Mи фали пријателство ! Девојки многу се чувствувам осамено имам дечко а немам другарки имав до пред 4-5 месеци 4 другарки ама сега немам никој тие само сакаа да командат со мојот живот што да правам па и јас неможам да издржам вака со дечко ми сум веќе 11 месеци многу многу ми е тешко без пријателки а имам само 17 години незнам како да создадам пријателство другарки што ќе ми бидат навистина вредни а не некој што сакат да командат и прават лице ве молам помогнете ми како да основам пријателство
Mи фали пријателство ! Има многу такви никакви дволични и злобни луѓе што ти се прават пријатели а со тебе се само од корист.Според мене треба да излегуваш да запознаваш нови луѓе , да основаш нови пријателства (не само од твојот град) Животот е пред тебе сега за 1 година ќе одиш на факултет , таму ќе запознаеш многу повеќе одошто ти можеш да замислиш Немој да се чуствуваш осамено , се ќе биде во ред , ќе видиш
Вака..имав дечко,ама расконавме.Јас и неговата сетра бевме мн добри другарки.Но јас некое време не го користев тој број,друг.И некое време,скоро месец се немаме слушнато.Ама јас сакам да и се јавам да се видиме,без разлика што јас и он раскинавме,ние сме другарки.Да и се јавам или не?
Јави и се што има врска што веќе не одиш со брат и. Ако ти била добра другарка зошто да не си обновиш контакт и да не испиеш едно кафе со неа?
Моментално истото и мене ми се случува и многу ми е тешко. Ниту здраво си викаме ниту ништо. Таа сега си фати една другарка, и другата другарка цело време ја „дупи“ против мене. И имам забележано дека нон-стоп ме оговараат. Јас едноставно мислам дека тоа не е вистинска другарка. Мислам...според мене, вистинска другарка ниту постои.
уф. цимерка сум една другарка моја. у иста соба сме. има дечко или не знам што и е од друг град и понекогаш доаѓа на поседок. во ред сето тоа само се однесува многу поинаку кога тој е тука. за никој не и гајле, ништо не ја интересира, прави неред ненормален и сеа тоа шо највеќе ми смета. спијат заедно нормално, во дневна. навечер се се*саат и се ептен гласни, а собата наша со дневната се преградени со гипс и се` се слуша, пискаат, креветот крцка, тропа дека се удира од ѕид. навечер заспивам со слушалки на ушите и си пуштам музика. -.- уф, ужас. друга работа е што наутро кога ќе станат тоа шо праеле вечерта не можеш да не го приметиш. се мислам дали да и кажам ама и да и кажам знам шо ќе ми рече. де бе уживај, шо има врска, не ме замарај и дрн дрн. и не знам што да правам.. :/
Па земи кажи и дека ти смета, дека треба нередот да си го собере како што и го има направено. И ќе и кажеш да бидат потивки, оти се' се слуша. Срамота и за комшиите. Ќе и објасниш, ваљда ќе сфати. Има многу вакви луѓе без осет.
дрога и цигари јас сум одмо оделение,една другарка почна да пуши цигари,има земено неколку пати џоинт. Ние незнаеме како да и помогнеме што ни предложувате? незнам дали ја го одбрав вистинцкото место за темава
НЕ сум фан на барање совети од ваков тип, ама чисто информативно да чујам објективно мислење, ме мачи нешто, веќе подолго време, а никако да го решам... Како би изрегирале кога другарка ќе ве излаже дека нема да може да излезе ни на пола саат, нема теоретски шанси зашто им е сесија, па учи цело време во библиотека, а сосема случајнo дознавате дека по 2 дена си била излезена со дечкото во едно клубче? Да потенцирам една битна работа, учат заедно у библиотека, ако не се на ист смер и немат исти предмети, значи цел ден го поминуваат заедно. Како би изрегирале? Не моментално, зашто тоа неможам да го контролирам, јебига темпераментен човек сум. Што би и кажале при првата средба?
Можам да кажам дека е најголема грешка која ја прават повеќето девојки откако ќе фатат дечко. Едноставно ги забораваат другарките а потоа кога ќе раскинат или имаат криза со него веднаш вртат на телефон на другарки како рамо за плачење. Али ок, секој со свој памет. Во твојата ситуација јас би била индиферентна и најнормално би се однесувала. Чак што више би ја оставила некој си период и пак би и се јавила да се видиме. Ако ме и тогаш одбие тогаш си терам по свој пат. Неможам некој да молам да се дружи со мене а тој да е незаинтересиран, али нека добро размисли дали ќе кренам слушалка кога таа ќе ми се јави. Колку и да учи, полага и сл. ќе најде пола сат време да се видиме или на крај краева ќе правиме муабет на тел. или па што има да лаже едноставно нека каже дека ќе излегува со дечкото. Сигурно нема да и забранам да се гледа со него, нејзин живот нејзино право. ...од сите тие другарки од маало, средно, факултет...на крај дали 2-3 ќе останат вистински другарки. Сите почнуваат со тек на време да се селектираат и одат по свој пат така да тоа многу многу да не те тангира или навредува. Знам дека пецнува зашто е добра другарка и на момент се почувствуваш дека си сама ама кога би била фер не би ги занемарувала другарките и покрај тоа што има дечко. Одбиј и на младоста и дека е многу заљубена и лети во облачиња
Горе доле, истото го мислам и сосема си у право, дај шанса, ама кога нешто не иде не иде брате. Единстевната фрка ми е што сме ептен ептен блиски,од клупа од основно заедно, и средно исто,само на факултет ни се малку разделија патиштата. Не е проблем ова толку моменталната постaпка, ова е само повод а не причина на проблемов. Има тука и други заврзлами, не е само тоа тоа, али да не испаднам попатетична него самава ситуација, ќе си ги задржам за себе. Сме го правеле муабетот у друштво, сите се согласуваат дека она не е иста веќе после типот, а не се лаку заедно и тоа е фрката, не се заедно 3 месеци, година може, незнам не им бројам. И плус нема само она дечко, скоро сите сме у врски и машки и женски, а само она е таква, никој друг. Али сосема си у право, треба да се седне сериозно да се збори тет а тет за ситуацијава, па ако нема решение си тера иста песна, ќе испадне дека одам со глава у ѕид и ќе треба let her go. Глупо е да се губи пријателство за таква глупост, ама кога нешто неќе милум, па силум ич. Фала на советот Славица, ми требаше позрел совет, од некој непристрасен.
дрога и цигари Посоветувајте ја, а ако и понатаму не ги прима вашите совети, побарајте помош од некој наставник, или надреден во училиштето или пак од нејзините родители. Навистина можеби ова ви звучи "страшно изневерување на другарката" ама ќе свати таа некогаш дека било за нејзино добро.
дрога и цигари на 14 години почнала да зема џоинт тогаш хормоните удираат во глава, и тешко дека може да се стори можеби има проблеми дома, во љубовта, школо-посоветувај се со личност на која можеш да и веруваш, се надевам дека нема да се навлече а особено не од џоинтот
девојки ке можете и мене да ми помогните?? Вака сега имам другарка (нз ни јас шо сме веке) шо живее во Швајцарија.. И сега оваа лето ко си дојде од таму ок ме смири со моето бибшо друштво ии секогаш беше не моја страна..еднаш дури незнам како и се расплакав не рамото (значи повише од другарла ја сметав!!) и сега од кога отиде за Швајцарија се се смени ... U контакт бевме едно 2-3 недели после имав нешто проблеми со семејството и неможев да и пишам редовно..т.е се да и кажувам..ии баш еден ден одам кај една другарка и вика ми абе шо читам ?? сега то со ххх скарана си или?? и јас ја гледав чудно и ко ми покажа на акс шо пишала за мене се изненадив.. :/ дека јас не сум и била другарка..нз шо мн важна сум се правила ии незнам уште шо..па сега ако може да ми кажите шо да направам т.е ако ме нејке веке досадна ли и сум шо ли и сум.. да ми кажите шо да напраам ..?? аа ќе заборавев за малку кога и да и преречам нешто за тоа дека тка пишала и нз шо ома ми вика не заборавај дека јас беех само со тебе кога ти немаше никој.. и јас веќе незнам шо да праам :/ незнам како да и кажам ..(инаку извинете шо е предолго) позз
Значи вака ми треба совет, мислам дека имам пишано по темите. Имав т.е и уште имам една другарка многу се дружевме, значи многу време бевме неразделни само спиењето не делеше, по извесно време си фати дечко, мило ми беше и уште ми е знам дека е среќна и се дека му е погодено, еднаш ако не и 2 пати во неделата се гледавме и се беше океј, се слушавме и се друго, како нормални другарки да речам, сега пред факултетот и после факултетот многу е смената ја викнав неколку пати за излегвање, немала време зафатена била, чистела незнам шо, еднаш ја немам одбиено за излегвање, и не знам шо е проблемот. И сега баш после колоквиумите ќе те барам за излегвање, и еве ја уште вика за излегвање. Ми треба совет како да постапам, една другарка ми рече викни ја, излезете и кажи му се шо ти лежи на душа. А едноставно ми недостига, стварно многу ми недостига
Убаво ти рекла другарка ти ако искочи со нејзе, расчистете ги работите побрзо бидејќи ако чекаш уште, може и ќе немаш шанса да се видиш со нејзе понатака, во случај да дојде и воопшто да контактирате. Што чекаш подолго тоа ќе ти дојде полошо на крајот.
Фино лепо ќе ја исфрлам со се партали и кондоми. Најозбилно ти кажувам,ај ти била другарка,остај шо не ми се верува,ај ок има дечко,сака да е интимна со него,па и не мора ти да го слушаш сето тоа,барем земај ти снимај ги додека они си се сексаат.. Стварно значи има луѓе со животински инстикт и не им е гајле за тие околу нив,туку само си ги задоволуваат сопствените потреби и желби. Немој да ме сфатиш погрешно,али со луѓе како другарка ти која нема осет за другарство и цимерство,бидејќи и ти си жител во истиот стан со неа,тогаш треба да свртиш друг лист. А колку што те разбрав ти се плашиш или се страмиш да и кажеш за нејзиниот неред::??? Јас би ја исфрлила директива заедно со нејзиниот еба* или под услов ако веќе сакаш да си со неа цимерка строго ќе и забраниш да се секса во твое присуство..