Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми и совети во врска со пријателството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од poppie, 21 јануари 2010.

  1. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    4.838
    Пол:
    Женски
    Остави ја. Мислам дека била со корист со тебе тие четири години. Да те сакала покрај неа - ќе те викнела со друштвото. :)
     
  2. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    Јас, се дружам со една другарка скоро една година.
    И цело време сме заедно и сето тоа.
    Но, нешто ме тера да мислам дека ми прави лице.
    Незнам што ми е. Ете така се чувствувам. :|
     
  3. zaj4ee

    zaj4ee Активен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    0
    Луѓе бее дај малце помошш...!!!
    Абе што имам едни другари значи неможам да ги поднесам некои да некои не, ама повеќето не. Нешто многу се праат дека демек се нешто а усвари не се ништо. Се понашаат како деца мали од 6-7год. а они имаат околу 17 -18. Уффф многу ме нервирааат. Значи ја сум таква позатворена личност па така да не им враќам многу на тоа што ми го зборат, ја се нервирам во себе ама не им враќм тогаш кога ми зборат кога ме вреѓаат. Дај кажите нешто да ме засакаат ако може, или нешто било што дали ја треба да се променам.

    Друго нешто таке кога ќе се соберме повеќе деца и ќе си праат муабет а јас од страна ги гледам и си ќутам некако не се совпаѓам со темите што ги зборат, или ако кажам нешто све мислам дека ќе почнат да ме вреѓаат, сите ме прават дека сум наивна таке проста, ама дај кажите нешто ако има неков ваков сличен проблем па да поразговараме. ВЕ МОЛАМ ДАЈТЕ МИ НЕКОЈ СОВЕТ... !!!!
     
  4. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Другарката на која и ги имав кажано сите тајни, онаа која ја сметав и за сестра почна да збори глупости. Вели дека јас сум била дволична а јас збор лош за нив немам кажано (2 се). Незнам од каде тие информации на нив, сега ми се лутат изгледа. Им кажав дека сакам да разговарам со нив, тие кажаа дека несакат. :@
     
  5. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    јас немам среќа ни во пријателство ни во врски :tmi: и полека се помирувам со тоа дека морам сама ама морам да се искажам
    1."Другарка ми" со која бевме нон стоп заедно си фати дечко и јас последна дознав за тоа од сосема трета личност и плус никогаш го немам видено дечко и,како да го крие а веке цел месец се заедно и заедно излегуваат и иако ми се чинеше дека ништо не криеме она си работела зад грб,другите го знаат и не слушнав убави работи за него,ама кој и е крив што криеше,ама кармата си го направи своето,чудна работа,еј,иако она знаеше каков е бившиот не ми кажа тогаш,дури на крајот,е си го заслужи ова :devil: ,злобно звучам ама кармата е,не сум јас :| ,и плус отсекогаш ме копираше со фустани,со телефон,дури и лак како мојот си купи,се гледаше дека ми завидува ама нема на што :|
    2."Другар ми",роднина на погорнава,цела година и повеќе се влечкаше со нас,де на кафиња,де на излегување,и кај мене дома со другарките има идено,нели другар,и еден период му се допагав и му реков дека е помал од мене 2 год. и дека неможам да бидам со него ништо повеке од другар и ок беше се однесуваше другарски се до скоро кога запна да сме правиле муабет и синока му кажав дека несакам на фб и ми рече дека пред неколку месеци седел со еден што одев пред 4 години и овој се фалел и зборувал лоши работи за мене и други му потврдиле дека се точни,а овој што одев не ми е ни чудно ако измислил нешто ептен си беше неизживеан,идиот,одвратно створение :puke: ,и што најкриво ми стана вели по тоа што ми го кажаа ке ми е страм да одам на кафе со тебе :x и не го ни прашав што бидејки знам дека до толку одвратни работи не сум направила па да бидам страм за некој ама многу се разочарав,ептен,бидејќи долго време не сум била со некој и не е фер такви муабети да ми вадат,бидејќи сум сериозна а не некоја која ги менува како чорапи ;(
     
  6. avita

    avita Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    31
    леле ама глупо се чуствувам ама ..морам да се искжам некаде.. бидејки ако гукнам на друго место .. ке се чуствувам уште по глупо дека оговарам ама ставрно нз и како понатаму.. имам една од скоро пријателка кај што се преселивме и сега млади и така слична возраст деца имаме.. малку е е послободна за пари. т.с има пари.. но кај нејзе се е нај ок најкул нејзините деца се совршени.. ]:) што ни од далеко нее така мажот совршен кај нив се мириса ништо не смрди.. :D нз како да објасанм приметив дека со такви не можам ама . денес нз што ме натера гавол отидов за да излезме заедноо. малку.. и нејзиното синче има 7 год како и мојата помала керкича, ама има и едно малечко девојче кукличка слатко девојче..од 3 годинки.. и ја третира како принцеза . ако ја фатис за количката .. тоа врекнува да плаче и таа го теши као демек аааааа не мама не дава никој да ти ја допре .. количката .. и.т.н ја разгалува до ..немај каде. сите мајки си ги сакаме дечинјата ама .. ова нема врска со саканје .. цело време како некоја суперорност да има ..
    денес мојата керкчика .. ја погали по глава нејзината малечка и таа ауу не така, така се галат кученца погали ја по раката и јас и реков ма дај тоа нее ништо .. ја погали по главче.. да ама така ме асоцира на куче.. кучинјата се галат така ... |( . .. нз толку останав без зборови .. од каде им толку право.да се чуствуват супериорно.. ако е за така да има срека сто мазот и печали добро ама за многу работи е тапа со знаенје .. нема врска .. од општи работи, јазици или слично.. .. уф испага .. оговаранје ама искрено ми пукна.. денес .. мојава само ја погали по главче .. .. и има само 7 годинки...има милин такви случки ама ова ми е пресно така ми доага да се искажам а незнам каде бидејки ке бидам оговарачка .. ама дефинитвно треба да се дистанцирам. бев, ама ајде денес попуштив и ете иста песна ....... :worried:
     
  7. zaj4ee

    zaj4ee Активен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    0
    Дали може да ми кажете некакви совети за да ме засакаат другарките. Значи незнам уште што да сторам тие за 2-3 дена и пак ме отфрлаат. Ако знаете како да непишете нешто што ќе ми помогне да ме засакаат.... :( ;(
    Ве молам за малку помош.... ;(
     
  8. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    можеби треба да ги оставиш малку тие да те побараат први, незнам јас до неодамна имав една таква ситуација кога ново девојче сакаше да влезе во друштвото( дека другите другарки си имаат дечковци јас како сингл нај на удар испаднав некако) девојчето беше ок ама премноогу да не речам досаѓаше, да се спремаме заедно за писмени, да одамиме со нејзе на роденден кај братучеда и , да се шетаме :talk: како цел живот да е со нас :?: почна таа да ми диктира каде да ода :fubar: м( другите успешно се вадеа со дечковците) и не дека девојчето беше лошо :!: или дека не беше добра другарка, но некако јас немав толку доверба кон нејзе како кон старите другарки :worried: ( исто им сеслучи и нив, дури тие побрзо ја откачија), а таа се однесуваше како “рамноправен“ член на друштво, моравме сите да поставиме дистанца

    Не велам дека ти си во ситуација како девојчево само ти кажувам какво искуство имав можеби ќе послужи
    трпелива биди и искрена и кон себе и кон другарките тоа секогаш помага :hai:
     
  9. Puella-pulchra

    Puella-pulchra Активен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Pomegu dva ogna

    Mojot dobar drugar i mojata dobra drugarka se vo vrska. No nesakajki i nerazmisluvajki da sprecam na vreme sega se naogam pobegu niv dvajcata. Drugarot mi kazuva se za nea, duri i za toa kako ja varal..... a drugarkata normalno ima doverba i se mi raskazuva kako i toj. Site informacii se vo mene no normalno ne gi izdavam voopsto nejkam da im bidam precka vo nivnaa vrska. Devojki ke moze li sovet shto da napravam ?!? :D
     
  10. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    826
    Пол:
    Женски
    Ако можете да видите, многу ќе ви сум благодарна ♥

    Имам две најдобри другарки, порано не се дружеа ама сега се зближија.
    По мене почнаа да се другарки нели. Тие ок, си разовараат, одиме сите заедно некаде..
    Ама за многу глупави работи се караме..

    -Јас нешто неможам да направам, и едната ќе ми рече.. Ее ти така со (другата) правиш а со мене не.
    А другата ќе ми го каже за другарката друга.

    Незнам дали ме разбравте, ама ако нешто не направам, или не сум расположена и одма понуваат, едната да кажува дека работите ги правам со другата, и другата обратно..

    Дали може тука нешто некако, двете ми се најдобри, ама и како да љубоморат едната со другата кога јас ќе сум со другата.. Што да правам, ме нервираат вака.. ? :|
     
  11. Blue.Ribbon

    Blue.Ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2013
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    78
    Или не ги носи заедно кога веќе ти префрлаат за различното однесување или здружи ги некако и 2 те па да бидите 3 најдобри другарки. Најубаво зборувај со 2 те :)
     
    На Lovy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Macy12

    Macy12 Активен член

    Се зачлени на:
    3 август 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Тешко ми е! :(

    Епа вака.Имам многу добра другарка со која се дружам од 1во одделение.Еднашка почнав да ја лажам.Многу да ја лажам.Лажењето ми беше интересна работа но ни го уништи пријателството.Од кога почнав да ја лажам таа ми се скара.Бевме скарани со месеци,но и таа не беше ништо покуса.И таа лажеше,но не колку мене.По толку долго време таа ми се смири и пак сме најдобри другарки.ВО ред беше се тоа,но јас пак почнував да ја лажам.И кажав дека имам базен,дека имам фотоапарат и дека одев на градски натпревар и дека сега ме чека државен натпревар.Но и таа ме лаже-приметувам.Ми кажува дека била во центарот на некој град и дека таму имало разни овошја и дека имало извор.И др. лаги ми кажуваше.Но јас веднаш приметив дека ме лаже.Како може да има сливи,капини,кромид,малини и др овошја и зеленчуци во центарот на градот и како може да има извор во центарот на градот.Не ме интересира тоа што она ме лаже,но јас сакам некако да се ослободам од тие лаги.За лагата дека ме чека државен натпревар највеќе ме мачи.Не знам дали да ја довршам лагата или да и кажам во лице се.Но ако и кажам таа ќе ми биде засекогаш лута,но ако не и кажам некако нема да дознае,а навистина ја сакам и сакам да се дружам со неа.За неа не ме интересира дали ме лаже или не.Можеби ако јас престанам и таа ќе престане.Што велите.Да ја довршам лагата и да не се дознае или да и кажам се во лице и да ми биде засекогаш лута???Ве молам пишете зашто веќе паѓам во депресија и многу ми е тешко :( ;(
     
  13. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Тешко ми е! :(

    Ха ха ..кажи и дека си била на Марс :lol:
     
    На DeepBlue му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Тешко ми е! :(

    Почна зборот "лаже" да ми одѕцвонува во главава одкако го прочитав текстов. :mp: Колку пати ли е спомнат :lol:
    Не си требала да лажеш,поготово не за вакви непромислени работи.Ни ти ни таа.
    Вие лажете за глупости од што немате што да правите.Најдобри другарки,а од друга страна се натпреварувате која повеќе лаги ќе каже.
    Подобро да престанете,т.е да и ја кажеш вистината.Зошто ова ќе оди до бескрај,а во ничија полза.
    Ти си требала да престанеш да и кажуваш невистини одкако сте си дале втора шанса.Напротив,ти си продолжила со истото,знаејќи како ќе резултира.
    Кажи и ја вистината.
    Извини се. ;)
     
  15. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Тешко ми е! :(

    Искрено незнам зошто си почнала да лажеш.Ама ајде нема да збориме за нешто што поминало.Сепак и двете сте лажеле за безмислени работи.Најдобро ќе биде да и признаеш дека си ја лажела. :)
     
  16. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Тешко ми е! :(

    Абе кажи дека директно си прво место освоила..штом толку си се трудила за државен... :D
     
  17. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    Тешко ми е! :(

    fake and gay
     
    На Konfetka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.456
    Пол:
    Женски
    Тешко ми е! :(

    Прво , не си требала да лажеш ама ајде биднало нема назад. Мое мислење е да и кажеш за сите лаги.
    Пријателство се заснова врз доверба и блискост, а не лаги.
     
  19. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.515
    Тешко ми е! :(

    Мораш да се соочиш со вистината во очи.
    Исповедај и се директно:
    види вака и вака, јас не сум била за ова и она ја прекрив вистината (не мора да и кажеш: те лажев) итн. се сомневав и во тоа ти што ми го рече. ајде и двете да прекинеме со лагите и да продолжиме да се дружиме без лаги.
    од оваа ситуација може да извлечеш две опции
    или ќе се смирите и ќе симнете огромен товар
    или ако ти и признаеш а она не, ќе сфатиш на што си, иако убаво сте се дружеле, она пак испаднала лажга, така да, ти ќе си најдеш други другарки (без лаги, молам...)
    мора да ја прифатите реалноста каква што е, не може секој да оди во убави градови и на државни натпревари, ако сте вистински другарки, една со друга ќе си се тешите и ќе си давате подршка една на друга, и покрај тоа што не сте на ’врвот’... ако ме разбираш...
    се најдобро ти посакувам :)
    иако постов ми личеше малце глуп
    мислам дека си 12 години по тоа: Macy12, и ако има вистина во ова, се надевам ти помогнав
     
  20. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    Тешко ми е! :(

    а што била поентата во тие лаги? :fubar: цц...пробај нареден пат да основаш пријателство на вистини а не на лаги ;)