Јас да. Знам дека сум голема будала што го правам тоа ама секогаш им давам втора шанса на другарките...
Степенот на оддалеченост има важна улога тука. Тоа личи на користољубие но јас мислам дека не би ја откачила. Секако дека треба и за пријателите да се има време, а не да се заборават штом се почне врска, па после кога имаат потреба да се јавуваат, но јас ете би дала шанса.
Но кога ке си размислиш поубаво некогаш и не треба да даваш втора шанса, затоа што не заслужуваат, каде беа кога ги бараш, кога ти требаа, нормално дечкото им беше побитен од другарката, според мене треба и двете страни да се битни, и за двете да се одвојува време. Поправи ме слободно ако грешам, ова прашање од секогаш ме мачело. Ма и ја сум најголема будала што секогаш им давам шанса, не сите заслужуваат да им дадеш шанса.
Да во право си ама секогаш има две страни. Можеби некогаш и ние несвесно сме повредиле некоја наша другарка без да знаеме. Ние за себе си мислиме дека сме најдобри и самите себе си сме си најдобар адвокат секогаш, ама некогаш треба да се погледнат и двете страни. Имав пример кај една моја другарка се жали од нејзина другарка како ја запоставила кога нашла дечко а сега оваа истото го направи. До некаде ги разбирам ајде заљуени се среќни се ама секогаш треба да има баланс.
Во право си, ама ипак постои но кај мене, затоа што кога ке фати нов дечко истото ке го прави, сигурна сум во тоа, затоа што ја знам како дише.
Те разбирам многу убаво, да сме повредиле не викам не, но сигурна сум дека ние не би го направиле тоа никогаш, затоа што ипак другарки си требаат, исто и дечко, и да ке се заљубат, срекни се мило ти е за тоа, и срекна си што се и они срекни, ама не разбирам само зашто мора така да прават. Кога знаеш дека пак ке се вратиш, и дека пак ке ја побараш другарката не ја откачувај ради дечкото, затоа што не сите даваат шанса како нас.
Мислам дека, штом ти значи, повеќе ќе згрешиш и ќе се каеш ако дозволиш да ја изгубиш. Бидете искрени една кон друга, а со текот на времето нели човек се менува, таа (се надевам) ќе научи дека пријателите се подеднакво важни како дечкото.
Ке те послушам, исто и јас се надевам дека еден ден ке се смени, и дека ке научи. Ти благодарам многу битерке, многу ми помогна, имај убава вечер
@Crna Dama јас би и дала шанса. Не гледај толку буквално на тоа. Кога ќе си фати некоја дечко нормално е да сака повеќе време да поминува со него што не значи дека тебе треба на цело да те откачи, но можеби поретко ќе се гледате. Тоа е секогаш така , и не само кај тебе во твојот случај. Дружи се со неа , излегувај, но биди резервирана. Не мора да ти биде најдобра другарка.
Оф главата ми е хаос ако ми верувате, многу размислував за ова секоја вечер, и затоа сакав да побарам совет на фемина, ме интересираше вие што би кажале, и што би направиле. Зарем само јас ли сум таа што одвојува исто време и за двете страни, не знам стварно.....Сепак фала ти многу
Единствена не си , сигурно. Но не очекувај секогаш позитивен фидбек доброто со добро да ти се враќа. Знаеме дека тешко е да се најде вистински пријател во буквална смисла ,идеален и без мани, со кој ќе имаш се и ќе можеш се да споделиш....Но барем доволно е да имаш некој со кој ќе можеш да искочиш, да се насмееш , да испиеш кафе..
И нема да ти кажам, денеска е многу ретко да најдеш вистински пријател, што ке биде секогаш тука за тебе, што нема никогаш да те остави, тоа више го нема, од многу одамна. И поубаво нека имам една другарка вистинска, него ли 100 лажни околу мене. А за кафе секогаш има пријатели, и секогаш ке најдеш, него нема вистински, со кои ке можеш да споделиш све, како што кажа ти.
Да, би се дружела повторно. Мислам дека имаш право да ја прашаш зошто се оддалечила. Веројатно по одговорот и реакцијата ќе процениш што да направиш доколку повторно го направи истото.
Не реков лажни пријатели да имаш, но идеален по твоја мерка нема да најдеш сигурно , како што и ти самата кажа вистински пријател на денешно време е тешко да се најде.
Тоа и планирам да го направам, дефинитвно морам да седнам со неа и да направам еден убав муабет. Ти благодарам мила. Свесна сум за тоа дека и нема да најдам по моја мерка пријатели, ама барем знам дека ке биде секогаш тука за мене, како и јас за неа. Точно дека во животот без секого се може, и се живее, ама не можеш да си сам, како што кажа ти, друго е кога имаш пријателка, или другарка, со која ке можеш да испиеш кафе, да искочиш, и да споделиш све со неа. Да знаеш дека секогаш сте двете тука, една за друга. Ипак фала ти многу на советот уште еднаш, имај убава вечер.
Pozdrav, jas sum nov clen, no odamna sakav da se zaclenam bas ste mi interesni. Sakav da ve prasam za mislenje dali e mozno vasata najdobra drugarka da odbegnuva namerno da se videte so drugarot na nejziniot decko za slucajno "da ne bide rabota" so vas dvajca ? Se nadevam me razbravte sto ve prasuvam. Koj ne me razbral ke objasnam.