Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми и совети во врска со пријателството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од poppie, 21 јануари 2010.

  1. Ana.brojka

    Ana.brojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    227
    Кој е добар во совети за другарки, да ми помогне? :worried: :worried:
     
  2. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Што те мачи?? Пиши, може ќе ти помогне некој совет. :)
     
  3. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    970
    Допаѓања:
    4.048
    Пол:
    Женски

    а зошто не пробаш да и кажеш дека ти смета ? На секое девојче му смета некој да има иста работа, а не пак неколку. Штом сте блиски а и те прашала можеш слободно да и кажеш, женско е би требало да разбере.
     
  4. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    970
    Допаѓања:
    4.048
    Пол:
    Женски
    А има за што да збори ? Доколку не мислам дека треба ич да не ти е гајле. Дигни си глава, и не ја приметувај. Сигурно имаш и други другарки дружи се со нив, па нека види што изгубила ;)
     
  5. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    Да се сложувам со Smooch
     
  6. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    За таквите „другарки“ не вреди што си ги трошела прстите во куцање на овој пост. :^) Убаво ти пишаа погоре. Не се замарај.А зашто да не знаат родителите? Па не си направила ништо лошо, освен што си се тргнала настрана од некој кој повеќе не ти одговара, а и подобро. Верувај таквите другарства на никого не му требаат. ;)
     
  7. lookatme

    lookatme Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    1
    100% сте во право! Фала ви многу. Сепак јас сум таква личност што простува се, но сега мислам дека дојде времето да мислам на себе, затоа што секогаш сум им помагала, а на сето тоа враќа со лошо :) Сепак фала ви <3
     
  8. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    здраво на сите ! :) имам 17 год до пред 1 год имав 3-4 добри другарки јас си фатив дечко веќе со него сум 1 ипол год од тогаш кога си фатив јас дечко се се смени тие сакаа да ми наредуват ми велеа дека тој не е за тебе зенкар е и уште што ли не јас чувстувам дека 1 другарка го свиѓаше дечко ми и затоа така ми збореа со друга се погодија исти само ми ја полнат главата сакаа да командат со мене како што сакат еднач јас наивна сум била многу (ама сега веќе не сум си ја научив лекцијата) седевме кај мене и едната другарка седна на ком и фб ми беше окл и почна да му пишува на дечко ми дека сакам да раскинам со него и така на таму глупостиии незнам како сум ис дозволив тогаш и раскинавме и немаше 10 мин тој одма со друга во врска и јас му пишувам од на мајка ми профилот а другарките беа си веке ојдени браво гледам колку си ме сакал одам со друга честито нека ти е значи ти си бил и со неа и со мене и ми рече намерно се направил во врска со таа дека јас ке сум пишала (детски акл :D ) и ајде некако се смиривме ама тогаш бевме почеток уште и јас се скарав со нив бидејки се се правеа они да знаат се како што ке казат така мора да биде да командат со мојот зивот не ми требат вакви другарки лицемерни со мене се добри а зад мене што ли не зборуват ми дојде аклот и сега немам никаков контакт со нив едната ми е во класот не ја ни забелезувам :) подолго време немав другарки буквално сама со дечко ми бев само јас си знам како ми беше тогаш :| џабе не е речено така подобро да бидеш сам отколу со некој што те тера да се чувствуваш сам ,сега така повеке се здрузив со една школска одиме заедно на везбанје и така понекогас излеваме само што си помилив еве најдов вистиснка другарка еве пак сум разочарана колку пати јас и велам ајде да излеваме некој ден заедно јас ти дечко ти и мојот дечко и таа само ке ми казе добро ке се дог и на тоа останува сега имаше карневали и ми се јавува да сум ојдела со нив на нивната маса со дечко ми а знам и зошто ме викат да плакат помалку за маса масата беше 2500 и во школото не е таа што беше некако чувстувам ме одбегнува незнам стварно незнам зошто ;( јас сум многу добра што на секого би му помогнала кога му е тешко само ретко кој го цене тоа така не е речено за џабе колку си добар толку повеќе те газат. CEГА СВАТИВ НЕМА ВИСТИНСКИ ПРИЈАТЕЛ КОЛКУ И ДА МИСЛИШ ДЕКА СИ ГО НАШОЛ ВИСТИНСКИОТ СИ СЕ ИЗЛАЖАЛ !! сите се тука кога им требаш а кога тие тебе ти требат ги нема :| како да се понашам да ја најдам вистиснката другарка ? не ми треба повеке доволно ми е една аам вредна се прашувам што ли не е во ред со мене зошто немам вистинска другарка ;( ако мозете дајте ми некој совет :)
     
  9. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    11.159
    Пол:
    Женски
    вистински пријател

    Не бих да те разочарувам ама денес не можеш да најдеш вистински пријател, и ако најдеш тоа е реткост и чувај го. Почнувајќи од мене јас си знам како е. Јас и не сакам такви во моја близина, што ќе ми се такви кога мислат дека кога си несреќен сите те сакаат, ама ако ти тргне на убаво од тебе бегаат. Со другарка која сум 15 години заедно, да не сака да ти честита на успех, со која сме биле постојано заедно, да не сака да се пофали за дипломирањето, да крие за убави работи со месеци, мене тоа ми е некако настраничаво и несфатливо. Јас искрено се плашам од лугето затоа што секој гледа да ти забоде нож у грб при прва прилика. Гледам имаш 17 години, имаш време ќе запознаваш многу луѓе, па има и нешто добро во некои од лугето, не се сите трули во душата. Јас од мојте другарки веќе се откажав, зборувам, ама се држам на дистанца, не сакам такви луге околу мене. Порано се прашував и јас што е со мене, по сто пати се испитував каде погрешив, дали некој навредив, најголемите сплетки до сега ми беа од другарките. Хм што другарки, да не знаеш просто што да се очекува од лугето. Дружи се ама најдобро си стој на дистанца, најдобро е човек со никој да не се зближува ептен оти тоа страшно се злоупотребува :| . Среќа што отсекогаш сум си таква, многу не се отварам пред никој, со родителите сум блиска, на мајка ми и на дечко ми си кажам буквално се, а се остало е пиши пропала за мене. Биди си тоа што си, гледам дека на лугето не им требаат искрени луге, може и мене не ме сакаат што им плескам во фаца така како што е :emo: , но што да правам мразам лицемерие, јас не можам ауу срцка па овака, па онака. Вие сте помали а што да кажам другарка ми на една од дугарките на дваесет и кусур години и рече во очи ТИ ПОВЕЌЕ ГО САКАШ ДЕЧКО ТИ ОД МЕНЕ, да ја жали човек или да и се смее. И пак ќе кажам ме плашат лугето со нивните изопачени постапки. А ти па што му се сеќираш толку, ќе се нервирам за некоја си, мене другарка ми што не ми направи само за да не се вработам пред некоја година и тоа да беше некоја работа ајде, додека студирав сакав да поработувам малце а таа зад грб сопќи, викам ај нека си ја. Веднаш и кажав се во лице што мислам за неа каква е, и дека во моите очи е 0. Хехе јас продолжувам да си зборувам и кога ми забијат нож, ама многу полошо е да знаеш дека некој те смета за 0, за глуп и емоционално инвалид, како што јас ги сметам нив :!: :)
     
  10. oneday

    oneday Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    девојки сакам нешто да ве прашам ...
    вчера во град требаше да купам сендвич,но ми испадна една работа морав веднаш да одам , им реков ај земете го сенвичот и причувајте ми го јас ке дојдам ..
    и потоа јас се вракам по саат и половина , они си отишле ,а рекоа дека сенвичот ми го оставиле на некаква клупа ..
    како треба да реагирам , другарки ми се , незнам ,но неможам да скријам ме повреди , не сендвичот нивната постапка ..

    ПОМАГАЈТЕ ВЕ МОЛАМ

    ДЕНЕСКА во град се правеа дека не ме ни познаваат , а исто така и мојата најдобра другарка не ми рече ништо но таа не беше ни присутна кога се случи тоа со сендвичот ,исто така таа се правеше како да не ме познава како и другите ... сега се покажааа
     
  11. sara333

    sara333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    27
    Општи прашања

    Па ако ти се вистински другарки не би постапиле така.Сендвичот би го земале со себе или слично.А за тоа што се правеле дека не те познаваат :^) .
     
  12. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886

    Зашто ме људи избегавају - синдром.
    Сакале да ти се скараат уште одамна, не знаеле како, те осеќале ко втора виолина во друштво, и ете нашле прилика да се отарасаат. И твојата најдобра другарка ја свртеле против тебе пошто веројатно е слаба на карактер и може секој да ја смота, не ти останува ништо друго освен и ти нив да ги отарасаш од себе. :)
    И разгледај во околина, кој би дремел со сендвичот пола саат, саат и повеќе и би те почекал и испратил до дома ако треба, и нема ништо да ти пререче.
    Ако има некој таков/ва, одговорот сам по себе ти доаѓа. :)
     
    На marta.99 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. marta.99

    marta.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    многуу добро ти кажала LilBaby. едноставно само сакале да се тргнат од тебе т.е да те тргнат од друштвото од која причина незнам,ама сепак најдобро е да си најдеш нови другарки ново друштво,такви не ти требаат.а и таа твоја "најдобра" другарка не ти е другарка да знаеш чим дозволила некои други да влијаат врз неа и таа тебе да ти се скара
     
    На oneday му/ѝ се допаѓа ова.
  14. oneday

    oneday Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    ama tie i ona setaaa tie mi se javia i jas im vikam aj stajte go kaj nekoj u tasna ,a zamislete ne mi se ni javia deka kje si odat ,pa maskite me isprakaja do doma
     
  15. oneday

    oneday Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    незнам неможам да им се скарам со нив сум од 7 месеци , ама очигледно нешто им многу смета
     
  16. marta.99

    marta.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    епа тогаш разговарај со нив разјаснете ги недоразбирањата ако постојат прашај ги зошто така се однесуваат со тебе :)
     
  17. oneday

    oneday Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    незнам неможам да разговарам со нив не сум во контакт , не зборуваме :| :x неможам да поверувам дека на мене ми се случува нешто вакво ,
    сепак ти благодарам за советот :*
     
  18. zaj4ee

    zaj4ee Активен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    0
    Луѓе ве молам помогните ми... Значи јас 3 месеци се дружев многу со едно девојче, поточно летото, пред да се задружам со неа се дружев долго време и со другите девојчиња, но се искарав со едно друго девојче поточно со братучетками и поради тоа незнам зошто другите не ме дружеа, ме избегнуваа, потоа по 3 месеци девојчето со кое најмногу се дружев почна да се дружи со братучетками со девојчето со кое јас бев искарана, и потоа помина некое време и јас почнав да се дружам со нив, ама некако ме избегнуваа, потоа се поделивме да ги наречам две групи, јас и други три-четири девојчиња, не се дружевме подолго време со братучетками и со тоа девојче што цело лето јас се дужев... Потоа овие девојчиња што се дружев јас се здружија со другите па морав и јас, но исто како да не постојам, тоа може да се нарече како да сум им непријател на сите нив. Поточно сега сум сама немам никој со кого можам да се дружам така како што трба, што дека ќе им се јавувам да ги прашувам дали сакаат да се прошетаме или нешто друго, тие ќе речат добро но џабе е... Денес добив многу лош збор од братучетками, значи моногу ме повреди...

    Па ако може да ми дадете некој совет како да се однесувам со нив, поточно како да се здружам, како пак да се вратам во друштвото... :(
     
  19. oneday

    oneday Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    тоа ме многу повреди мене , мене не ми е за сендвичот ,јас пак си купив , туку нивната постапка ми го оставиле сендвичот на клупа , не ми се јавиа дека си одат, најдобрата другарка се прави дека не ме познава заедно со другите :'( :'( :'( :'( :fubar:
     
  20. oneday

    oneday Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    зај4е , не си ти како мојов случај ,но сепак и твојот е лош..
    ако не ти значат многу тргни се од нив знам колку е тешко , сосема го разбирам ,но ако имаш други другарки можеш да си го продолжиш другарството со нив .а не секој ден да ти беллеее косата да се нервираш за нив ,така поздрав :* :worried:
     
    На zaj4ee му/ѝ се допаѓа ова.