Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми и совети во врска со пријателството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од poppie, 21 јануари 2010.

  1. diamondss

    diamondss Активен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    7
    Како да најдам друштво?

    Најдобро би било да бидеш искрена со нив. Кажи им слободно дека сакаш да се дружиш со нив. Ако после неколку излегувања се е океј продолжи да се дружиш со нив, ако не тогаш спријатели се со некој друг. Се надевам дека помогнав! ;)
     
  2. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Како да најдам друштво?

    Отворено, исакжи си го твојот став и твоите карактеристики и тие ќе си ги искажат нивните. ;)
     
  3. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    231
    не ти е другарка и не ти треба во животот, скоро повеќето од нив така прават и на крај ќе дојде да се заборавите и ни по телефон да не се слушате...имав таква една бев нејзин поттрчко ја третирав како сестра и на истиот начин како тебе ми рече фала на крајот :!:
     
  4. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Абе, мене ми е некогаш смешно, некад тажно. Некои работи што ги прави стварно се за греотка.
    Сирота, ама стварно. Ептен се опседна....Пак со тоа пусто прстенче..да не ми купи, ми рече....ова она, вака така.
    Леле луѓе....едвај чекам, се молам да ја запроси, не за друго, јас да се спасам од таа тортура.
    Ко само она да е таа која ќе се мажи, ко само она да има дечко.
    А уште по жално е што не бира каде и што збори, се бламира самата себе.
    Но, сеедно. Како и да е одамна го исцрни образот кај мене.
     
  5. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    sunshine, одалечи се од неа.Не ти треба, пушти ја нека збори, нека се секира и чувај си ја твојата врска понастрана од неа па и воопшто од други.
     
    На Sunshine88 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lalamala

    lalamala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Воопшто не се замарај, терај си го животот, ако она нема време за тебе и ти не го троши времето на некој што не заслужува... сум сменила мн другарки од истата причина... едноставно не го знаат вистинското значење на поимот другарство...
     
  7. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Мојот проблем е мојата најдобра другарка.
    Станата е неподнослива. :doh:

    Се однесува како 24/7/365 да е во пмс.
    Да напоменам:
    има убава работа, со убаво работно време, добро платена, има дечко кој е потрчко по неа, ја сака и почитува, таа го команда како сака, си живее во свој стан до станот на родителите, родителите и се супер, си го тераат нивното, никогаш не и се мешаат, ама баш за ништо, сега и купија кола.. Значи треба да е презадоволна со тоа што го има на нејзини години.
    Но, ние кои сме многу понесредени со животите сме повесели и посреќни од неа. :^)

    - Цело време е лута. Пола збор не можиш да и речеш нешто, дури и за убаво. Одма се лути, се мурти и не прави муабет два дена. ЗНачи 10 пати во себе се мислам пред да кажам нешто. Се и пречи.
    - Цело време се зајадува. Купив нова ташна, ми вика: ај колку е грда, прегрда е. (А, не дај Боже нејзе да и речиш така) И општо, само нешто те навредува, за личен изглед, за било што.
    - Со сите кои ќе ги сретниме е жив намчор, не знае со убаво да се поздрави, превртува очи, се прави паметна во муабет, ги омаловажува другите, демек тие се глупави, само таа знае.
    - Наредува каде ќе се оди, колку ќе се седи, честопати откажува излегување, презакажува. Таа е главната за тоа.
    - Откако ќе те изнавреди и изнервира се лути ако и ти си станал лут. Значи јас не смеам да се лутам. Само таа смее. Ако се налутиш за нешто, таа ти се лути уште повеќе и пак два дена не ти прави муабет, ја нема.
    - После тие два дена се прави како ништо да не е, таа е најнасмеана, најрасположена. Ама тоа кратко и трае. После пак е истата.

    Мене ми е најдобра другарка, но имаме заеднички другарки и разговарав со нив, сите го приметиле ова кај неа. Кажуваат дека и кон нив е многу дрска и безобразна.
    Битно е дека порано не беше ваква !!!

    Неколку пати се обидов да разговарам, ја прашав дали ја мачи нешто, дека никој не е должен да ја трпи ваква. Но нејзе не и беше гајле за муабетот и уште толку се налути зошто сум и рекла.

    И гледам дека проблемот не е во тоа дека таа има проблем, туку едноставно во неа си има некое незадоволство, песимизам (некои луѓе по природа се такви).

    Што мислите, како да постапувам со неа ?
    Вака веќе не можам, немам енергија, исцрпена сум, јас сум предобра кон неа, да е друг не ја трпи вака. И секое излегување го упропастува. :x
     
  8. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    960
    Допаѓања:
    4.031
    Пол:
    Женски
    ^
    Познато ми е ова силвер и јас имам ваква другарка која што за секоја ситница се кара ама баш за секоја. Наеднаш се промени и ми беше чудно но после 2/3 недели дознав дека имало добро оправдана причина и кога го реши проблемот се врати истата па дури и ми се извини.

    Но кај тебе е чудно што таа нема некои поголеми грижи а сепак се однесува така :^)
    Според мене најдобро е повторно да зборувш со неа на мирен начин и да и објасниш дека е значително променета (можеби она не го забележува тоа) и да ја праша што е проблемот може има некој проблем но не го кажува на никој, или во врската не е и е сјајно баш ама не може да каже на никој. Одкога ќе разговараш со неа на мирен начин ако повторно таа се доенсува агресивно тогаш распрашај се наоколу прашај ги нејзините родители оддалеку или нејзинот дечко.
    Сигурно постои нешто зошто таа се однесува така, бедејќи предходно не била таква.
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Girl3105

    Girl3105 Нов член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Многу ме нервираат такви типови на луѓе имав и јас една таква пријателка се таа знае само се лути,најубавите работи она ги има никој друг ништо убаво нема (а богата е) безобразна абе карактер за нигде и јас ја трпев така како ти сега викам ајде ке се смени така 1 година ама веќе кога ми дојде преку глава се и изнакажав и откако и го кажав сето тоа а и другите пријатели што се дружат со неа девојчето се смени стана фина,добра,забавна јас прво неможев да поверувам што се случи наеднаш со неа.И сега сме во контакт а тоа се случи пред 2 години.Така да најубаво ќе биде да зборуваш со неа да и кажеш што ти пречи таа да ти каже ако има некој проблем можеби нешто се случува во нејзиниот живот но ако таа си се однесува така затоа што така ќе и текне е тогаш не вреди да зборуваш со неа. :)
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Имам една соученичка во клас која незнам кога ми е другарка, а кога не.. :(
    Денес на пр. ми седна на моето место на часот по македонски за да ме нервира, а после ја гледам ми ја земала ташната и јакната да ми ги однесе да не сум се мачела јас... незнам дали е тоа умилкување...
    Незнам веќе како да реагирам со нејзе! :@ Во повеќето време ја игнорирам, но таква злоба... ме излудува!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! :doh: :( ;( ;( ;(
    Помош? :worried:
     
  11. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Не си земај се на срце... умилкувај и се и ти. Кога ќе сака да те нервира нервирај ја и ти и ако некогаш те праша зошто се однесуваш така спрема неа кажи и '' Кој како си ја наредил '' . И уживај ;) :D
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Силвер и ја имав ваква другарка.Значи лепотица е,сите момчиња трчаат по неа и богата е.Ама незнае да направи муабет.Цело време те гледа ти превртува очи и навредува и се е нешто контра.Ова најчесто го прави во друштво а,пак кога е сама и нема никој одма трчаше по сите и онака фина е се најдружељубива е готово.Мене веќе почна да ме нервира и не ја фермам.Ваквите луѓе си имаат проблем со себе а,од искуство говорам колку е напорно да имаш ваква другарка околу себе.Мој предлог ти е да ја оставиш.Ако стварно и значиш нешто ќе престане со тоа однесување и ќе те побара ;)
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Па тоа е проблемот, што нема реален проблем.
    Изгледа дека кога на некој му е се нагодено, почнува да се занесува, да се прави главен, па и уште мрчи над сето тоа.
    Само не знам до кога би можела да го толерирам ова кај неа... Изгледа додека имам нерви. :^)
     
  14. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Потполно ти се пронаоѓам во постот. Мојата најверна другарке е едноставно таква, а лошото е што порано не беше таква, беше доста позитивна личност да ти е мерак да седнеш со неа да разговараш. А сега, посебно откако се фати со дечкото нејзин, тој се и удоволува, плус таа го гази и мисли дека спрема сите може така да се однесува.

    Порано еден ден да не ја видев ми фалеше, а сега се гледаме колку ради реда, и и кога одам да ја видам нозе ми се враќаат од што е направена емоционален вампир и цела позитивна енергија ми ја исцедува, потоа глава да те боли една недела. Се нешто не и чини, се нешто нема, се никој не чини, сите и сметаат. Не знам.

    А не сакам пример да се оддалечам зашто ми е другарка цел живот од мали, ама едноставно ненамерно го правам тоа. :?:

    Стварно не знам како да постапам, ако и одиш по газот ќе те гази, ако и се контраш ќе се налути и инает ќе ти води ќе ти прави сплетки. Бог знае што и се случува. :|
     
  15. SwiFtiE-7330

    SwiFtiE-7330 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Епа ајде и јас да си пишам за мојов проблем. Имам споменато за една „другарка“ во други мислења и дека многу ме нервира. Бевме 6 во друштво и таа кога дојде 7. Ама проблемов е што од кога дојде таа ништо веќе не е исто. Караниците се зачестија, исто така и спротивностите меѓу нас. Но другите сметаат дека тоа не е поради неа туку поради мене. Зошто? Таа се прави паметна, си мисли дека се знај и ништо не можиш да и речиш што би било спротивно од она како што таа мисли. Ме навредува без некој посебен повод или причина. Толку е дрска и безобразна понекогаш што ме тера да си заминам од друштво. Но тоа не е најголемиот проблем. Најголемиот проблем е што ги свртува другите од друштвото против мене. Од кога знам само нешто контра оди од она што ќе го кажам, се со цел да докажи дека таа треба да го има главниот збор и дека таа е „паметната“. Ги осудува моите избори и мислења, дека биле „поразлични“ од тоа како нејзе и одговарало. А таа не е ништо освен лоша копија на другите од друштвото. Се што сакаа тие и таа почна да сака, да прави. Со еден збор, копира. Се глупира пред луѓено, си мисли дека е смешна а всушност за жалење е. Но порано таа не правеше вака. Се промени. Да си речам, ај поради страшна случка што доживеа ваква е. Ама, ако беше заради тоа, ќе го променеше односот кон сите, а не само кон мене!! Не знам, поради некоја причина и сметам, не ме сака во друштво. Тие ми се единствените добри другарки, ако го напуштам тоа друштво мислам дека ќе бидам сама. Потрагично е тоа што на другите од друштвото воопшто нема да му смета ако заминам, туку напротив, ќе се израдуваат. Се докажа тоа вчера. Кога велам дека заради неа не сакам да излегувам нив се им е ок. Едноставно не им е грижа дали ќе заминам или не, сеедно им е. Секој пат кога ќе ги викнам за негде да одиме тие секогаш одбиваат. Наоѓаат некои изговори. А тие кога ќе речат за одење негде мора да се оди. Никогаш, никогаш не биле со мене во тешките моменти за да ми помогнат. Зар овие се вистински другарки? Не, тие се само другарки кои сакаат да те искористат. Не можам повеќе да излегувам со нив, смачено ми е да бидам навредувана и отфрлана. А кога им требам за нешто светици ми се прават. Епа нема повеќе така. Попрво би била сама отколку со лажни другарки кои сакаат само да ме искористат и после како да не постојам. Збунета сум, не знам каков чекор да направам. Дали треба да ги напуштам? Со години бевме заедно, но се се промени не е веќе како порано. :(
     
  16. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.958
    Допаѓања:
    90.248
    Пол:
    Женски
    Да кажам и јас дел од нешто што ме измачува т.е ме нервира
    Другарка ми (од градинка заедно сме основно гимназија факултет цело време нон стоп заедно ) значи се знаеме една за друга што како. Таа е малку хм како да кажам ... завидлива т.е љубоморна сака во се да е прва.Ок е тоа не ми сметаше сепак треба да се докажеш а не да мислиш дека секогаш може да си пред сите . Е сеа пред година време се омажи т.е остана трудна се верија имаат мало бебче убаво им е и многу ми е мило искрено што е срќна.Живееме пак во исто место значи не сме далеку почна да оди на работа си формира семејство како што викаат куќа на глава не ја обвинувам дека не е слободна како што беше порано,но станавме далечни...
    Значи не сме седнале да муабетиме можеби повеќе од пола година а така на кратко се среќаваме , не се слушаме како порано што бевме се на телефон.Тоа ме нервира ... јас повеќе немам доверба неможам да правам муабет со неа како порано неможам да и се доверам а незнам и што да ја прашам како што па после толку време што не сме се виделе како да знам што и се случува .Морам да напоменам дека јас и бев онака единствена другарка што и беше поблиска не се дружеше со други.
    Вреди ли единствената другарка да се запостави на таков начин .... :(
     
  17. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Silver.E и De-lovely изгледа сите сме имале или имаме по една таква. :lol:

    Целосно ве разбирам. И јас имав најдобра другарка со која бевме заедно од бебиња буквално. И живееме куќа до куќа. Само што кај неа проблемот беше што она отсекогаш беше таква. Превртлива, љубоморна, сакала да команда, она да биде на врвот, она да биде најубава, сака да те зафркава (да не речам исмее), а неа ако само помислиш веднаш ќе го крене носот. Исто како кај Silver.E и мојата така правеше, ако јас нешто се налутам она исто ќе се налути зошто јас и' се лутам. Абе страшно било. Неподносливо. Идеше до крајни граници. Не се трпеше повеќе. Љубоморна беше ако јас имам само 10 денари повеќе во џеб од неа. И цела вечер лута. Јас ја познавав и одма ми беше јасно за што точно е налутена. А најтрагично било што она секогаш имала повеќе финансии од мене. И кога почнав да работам беше врвот. Јас со повеќе пари во мене, си купив некои работи што отсекогаш сум си ги сакала, а не сум можела да си ги дозволам, а не било којзнае што. Божем јас ауди паркирав во двор па има причина да биде љубоморна. Сум си купила едни поубави обувки или некоја поквалитетна козметика што сум ја сакала од претходно. И за тоа беше љубоморна. Плус згора на сето тоа во истиот период почнав со дечко ми и од тогаш веќе не се поднесуваше нејзиното однесување. Не сакав, ич не сакав да се одалечувам од неа, не сакав да излезе дека фатив дечко и ја откачив, па затоа секаде ја викав со мене, ни на дечко ми не му сметаше, секаде буквално секаде сме сакале да доаѓа, да се дружиме ама џабе. Толку стана негативна личност што дури почнаа да и' сметаат насмеани и среќни лица околу неа. За секоја другарка што беше среќна имаше некоја замерка. Страшно. На крај ми пукна филм и реков "крај". Толку. А кај мене кога ќе речам "крај", значи "крај" и светот да го преврти нема да ме врати назад. И не сте свесни кое олеснување ми дојде. Не сте свесни. Дури тогаш сфатив како влијаела на мене. Колку негативна енергија сум впивала од неа. Сум била напната. Што вели De-lovely нозете ми се враќаа кога идев накај неа. Буквално. Не ми се стапнуваше таму. Кога ми вртеше на телефон желудник ми се превртуваше. Си мислев "Што ќе и' текне сега следно?". Само би ви рекла и би ве посоветувала прво да се потрудите да го решите тоа, поразговарајте, бидете си вие со чиста совест ама ако нема резлутат свртете се и заминете си. Немојте да бидете до луѓе кои не ве прават среќни. Нека годините поминати заедно и моментите не ви бидат пречка. Во ред, и јас сум имала убави моменти со неа, сме поминале се' и сешто заедно, сме поминале толку лоши моменти, а и толку убави, ги знаела сите мои тајни и јас нејзините и криво ми е, навистина ми е криво што така излезе ама јас лично знам дека направив се' да го спасам тоа што остана од едно убаво другарство, ама не добив позитивен одговор. И кога некој не се радува на мојата среќа тогаш што останува понатака за мојата тага. Тоа е тоа, живот. А моите колку само ми збореле за неа, колку пати се имав карано со нив, абе куќата сум ја превртувала. Посебно татко ми секогаш ми велеше за неа дека не е личност за мене, дека може многу да ми наштети, да се пазам од неа, а јас нее, што ви е на вас бе, супер е она, а потсвесно знаев дека е вистина и си се пазев па затоа не дојде до степен да ме изигра како што направи со некои.
     
    На De-lovely и Silver.E им се допаѓа ова.
  18. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Aбе луѓе, па вие се дружите со нив. Била таква била онаква, тоа ви сметало, она ви сметало. Па што едноставно не бидете отворени и кажете си што мислите, што толку ве мачи. Барем тоа е ваш избор, значи ви самите бирате да се дружите со нив. Да речам да се работи за семејство, да разберам, ама ова никогаш. Упорно да се дружам со некој што придонесува да бидам несреќна и нервозна. Епа, никој не е незаменлив.
     
    На De-lovely и Daydream им се допаѓа ова.
  19. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    ^ Се согласувам целосно. И јас еден период кога сеуште немав доволно зацврстен карактер и бев мала си мислев дека не е убаво тоа туку така да заврши, толку долго сме се дружеле, ама па се' си има граница. Не може некој да ме прави будала во здрав мозок. И морам да напоменам дека никогаш не сум зборела со други, никогаш не сум ја оговарала со некоја другарка која на двете ни била исто блиска туку си седнав со неа еднаш, два пати, три пати смирено и' објаснив, ама џабе. Мојот труд немаше позитивен исход. И си реков тоа е тоа. Баш така, никој не е незаменлив. Па не можам јас да превоспитувам некој на негови 20 години. Чао, пријатно, убаво беше додека траеше и тоа е тоа. Научив со текот на годините да ги елмининирам луѓето кои очигледно не ми мислат добро.
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.958
    Допаѓања:
    90.248
    Пол:
    Женски
    Jас се согласувам со оваа твое мислење, не се замарам јасшто пример она си тера живот океј тоа туку си мисли дека сеуште сум тука кога ќе и затребам.Значи не сме муабетиле пола година што ќе ми е твојот муабет после толку време ? Не и кажувам ништо она самата нека свати што и како што сум јас тука да ја подучувам како треба.Арно викаше баба ми дека секој си гледа за себе дали другарка пријател сите си гледаат пред себе , ретко има некој што е тука секогаш
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.