Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми и совети во врска со пријателството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од poppie, 21 јануари 2010.

  1. Batterfly93

    Batterfly93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    132
    Најпрво ти благодарам што одвои време за да ми одговориш а воедно и да ми помогнеш.
    Но лесно е вака да се каже, тешко е да се оствари. Јас верував дека ќе се промени кон подобро дека јас се залажувам дека љубомори, наивна особа сум, простувам па затоа лесно ме повредуваат. Неможев да се дистандионирам бидејќи сме комшии куќа до куќа. Сите бевме како едно, барем така мислев јас, додека таа работела на својот план. Не разбирам си го занемарува својот живот за да уништи друг. Веќе 4год живеам со нервоза и солзи и нормален е овој испад. Семејствоото ми е се, а таа да плука по моја сестра и да ја омаловажува е тоа мн ме повреди. Ме скрши.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  2. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ништо не е тешко да се оствари ако се сака.
    Ова треба да ти биде памет за друг пат.
    Прва работа што треба да ја знаеш е дека луѓето не се менуваат, тоа најдобро го осетив на своја кожа. Тоа си е карактер ако таа така си е научена така и ќе си тера. Може повремено да се смири, но еднаш пак ќе продолжи по старо. И јас не ти кажав да бегаш од неа туку да не бидеш блиска да ја избегнуваш постепено и да не и откриваш тајни.
    И нема што да ти биде чудно постојат секакви луѓе, ретки се добрите и искрените. Единствено што можам да ти кажам е дека за ваквите луѓе не вреди да се нервираш.
     
    На ebola и Batterfly93 им се допаѓа ова.
  3. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    740
    Допаѓања:
    322
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки
    Навистина немам кому да се изјаснам..Или сум погрешно сфатена или не доволно добро за да ме сфатат во каква состојба се наоѓам.
    Знам дека сите луѓе имаме проблеми во пријателството но верувам како мене дека не е никој.
    Незнам од каде да почнам,всушност кај мене се е испомешано.Се дружев со едно девојче околу 4 години ме изневери и оттогаш немав другарка т.е ја имав изгубено довербата и не верував во вистинско другарство.Но кога се здружив повторно со друга личност потполно се доверив повторно ја правев истата грешка иако нешто одвнатре ми кажуваше дека ќе биде исто како претходното другарство но навистина немав на кого друг да ги кажувам проблемите...Така и беше,уште едно неуспешно другарство.Незнаете колку имам плачено и се имам нервирано иако немав никаква вина сметав дека ако јас пружам љубов и искреност во пријателството ќе ми биде возвратено во иста мера но не било така.
    Едвај чекав да завршам основно бидејќи сите кажуваа дека во средно се најубавите години и таму се запознаваат вистинските пријатели.Се обидував на секаков начин да комуницирам со секого но едноставно бев одбегнувана...Оваа година морав да се селам во друг град ради x причини исто така имав огромна надеж дека ништо нема да биде како порано дека јас конечно ќе си запознаам другарка која ќе ме цени и на која можам да се потпрам.Сите деца беа веќе запознаени меѓусебно јас дојдов како избац во класот ама немав друго решение освен нели повторно да се трудам да започнам комуникација.Сето тоа беше залудно,демек време да помине рано е ајде уште не ме знаеле но едноставно си беа во друштва и не се замараа со мене.Колку ми беше тешко кога ќе дојдев дома само плачев несакав да одам во школо поради ова...Имам едни 2 девојчиња во клас што ми прават муабет кога ќе сакаат онака ради реда.Но јас не сакам така сакам да се дружиме..Поголемиот дел од времето сум сама,седам на клупа и слушам музика...Навистина незнам каде грешам,не сум толку повлечена сакам да се дружам и да правам муабет незнам зошто е вака :( стварно ми е тешко кога ќе видам колку се дружат одредени соученици..Дали можеби некако ги повредувам илии незнам одма ќе се сменам да ја знам причината.
    Ви благодарам однапред за одвоеното време за вакви глупости но верувајте ми стои како товар на друшата незнам каде на друго место да се изјаснам..
    Извинете на рефератов...
     
  4. ebola

    ebola Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Еj Мia-k немој да имаш целосна доверба во другите. Запамти го ова и за понатака. Целосна доверба само кај мајка ти, само во фамилијата најблиска. Не заборавај дека постојат лоши луѓе што твоите проблеми ќе ги употребат против тебе во првиот момент кога нешто нема да им е нив по мерак. Ама тоа не треба да те кочи во пријателството. Само треба да се пазиш.
    Друга работа, средношколските денови се убави, за некого најубави, за некого не. За некого со солзи, за некого со смеа, али сите сме ги преживеале.
    Мој пример: девојчиња со кои што се дружев во основно и поради кои се запишав во истото средно, за месец дена ме испозаебаа, и толку бев лута, гневна и тажна, што сменив школо. Таму кога отидов и мене ми беше тешко, беше средина на година, сите веќе се познаваа, се дружеа, а јас бев аутсајдер. Ама не седев на страна, сама со слушалки во уши. Туку полека почнав да ги запознавам.
    Во дел од предметите бев подобра од повеќето соученици и им помагав, ама не во смисла на јас да им пишувам домашни, туку им нудев помош, оставав на нив да ја прифатат или да ја одбијат. Дел ја прифатија и сфативме дека сепак ќе остане само на тоа, дека ќе бидеме само соученици и ќе работиме на проекти и домашни, а со дел сфативме дека имаме и повеќе заеднички работи освен школото, сличен вкус за филмови, музика... И се развија супер дружби, искачања, симпатишање, екскурзии, зезање...
    Немој да форсираш пријателства, никогаш не излегува како што сакаш.
    И дај си време. Немој да плачеш! Не решава тоа ништо. Земи учи, гледај филмови, серии, читај книги, седи си на форумов ќе си правиме муабет. :) Не се затварај дома, земи си кутре и шетај се со него. Вклучи се во натпреварите за прва помош ако ги имате, вклучи се во школски активности, и дефинитивно дај си време, ќе запознаш луѓе и ќе работиш на пријателствата.
    Тоа е тоа, моето мислење, се надевам дека не се навреди и не ме сфати некако погрешно.
    Поздрав :)
     
    На Mia-K и eloves им се допаѓа ова.
  5. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    740
    Допаѓања:
    322
    Пол:
    Женски
    Многу ти благодарам што одвои време за мене и што ми даде преубави совети.Верувај не е така како што изгледа мн се трудам да се здружам но нешто не успева а не ми е јасно која е причината.Како и да уште еднаш благодарам пиши ми лп за било што секогаш сум тука. :)
     
    На ebola му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Batterfly93

    Batterfly93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    132
    @Mia-K Девојче не се замарај многу, терај си го животот. Да речеме дека не добиваш нешто повеќе ако имаш пријателки. Еден ден фино, другиот кошмар. За добри пријатели не ни сонувај, такви не постојат, се е од Корист. Ако татко ти нее е владика тогаш не им ни требаш. А сигурна сум дека несакаш да бидеш искористена и повредена. Поминав низ сето ова, и сеа вака сама си терам живеачката. Имам пријатели „површни“ да речеме, колку да свртиме 2-3 реда муабет-безвезе. Се доверив за ситници на неколку луѓе и тие во прва прилика веднаш изнакажале се. Сега ми е криво што сум кажала. Попрво тука ќе пишам, отколку да се доверам некому. Но некогаш неможам да издржам, брборлива сум по природа. Толку безобразен станал светов што ми доаѓа да им се лутам на моиве, што ме научиле за култура и почит.

    Биди весела и насмеана. Не дозволувај светов да ти го уништи животот.
     
    На Mia-K му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Навистина кога нешто се форсира не успева. Биди си ТИ, едноставно немој ниту да се трудиш премногу за да им се допаднеш, а ниту да се повлекуваш.
     
    На ebola и Mia-K им се допаѓа ова.
  8. Pepelaska1994

    Pepelaska1994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2015
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Вака
    Вчера со другарка ми се договоривме да се видиме денес да излеземе. Денес ми се јави за излегување и ми кажа порано да одиме зошто покасно ќе излегувала со еден дечко. Јас ја прашав ако не нека излезе па со мне. Подоцна ми се јави дека тој откажал и да излеземе. Јас се спремив и звонам не се јавува. Звонам кај неа дома ми рекоа излезена. Ми се јави после ми кажа дека е во град со некое момче јас прашав со ненад ли и таа да ( едно момче што и се допаѓа. Ми кажа ке се јави подоцна а јас спремна ја чекав со саати. Сигурно кога и се јавил се полетела ко мува без глава и ме зафркна. Не ми се верува дека ова ми го направи а ме фалеше пред сите дека се дружиме со години и се ми кажуваше.

    Сакам да кажам дека прво се договори со мене. Па можеше да се јави дека ја викнал ќе разберев многу и се допаѓа. А не да се спремам па уште да ми каже ќе ти се јавам и да ја нема цело време а јас да чекам.
    Ако тој и е поважен незнам зошто само мене ме бара кога е повредена. И демек намене се ми кажува. аб ајде.
     
  9. Arabella

    Arabella Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2013
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Мене ми изгледа дека таа не ти е другарка, и дека те користи само за да пополни време, нема со кој да излезе, па ај со тебе.
     
    На Pepelaska1994 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Eleonora334

    Eleonora334 Нов член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2015
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Јас имам проблем со создавање другарства.. Неможам брзо да се зближам, имам една другарка со неа се дружам цели 10 години и единствено таа не се тргнала од мене, многу голема љутка сум и имав до сега 4-5 најдобри другарки и со сите нив се скарав за стварно банални работи поради кои сега се каам.. А и гледам сите си се дружат си искачаат во поголеми друштва и ред други работи а само јас неможам да си најдам така повеќе другарки. Другаркава со која се дружиме цели 10 години, има куќа во Германија па и таму е постојано па кога ќе отиде таа јас се чувствувам многу осамено, отфрлено, тажно..
     
    На biGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. TeenageDream

    TeenageDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    Еве и јас имав најдобра другарка 4 години, ми беше како сестра, ни што се немавме поминато и што се немав за неа направено. Буквално животот би го дала за неа. По цели денови бевме заедно, се си делевме, кажувавме, каде едната таму и другата. И бев рамо за плачење и таа мене. И се ова за на крај да оди зад грб и да се мува со мојот дечко. Не знам стварно што да правам, сакам да и простам и да и се смирам ама душата не ми дава.
     
    На zekzeki му/ѝ се допаѓа ова.
  12. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.540
    Пол:
    Женски
    Сама си одговори зошто немаш другарки. Си се свестила еве и сега си ја знаеш грешката. Пробај да си воспоставеш нови контакти со некои пријатели или да и се извинеш на старите другарки, и памет за друг пат да не се лутеш за ситници.
    Зарем веруваш дека таа ти е другарка?? Таа ако беше другарка немало сигурно да се плетка баш со твојот дечко. Незнам како ке и простеш и ке се однесуваш како ништо да не се случило кога самата постапка е ужасна, ете немала ни трошка почит кон тебе.
     
    На biGirl и kukla21 им се допаѓа ова.
  13. waterllady

    waterllady Популарен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2014
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    3.181
    И мене ми е потребен совет...
    Имам 2 „најдобри другарки“, се дружиме веќе 9 години, со едната бевме неразделни цело време, а со другата се здруживме последниве 2 години. Значи стварно изгледаа како да ми се вистински другарки, секој ден бевме заедно, си кажувавме тајни, заедно излегувавме, бевме како едно.. Е сега, во последно време си се зближија тие две, а без никаква причина мене ме отфрлија (и не признаваат дека ме избегнуваат), еве на пример синоќа се договоривме да излеземе во 9, а тие си го сменале планот па си излегоа во 10, а јас како будала ги чекав половина час па си отидов, и па уште ми се јавуваат и ми викаат зашто не идеш бе ајде забавно е те молам дојди... Ќе се договориме да одиме некаде во град, па јас ако откажам тие две сами ќе си заминат, а ако откаже некоја од нив тогаш нема шанси останатите да одиме. Си излегуваат со друштво (во кое што сум и јас) и мене не ме викаат, си одат една кај друга. Не викам дека треба да се дружат само со мене, ама нели сме најдобри другарки, нели треба барем да ме викнат кога ќе одат некаде. Друго, за се сум јас крива, ако се дознае некоја нивна тајна вината ја бараат во мене (иако никогаш во живот не сум ги издала ни за најмало нешто), а благодарение на нив сега цело друштво ги знае моите симпатии и тајни. Кога сме заедно тие две ќе си се прегрнат и си шепотат а кога ќе ги прашам за што зборуваат одговорот е- Ништо. Поради нив се скарав со една навистина добра другарка, не ја сакале во друштвото, ги нервирала.. Најтрагично е што средно се запишавме во исто школо, па мора вака уште 4 години да сме заедно.. Братучетка ми ми вика батали ги, тие не ти се другарки, ама не знам што да правам, немам со кого да излегувам, само со нив сум блиска...
     
  14. Catherayn

    Catherayn Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Женски
    Батали ги девојче,гледај оддалечи се од нив и сами ке те бараат по некое време-а во средно ке си запознаеш нови другарки..
     
    На waterllady му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Ама другаркиииии! Ќе си атекнеш нови. Они сигурно се држат од некоја корист. Кога ќе им помине потребата, двете ќе те бараат.
     
    На biGirl, waterllady и vitamina им се допаѓа ова.
  16. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Може некој да ме советува преку лп за една "ситуација"? Не сакам да ја пишувам на темава. :tmi:
     
  17. Mika23

    Mika23 Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Мислам дека имам навистина голем проблем,но незнам како да го решам.Мојата најдобра другарка премногу се поти и нормално не мириса пријатно. Секогаш кога ќе и кажам нешто на таа тема таа ми вели дека таа секој ден се капела и туширала и дека користела ваков парфем или онаков и никако неможам да и кажам дека има проблем со потење.На сестра ми тоа премногу и смета и ми забранува да влегуваме во нашата соба со неа зошто едвај се луфтира . Ве молам Дајте ми некаков совет бидеќи и јас се чувствувам неоријатно.Дури и на другите нејзини и мои другарки им смета тоа па сите намене навалуваат за да и кажам. Благодарам однапред
     
  18. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.540
    Пол:
    Женски
    Ако навистина другарството ви е вистинито и искрено седни ја и кажи и на културен и разбирлив начин. Објасни и навистина дека има и постои проблем, најверојастно некоја врста на хормонско пореметување па нека си посети и доктор, ако се почитувате ќе те разбере дека сакаш да и помогнеш за нејзиниот проблем и дади и до знаење дека ја има твојата подршка.
    Немој наеднаш да избувнеш со проблемот, полека уз муабет потруди се да и помогнеш.
     
  19. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Седни ја и кажи и најнормално. Најдобри другарки сте, се надевам дека ќе ги свати твоите добри намери.
    И немој да кажуваш дека сите околу неа ти викале така, греота е ќе се навреди.
     
  20. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.540
    Пол:
    Женски
    Јанг си ме помешала со девојчето, јас само совет и дадов не беше за мене наменет проблемот :)