка која живее на мојата улица и многу си се дружиме,скоро секој ден сме заедно
    и многу добро се служуваме/ :D :rofl:
    Арно ама на посета ми дојде братучетка ми и заедно со другарками(за која што ви зборував),незината поголема сестра и братучетка ми игравме карти кај нив.
    Додека игравме другарками стави погресна карта и си ја зема тогас братучетками мн се налути и и се развика на нејзе(додека бевме кај нив).Тогаш сите молчевме и братучетка ми ги остави картите и си отиде налутена :@ ,јас немав друг избор освен да одам по нејзе бидејќи ми е гостинка..... :worried:

    Јас сваќа дека другарка ми е помала и згрешила(сепак секој греши)ама јас мислев дека повеќе е во право(другарка ми).
    Во тој момент незнаев на која страна да бидам од едната страна другарка ми а од другата братучетка ми(кај мене на гости)........не е убаво да бидеме скарани!
    Што миослите вие феминки за оваа ситуација! :?: Ви благодарам однапред.. :* :*
    Можеби не напишав убаво по редослед како што мислам ама мислам дека колку толку се разбира! :?:
     
  14. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.391
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да бидеш на ничија страна, заклучив дека братучетка ти е доста избувлива и од мува направила слон, ама кога веќе белјата е направена не ти преостанува ништо друго освен додека е братучетка ти на гости да не излегувате заедно. Претпоставувам дека се работи за краток период. а за ова болдираново, тоа што тие се имаат замерено, не значи дека тебе треба да ти се лути другарка ти. Издржи некој ден додека е братучетка ти кај тебе, објасни и на другарка ти, ако е другарка ќе сфати...
    П.С Ич не поштувам такви лутки како братучетка ти. Можела барем од почит спрема тебе, што ти е на гости да не постапува така.
     
    На Vesna26 и Mia-K им се допаѓа ова.
  15. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    740
    Допаѓања:
    322
    Пол:
    Женски


    Според ситуацијава сваќам што сакаш да кажеш,дека ти била гостинка да не се налути уште повеќе мора да си на нејзина страна иако не е во право....хм....Доколку вината е кај нејзе објасни и или кажи и дека погрешила.И дека за една игра не мора да се лутите меѓусебно. :*
    Братучетка ти се лути без потреба(поточно за една игра) тоа јас не го разбирам. :?:
     
    На Vesna26 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bela.a

    Bela.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    31
    Епа вака...
    ....имав еден пријател.Мн го сакав и мн станав блиска со него.Јас иако мн ми значеше,значи јас сум таа која што секогаш се лутеше,викаше и караше,а он секогаш ми попушташе.Кога ке му речев дека несакам веке да се друзам со него постојано ми вртеше бидејки знаеше дека моментално сум лута.Ама сега е поинаку.Вчера му реков да ми даде време,мозеби еден ден ке му се јавам,а и бев сериозна,он знаеше дека не е моментална лутина и рече добро,со сила нема ништо. :o Ми рече кога ке сакам да му се јавам,дека мене и мојот број не го брише.Што значи тоа? Ова значи дека сеедно му е? Јас му реков дека него му е сеедно ако се друзиме или не,а се правдаше дека не е така.Како да знам дека не му е сеедно? Дали и тој ме сака мн како јас него? Дали пак да му се јавам и да продолзиме со пријателство? И што да правам сега,бидејки мн ми фали,сакам да го слушнам,видам?.....
     
  17. Cloee

    Cloee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    35
    Имам една другарка,(најдобра).Порано се беше океј.но во последно време многу се промени девојчево.Се исфарба,почна да се облака по миничи и глупости.Не дека мене ми е проблем како се носи она,тоа си е нејзино право,но почнаа да и се вадат лоши муабети,а покрај неа и на мене дека се дружиме многу.Сум и го кажала 100 пати тоа,но се и е ко гајле ми е што зборат,не се замрај блааблабла...Ајде поминав преку тоа,многу години се дружиме и ајде викам нека ми вадат муабети не е битно.Али ипак главниот проблем е порзан со тоа.Откако почна вака да се облака и такви ствари,многу машки почнаа дса и се пуштаат и она почна да ме откачува ради нив.Еве некои примери-требаше со моите на гости да одам сабајлето и се договоривме после да излеземе.И она после некое време ми вика уствари јас утре ќе идам на кафе со едно дете.Викам ај добро после и кажав за тоа и она почна да смислува изговори некои.
    2 пример
    бевме излезени на едно место каде никој не познавав и она си отиде со едното дете на едно место и мене ме остави сама да дремам на маса со едно друго дете што не се ни знаевме,се усрамив многу. :$
    (се има десено неколку пати,само на различни места и со различни деца)
    3 пример
    Бевме излезени во маало и седиме со едни деца.И неа ја викнаа да иде со мотор некаде,ама немало демек за мене.И ја се нанервирав,она ме примети и рече демек ке идам дома лошо ми е.Не ми се верува дека и е лошо.Гарант излажа само за јас да си отидам и она да отиде после на мотор.И јас само и реков добро ја си идам,кај сакаш иди,утре ен ме викај не сум дома.И толку беше си отидов.Сакам само некако да откријам дека сигурно отишла на мотор,дека сумливо ми беше тоа демек и се лоши :^)
    Претпоставувам ќе ми речете збори со неа,али сум пробувала 100 пати,не вреди,Само ја се нервирам да и докажам дека не е у право,и пак џабе ќе зборам.Не сакам да се скараме ека многу се дружиме,а и комшики сме,многу ми е погодено заедно излагаме,си одиме.Едино да и вратам некако,па и она да осети да ја шитнам па можда тогаш ќе се свести. :?:
    Помагајтее :worried:
     
  18. Lili.lili

    Lili.lili Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2010
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Јас ти предлагам да си најдеш нови другарки . Таква другарка ич не ти е потребна. :?:
     
  19. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.391
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Прво, ако беа вакви сите најдобри другарки, тогаш за каде ќе беше светот :?: Не знам како си ја толерирала до сега, ама знам како треба од сега - кажи и се што ти смета кај неа, посочи и директно во кои ситуации те повредила и прашај ја како таа би се чувствала да е на твое место. Ако ти е толку добра другарка како што велиш, ќе те разбере и во иднина ќе зема во предвид повеќе работи.
     
  20. curlygirl

    curlygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Ние сме во друштво 6 девојчиња и најнормално сите со сите подеднакво не може да се дружат ,сложуваат итн.Јас влегов во друштвото пред една ипол година и мислам дека колку толку се знааме по карактери.Значи јас многу ретко избувнувам и се карам но тоа не значи дека не се лутам мислам дека тоа не го разбираат тие.Кога се шетаме се има случувано да не ми се јават,воопшто да не ми пишат порака,се имаат собирано без мене и од истата причина не ме викале немале кредит д а ми се јават.Тогаш многу се налутив а тие никогаш не го сваќат сериозно,мислам дека сеедно им е дали ќе сум со нив или не.Стварно незнам што да правам они.Не знам како да им кажам дека сум лута.Сега сум во средно и сум со нив ,едната од другарките е на страна и останавме 5 и не знам повторно го прават истото. Тие си се договориле да седат заедно, а јас треба да седам до друго девојче.Се е во ред не е проблем да седам со девојчето проблемот е тоа што тие се договориле а не ми кажаа.
    Ве молам за совет...