Па мислам дека е најубаво да седнеш со нив и искрено да им кажеш што ти смета или да ги прашаш дали има некој проблем,дали им смета нешто кај тебе итн. Веќе се знаеш со нив доволно и отворено кажи си што ти смета. Ко што кажуваш ти,веројатно има нешто,затоа што ако те ценат и сакаат да се дружат со тебе нема да наоѓаат никакви изговори.Па и да немаат кредит можат на друг начин да те викнат веројатно. Немој да ги оправдуваш во никој случај.Разговарај со нив и биди отворена,покажи дека нешто ти смета,дека си навредена од нивното однесување Поздрав
Незнам каде да го поставам мислењево, но тотално сум разочарана... Се работи за еден другар, пред една година му се допаѓаше една моја пријателка и детски глупости, јас му составуав љубовни состави и слични глупости мислевме како да ја освоиме, тој цело лето беше во друг град кај баба му и сега кога се врати екако ни заладија односите, и еве само што дознав од него дека сето тоа ништо не му значело, тотално се има променето и сите тие поминати лудости ништо не му значеле... Едноставно се разочарав и незнам што да права, или пак најдобро ништо да не правам и онака не му значам... за џабе вложен толкав труд во пријателстото за без врска, ама стварно се е за без врска...
Се наогам во голем проблем. ...Се запознав со еден така случајно и станавме мн блиски,ама нормално како пријатели.Тој е 8 год постар од мене.Една вечер на тел ми вика дека сака нешто да ми каже,ама нема зашто ке му се налутам и јас го терав да ми каже и ми вика дека е заљубен во мене.А јас се ччуствував како со даска некој да ме удрил бидејки тоа никогаш не го очекував,ама јас ко за беља таа вечер незнаев што зборам и му реков дека си имам дечко кој мн го сакам и сл работи и мн го повредив.А јас требаше да приметам бидејки цело време нешто збори,цело време ми пушта некои такви песни....И некако го изгубивме контактот бидејки јас го сменив бр (по вина на мајка ми),а неговиот не го знам баш.Знам каде можам да го најдам ама таму и да ме колат не идам.Што да правам? Сакам да го најдам,да му се извинам,да видам дали сеуште така мисли.Ако сеуште ме сака ја би била со него па што сака нека биде.Јас не го сакам,не чуствувам ништо спрема него,ама незнам зошто се на тоа ме тера,кога сум со него ми е најубаво...Ве молам за помош,како да го најдам? Што да му кажам? Дали ке ми прости? Знам дека мн го повредив..
Грешиш.Тој сигурно не те сака.Како што видов на профилот имаш 14,тој е 8 год постар,значи има 22.Не се залажувај и немој да го бараш.
феминки, и јас имам проблем, Се здружив со една другарка, и сега сум во нејзиното друштво, и таму има едно дете што се заљубив во него, една година е помало, знам дека и тој чувствува нешто за мене ама не знам, пред другарите вика едно, а пред мене се срами. Ми извадија муабет дека сум се смувала со другар негов а јас му велев дека не е точно, и ми вели ако не е точно кажи ми кој го сакаш, е сега јас не сакав да му кажам дека тој е тој што го сакам му реков дека е друго дете со мене што учи. Е оттогаш слабо пишиме на фејсбук а пред то пишевме ко ненормални, и ако пишиме ептен колку ради-реда. И надвор не излегва повеќе кога ќе сум таму. Знам дека ми е лут, ама не знам како да постапам. Помош?
Си требала на зафрканција да му пуштиш малку вода под газот ,,тебе те сакам бе,, и многу (смајлиња) кога му пишуваш на ФБ и ќе видиш каква дискусија потоа ќе створиш А сега за да се извадиш начекај го онлајн и пиши му ,,што се лутиш бе мали, тебе те сакам ,,
"ДРУГАРКА" Здраво на сите! Вака сега...значи побудалев од една "другарка"...незнам што да правам веќе...за седенка по дома, кафе-мафе, муабет, совет, проблеми е супер, ама кога се договара излегување е страшно негативно настроена...баш вчера се договаравме за излегување и ми даде тешко НЕ, но после пола саат разбрав прифатила да иде со друга другарка...а што е најтрагично не била од претходно договорена. Стално ме откачува така, незнам веќе дали е до мене или таа има проблеми сама со себе...
Па ако веќе те одбегнува,тогаш или прекини да се дружиш или и ти седи до неа коа ќе ти биде досадно.Коа ќе ти се искача викни ја,некогаш намерно откачи ја кога ќе те викне,можеби така ќе ја натераш да размисли Приметувам дека луѓето денес не сакаат искреност,сакаат некој да им глуми,срце,душо ово оно.(не зборам за сите,секоја чест на исклучоци) Затоа-мислам дека и да и кажеш искрено нема да те разбере или нормално ќе измисли нешто што нема да држи вода.
Имам еден непознатат пријател.. мн сериозно размислува,поинаков е од сите.Се знаеме само на тел.Он мене ме праша за да се видиме и јас му кажав НЕ! и он ми рече како сакаш ти така нека биде.Несакам да го видам затоа што се плашам.Бидејки ја знае мојата приказна за целиот живот па заатоа.На тел сме тоолку блиски,неможам да издржам еден ден,а да не збориме.Ама и ЈАС САКАМ да се запознаеме да не биде само телефонско пријателство,ама неможам.Што да правам?
Си му го раскажала целиот свој живот без страв и не те интересира оној кој те сослушал и буди нешто во тебе,чим и ти сакаш да го видиш??
Нормално од почетокот не,ама после со тек на време полека,полека се му кажав....МИСЛАМ дека треба да му верувам,ама незнам ништо.... После тоа што дечко ми,леле ја пак,бившиот ми го направи мене не ми е гајле за ништо,ни за другарки,ама овој мн ми значи,како пријател.А каков е вистински сееуште незнам.
Па ако ти е пријател како што тврдиш, нема потреба да ти биде страв да се видиш со него. Што точно те плаши, изгледот? Пријател ко пријател ќе биде тука да ти помогне, а таа помош е 10пати подобра ако се видите, вака преку телефон ништо, не е тоа тоа. Ако се знаете, ако тврдиш дека сте пријатели тогаш излези со него и види се, разговарајте. Ќе видиш каков е во 4 очи, ништо не губиш. Вака само ќе се измачуваш па и криво ќе ти биде ако не се сретнете секогаш кога ќе помислиш на тоа. Така да слободна биди и договори му состанок/кафе. Па пиши после впечатоци.
Ако сакаш да го запознаеш направи го тоа,излези на кафе со него за да не те јаде црвчето,нема ништо страшно во тоа да се видите освен ако не знае ептен некои компромитирачки работи кои можат да ти наштетат.
Имам енда другарка со која не бев мн блиска,беве добри другарки,ама не мн блиски за да соподелуваме тајни и такви свари само некогаш се шетавме низ населба,до град на кафе ваму,таму.Ама со тек на време се одалечивме.Пред неколку дена се сретнавме,се поздравивме малку муабет..Сакам да и се јавам дали е слободна да излеземе некој ден на кафе или негде да се прошетаме.Несакам да се одалечувам од пријателите,па затоа сакам да ја викнам да излеземе.Да и се јавам или?
Епа ке и се јавам.Знам дека нема да ме одбие.Можеби денес утре не е слободна,ама знам дека сака и ке најде време да се видиме.
девојки незнам што да мислам веќе се дружев со една другарка дури и повеќе бевме од другарки сестри се дружев 8 години и после кога испородивме деца се изменивме почна тоа натпреварувачко темпо кој има повеќе или јас сум купила тоа она,буквално за глупости а јас имав предност со тоа што моите многу ми помагаа а таа мораше сама да се потруди да го има ако треба и развод ќе бараше само да го има тоа што го имам јас сопругот ми купил мобилен ме изненадил ете ти ја другиот ден и таа па еве поминаа 8 месеци ја гледам со стариот телефон на тој немала картичка купено па зошто го купи тогаш бре ???? јас тоа што имав имав и кога нешто немав а она имаше не се трескав од земја бог да чува никогаш не сум го сметала тоа како натпревар а таа да за жал, а скоро секој 2 ден си се гледавме ме повредуваше често незнам што сакаше да постигне со тоа дека она е боље од мене нешто или што еднаш се имавме испокарано за тоа и и реков дека нема смисла вака се знаеме долго време и реков дека се замара за глупости немала тоа немала што има врска сеа мора и ти преку триста мориња да се потрудиш да го имаш што јас го имам и на крај да се пофалиш дека и ти го имаш и на крај да ме гледаш гордо еве јас псссссс глупости не зборевме 6 месеци јас си викам ај ќе се смени и пак и простив и на бетер отидоа работите повеќе не ме сметаше за блиска некако се одалечивме физички беше со мене а психички не се замараше јас и кажував све што ме мачи таа ништо мене не беше ништо како порано и мене уште повеќе ме болеше тоа и пак си почна по старо со натпреварот и демек си запознала другарки па нешто се правеше пред мене еве имам друштво и видов невидов ја откачив неможев да се нервирам секој ден за неа и тоа баш кога се вработила ми олесна кој ќе ја слушаше како се фали па да ме потценува бегај,и одвреме навреме ќе си кажевме здраво еднаш на еден месец и не беше заинтересирана за мене а денеска нешто ме изненади ме покани на гости од кој јас одбив ми вика па ела да си поседиме муабет да правиме и некако неможам да ја заборавам имало многу моменти убави многу фина беше порано неразделни бевме и денеска баш ме потсети на тие денови и се прелажав дека е сменета а може и е сменета незнам затоа вас ви пишувам да ми кажете совет повторно да се здружиме по 3 пат или има наумено нешто незнам многу убедливо изгледаше дека е сменета незнам затоа кажете ми совет
Па велиш ова е трета шанса, нека и биде последна. Види што/како па после одлучи дали ќе продолжите понатака да се дружите. Набљудувај како ќе реагира, што ќе зборува па после самата ќе утврдиш кои и се целите.
здраво мој совет е залудно да не се обидуваш,еднаш кога ке те изневери некој биди сигурна дека тоа ке се повтори,животот продолжува понатаму најди си нови пријателки со кои можеш нормално да функционираш,поздрав
Какви луѓе најмногу ве нервираат? Здравоо ако може помош мала помош или некој совет од ваша страна?? има(в) една другарка со која многу се дружев имавме многу тајни и имаме... блиски бевм(е) ама сега таа многу се оддалечи од мене од кога почна да ни се пика во сите муабети едно момиче и успеа да ја тргне од мене да не ми зборува нз тоа како и успеа ама сепак сакам да ја вратам да продолжиме со дружењето и со се што споделувавме сум прашала за совет сите што ги прашав ми рекоја да ја откачам и да ги оставам да се дружат и тоа го направив ама ништо затоа решив вас да ве прашам за совет..