Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми и совети во врска со пријателството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од poppie, 21 јануари 2010.

  1. moonchild1

    moonchild1 Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    8
    Зајче мој најискрен совет ти е да не ни пробуваш да се вратиш во старото друштво. Разврти се околу тебе, погледни убаво - пак ќе најдеш луѓе со кои да се дружиш. И не е финтата само да се дружиш, нели сте се дружеле, туку работата е да си со луѓе кои ќе те почитуваат и ценат. Овие најверојатно биле од корист, а такви другарки верувај не ти требаат. Поарно еден период да си бидеш сама и постепено ќе си стекнеш нови пријатели, отколку со такви кои еден ден се со тебе, а еден не.

    Слично нешто ми се случи и мене пред некој месец. Плачев, се нервирав дека ќе останам сама и на голем одмор и на кафе и на излегување. Почнав по јадење да одам со школските - многу присебни деца кои ниту ме гледаа напреку ниту ми замериле некогаш нешто, едноставно не се замараат со глупави работи како претходните ми другарки. Е сега, дојде ред старите другарки да ми изигруваат поттрчко и на кафе да ме викаат.

    И отсега натаму памет во глава! Не се ограничувај само на 2-3 другарки, имај си контакти со многу деца.
    Поздрав.
     
    На zaj4ee му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Девојки ај ве молам помогнете ми, навистина не знам што да правам ;( Учиме заедно од прва година. Во прва година девојката си имаше другарки со кои секојдневно се дружеше, седеа заедно во клупата, јас и она не бевме многу блиски. Во почетокот на втората година се скараа и на нејзиното место ставија еден нов ученик и таа немаше кај да седи. Плачеше,се нервираше,но залудно. Во текот на целата година нешто префрлуваа, се оговараа, и таа нив и они неа. Остана сама. Се зближи со мене. Бевме секојдневно заедно, одевме заедно на училиште, бевме ептен блиски се до пред 1 месец. Односно до денот кога повторно се помирија. Одкако се помирија мене ме заборави. И реков што ми смета, рече дека не сака заради нив да се кара со мене, се бранеше, велеше дека јас неа ја избегнувам, а не таа мене. Но,тоа само на фејсбук, во училиштето продолжуваше истата приказна. Со ноќи не спиев, дома се враќав плачејќи затоа што излегува дека се дружела со мене само од корист, а сега кога има со кого да се дружи веќе не сум и потребна. Како поминуваа деновите се со нив излегува на одмор, со нив оди на пракса, оди со нив да седи , заедно доаѓаат на училиште...На почетокот ќе ме викнеше и мене заедно да одиме на училиште, али тоа формално, да не излезе дека не сака да се дружи со мене, одеа заедно рака под рака а јас по нив, како тринаесто прасе. Правевме планови за екскурзија, дека ќе одиме заедно,ќе бидеме заедно во хотел... Али сега приказната е друга. Си има планови со нив, вели ако сакаш дојди и ти. Али јас не можам тоа да го дозволам да изигравам марионета. Не можам да бидам потрчко како многупати што сум била кога сум со нив. Имам до толку интелигенција за да сфатам дека сум вишок во нивно друштво :sweat: Кога почнавме да се дружиме, велеше овие ако ти кажат нешто дека сум зборела против тебе, не верувај, ќе сакаат да не разделат. Самата си се издаде дека има зборено за мене, уште пред да почнеме да се дружиме, али ај си велев ќе се смени. Во текот на дружењето ме има излажано преку 1000 пати и тоа за најбанални работи,секојдневно слушав по некога лага и во очи и кажував се, видов дека не е другарка каква што очекував да биде, али кога толку време се дружиш со некого, поминаш покрај се. Сите ги оговараше и за сите имаше по некој коментар. Верувам дека сега не сум поштедена ни јас :(
    Приказната дека ќе се дружиме, ќе одиме заедно на факултет, приказната дека колку и да се караме повторно ќе се помириме пропадна. Ме замени за 1 недела со некој што го сметала за свој вечен непријател. Престанав да се замарам со неа, почнав со друго девојче да одам на училиште, меѓутоа не оди. Не можам да се помирам со ова. Многу ми е тешко. Како после се да им веруваш на другите, кога "најдобриот пријател" те зезнал? Денеска разговарав со едно девојче од класот дека нема да одам на екскурзија, таа ме прашува заради нив ли.. Јас велам не.. На другата страна од училницата се наоѓаше мојата "другарка " и почна да спушта некои муабети дека сум ја оговарала. А не сум ја.. До вчера сме се дружеле, сега ќе ја оговарам ? |( До неа седеше и едно девоче кое ја знае целата ситуација и и зборуваше дека лошо постапила во врска со мене. Меѓутоа таа не признаваше, почна да зборува против мене. Се завртев и и реков да не ме оговара. Ми одговори - Не те оговарам, не сум како тебе (мисли дека јас сум зборела за неа, а зборев за екскурзија). Уште долго време се караа, девојчето ме бранеше а таа ме напаѓаше велејќи дека не е ништо виновна. Цело време ја слушав што зборува за мене... Не ми е јасно ова, за 7 дена да се промениш за 360 степени. После тоа се допишуваа преку ливчиња, претпоставувам за мене нешто, затоа што таа се смееше. И не збориме после тоа.Да сме се скарале - ок е, не збориме, али ова одеднаш толку некој да се смени без причина не можам да го разберам. А вие ? :x :worried: :sweat: :?: ;(
    Мразам оговарање, дволичност и луѓе кои постојано си го менуваат своето мислење. После се убедена сум дека таква другарка не ми треба, но сепак не можам да се помирам со овој факт и се така лесно да заборавам. Кога ќе се скара со нив, пак ќе дојде кај мене, а верувам дека ќе се скараат затоа што еднаш штом ја шутнале, тоа повторно ќе го направат.
    Да седи некој пред тебе уште цела година, а да не комуницираш со него, знаејќи дека некогаш ти бил многу важно во животот, нешто што се нарекува другар...
    Сега не знам дали да ја избришам од фејсбук од пријатели... |-) Вие како би постапиле ?
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Ма не е толку битно дали ќе ја избришеш од фејсбук колку што е побитно дали си сватила дека не ти е вистинска другарка.
    Факт е дека денес тешко се наоѓа искрен пријател ама кроз животот ќе наидеш на уште многу такви од кои треба да се пазиш на некој начин. Не пристапувај толку наивно додека не си сигурна дека е ,,вистинска пријател/ка,,.
    Уживај, животот ќе ти носи уште многу животни лекции.
    аман бре со тој фејсбук, колку го сваќате сериозно :x
     
  4. macula.93

    macula.93 Активен член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    13
    Сакам да и помогнам незнам како....

    Имам најдобра другарка која што многу си ја сакам,но неможам веќе ваква да ја гледам.Има дечко и иде со него две години,но типот со неа се понаша како ѓубре,а таа од што го сака се премолчува и се прави како ништо да не било,зашто кога и да се скараат таа и да не е виновна,она ја прифаќа вината на себе за да не се испокараат,но на крај испаѓа дека е недоволно добра за него.И еве пак се караат секогаш за неговото однесување кон неа,не и обрнува внимание,секогаш сака да седат само кај него(никогаш немаат излезено како пар негде освен на кафе),не му се оди нигде а често пати знае сам да излезе во град без неа и во последен момент да и каже дека излегол.Многу пати сум зборела со неа за ова,но едноставно неможам веќе да гледам како кретенов ја уништува.Помош!!!
     
  5. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Сакам да и помогнам незнам како....

    Вакви ситуации мал милион има , девојката веројатно го сака многу и почитта кон себе ја става на второ место , повеќе преферира да трпи одколку да е без него
    јас би се повлекла и да го сакам бидејќи првенствено мора девојката да се цени како личност
    нека го услови или ќе ме почитуваш и ќе бидеме нормален пар или јас ќе си се тргнам на страна и нека види дали ќе ја пушти да си оди , ако навистина ја сака ќе ја почитува , девојкаа не заслужува некој да трпи на таков начин мора да покаже самопочит ;) :fubar:
     
    На macula.93 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Сакам да и помогнам незнам како....

    Проблемот е што има премала почит спрема себе па неможе да го уцени,бидејки најверојатно и е страв дека ако го уцени ке остане без него. Се сомневам дека можеш ти некако да и помогнеш бидејки според напишаново таа сама нејке да си помогне штом го трпи ваквото понашање на дечкото а нејке да превземе ништо во врска со тоа.Се додека таа сама не увиди дека таа врска не и носи ништо добро и дека тој дечко не заслужува да биде со нејзе ,никој неможе да и помогне. Очигледно таа сака по секоја цена да биде со ннего па макар и тој да ја третира како губре.
     
    На macula.93 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.805
    Сакам да и помогнам незнам како....

    Не е во ред, ама тоа си е нејзин избор. Јас да сум без условување ќе го оставам. Ако сам не се сети дека треба да ми обрне внимание, да се осеќам убаво, не ми треба таков човек. Ако му е убаво сам да излегува, нека оди слободно.
     
    На macula.93 и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Сакам да и помогнам незнам како....

    Седни ја на разговор без притисок. Нека се замисли и нека ти раскаже со кои постапки тој ја прави неа среќен. Значи не -ама го сакам, ама вака онака- туку реални причини зошто е она среќна со него. Ако навистина има такви (што не верувам) може има нешто што ти не гледаш :^) Нека направи една анализа во колку од времето што е со него (врската) она е среќна и насмеана, а колку е насекирана, тажна, обезвредувана и повредена. Биди умерена и немој да звучиш како да ја осудуваш. Покажи разбирање, убедувај ја дека ќе биде многу посреќна без него. Воглавно, слепи сме при вакви одлуки и не знам колку ќе успееш да влијаеш. Имав слична врска, знаев дека тој не е добар за мене, а само го пролонгирав времето за да му раскинам. Моментот падна, кога бевме одредено време разделени (физички, со локација). Всушност, уште во првата недела осетив олеснување. Па можеби и она знае дека тој не е добар за неа, ама пак продолжува :^) На кантарот сеуште и преовладуваат добрите пред лошите моменти. Кога лошите ќе завземат уште полошо ќе се чувствува што дозволила некој така да ја третира.
    Гледај времето што го поминуваш со неа, таа да се забавува, убаво да си поминува и да осети дека залудно го троши времето со него. :^) а не да биде притисната и од кај тебе и од кај него.
     
    На macula.93 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. macula.93

    macula.93 Активен член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    13
    Ви благодарам на советите и дефинитивно ќе седнам и ќе правам муабет со неа,бидејќи многу грдо се чувствувам кога гледам дека при очи се прави слепа(што би се рекло) и просто неможам да си дозволам од моја страна да седам со скрстени раце.Се надевам дека ќе биде подобро |( иако долго време е се едно исто.
     
  10. oneday

    oneday Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Разговарав со мојата најдобра другарка и таа ми објасни дека после тоа таа дошла во чаршија, но поима немала за тоа што се случува со сендвичот... И да ми рече дека таа не се правела како да не ме познава кога ме видела ми мавнала рака но јас очигледно не сум ја ни видела :wasntme: Инаку сега пак си се дружиме :)

    Ова беше поодамна !
    Најдобрата другарка ми кажуваше дека додека биле во Дојран на одмор со деца таа беше со две девојчиња(со едното сега цело друштво не збориме) и они замислете цело време ја зафркавале, нешто и приречувале но таа имаше таков ум си приќутуваше и се чуваше во себе (сега не е веќе таква) и стварно ме зачуди постапкава на девојчињава значи какви луѓе постојат на овој свет тоа е чудо.. :x
     
  11. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    4.838
    Пол:
    Женски
    Blabla16 во животот ќе имаш многу површни пријателства. Верувај - тоа што сега се здружила исто така кратко ќе трае. Еднаш карање, па после месеци смирување е чиста глупост. Ако имаш услови да идеш иди си на екскурзија со друго девојче те молам, ќе се каеш што не си отишла заради една користољубива, лицемерна другарка.
    Се тоа што го прави - ти мести дека си ја оговарала, тоа што те лаже за ситници, е знак дека сака да се откачи со тебе. Извини што сум груба малку, ама тоа е. И исто така, сака да и поверуваат другарките дека навистина се скарала со тебе. Била само од корист. И заради тоа не вреди веќе да ја гледаш како бившата другарка. Бидејќи никогаш не била другарка. тебе ти била важна, но ти на неа очигледно не. :worried:
    Не ја бришај од фејсбук, избриши ја од животот. Таа веќе не ти треба. Тешко е кога ќе изгубиш вреден пријател, ама оваа не вреди и знам дека ќе ја преболиш. Не заслужува да се нервираш за неа.
    Како би постапила? Би си одела со други другарки, ќе си се смешкам пред неа и еден единствен поглед нема да и упатам бре! Пишува за мене? Нека пишува и нека се смее колку сака! Знак на простоќа. Човече колку само ниско однесување. :x Ќе ја одминам и ни едно здраво нема да и речам. :!:

    Истото ми го направи другарка со која се дружев 3-4 години. После 3 месеци и текнало на типката дека ме имала мене за другарка, па ми се умилкува за пак да ја приберам. Иди бре!
     
  12. moonchild1

    moonchild1 Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    8
    Значи вака. Моја блиска другарка, во школо сме нонстоп заедно се бунеше за моја отцена. Јас добив пет, а таа четири. Многу пати и имам помагано. Сум ја извлекувала по многу предмети, со тестови, на часови и поткажувам, и таа ми има помагано, не викам не, ама јас никогаш ништо не сум рекла. И можеше да се побуни за нејзината отцена, не мораше и за мојата. Низ цело школо разгласила дека таа требало да има пет, и јас не сум ја заслужила таа отцена.
    Стварно ме збунува ова бидејќи можеше да помине без така да каже. Ако веќе посочува требаше да посочи други деца.
    Што мислите вие?
     
  13. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    и јас имав ваква ''другарка'' за се ми љубомореше ама баш за се и се изнервирав еднаш многуу и се и плеснав во лице ја прашав зошто така прави јас се радувам на нејзините оценки а она не, седнавме разговаравме, и '' се реши '' некако. Викни ја разговарајте на мирен начин нека ти објасни зошто така се понаша :)
     
    На moonchild1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. oneday

    oneday Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Повторно јас овде за помош.. :)
    Значи вака , јас имам помал брат и сега требаше да одиме во чаршија и татко ми ми рече оди ти јас ќе дојдам . Ама требаше да идам пак до дома и им реков на другарките почекајте ме или завртете некое кругче за 15 мин.ќе дојдам . И послето јас им ѕвонам и ми викаат епа ние си седнавме (у една пицерија) и викам кај сте и они епа сеа не можеме да ти објаснуваме дојди ти тука ќе не најдеш негде. И значи им реков дај почекајте ме 15 мин ја ќе дојдам одма а они отишле и ми викат епа ќе не најдеш (ќе одам ја како изгубена и ќе ги барам во пицеријата) . И пред малце ми ѕвонат и ми викат ни се лутиш и ја така како изнервирана сум кажи што ? и они ми велат епа љута си ни без врска се љутиш бчаблабла ..
    Ајде дајте ми совет што да направам јас грешам или.. ?
     
  15. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    190
    Не грешиш ти воопшто. Тие се однесуваат како да не те почитуваат воопшто. Објасни им дека круните нема да им паднат ако те почекаат нареден пат и дека тоа што го направиле те навредило многу. Ако ти се вистински другарки и ти си им битна како тие тебе, ова не би требало да се повтори.
     
    На oneday му/ѝ се допаѓа ова.
  16. moonchild1

    moonchild1 Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    8
    doglover фала ти на советот, но таа се прави како ништо да не било што дополнително ме излудува. :doh:

    oneday и претходно те читав во оваа тема и мислам дека твоите другарки воопшто немаат почит спрема тебе. Или се само од корист и знаат да бидат другарки само кога им требаш, или сакаат да те откачат па сакаат ти сама да си се потргнеш. Тоа го заклучив од претходниот случај. Но, ако мислиш дека работите не се такви какви што мислам јас биди си со нив.
    Сега, можеле да те почекаат, но не сакале. Или кога веќе седнало можела некоја да излезе да те пречека. Но, понекогаш не треба работите да се сфаќаат толку трагично. Мене многу пати кога некои другарки ќе отидат некаде јас ќе им речам ај идете вие, јас ќе дојдам за 5 минути. Може и да им кажам да ми порачаат кафе или што и да е. Требало да ги прашаш кај седите и да си отидеш. Но, јас сум друг случај и ако стварно те повредуваат нивните постапки пробај нешто да измениш во односот. Не им угодувај секогаш и ти. ;)
    Навистина ли имаш 13 години? Колку и да си, треба да бидеш малце повеќе независна - нема секогаш да имаш некој да те придружува кога одиш некаде (ти посакувам да имаш де) и немој толку се да си земаш при срце. ;)
     
  17. oneday

    oneday Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Благодарам на советите еве за среќа се се среди и сега повторно се дружиме! :)
     
  18. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Не знаев кај да прашам па ај тука...
    Имате ли некоја идеа што да и напишам како посвета на сликата од Алманахот?
    Ако знаете некој текст краток?
     
  19. SweetCandyyy

    SweetCandyyy Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Феминки ве молам за совет
    Значи вака
    Со една моја другарка се имаме уште од мали нозе бевме bff и најблиски сите тајни и ги знаев и таа мене. Еден ден отишла кај онаа прчлана од нашиот клас (секој ден плаче и драматизира демек она е жртва а уствари е најголема ку*ва :P ) и нејзе и рекла се ние ( повеќе наши другарки ) што сме зборувале за неа и сите наши тајни. Таа упорно тврди дека не е точно дека е лага а всушност полека по полека излева дека е вистина. И сега пак ни се бута као демек се кае дека ке заборави се ( всушност не разбрав што треба она да заборави ) .... збунета сум а секој ден ми е пред нос и незнам што да правам дали да и верувам или не .... уффф ќе полудам :@ :@ :@ :@ :@
     
  20. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    393
    [СДК] Сакам да кажам...

    Не знам дали на муабетов тука му е местото ама ајде да пробам. Најдобри другарки сме четири години и пријателството ни се одвиваше во најдобар правец ама пред пола година работите почнаа да се менуваат. Почна да излегува со друго друштво, престана да ме бара, да ми се јавува, да ми ги кажува проблемите или пак да се интересира за мене... мислам, сето тоа на некој начин сеуште го прави ама многу, многу ретко. Речиси не се ни гледаме. Пробав еднаш да зборам со неа за тоа и ми рече дека си измислувам и преувеличувам. Не знам веќе што да правам, зошто стварно многу ми е битна како другарка и не сакам да ја изгубам. Планирам викендов да ја викнам на спиење, дали да и кажам како се чувствувам? Дали да ја започнувам воопшто таа тема? Зошто страв ми е дека пак ќе ме откачи со тоа дека си замислувам јас.