Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми и совети во врска со пријателството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од poppie, 21 јануари 2010.

  1. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Значи вака јас имам другарка и ја сакам и се тоа ама веќе почнува навистина да ме нервира.Во секој разговор она е главна нејзините приоритети и теми.Само тоа се дискутира.Сто пати и имам кажано дека мене темите за кои сака да дикутираме не ми привлекуваат интерес но,она е упорна дека и јас и зборам само мене и реков да разговараме за заеднички теми кои взаемно ни привлекуваат интерес.Но,она почна упорно само за неа да збори и цело лето ја оставив бидејќи немам живци и сеуште е иста.Веќе почнувам да се одалечувам од неа бидејќи кај нејзе ниту разговор вреди ни ништо.Почна да ми забранува да се дружам останатото мое друштво.Почнав да ја игнорирам но,таа повторно со истото.Веќе се однесува како дете не знам што да правам повеќе. :@ :@
     
  2. sexybaby

    sexybaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Голден твојата другарка според ова што го кажуваш е многу себична.а тоа дека ти забранува да се дружиш со други е најверојатно затоа што е свесна дека освен ти никој друг не би ја трпел т.е нејзиното однесување.поз
     
    На Golden му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Ајде се трудев да молчам да бидам трпелива, си велев ајде бе ова се периоди, ќе помине ама неможам повеќе.

    Другарка ми неодамна доби нова работа, и значи буквално секој ден ми се јавува по 10 пати да ми се испофали како и е на работа, или дека се спрема за на работа или дека се враќа од истата. како и да е нема да не ми се јави и да ми потенцира дека она е вработена :^)
    да не бидам погрешно сфатена, мило ми е што ја има таа работа, свесна сум дека и треба ама па луѓе ја претера :!: таа добро знае дека моментално сум без работа и дека очајно ми треба, знае дека барам секаде и тоа дека она е вработена упорно ми го качува на глава.. и како да е малку што ми се јавува па и кога ќе се видиме ми раскажува каков и бил газдата, па што се случило на работа :talk: :talk:.

    Незнам како да и дадам до знаење дека мене тоа не ме занима, дека немора да ми кажува секој ден што работела, дека не сакам таков победнички израз на лицето и во гласот :|
     
  4. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    40.014
    Пол:
    Женски
    Пробај само смени ја темата кога ќе почне со такви муабети, ваљда ќе сфати.
     
  5. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.106
    Допаѓања:
    4.041
    Пол:
    Женски
    Имав една другарка порано,се дружевме фамилијарно. Потребно ми е само ваше мислење за ситуацијава, бидеќи одамна ги прекинав сите контакти со таа мивка мизерна. Една вечер со семејството беа дојдени кај нас, и не пратија до најблиската пекара за да земиме бурек. Незнам како испадна,таа даде 10 денари повеќе од мене. И во ред, послем некој ден бевме излезени да си играме и ке си купувавме сладолед... и ми вика Ајде сега ти ке ми купиш мене сладолед за 10 денари бидеќи некни јас дадов 10 денари за бурекот.... Леле господе кога ме фати една смеа, и купив сладолед, не од 10 туку од 20денари и го дадов и и реков дека со овие мизерни постапки нигде нема да оди во животот, сиромашка,смрдена...абе што не и изнаерков,детски ум :D И искрено сега,по години мило ми е што и го изнареков ова, кога ке се потсетам или кога ке ја видам и се смеам во лице...Зар не е срамота бе луѓе?! Или јас сум нешто грешка...
    Ај мислења. :)
     
  6. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.024
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    You know Правилно си постапила.Немаш причина да рзмислуваш и да се навраќаш во минатото.Тогаш сте биле деца,но карактерот се формира уште во раните години од детството.Ако не си го прекинела контактот тогаш,ќе било подоцна.Навреме си ја открила нејзината особина што тебе ти била пречка за да ја продолжите комуникацијата.Верувај дека не си изгубила пријателство.Само си отстранила една личност од твојот живот која работите во пријателските односи ќе ги мери на вага.
     
    На Youknow му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Angelcheee

    Angelcheee Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Пријателство

    Се дружиме од пред една година.Се беше супер..Цела школска година заедно одење во школо,после школо се шетавме,почесто се допишувавме.Како дојде летниот распуст мене ме отфрли(дали 3 пати излеговме за летниот распуст).Таа се дружеше со други две..Сега е истото како почна школската година таа кога ја нема едната од тие две другарка,ме отфрлува мене а се дружи со другата..А кога ги нема двете таа со мене се дружи...Пак и оваа година одиме заедно во школо...Лани бевме 4 другарки бфф а сега само кога-како.Се чуствувам отфрлена..Незнам што и згрешив..За викендите се дружи со друга..Лани заедно тринериавме ракомет..Јас се откажав..Можеби за тоа се налути..НО МОЖЕ ОТВОРЕНА ДА МИ КАЖЕ.Или на фб се допишуваа 3те во еден заеднички чат :(
    Знае и кога сакам и сигорна сум дека нема да каже на никого...
    Дали да продолжам да се дружам со неа или..?
     
  8. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    437
    Дали важна улога во создавање/подобрување пријателство игра таа особина да си опуштена личност?
     
  9. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    740
    Допаѓања:
    322
    Пол:
    Женски
    Епа еве ја мојата ситуација..
    Значи еве прва година средно сум и запознав другарка уште на почетокот бевме премногу блиски секој викенд заедно искочувавме во град,цело време заедно бевме во школо со уште 2 другарки.Незнам што се случи со текот на времето престанавме да искочуваме а и во школо не комунициравме многу постојано ми се лутеше без да има некаква голема причина..Јас се друам со двете девојчиња што ги спомнав а она се дружи со друго девојче дури и како да не се познаваме.Некогаш ако се налутат доаѓа кај нас.Прееска отидов да ја прашам соученичката што седи до нејзе на клупа и она ми се испонаша,едноставно зошто?Стварно не разбирам која е целта\поентата на девојчето.Таква сум несакам на никого да му преречам нешто лошо,сите мислат дека сум наивна НЕ САКАМ ДА СЕ КАРАМ,И ДА СИ ПРАВАМ ПРОБЛЕМИ а всушност се разбирам!Незнам дали и воопшто да и правам муабет пошто вака се однесува.Немора да ми прави муабет но немора да ми се понаша покрај се што ништо не сум и рекла! Знам дека се глупости но ете..Мене ќе ми значи ако ми дадете некој совет да не испаднам ''овца'' што се вика. :(
     
  10. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Мислам зошто ти треба совет? Не се дружите и ок луѓе се разидуваат .
    Децата за се и сешто се лутат ама мене ми падна смешно што ти сега возрасна девојка ти е мило што си ја нарекла другарка ти мизерна , сиромашка , смрдена :^)
    Не велам дека и јас не сум кажала некои зборови како дете без да размислам ама јас се срамам од нив ама тоа е што е, детски памет .
    Искрено постапката тогаш ти била лоша . Па кога си дете и 10 денари се многу , се сеќавам дека еднаш како дете ми паднаа во река 10 денари и половина час плачев за нив оти ми беа "испланирани " .
    Може немала пари тогаш па и текнало , не не е срамота , грешка си .Ама и ти си била дете па разбирливо ама не е во тоа проблемот.

    Дури и да си била ти во право срамота е ради детски глупости да се навраќаш на минатото и да се гордееш како си навредила и понижила некој . Ако толку ти се полни егото од таа случка смеј и се понатаму што да ти кажам .
    Ама знаеш луѓето треба да еволуираат а не да останат со детски памет , а таа веројатно не се ни сеќава на случката .
    Дури и си мислам дека не зезаш оти не ми се верува дека некој носи толку лутина ради детски работи.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  11. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    Проблем во друштвото....

    Епа вака...Нова сум овде за да побарам совет! И извинете за рефератов :)
    Имам другарка со која се дружам 8 години.Првите 2 години ни беше ок ама после се дослели уште едно девојче.Почнаа да ме одбегнуваат а јас малечка не сваќав(едната е 12 год а другата 15).Мајката на таа 12 годишната е катастрофа цело време ја подучува како да лаже итн.Пред 1 месец 15год. имаше роденден а нејзината сестра која е 17 ни нкажа една тајна и ни рече да не кажуваме на никого.Јас се саколнав не кажувам и точка.На роденденот 12год. измисли и и кажа на сестрата на 15год. дека јас сум ја идала на едно момче од нашето друштво.Јас навистина не кажав никому.По неколку дена јас зборев со сите и ај ко божем ми простиле и ми се извинија.Но се доселија пријатели на мајками и имаат ќерка 15год.Се е ок сите ја засакаа и само еден ден 12год и 15год ми дојдоа на врата и ми викаат дека ја цело време сум со комшивката дека сум ги заборавила нив(што не е вистина)и ја им викам како вожете тоа да го кажее како прво ја дома имам обврски и навечер кога моиве родители пијаат кафе со новодоселениците јас и она сме заедно(а нашове кога ќе почнат од 7 до 12 вечер :D ) и они ај ок добро во право си ова она.Вчера бевме сите пред влез и им текна ај кај пошта.Ајде ќе идеме.Отидовме и таму тие двете 12 и 15 год отидоја ко демек да купат мекици.И јас со комшивката и уште едно девојче ги чекавме околу 20 мин.3те знаевме дека не се по мекици туку оговараат.Едно време ни се јавиадоете пред влез.Ние отидовме и седевме.Овие двете пак почнаа да се тргаат на страна и да оговарааат и шепкаат.Не го очекував ова од нив ме разочараа за сиве овие 8 години.Јас со едно од девојчињата се знам од минатото лето и ниеден лош збор немам за неа кажано а и она за мене..Дај кажете што да правам јас со сестрата на 15годишната си бев супер а сеа она мене не ми верува затоа што некој измислува глупости за мене.Плус 15 годишната има јадено ќотек заради 12годишната и пак неа и верува навистина лошо се чувствувам :| :| :|
     
  12. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Еве, ќе ви раскажам една многу „јака“ приказна за „моќта на пријателството“ и останатите патетики.
    Оваа американски-цртан „моќ на пријателството“ всушност значи да се биде бесмислено субјективен. Мислам, субјективноста е можеби онаа што не прави луѓе. Но „моќта на пријателството“ е субјективност од глупавост.
    Кога ќе ги заштитиш пријателите, односно ќе се скараш со некој кој тебе ништо не ти згрешил (туку на твојот пријател), дали навистина си пријател?
    Можеби за твојот пријател. Но што со другиот? Дали за него си пријател? Или само глуперда која избрала страна и се нафрлила на некој со кого нема никакви лични спорови од проста глупавост?
    Ова второто ќе да е. :^)
    Добрина практично и не постои. Ниту зло.
    Релативна работа...
    За еден си добар, а што е со другиот. Еве, мојата дефиниција за добрина е да се помага некому без да се штети никому. Но тоа е само моја вистина или моја лага.
    Не постои вистина, ниту лага. Вистината може да биде лага и обратно.
    Подобро би било да не барате апсолутна вистина.

    Со најдобри намери и без многу грижа дали некој кој не би требало ќе го прочита ова, ќе ви раскажам една случка од минатата есен - денот кога втората одделенска војна за локално петле започна.
    Еднаш и јас се осудив да изберам страна. Сега многу се каам за тоа. Но заборави. Не ми беше тоа зборот.
    Велам, тогаш имав друштво со кое бев секој ден заедно. Во еден од последните денови од септември, кога се случи да се бидеме на натпревар по ликовно, се забавувавме како никогаш. Денот требаше да биде грд, да се мачиме да цртаме по асфалт на колена за после само за заврне и сВе да оди по ѓаволите. Но ете, јас навистина уживав во цртањето, па и во мрчењето, и во физизофирањето за општественото уредување, и за ждерењето како волци после цртањето. Тоа беше еден од најубавите денови во мојот живот.
    Но нели секогаш е најубаво пред да стане грдо. Секогаш нешто е најживо пред да умре. :|
    Претпоставувам дека уште одамна имало нешто гнило во сета работа.
    Како што реков, тој ден си поминав прекрасно. Многу сакав да го повторам. Едвај чекав времето да биде сончево и повторно да така да се забавуваме. Цел ден. Но другарките неколку пати одбија.
    Но после неколку дена фатив бактерија. Претпоставувам дека беше токму од оној натпревар бидејќи моравме да се влечеме по земја. А таму и не е баш чисто. Важно никогаш не се покајав за тој ден.
    Кога оздравев, се договоривме да одиме на прошетка. Но во „пет до дванаесет“ другарка ми откажа. Имав веќе напишано драматизација за часот по англиски и требаше да и ја покажам. Ми доаѓаше да пукнам. Но тоа и не е важно. Можеби и не е поврзано со сета збрка. Можеби само јас имам сомневања дека било поврзано.
    Следната недела се убив убедувајќи ја другарка ми барем да го прочита текстот.
    А оваа пак, и без да го прочита ме убедуваше да го скратам бидејќи „многу е долг“. Не дозволив никој да се меша во мојот текст, мојата смисла за уметност и моите дела. Да, таа беше дел од групата, но требаше текстот да биде моја должност. А и беше токму 859485345 светлосни години од совршенство, што е најмногу што еден текст може да постигне. А плус, таа го немаше прочитано за да суди.
    Неколку дена траеа молбите да го прочита текстот. На крај и' го дадов за викендот да го прочита. Следниот ден повторно се јавив и ја молев да го прочита. После тоа, конечно го прочитала. Ај, се договоривме да се сретнеме со неа и една друга. Оваа првата нека биде И, а другата К. Кога требаше да ја пробаме, тие и двете толку грдо читаа што ми се смачи. Толку можеа изгледа. Ги опоменив неколку пати да читаат поубаво, но И смртно се налути на тоа.
    Само сакав да ги натерам барем да се потрудат да читаат поубаво. Но оваа се налути и решида си оди дома, но можеби ќе учествувала во драматизацијата. А оваа пак, К се уби хистерично бранејќи ја и зборувајќи како таа можеби не знае да чита, но И знае.
    Следната недела како ништо да не било. Се' во најдобар ред. Да ти се плукнам.
    После неколку дена К ми даде едно ливче и ми рече да и' го дадам на И. Јас не знаејќи дека не требало да го читам го отворив. Па секако не мислев дека ќе ме користи како поштар на информации кои не би требало да ги знам. Пишуваше:
    ...И, ајде бе ние да направиме драматизација, па ќе види Елена...
    Се налутив, па ја исфрлив од групата. Текстот беше мој, значи мое прави беше да изберам кој ќе учествува.
    Оваа, И се спаси. Наместо К, во групата влезе С.
    Па, ден пред драматизацијата требаше да се сретнеме. С дојде, а од И ни трага ни глас.Повеќе од еден час ја чекав. Но за џабе губев времето.
    На крај ми дојде преку глава, па се јавив кај неа дома. Излезе дека „таа била болна па не можела да дојде“. Абе како да не. Ако беше болна, зошто барем не се јави да каже дека нема да може да дојде? :^)
    Јас веќе решив да ја одложам задачата за друг ден и со други деца. Утрото, И ме пречека со „Абе ајде, не ми кажувај дека не го научи текстот“.
    И ја „лепнав“ во лице дека таа не учествува. А оваа многу потресена, кутрата... |(
    Па нели и С мораше да зборува глупости како: „Еј, немој така Елена, зошто тоа и го правиш на И. Не е убаво. Греота е“.
    Греота? А не е греота две недели да ме влечете за нос? :swear: :fubar:

    И после почна втората војна за петле. Не заврши. Претпоставувам и дека нема да заврши.
    И беше другарка со една непристојна девојка со која инаку се скара за тоа кој е најдобар во класот. Така започна првата одделенска војна за петле. Заврши така што И победи. Но подоцна се случи јас да бидам кандидат за петле, додека оваа што изгуби првиот пат падна на големо. Оваа војна и самата не знам дали заврши и и дали ќе заврши.

    После тоа сите мои тогашни другарки се свртеа кон И, а јас останав сама. Почнав за инает да ја нервирам цела банда(со стил). Неколку пати завршив кај класната не знаејќи дека се толку заостанати со развојот за да плачат на наставници за лични спорови и останати глупости. :^)
    На крај сите мои другарки биле сателит-подлизурковци и газолижачи на И.
    Сега имам во училиштето една другарка која искрено ми оди на нерви. Абе, не е лошо девојче, но некако е, не знам, слична како подлизурковците. Се тепа со секого за глупости, секогаш некој ја нервира, полна е со омраза, само се заканува дека ќе ги каже сите на класната... :| Тешко ја трпам, но ете. Колку да имам со кого да излегувам на одмор.
    Во класот се дружам со момчињата најмногу, но на одмор не би одела баш со нив. Не знам, онака.
    Имам и другарки со кои излегуваме во парк кои се некоја година помали од мене.
    Почнав и почесто да одам на баскет во игралиштето, па имам со кого да го губам времето. :D
    Сакајќи мене да ме изолираат од нивната група, ме натераа да се зближам со многу други деца. А тие останаа како некоја секта затворени од надворешниот свет.
     
    На srhsejbsk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Maria.Zombie

    Maria.Zombie Нов член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Луѓе искрено да ви кажам оваа време не треба да му верувате на никому.Сите гледаат тие да си извлечат за себе, а ти си се жртвувал за него и сл.Не се знае кој ти е пријател кој не сите имаат 100 маски на своите лица..Затоа и мене ми се случи да отидав во друштвото на "маските" каде сите позади грб те оговараат и ти прават замки.
    Пр. еве јас имав најдобра другарка од мала некаде од градинка се познаваме и се што правиме се правевме заедно не се делевме истовремено ми беше комшивка, затоа кога доаѓаше лето само ноќе не бевме заедно, по цели денови неразделени...И ете како во сериите дојде гуската и ни расипа се.. измисли дека таму нешто правела мојата другарка и ја приметив почна да се дружи со едно девојче..во ред не и забранувам ама малку ми беше сомнително.. и кога ја си поверував на кучката, јас се разделив од другарка ми.. и таа многу плачеше.. а онаа кучката ми правеше 100000 лица ангелски :angel: од кои на крај се виде дека се тоа било поради нејзината симпатија за да јас ги наместаам. Кога таа виде дека не ја сака, почна мене да ме криви дека јас сум му зборувала лошо на него за нејзе.. и кога таа кроеше планови како да ме уништи сите од нашето друштво ја оговараа позади грб и еден ден ние зборувавме и таа нешто ми се филма "јас никогаш нема да симнам глава, ти секогаш грешиш сите караници се поради тебе... бла блаа како јас не се карам со другите другарки.." и јас и реков да се собереме подоцна и да си признаеме дека таа не нервира и дека ни има многу згрешено.. и кучката падна летеејќи :clap: :rock: се расплака и се заколна дека ќе се смени но ја гледам сеа сака да збори со мене се обидува.. и на крај од нејзиното убаво ангелско лице излезе дека внатре во неа имало црнило-ѓавол :devil: каде отиде светот.. |( а што е најтрагично пак ме криви дека јас сум виновна за сее и дека јас сум ја скарала со другите другарки :clap: бравоо за неаа :clap: :clap: а сега сум сигурна дека крои планови уште..Не е важно оваа, важно е што пријателката онаа со што ме раздели го прифати извинувањето :wasntme:
     
  14. Linnea

    Linnea Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    Нема да изнапишувам што се ми се има случено со така наречените другарки што ги имам, зашто до сабајле ќе пишувам. Се нервирав за се на почетокот, ама со секој нов проблем и секоја нова кавга забележав дека не ми се другарки и нема што да се замарам толку за што мислат, што сакат и за каква ме мислат мене. Ретко да најдеш другарство во денешно време, сите си гледаат за себе и со првата шанса ќе ти забодат нож во грбот без размислување. Се дружам со нив бидејќи со нив излегувам низ град и така, а и во Скопјево кога ќе те виде некој без друштво ќе ти извадат муабет е што оваа другарки неможе да си најде сама се замајала низ центар. Сепак тие ништо не знаат за мене и мојот живот, само некои површни работи, за да мислат дека сеуште им кажувам се и ги сметам за вредни. Имам 1 другарка само единствена што ги знае моите тајни. Но, и со неа сум на некоја дистанца, не и кажувам БАШ се, но доволно за да може да ми помогне со проблемите и знам дека нема да ми суди, бидејќи е единствената личност која е била до мене во лоши времиња, додека друите си ги завртеа грбовите и си отидоа. Затоа и јас престанав да барам другарки, се што ми треба се куп луѓе со кои ќе си прават глуп муабет на безвезална тема, а не вештачки личности кои сакаат да им ги кажуваш сите тајни за после да те оговараат :)
     
  15. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Добро бе, што е финтата?
    Моите поранешни другарки ме мразат доволно за да посакаат да умрам и да ми го кажат тоа. Грдо е. Но нивен проблем и нивни „благородни“ цели и посакувања.
    А се уште не знам зошто по ѓаволите сите избраа страна (против мене). Немавме некои поголеми караници.

    Денес цел ден буквално ме малтертираат. Ме прашуваат дали излегувал, дали имам другарки. Изгледа очекуваа да почнам да мрморам не знаејќи како да излажам. Вистината е дека сепак имам другарки и дека излегувам.
    Туку, остави тоа. Двете кои го прашаа ова не се толку „интересни“.
    Овие другите две, посмотани од ДНК, решија отворено да си ги искажат своите високи и благородни цели.
    Едната се смее како забегана и се преправа дека ќе ме мавне со телефонот. Ја прашувам што е проблемот, а оваа вели „Сакам да ти падне главата, сакам да умреш“. :| И повторно се смее како луда.
    Молам, мадам? Мислам, серизоно? Оди во Бардовци. |(
    Потоа вторава, исто толку смотана, кога ме удрија со топка на физичко, ми вели „Се надевам дека ќе паднеш и ќе се удриш од дрвото, па нема да се разбудиш“.

    Можеби досадна станувам со ова, но никогаш не би посакала човек, или животно, или било што да умре.
    Тоа е ужасно. :worried:
    Со кои уличарки и (идни) прости тетки сум се дружела јас? Ми фалело нешто изгледа. |( :(

    И што сега?
    Дали да почнам да се шегувам кога ќе кажат такво нешто? Или да почнам да ги влечам за коса? Или да молчам како ништо да не се случило? :^)
     
  16. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    кажи им идете у Пи*ку ма*ер и ич *** да не те боли ;) за такви само јас сум решението, мене вака да ми викаа на клоци ќе ги дигнев :lol:
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ondula

    Ondula Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.044
    Пол:
    Женски
    Значи имам „другарка“ од градинка се дружиме па еве се до 7 одд. Ама се` се промени оваа зима, всушност оваа година. Таа си мисли дека е во центарот на светот и се лигави за се. Оваа зима на зимскиот распуст останувавме на ФБ до 3-4 насабајле и дефинитивно со мене се понашаше како да сум и кловн за забава, ми велеше: „Кажи нешто за да ме развеселеш или веќе не се дружеме“ „Незнам зошто си го трошам времето на тебе“.... Таа секогаш е нерасположена и ако јас сум радосна тој ден, ми се дере и не збори со мене. Секогаш сме се карале по малку од таа причина и секогаш јас сум глупавиот кловн кој оди и се извинува. :!: И пред 1 и пол седмица почна да се однесува со мене како и да сум и слугинка, таа ќе направеше нешто, а јас ќе ја носев штетата. И не ме оставаше ни да дишам на мира, јас одам во ВЦ таа по мене ми ја турка вратата, ја прашувам зошто и погодете одговор, кејф и било. :o Подоцна ме турна во едни завртени клупи (со ногарките нагоре) и уште си имам модреница на грбот. Секогаш јас кога и да нацртам нешто таа вели дека и се повраќа, или ако пее некој друг почнува да писка бидејки и било како прасе да вика на колење. И тогаш пред 1 и пол седмица се скаравме и уште сме скарани, овојпат нема да бидам глупавата и да се извинувам за нешто што не сум крива. :^)
     
  18. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    И не ни мораш да се извиниш ако она сака да се смири ќе дојде на врата ќе се извини и ќе се поправи а ако по смирувањето се однесува исто тогаш седни и убаво разговарај со неа и кажи и што ти смета ако после се лути се лути а ако го почитува твоето мислење и сака и понатаму да се дружи ќе се промени :)
     
    На Ondula му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Се дружам со оваа веќе 4 години(од петто па се до осмо) и веќе неможам да ја поднесувам, смачено ми е од неа.Велам ОВАА бидејќи не заслужува да се нарече другарка.Секогаш зборува глупости за мене, што е невозможно човек да се засака самиот себеси од таквите.Никогаш ништо не сум и пререкла за тоа што зборувала за мене, наместо да биде благодарна и да престане, таа упорно си продолжува.Смачено ми е веќе секој ден да слушам што зборувала за мене.Денес се одлучив и и кажав на другарка ми да и каже дека повеќе не сакам да излегувам со неа.Тоа значи дека само сакам да зборувам со неа по школо(бидејќи сме школски) онака, а не ептен да претерувам и да се расправам со неа.Ама таа толку е неразбирлива и себична така што кога и кажала другарка ми дека не сакам да излегувам со неа веднаш почнала да зборува дека требало да ме доведе во ред и уште милион други глупости.Значи мене единствено моите родители можат да ме доведат во ред, а не таа која што е една обично девојче на иста возраст со мене.Во понеделник во школо којзнае што ќе се случи.Сакам со убаво да и кажам да не прави вака, дека со тоа што сум го рекла дека не сакам да излегувам со неа незначи дека ја понижувам или нешто слично и еднаш засекогаш да престане да збори глупости за некој друг.Веќе ми здосади секогаш да се нервирам кога ќе слушнам дека зборувала нешто за мене.Во последно време малку да речеме се стврднав и не и се нервирав бидејќи за сите зборува дека имаат недостатоци, а таа е најубавата.Замислете колку е само глупаво кога ќе се слика и да вика постојано најубава сум, најубава сум пред вас.Сега не издржав и пуштив солзи и се надевам дека ова ќе ми биде последен пат да плачам за таквите како неа.Добро е што сме при крај со учебната година, па не дај боже во средно заедно да се паднеме.Дајте ми некој совет што да направам за да се разберам со ваквите како неа, ве молам повеќе од се ми е потребен советот сега.


    П.С. Некои луѓе се препознаваат уште од првиот впечаток.Така на пример оваа уште од почетокот ми остави лош впечаток, додека едно девојче ми остави многу убав впечаток и се дружиме само неколку дена и мислам дека така и ќе продолжи.Сега за сега е девојче за пример.

    lighting123 душо и тебе не те заборавив.Да се има другарка како тебе е секоја чест.Колку само си ми повесела и поотворена кон мене откако ми кажа кој сакаш и многу ми е драго кога те гледам радосна, тоа запамти го.Продолжи и понатаму да ги чуваш моите забегани тајн како што ги чуваше до денес, плис.

    Можеби малце повеќе се изнапишував иако требаше само да побарам совет, ама извинете неможев да престанам да пишувам, ми дојде вака од срце ова.
     
  20. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски

    Во право е srhsejbsk ако веќе ти се извинува тогаш сигурно ќе процениш дали е од корист или не.Ако препознаеш дека навистина се кае прости и.Не сме луѓе ако не простуваме, нели? Но ако и по прошката по извесен период пак се враќа на старото тогаш веќе ќе знаеш каква намера има, тогаш игнорирај ја и остави ја нека си учи малку од своите грешки. :)
     
    На Ondula му/ѝ се допаѓа ова.