1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми и совети во врска со пријателството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од poppie, 21 јануари 2010.

  1. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    како да ја тргнам од мојот живот

    Не и отварај врата :D :D
    Сериозно, прави се дека не си дома или кажи и дека ќе ти дојдат роднини, дека имаш за учење, дека треба да одиш некаде...Неколку пати по ред и ваљда ќе сфати ;)
     
  2. tweetygirl

    tweetygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    10
    како да ја тргнам од мојот живот

    И тоа не помага денеска кога ми се јави и кажав дека вујко ми и вујна ми ќе доагаат на ручек... потоа мајка ми ме прати да купам тоа што и треба за да спреми ручек ко се вратив она беше кај нас :envy: си помислв ај ко ќе дојдат ќе си оди но не тие дојдоа и седнавме да јадиме и таа си седна со нас а ја с не сум таква да речам нешто не ми е за јадењето али ко ќе се рече фамилијарен ручек мислам дека само семејството треба да е на маса а не и другите :envy: :envy: :envy:
     
  3. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    како да ја тргнам од мојот живот

    Имам и јас ваква другарка (можеби е истата :?: )
    Само што мојава другарка не се продава за пари, барем јас така знам.
    Имав и јас проблем како твојот, останува кај мене со часови а немаме тема на муабет. Молчиме и двете а нејзе тоа не и пречи воопшто.
    Згора на се, си бара да јаде, обавезно кака кај мене, чорапите и корнат уште што не ми има предложено да се пресели.
    (Леле можеби некој ќе си каже еба*и другарките) ама се си има граници. Ова станува тортура.
    Јас почнав да ја избегнувам тотално. Не враќам на пораки, кога ќе се сретнеме и кажувам дека моб. ми е исклучен поради не платени сметки. Не и враќам на титките, не и кревам слушалка. Ги терам од дома да лажат кога ќе заѕвони на врата дека не сум дома.
    И еве сега се средија работите. Се одлаечивме, добро е што не се скаравме бидејќи не сакам да си создавам непријатели. Едноставно се одалечивме.
    Пробав да и објаснам без да се навреди, ќе се намурти во прв момент и за кратко време се заборава што сум и кажала.
    Знам точно каква тортура ти е. Мој совет ти е ако е малку разумна направи муабет и се кажи и отворено. Ако сметаш дека залудно е тоа тогаш дистанцирај се. Избегнувај ја. Повлекувај се малку по малку.
     
  4. tweetygirl

    tweetygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    10
    како да ја тргнам од мојот живот


    Tочно истата ситуација како и тебе но ние за жал немаме ѕвонце па таа си влегува слободно кога и ќе посака... инаку твојата "другарка" си ги соблекувала патиките а оваа не така си влегува ко да е дома :envy: :devil:
     
  5. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    како да ја тргнам од мојот живот

    Да, се согласувам со Битер. Кажи и дека не сакаш повеќе да се дружите. Крај на разговор, ни да и објаснуваш ни да ти објаснува :)
     
  6. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    како да ја тргнам од мојот живот

    Јас имам слична ситуација. Се знаеме од малечки, живееме во иста зграда, и како мали бевме нераздвојни, но сето тоа се промени некаде во осмо одделение кога и таа самата се промени. Старото друштво веќе не и беше битно, а кога почнавме прва година ептен се промени дури сега не знам која е и што е. Е сега проблемот е што секојдневно ме вика да одам кај неа или кога ќе дојде кај мене само ме замара и не знам како да ја откачам, секогаш измислувам некои работи за да не се видиме, бидејќи стварно не сакам да се дружам уште со неа, едноставно веќе ниедна работа не не поврзува, немам што муабет да правам со неа, а уште повеќе ме нервира кога ќе се јави да ме праша да и позајмам нешто. И многу пати била на целодневна кај мене, јадела, пиела, спиела, одела во веце, едноставно не се прибрала дома иако живее над мене, а јас кога ќе отидам кај неа ја мрзи да ми донесе една чаша вода, а никогаш да ме послужи со нешто, многу е скржава и она ќе си пие сок (од претходно што си го донела) а мене не ме ни прашува дали сакам. И колку и да ја откачувам, таа е упорна, секој ден ми пишува пораки, ми се јавува, ми ѕвони на врата, мајка ми колку пати и рекла дека не сум дома, таа пак и пак и пак ќе ме бара, а не сакам право во лице да и кажам дека не сакам повеќе да се гледаме, бидејќи нема шанси да не ја сретнам и глупаво ќе се чувствувам. Ми остана само да се надевам дека самата ќе сфати.

    А тебе ако не ти е глупаво, кажи и во лице што мислиш и како сакаш да се одвиваат работите. Искрено таа е бетер од мојава „другарка“ и стварно не личи така да се однесува. И со среќа, се надевам дека ќе се подобрат работите. :)
     
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    како да ја тргнам од мојот живот

    А да си заклучувате врата? :D
    Ауу стварно не знам како ја трпиш, алал ти вера. Јас одамна клоцата ќе и‘ ја имав мавнато ]:)
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    како да ја тргнам од мојот живот

    Мислам дека најдобро е кога следниот пат ќе дојде кај тебе да седнеш ти со неа и да и кажеш шо како е, да си ги расчистите работите па и да ти се налути нека ти се налути па дури и утре да немате ни едно здраво ако таа не сака, ама тебе ќе ти биде мирна главата.
    good luck ;)
     
  9. SexyPrincess

    SexyPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    132
    како да ја тргнам од мојот живот

    е согласувам со The Queen ;)
     
  10. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    како да ја тргнам од мојот живот

    Кажи и отворено дека ти смета што по цел ден ти седи дома, дека сакаш да се одалечите, дека не сакаш толку многу да се дружите. Стварно не знам како ја трпиш ниту пак не можам да сфатам како некои луѓе толку немаат осет.
     
  11. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    775
    како да ја тргнам од мојот живот

    и јас имав таква досадна другарка..... :puke:
    фала богу се спасив од нејзе... долго време се мислев како да ја оттргнам од мене и на крај реков дека единствен начин ќе биде да се скараме... си направив една приказна и и реков дека сум слушнала дека таа зборувала лошо за мене, дека ме озборувала, дека велела дека сум курва итд... ама колку изнервирано и го кажав тоа не сум нормална 8) :D ... она се правдаше ама јас и велев дека несакам да ми објаснува и дека повеќе несакам да се дружам со дволични девојки... ]:)
    знам дека ова не е најдобар начин ама морав така да направам :lol:
     
  12. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    како да ја тргнам од мојот живот

    Абе твит па и ти многу се замараш ќе те сфатев да сакаш да ја откачиш ама нејќеш да ја загубиш ама вака |( Кажи и отворено се дружевме што се дружевме повеќе не ми одговараш многу работи ми сметаат кај тебе едноставно повеќе гледам дека не можеме да се дружиме и покажи и ја вратата баш ти е гајле како тоа ќе го сфати нејзин проблем , и немој ни минута повеќе да ја трпиш пд проста причина што не знаеш како да ја решиш .... Позз :*
     
  13. tweetygirl

    tweetygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    10
    како да ја тргнам од мојот живот

    А да си заклучувате врата? :D
    Ауу стварно не знам како ја трпиш, алал ти вера. Јас одамна клоцата ќе и‘ ја имав мавнато ]:)[/quote]

    Само јас си знам како ја трпам :devil: а инаку он ако ке дојде јас ако сум тргната кај некоја другарка не вика ај јас да си одам си останува со мајка ми си гледа телевизија :envy: :envy: :envy:
     
  14. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    70
    како да ја тргнам од мојот живот

    А на такви луѓе да не им фали нешто во мозокот??? Како може да дојде да седи цел ден и муабет да не прави??? Мене така да ми се случи прв и последен пат ќе ми биде така да направам, ама некои луѓе изгледа немаат осет ]:) :devil:
     
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    како да ја тргнам од мојот живот

    Е па немаат домашно воспитание!Прво од дома како не ја побараат каде е, што прави...па како така седи кај некого по цел ден...??Е, нема родители...и тие такви и ќерката таква.А јас пак не знам како ја толерираш толку време ти, а после и твоите дома??Ако не можеш ти тогаш татко ти или мајка ти зашто молчат?Кратко и јасно и многу едноставно ќе и кажеш во лице дека така повеќе не може, дека дома си имате ред и на тоа кој доаѓа кај вас, колку останува итн.ќе и кажеш дека не ти се допаѓа што нема осет ни за време, ни за простор.На крај ако треба кажи и дека едноставно не гледаш дека вие две може да останете другарки затоа што немате заеднички работи и не ви се согласуваат карактерите, потребите, размислувањата итн.Аман немој и ти да ја толерираш уште, со време расчисти и да ти е мирна душа.
     
  16. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Како да ја тргнам од мојот живот

    арно сите ти велат не и отварај врата ќе се откаже.

    ај со другарка ваков проблем, а да го имаш истиот со 40 годишна пријателка на мајка ми што може мајка да ми биде? како јас што имам кога ќе останам сама месец денаи и ми досаѓа секој ден и диши у врат за да и дојдам на кафе, па ми доаѓа, замисли ако не сум дома и ме прекорува зашто сум излегла а не сум дошла кај неа и на мајка ми и полни глава дека сум била вообразена, :^) хммм што барам јас со 40 годишна жена кафе да пијам :^) и да се дружам, што чуден е народот денес... :fubar: , но затоа јас си имам тактика не и отварам врата, па нека збори што сака на крај се откажа и не ми доаѓа.
     
  17. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Како да ја тргнам од мојот живот

    Како не ти пречи да ја загубиш тогаш отворено кажи и‘ дека не сакаш да се дружиш со неа и дека ти пречи нејзиното целодневно престојување кај тебе дома. И толку. Ако има и грам мозок ќе сфати.
    Инаку, тоа е одлика на домашното воспитување. Па кај и‘ се родетелите кога ја нема да прашаат за неа? :o
    Треба малку да си ја приберат. Таа знае дека не ја бараат, дека не им е гајле каде е и што прави, па ај ќе се тапосам, што ми егајле...можеби мисли сите се како неа...Се има по светов.
     
  18. elka-zelka

    elka-zelka Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Совет!!!

    Веќе подолго време размислувам на една тема и никако да дојдам до решение.
    Не знам дали само мене ми се случува или има и други.
    Значи, освен што идам на факултет и што пијам кафе со другарките дома, друго ништо не ми се дешава.
    Не излегувам често, ок тоа е резултат бидејќи немам доволно пари. Со другарките сум 24ч и веке и самите приметуваме дека еден ден ке се изпотепаме, премногу ни е досадно. Да отидеме да прошетаме, само се изнервираме, бидејќи сите премногу се изнадотерани и како да живеат во Холивуд и само се изнервирам. Другите другарки што седат во Студенски дом им е поинтересно, им се дешава секој ден нешто. На мене, цимерката и друрака една ништо не ни се дешава. Многу ни е монотон шивотот. Сите три имаме дечковци, но во последно време не можеме и нив да ги трпиме. Се не нервира околу нас. Немаме воља за ништо.
    ШТО НИ СЕ ДЕШАВА?

    Сакав ако има некој некаков совет или идеа, како да го промениме ова, да ни пише.
    Поздрав
     
  19. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Совет!!!

    Па тоа дека се сте изживеале и веќе не ви е интересно. Почнете и вие да одите по студентски и вие убаво ќе си поминувате. Во студентски секогаш се прават добри забави.
     
  20. cuculce1984

    cuculce1984 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    6
    Како да ја тргнам од мојот живот

    Никогаш не сум имала таква другарка ниту пак јас сум таква :D ама читајќи го се ова што го имаш напишано ми дојде една идеа.
    Дали некогаш си се запрашала зошто таа постапува така? Дали ти воопшто знаеш каде таа живее, како живее, дали дома има постојани караници помеѓу нејзините, дали постојано вика некој по нејзе, дали некој ја малтретира? Можеби причината што таа е постојано кај тебе е далеку поголема отколку што мислиш.
    Јас мислам дека пред да и изнакажеш дека не сакаш да се дружиш со нејзе веќе треба да ја прашаш дали има некој пробелм дома и ако ти рече не (или ти веќе знаеш дека нема) тогаш можеш слободно да ја избркаш :)
    Незнам можеби грешам .....