Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми и совети во врска со пријателството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од poppie, 21 јануари 2010.

  1. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    Сакам да чујам ваше мислење: мм има многу другари, но 1 од нив јас не можам да го поднесам, антипатичен ми е. Се тој е во центар на внимение, се тој знае, фалбаџија е, влегува во конфликт кога некој нешто ќе му противречи, си ја вара девојка му сите знаат само таа не (кај и да е ќе ја бара за жена) итн. Мм и останатите другари си го знаат каков е и не се замараат толку со него, но мене ми смета, бидејќи мислам дека ќе го побара маж ми за кум. Како да му кажам на мм дека не го сакам, а да не се налути? Што мислите?
     
  2. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.958
    Допаѓања:
    90.248
    Пол:
    Женски
    Па кажи му отоврено какво е твоето мислење за него тој не треба да се налути по тоа што ке му го кажеш ти според мене... Кажи му со време за да не ти биде криво во иднина,сепак изберете го кумот заедно :lol:
    Познавам и јас такви луѓе (самобендисани јас така ги викам) и многу ми се антипатични
     
  3. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Силвер насекаде ги има ваквите.Оваа мојата исмејува,љубомори а,кога нема друштво лепушка е.Наместо да ја толерираш поразговарај со неа.Ако не најдете заеднички јазик како што напоменав не ти требаат вакви слободно откачи ја :)
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  4. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Абе сум разговарала јас со неа, ама ако и речам нешто одма ми се лути и реагира како мало дете. Е како демек сега така ништо не правам јас. Финтава Самер е што како што рече Силвер, нема некоја причина, или нешто што таа го прави специфично, за да и посочиш, едноставно е многу негативна и себеориентирана, веднаш да ти падне психа при разговор.

    Ќе пробам да разговарам со неа да си бидеме начисто, а ако не биде сега тоа е тоа. Фала ви за советите и Самер и Дејдрим, само ми е криво зашто го потврдивте она кое не сакав да биде. :) :hug:
     
  5. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    Ние си имаме кум, но мислам дека тој нас ќе не избере, сега кај и да е ќе се жени, а јас не сакам, едноставно го неќам, не сакам да бидеме блиски, не е добра личност. Другари гледање од време на време ок може, ама кумови не сакам да ни бидат. Пак тоа е некој вид на побратимство. Не е крвно сродство, но некако треба да ве зближи...Не знам дали сум јасна што сакам :lol:
     
  6. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.958
    Допаѓања:
    90.248
    Пол:
    Женски
    Ааааа јас мислев па вие нив да ги изберете :D сориии :D Епаа за оваа незнам совет хахаха ако ве побара тој вас мислам дека нема да му биде згодно на маж ти да го одбие ... ако веќе долго време му е другар :worried: еееј абе ај може па ќе го заскаш човекот што :D
     
  7. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Имам разговарано многу пати, ама џабе. Се лути. Ми вели немам никаков проблем, не драматизирај, ваква сум секогаш, ти да не си поарна... :^)
    А, кога и треба или сака нешто е најубавата личност. :tmi:

    Имам и јас свои проблеми, но никогаш не се истурвам над неа. Знам да се пожалам, ама само толку.

    Таа од секоја ситуација прави скандал. Едно излегување нема на раат. Мора нешто да драматизира, да изведува како мало дете, да се препира, да превртува очи.
    Некогаш буквално се осеќам како да сум излезена со мало тврдоглаво дете на кое мора да му угодам за да не плачи, а не со 28 годишна девојка. :x :sweat:

    И секогаш нејзините проблеми се битни. На моите само се смее, ќе помине вели...
     
    На Golden му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Тотално те разбирам.И верувај не си троши време со личности како нејзе.Едноставно откачи ја такви не ти требаат,зборам од искуство :)
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Јас мислам дека пријателите на мажот ти си се негови пријатели, и ти тука не би требало да се мешаш. Не сфакам ни зошто толку би ти пречел неговиот начин на живот - сепак, тоа си е негов живот и самиот ќе ги сноси последиците за своите дела. Можеш да му кажеш на мажот ти дека не ти е омилен овој негов пријател, но не верувам дека тоа би променило нешто во нивниот однос. А по однос на она дека можеби ќе станете и кумови, разговарај со мажот ти. За мене кумството е голема чест и не би го одбила. Каков и да е, човекот е пријател на мажот ти, сигурно мажот ти нашол нешто во него поради што го гледа како пријател
     
  10. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    :rofl: сум пробала да најдам нешто во добро во него, ама не ми иде некако...
     
  11. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Искрено доста ми е од другарка ми, ја сакам, и се би наравила за неа.. ама во последно време многу ме нервира :devil: обожава значи да е во центарот на вниманието.. и пред некој ден направи да се засрамам што сум излезена со неа :^)

    бевме излезени јас, другарка ми и една моја пријателка, пиевме кафе и ни се придружија нејзиниот брат и негов другар.. јас дечките не ги познавав, седнаа се запознавме и почнавме да муабетиме..
    и другарка ми настапи овде.. постојано гласно се смееше, уште погласно збореше :^) дечките ја гледаа ко нешто да и фали, па постојано ме задеваше, ме удираше по рамења демек на шала :devil:, се кикотеше, па му се втили на едниот од нив, го задеваше, го фаќаше за раце, го удираше, се лигавеше..
    за неа незнам ама мене многу ми беше непријатно, дечките сигурно помислија дека и јас сум таква..

    и ова не и е прв пат, знае да се глупира вака и на сред центар, кафиќ или било каде... :@

    и го имам ова кажано, но таа го сфаќа на шега..

    некој совет?
     
  12. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    Бидејќи ја сакаш и ти е добра другарка пробај на убав начин да и кажеш дека веќе сте возрасни и дека треба позрело да се однесувате, не само во близина на момчињата, тукуи во било која друга ситуација, доколу сакате луѓето да ве сфатат сериозно. Поготово ако некогаш некој ти се допаѓа во такво друштво и со таква другарка и тебе можно е да те сметаат за несериозна, да не кажам „зелена„. Кажи и дека си се почувствувала посрамено и точно образложи и кога, каде и како, со која нејзина постапка и сл. Гледано од страна тоа е навистина инфантилно однесување, а да не зборувам дека не им доликува на културни и млади девојки. Доколку не те послуша кажи и дека ако повторно така те засрами нема повеќе да излегуваш со неа. Доколку и е важно твоето пријателство како тебе нејзиното, мислам дка ќе се корегира и нема повеќе да те засрамува.хохо
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Не е еднаш кажано ова.. устата пења ми фати од зборење аа џабе е ко на ѕид да збориш.. :^)
    пробав со тоа кога излегувам со други да не ја поканувам.. и на крајот бев виновна :!:
    иначе момчињата немаат врска со ова, ниту ги знаев, ниту пак ќе се видам некогаш со нив, само тогаш, во тој момент се прели чашата.. ептен незрело однесување.. јас за разлика од неа сум тивка, срамлежлива, поготово пред луѓе што не ги знам, ако некој ме праша нешто ќе одговорам, ако не си молчам :$
     
  14. Kikka.C19.20

    Kikka.C19.20 Нов член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    22
    Како да најдам друштво?

    Лесно набљудувајте некое друштво што некој ваш другар е во него и пробајте да се адаптирате,да бидете еден од нив... :hai:
     
  15. Safira26

    Safira26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    106
    И јас имам проблеми со пријателството... Имам еден најдобар другар на кого можам да му се доверам за се, но во последно време ми фали најдобра другарка на која би можела исто така да и се доверувам. Никогаш сум немала среќа со другарките...Од градинка до факултет имав една за која се имав направено, но откако отиде на факултет се здружи со оние кои не можеше да ги поднесе. Останатите добри другарки од средно отидоа, исто така по свој пат, а овие од факултет се постојано зафатени со работа, учење или дечковци. И јас имам дечко, па и најдобар другар, но сепак навистина ми фали другарка, бидејќи сметам дека е поинаку. Ве молам кажете ми што да направам?? Ми се смачи од луѓе за кои правам се, а тие се оддалечуваат од мене...
     
  16. Ale.Ambrosio4

    Ale.Ambrosio4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    50
    Феминки има еден проблем па ве молам за совет :( Моја блиска другарка е многу нападна. Кога и да излеземе таа им се додворува на моите другари (бидејќи е пијана) и тие постојано ми се жалат за неа. Ми викаат да не ја земам со мене, дека им е досадна и зборува само за тоа колку многу сака да пие и како и било кога била пијана. Постојано е разголена и се облекува непристојно. Кога раскажува пак многу е досадна и се во детали им кажува, а овие превртуваат очи цело време.
    Јас еднаш и кажав на фин начин за облеката и ми вика „Не бе добро ми е вака“ :^)
    Ве молам за помош бидејќи кога сме сами се е супер. Ми дава совети и блиски сме, ама во друштво е друга личност :!:
     
  17. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.626
    Допаѓања:
    13.307
    Пол:
    Женски
    ^ Седни ја и кажи и го сето она што другите го кажуваат за неа. Биди искрена пред неа, но не многу нападна. Кажи и дека облеката и е невкусна и дека другите неможат да ја поднесат едноставно додека е пијана. Можеби на почетокот ќе изгледа како незаинтересирано, ама сигурно некаде ќе допрат муабетите во неа. И ако не успее од прв пат, кажувај и го тоа постојано се додека не промени нешто кај неа. А ако после одреден период не се смени, си остане истата, почни да се оттргнуваш од неа. Ако ти е вистинска пријателка веројатно ќе разбере дека греши и ќе бара начини да се поправи.
     
  18. sweeety91

    sweeety91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    јас имам најголем проблем еве вака имам 22 години и до сега немам ниедна пријателка ме одбегнуваа едноставно кажано како да не постојам не ме сакаат колку и да сум добра пак исто им има правено услуги и се по цел ден дома седа и се нервирам :( :( :( :( :( :(
     
  19. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    и кај мене е слична ситуација,колку повеќе гледаш да им угодиш толку те бараат само за корист и кога нема со кој да се,ете сега скоро сите си фатија дечковци и си шетаат со нив,не им требам.
    Донекаде е точно дека добриот и глупиот се браќа ама тоа е,карактер,не се менува,едноставно и да сакаш да мислиш или да направиш лошо,неможеш,а лошиот така си е роден,мозокот така му функционира,размисли,кој како се оденсува со тебе и ти со него,немој да дозволиш само да ти ја користат добрината и научи се да им кажуваш НЕ
     
  20. sweeety91

    sweeety91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    не можам да им кажам не таква сум ја