Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми и совети во врска со пријателството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од poppie, 21 јануари 2010.

  1. KatFem

    KatFem Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    658
    ^^ Со тек на времето ќе научиш дека луѓето озборуваат без разлика што правиш. Се уште си мала, понатаму ќе го сфатиш тоа и се надевам до оној степен кога ќе престанеш да се замараш со мислењата и озборувањата на небитни личности. Остави ја нека зборува што сака - не ти треба таква другарка.

    Грижи се за оние кои ти мислат добро, оние кои постојано се до тебе и кои те ценат. Таа чим така зборува за тебе значи никогаш не те почитувала доволно за да можеш да ја наречеш другарка...

    Сега во средно ќе запознаеш нови личности и воопшто нема ни да помислиш на нејзе.
    Пријателството не се вреднува според тоа колку време се познавате и се дружите, туку според тоа кој биде до тебе кога ќе ти биде најтешко, кој ќе остане со тебе до крајот... Така да, воопшто не се замарај со нејзе, сигурна сум дека понатаму ќе си најдеш вистинска другарка која ќе те почитува и цени :)
     
    На Emilia.Attias му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Прво им благодарам на сите што ќе го прочитат ова долго мислење :angel:
    Ние сме 5 во друштво и супер се сложувавме до пред некое време. Сите сме весели со смисла за хумор, освен една. Толку е разгалена од сите што не знае веќе што полигаво да направи. Каде и да се појаве шири негативна енергија. Ситуацијата е ваква - време на другарките веќе не посветува, цел викенд е со дечко и, а кога не е со него а е со другарките со него зборува на телефон. Пробавме да и кажеме за тоа и ние испаднавме криви, па направија драма и таа и тој дека се е против нив, блаблаа и од тогаш не сме и кажале за тоа, затоа што и ни одговара да седе дечко и а не со нас бидејќи е досадна како клуб на пензионери и негативна. Падната е толку ниско, луѓето се сликаат со неа за лајкови :puke: Тој пред дечко и што го сакаше (и уште го сака) цело време ја зафркава, а таа мисле дека и е „најдобар другар“ и не ми даде да седнам до неа на клупа заради него :nod: „Најдобрите другари“ преку шегата многу пати и ја плескаат вистината, сите другарки изгубивме почит за неа.
    Бидејќи си ги знаеме пасвордите на фб таа случајно видела дека една другарка кога ги наброила другарките ја заборавила неа. И почна да ми пишува на мене како дали ни значи, зошто секогаш таа е крива и побара од мене да бидам искрена со неа. Па јас фино лепо се и изнакажав, на најможем груб начин и уште не се докажав таа се налути и јас и изнакажав дека таа не е доволно храбра за вистината, дека ако мисле дека ова е проблел што ќе прави со поголем проблем, дека сите и мачкаат очи, дека вистината не е за неа, дека е слаба личност и уште што ли не. А секако се вмеша и дечко и со драматизациите дека ние сме против нив, демек на нас ни сметало што таа се гледа со него (а никој им нема кажано такво нешто :!: ) дека таа се направила за нас, да се засрамиме и јас му реков дека со неа се скаравме поради неа, а не поради нив двајца, оти светот не се врти околу нив, дека тој ја знае само нејзината страна на приказната и да не се ни осмелува ни да ми суди за кажаното, можат само да ми судат останатите другарки (што се на моја страна). Значи имам коњски живци, со никој до сега вака не сум зборувала, а што сето тоа им го изнапишав значи ми згазнале на нервот затоа што го трпеме ова разгалено суштество цела година :swear: Толку ги измелив на чат што на крај таа ми врати :) (не знаела што да ми пише), а тој Океј. Сега се простивме со неа, па ми се умилкува нешто, демек извини :fubar: Скиснато ми е веќе и од двајцата :@ Толку драми нема во индијска серија, мајке ми. Некој совет ве молам? :yawn:
     
  3. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Ќе си го напишам мојот проблем, ама нема да побарам некој совет бидејќи сметам дека никако нема да можам да го решам овој проблем.

    Нели петок е денес,ден за вечерно излегување.Ми пиша другарката дали ќе изглегувам, а бидејќи ми е досадно и реков да.Потоа таа и заѕвони и на другите две да ги пра дали ќе излегуваат.Едната била недостапна, а другата ќе излегувала ама и било скапо да дава пари во пицерија или во кафич.Тоа најмногу ме изнервира.Можеби нема навистина пари, сигурно јас со сила нема да ја водам по кафичите ама само незнам како не и здосади само да лута низ град туку така и тоа во град во кој што нема каде нормално да си се прошеташ.Но каде и да одиме таа секогаш ќе си отиде на сред излегување со дечко и и нас ќе не остави.Ама сега има нов дечко и таа другарката што ја викам поштарче.Само јас и онаа недостапната немаме дечковци,но бидејќи таа не се јавува, јас каде ќе излегувам?Сама да одам? И поштарчето со кое се допишував ми рече:,,Штом таа не излегува, ти со кого ќе одиш, јас ќе отидам со дечко ми, а другата другарка со дечко и.Сама ли ќе одиш?'' Не да ми падна криво вака, а уште повеќе ми падна криво кога се уште не сум и ни кажала дали ќе излегувам или не ми рече ај чао јас ќе одам да се спремам.Колку била само неблагодарна таа.На екстерното и ги одговорив сите 30 прашања, а и покрај тоа што ми направи еден скандал на фејсбук сепак и простив, а таа..неможам да замислам.И пишав на братучедка ми дали ќе излегува, но и таа ќе излегувала.А инаку кога нема со кого да излегува секогаш мене ме моли, а сега кога си најде другарка оп јас станав корпа. Епа неможе така бе.Се јавив на друга другарка, ако сака да дојде кај мене да си седиме, ама неможела и поради тоа ме повика јас да отидам кај неа,ама ете и јас неможев.А и секако не значи бидејќи не излегувам дека треба да ја користам неа.Баш напротив и се јавив бидејќи знаеме да си направеме муабетче и не е како другите да се смее на се, да озборува и да издава.Ама ете што да се прави, кога си им потребен на сите те има, ама кога на тебе ти е потребен некој тој некој го нема.И на таа другарката и помагам секогаш, а таа вака враќа, а и не и ова прв пат да ме остави за дечко.Кога се враќавме еднаш од град таа си отиде дома кај дечко и, а јас кога и реков да не оди да остане со мене бидејќи сепак сум и другарка а тој дечко, таа не ме послуша пак си отиде, тој и беше поважен.А јас пак, повторно ја сметам за некоја другарка.Од ова заклучив дека кривицата е до мене, само до мене.Ајде ќе ја почекам мајка ми да се врати од кај тетка ми таа ќе ми направи друштво.Кој може да биде поголем пријател од мајката? :inlove:
     
  4. Aneto10

    Aneto10 Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    49
    Богами никој мајката е најголем пријател,а за пријатели ретки се тие за жал...
     
    На Emilia.Attias му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Alone.Mad

    Alone.Mad Нов член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ме откачија "другарките"!

    Се дружевме една група девојчиња и бевме многу блиски,имавме сличности и затоа се дружевме.Но,со време дознав дека се промениле (или го покажале вистинското лице),почнаа да ми вртат грб,да ме исмејуваат онака саркастично како да нема да приметам,не ме викаат кога излегуваат... :| Што е најглупаво,јас порано бев најдобра другарка со едната од нив,а другата сите ја избегаваа,бидејќи беше неподнослива.Таа со која бев најдобра другарка ја мразеше на другата,но мене ми беше жал за нејзе,па почнав да ја дружам....и така се разделив со едната за да се дружам со другата :worried: По неколку години,почнавме заедно да се дружиме сите три,најдов начин и ги зближив една со друга + со една друга моја другарка која не ја сакаа пред да ги запознам. (на некој начин,им помогнав да си стекнат популарност и самодоверба,додека тие ја одземаа мојата) Сега тие се здружија со група "cool" момчиња,јас отпрво не сакав да се дружам со момчињата бидејќи не изгледаше дека сакаат да се дружам со нив,па се тргнав настрана.Бев блиска со "другаркиве",па затоа се потрудив да им се допаднам на останатите,но веќе почнаа и девојчињава да ме одтргнуваат од нивново друштво........толку,останав сама.....кога ги запознав девојчињава со моите родители,мајка ми веднаш ми рече да си пронајдам нови,бидејќи не ми се вистински,а јас со нејзе се расправав за да ги одбранам нив :headbang: :| Брат ми,често излегува и ги гледа излезени друштвово и ме прашува зошто не сум излезена со нив....незнам што да му речам...бидејќи не ме сакаат,покрај се што направив за нив,што бев тука кога им требав,си го задржував мислењето за да не ги навредам на било кој начин,им ги исполнував желбите,ако сакавме исто нешто им дозволував тие да го имаат и јас се повлекував........Само се надевам дека ке најдам нови,подобри пријателки,но незнам каде да барам,незнам како да се зближам,срам ми е.....Дадете мислење,ве молам :u:
     
  6. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Се знаеме долги години, знаевме како дишеме, секој проблем си го кажуваме, од иста чаша вода пиевме, од иста шоља кафе пиевме....
    се до пред некој месец кога во нашите животи влета една друга девојка, се дружевме онака ....
    Но се случи јас да бидам отсутна 3 недели, со мојата другарка секој ден бевме на телефон...но кога се вратив таа беше изменета, целосно, не ме погледнуваше ни в очи, не ми с ејавуваше веќе секој ден...

    сфатив, нешто се случило...но што???? зошто???

    Подоцна после некој месец, сфатив, тие двете веќе се зближиле, признавам јас бев љубоморна ми недостасуваше мојата другарка...но да, сфатив зошто. Таа имала афера (мажена е) а оваа другата ја крие, подржува, а тоа кај мене немаше да помини така лесно.

    Јас разговарав со мојата другарка, да ја посоветувам да се смири, да се тргни настрана, бракот и е во прашање....и бла бла

    но таа сепак продолжува, повеќе и верува на оваа другата

    јас се повлеков !
     
  7. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    Навистина веќе не ги сваќам моине другарки.Во предходните мислења имам пишувано за ново доселено девојче, епа со истото тоа девојче вчера заминавме надвор од Скопје и вечерта излеговме со другарки.Истата вечер тие ни се јавија и отпрвин ни рекоа зошто сме се поздравиле со едната а не со сите.Ние тргнавме да се поздравиме а таткоми ги товараше куферите.Само што се поздравивме со едната таткоми ни викна да доаѓаме зошто автобусот ќе побегне, така да немавме време да одиме горе долу по скали.

    После друго ни кажаа дека дошло некое девојче (име не кажуваат) и им кажало дека ние сме ги оговарале, сме збореле безобразно за нив (што нема врска) и овие одма поверувале.Ми викаат ќе го растуриме друштвото вака така.Па како може некој кој не ме знае да збори така за мене, кој друг ја знае новодоселеничката освен нашето друштво.Таа дојде во сосема нова населба каде никој не ја познава.И зошто тоа девојче не чекаше да заминеме па да се појави?

    Ај кажете што да правам неможам да ги трпам.Ќе дојде некој од улица ќе каже лошо за мене и сите одма веруваат. :^)
     
  8. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека ова е некој голем проблем,но мене не ме држи место ако не пишам :D.
    Се дружам со 3 девојчиња односно со нив сум најблиска и се е во ред меѓу нас, дружбата ни е одлична.
    Една од нив(А) беше едно време многу блиска со друга(Б).Беа заедно нон стоп и многу се дружеа, но А постепено почна да се оддалечува од Б и според мене беше во право бидејќи ни јас не ја сакам многу оваа.Потоа ние 4 се здруживме а А почна многу ја озборува.Тоа не ми сметаше толку многу бидејќи се оддалечија.Во одредени моменти А претерува и неколку пати отворено ја прашав дали е опседната со Б бидејќи така изгледа.
    Е сега работата е што во последниве неколку недели овие пак се здружија, па почнаа да излегуваат заедно, па чекирања на фејсбук и сл.... мене воопшто не ми смета тоа, баш напротив, најнормално дека моите другарки треба да имаат и други другарки.Но оваа ситуација е малку поинаква, девојчево ја оговара а потоа повторно се дружи со нејзе.Не знам, можеби јас преувеличувам а можеби сум во право зошто размислувам дали е можно истото и мене да ми го направи.Инаку, она си е супер и досега се немаме скарано, се сложуваме ама ова сега ме збунува. :?:
     
  9. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    4.838
    Пол:
    Женски
    ^sweet-star Мислам дека најверојатно ти го прави истото и тебе. Таа и другата, заедно. И мое мислење е дека така прави и за сите други другарки.
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  10. matilda123

    matilda123 Нов член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Имав другарка цимерка и се тоа.. се деси да и го хакнат профилот и мене ми пратија разговор како ме оговара со други девојчиња на чет. Разни работи за мене пишувале и одозгора на се ми вика ја сум и го хакнала профилот. а ја сметав за ств блиска личност.. сеа ме адд на фејсбук ми се јавува да сум и простила.. не знам како дапостапам.. помош :?:
     
  11. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    4.838
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека треба да ја откачиш, да не се мачите. Најверојатно не се скарала со тебе досега бидејќи има корист - како цимерка. Тоа што вели дека ти и си го хакнала профилот е само во одбрана бидејќи си е крива, нема што друго да каже.
    Мислам дека секогаш ќе те копка, дали навистина го мислела тоа, дали уште мисли така за тебе. Најарно раскрсти си на време, пред пак да ја фатиш за цимерка (лошо!) и тогаш да се случи нешто уште поголемо па да не сакаш во соба да си влезиш. :D
     
  12. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Е какво е тоа другарство џанм? Тој што ти пратил разговор ти направил услуга и ти покажал колку всушност ти е другарка девојчето. И да и простиш таа пак ќе си продолжи по старо глава сечам дека пак ќе те оговара може и полошо. Затоа размисли дали ти треба таква другарка.
     
  13. Tumblr.123

    Tumblr.123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2014
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    421
    Пол:
    Женски
    како да бидеме како порано со другарка ми

    Имам една другарка на времето бевме ептен блиски нема ни година од ка се знамеама пред 1 месец бевме ептен блиски бевме нонстоп зедно се дружевме и ни беше мн јако интересно.. ама сега е друго време некако се оладивме не сме то што бевме немаме тема за да збориме најчесто молчиме и тоа што ќе го кажеме е бош муабет. Порано несакавме да се разделиме а сега зашто ни е досадно (а тоа не го признаваме) постојано бараме дупка да се скриеме или да дојде некој спасител да не спаси само да не сме сами умираме од досада и молчеливост.е сега како пак да се зближам со неа како пак да бидеме истите да се дружиме ко порано ???
     
  14. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    Во иста ситуација сме но јас си го најдов решението.Едноставно од толку многу блискост му се смачува на човек се изолираш од останатите само да не се разделиш од една особа.Јас сега одам со останатите од друштвото додека мојата најдобра другарка со која бевме неразделни не сака да излезе надвор не и се идело.И така ќе излезам со другите ќе видиме што се дешава низ населба и после ќе имаме муабет за правење јас и раскашувам она поврзува работи и така се зблишуваме па оладуваме па пак се сближуваме.Пробајте и вие така може ќе ви успее :)
     
  15. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    И јас го имам истиот проблем. Другарка со која пораснав и многу се дружевме, после еден немил настан едноставно ни се заладија односите. :worried: Наместо да зборуваме и се смееме со часови, сега не знаеме за што муабет да направиме и така седиме. :worried:
     
  16. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    1.099
    И јас како останатите со ист почеток..Имам една другарка т.е незнам ниту дали треба да ја нарекувам другарка,се дружиме веќе 7 години бевме многу блиски секој ден кафиња,излегување,шетање и сл како и кај сите вас...јас си фатив дечко,подоцна и таа си фати дечко меѓутоа од оној тип на дечковци несмееш ваму,несмееш таму и сл...првите 2 год па да речам си беше истата,меѓутоа од тогаш наваму е тотално сменета да не речам премногу себична,едноставно не се седи со неа се се врти околу неа,околу дечко и,околу пријателите и роднините на дечко и...веќе одамна не прашала како си,што се случува кај тебе а и сам да сакаш да си олесниш на душата неможеш да дојдеш на ред како навиена е или пак штом почнеш еј извини што те прекикувам нешто ќе и текне да си каже...единствено и требаш тогаш кога ќе се скара со дечко и ,и таман мислиш сфатила нешто,се смениле не откако ќе се смират пак истото,скоро поголем дел е кај него,кога и да и се јави безразлика дали си договорен нешто одма кај него се оди,сум пробала во некои ситуации кога била да кажам расположена да те ислуша да и укажам дека во некои работи греши и постапува погрешно џабе после ден два се заборава...имаме заедничка другарка пред извесен период си дојде не беше во Мк никако да се види со неа па и кога се видоа не ја праша ништо ни како поминала ни ништо пак се се вртеше околу неа...искрено знам дека не заслужува да има другарка што сака да и помогне односно испаѓа како да не и требаш само од корист,а од друга страна пак жал ми е што мн греши во животот што прави така па ништо чудно да ги загуби сите блиски...незнам што би требала веќе да направам,некој совет ако бил некој во слична ситуација...
     
  17. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    @Kala22 не можеш ти ништо да и помогнеш на неа ако таа самата не сака или,пак,нема волја да си помогне.И ако таа не сака да контактира со тебе и со другите стари пријатели не треба ни вие со неа ниту да контактирате ниту да и се замарате затоа што таа се покажала како многу голем недругар само од корист во однос на сите вас.Од искуство знам дека ако некој однос е осуден на пропаст тој однос со тек на времето се гаси и пропаѓа.Така што,без разлика дали таа се дистанцирала од вас поради дечко и или има уште плус нешто друго,не контактирајте со неа,избегнувајте ја и тргнете ја на страна.А,можеби,пак,ако е некоја затворена личност затоа многу се приврзала само за една личност,во случајот за дечко и и затоа само тој и е доволен,посебно ако долго време ја барала својата љубов.Таа можеби,со текот на времето ќе сфати дека дечко и прави будала од неа и дека ве изгубила за пријатели,а вие навистина сте вределе,но ќе и биде предоцна.Значи,избегнувајте ја,тргнете ја на страна и не и се замарајте воопшто затоа што не вреди да и се замарате и не можете да и помогнете освен ако таа самата не сака и нема волја да си помогне.Некои контакти и другарства опстојуваат долго време ако и двете страни вложуваат во тоа другарство,а некои,пак,спонтано со тек на времето самите изумираат.Луѓето спонтано заземаат насоки во животот со текот на времето и тоа е сосема во ред.Се надевам дека ти помогнав колку толку.Поздрав и се најубаво!:!::hai:
     
  18. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Јас сум во слична ситуација да не речам иста само што мојата другарка е веќе мажена но ме тупи мене со некои глупави проблеми од типот : Види тој што пишал на твитер, тој го фејвнал тој, тој го ретвитал тој. И имам кажано да не ме замара со тие проблеми а таа почнува: Јас секогаш сум овде за тебе, ти мене никогаш не ме ислушуваш. Ок, вистина е дека ме ислушува и дека се труди да ми помогне но не знам зошто мене ме замара и таа се замара со некои виртуелни личности? Почнувам да и се искажувам и на пола муабет ке те прекине и вели да го пишам ли тој твит? :D Знам дека иритира кога имаш таква другарка која мисли дека светот се врти околу неа. Па и ме нарекува злобна. Зошто злобна? Затоа што не се замарам со нејзините виртуелни проблеми кога имам јас свои реални?
    Ништо, нема што да и помагаш. Ако избрала така да биде нека биде по нејзино нема што ти нејзе да и помагаш. Таа ако е доволно паметна сама ке си ја сфати грешката кога ти ке ја оставиш. Знам дека ти значи и дека ти е добра другарка но која си ти па да трпеш таква тортура? Во животот јас научив да не се нервирам ни за другарки ни за ништо. Таа си одлучила на таков начин да живее а ти колку и да зборуваш таа ке тера по свое. :)
     
    На Kala22 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    1.099
    Тотално заборавив дека и сум прашала за проблемов,фала ти многу што одвои време да ми пишеш иако одамна и имам прашано.Инаку она си остана иста,само јас го сменив односот кон неа,односно веќе ниту се трудам да и помогнам ни ништо,едноставно не ни барам помош од неа,сфатив дека е човек кој едноставно незнае очигледно да им се најде на другите кога им треба,ептен чуден карактер е ама луѓето неможат да се сменат,а ние созреваме бараме личности до нас кои се стабилни,искрени,помалку духовити,забавни,и кои ќе ни се најдат понатака во животот.Без разлика на се она ќе остане пак моја другарка,сеуште се гледаме ама дефинитивно тоа не е она пријателство ако може да го наречам вистинско во секоја смисла,исто како и во врските џабе еден вложува кога треба двајцата :)
     
    На okcenzi и JustFun им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.805
    Какво пријателство е тоа да се договориш навечер со другарка дека утре ќе одите некаде, со ветување утре да се чуете и утре да не се јавува на мобилен. Ѕвонам утре 10 пати на два броја нејзини различни и не се јавува воопшто. И си фатив патот сама кај што сум планирала да одам. Па почесно е да се извиниш, да кажеш не можам, ми излезе нешто, отколку да не се јавуваш и некој на тебе да чека. Луѓето се ужас.
     
    На Anabelle.Amorette и SnowWhite8 им се допаѓа ова.