Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми и совети во врска со пријателството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од poppie, 21 јануари 2010.

  1. Mili28

    Mili28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    7
    Како да ја тргнам од мојот живот

    Се согласувам со тебе цуцулце и јас мислам дека има некаков проблем дома во семејството што повеќе би седела на некое друго место отколку дома, или никој не ја приметува дома или сите и викаат, или родителите цело време се караат или во полос случај и физички се напаѓаат, мислам дека сепак има некој проблем дома што несака да седи дома и бара утеха во друго семејство што најеројатно и посакува да има такво како вашето и да не слуша карање секој ден, си бара мир на друго место! Искрено ми е многу жал за тие девојчиња што љубов и мир бараат во друга куќа зошто во сопствената неможат да го добијат :(
     
  2. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Како да ја тргнам од мојот живот

    Прашањето е колку таа тебе ти значи. :^)

    Ке ти раскажам една моја приказна, што можеби нема никаква врска со твојава, но е поврзана со начините на дружење и потребите во пријателството.

    Имам другарка, со која сме заедно од забавиште (значи 17 години), сме се оддалечувале и сме се зближувале, се во однос на моменталните потреби (сме се оддалечиле ако сум фатела дечко, ако таа повеќе се зближела со друга девојка заради некоја потреба, итн), но до ден-денес една кон друга сме она што сме биле на почетокот. Ми кажуваа муабети дека се дрогира, дека не знам со кој спиела, дека се мувала со женет и што ли уште не, а во ниеден момент за ова сама не ми спомнала и признала.

    Јас не ја ни прашував. Едноставно не ме интересираше.
    Се прашува некој зошто?!

    Тоа што го прави човек во приватниот живот, е негова работа. И јас имам работи што сакам само за мене да си ги задржам, како и секој, нели? Ако прави нешто што не е морално, никаде не пишува дека и јас истото би го правела. Правилото ским си-такав си, во нормалниот свет од никогаш не важело, освен кај оние задолжените за решавање на туѓи проблеми (чашитките мили). Што и да прави, мене не ме засега. Мене ме засега само нејзиниот однос кон мене. Дека ми е другарка. Како што никоја друга не може. Да почувствува сама кога не сум добро, кога ми фали нешто, кога сакам прегратка, кога сакам некој да ме исплеска. Да ми се најде само таа, кога никој не знае да ми се најде. А што ли правела, ма ич не ми е гајле. И ич нека не ми кажува, зашто не е моја работа. Нема зошто да и замерувам. Немам право.

    Во однос на твојот проблем, ако таа твоја "другарка" ти смета во некоја смисла, кажи и што ти смета и нека биде крај на дружењето. Ти спомнуваш дека ти е другарка, а поимот е многу вреден да го дадеш за некое заморче. Кажи и дека ти смета што е ваква, таква, онаква. И крај. Готово. Нема да бараш изговори, нема да се мачиш, нема да глумиш мајка Тереза и да вдомуваш некого без волја.
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Како да ја тргнам од мојот живот

    :D

    Колку убаво сите си кажавте какви другарки имате, уште еднаш се потврди мојата теза дека не постои другарство ;)

    Во врска со проблемот, ќе ти кажам истото што го кажаа поназад, не и отварај врата или кога ќе дојде иди и контра цело време, прави работи што ја нервираат така постепено сама ќе се оддалечи од тебе кога веќе нема да се чувствува пријатно во твое друштво. А за тоа дали имала проблеми дома, не си ти виновна, зошто ти да трпиш? Или пак можеш да излегуваш кога ќе знаеш дека ќе дојде и така неколку пати ваљда ќе сфати :)
     
    На Justice.Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Како да ја тргнам од мојот живот

    Потполно се согласувам со Мерлин, во однос на нејзината другарка како сето тоа јас да сум го пишувала.
    Имам таква другарка и никогаш за ништо не сум ја прашала: Дали е вистина?
    И за самиот поим "Другарка" убаво објасни Мерлин. Штом ти е другарка значи можете отворено да разговарате на оваа тема.
    Онаа другарка за која јас напишав во првото мислење на темава, излезе толку од контрола што во неколку наврати ми имаше кажано дека на мајка ми и доаѓало да и се обрати со мамо? :^)
    Па побогу, си има здрава права нормална мајка дома.
    Каква и да е мојата мајка таа е моја, да посакам друга мајка да наречам мамо, нормално ли е?
    Почнав да се загрижувам и морав на сите можни начини да се дистанцирам од неа.
    Од дома ми велеа ај да си ја посвоиме? Сето тоа иронично. И нив им се поремети редот и мирот.
    Не сте имале ваква напаст и не знаете како е. Во целост можам да го разберам девојчето што ја има отворено темава. Има сериозен проблем.
    Верувајте постојат личности на кои се им е како што треба дома, само имаат болни умови. Тоа беше случај со мојата другарка.
     
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Како да ја тргнам од мојот живот

    Де бе?! Па кажи и скар, скар, скар и испушти го делот „догодина смир“.

    Ете така :) Сепак најнормално решение би било да и кажеш дека не сакаш да доаѓа на гости, најавена ниту НЕнајавена. Дека едноставно имаш други планови, дека немаш време за неа, или едноставно кажи и дека не сакаш да си во нејзино друштво и чао џаци.

    Е сега ако сакаш да и правиш малку драми и сцени, криј се, прај се дека не си дома и слично, ама со тоа ништо друго не правиш туку само го ставаш проблемот во фиока, знаеш или како кога ќе го сметеш ѓубрето под чергиче но сеуште таму останува.

    Јасно и гласно - кажи и во фаца и готово! :)

    Барем за губење пријатели кои не ни биле пријатели е денес лесно, а да се пронајдат е потешко.
     
  6. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Како да ја тргнам од мојот живот

    А знаеш што да пробаш?
    Биди и ти како неа.Отиди кај нејзе и седи цел божји ден,влегувај си кога сакаш, сосе патики, расфрлај и по куќи.Па да осети и таа како е. :devil:
    И ако и по ова пак си остане иста незнам што да кажам, не е арно девојчето :x
     
  7. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Како да ја тргнам од мојот живот

    И не разбирам зошто ја трпиш?! Ајде де да ти знали ко другарка или нешто,али ја сватив дека уствари ти е само товар :^)
    Кажи и фино лепо,мама не ми дава со тебе да се дружам и готово! :D

    Се шалам ама озбилно кажи и во фаца Те молам не ми доаѓај на гости,ми сметаш и на мене и на моите,си сакам приватност ,вишок си ми дрн-мрн :wasntme:
    И така немаш што да изгубиш,освен што нема да има кој да те замра по цел ден |(
    И кажи им на твоите дека ти смета,и ако ти дојде на врата нека не ја примат и готово.

    Ама па и другарка да ти е,мене ми е сосема нормално на другарка да и кажам ако нешто ми смета кај нејзе или она на мене,и нормално нема што тука љутење да има.
    Ако е вистинска другарка ќе ја цени твојата искреност ;)
     
  8. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Како да ја тргнам од мојот живот

    Викни ме мене - јас сум за ваквите лекот :) Очигледно девојката е џаболебар, кога има по цел ден време за да дреме по куќи наместо да си го искористи времето за нешто продуктивно. Имам и јас фази од денот кога ништо не ми се прави , ама апсолутно ништо :!: Ама ете никогаш не ми се случило да се ставам кај некој дома и да вегетирам како билка таму...Едноставно или спијам, или си седам на нет или пак ако евентуално решам да отидам некаде на гости, обавезно се најавувам телефонски и не седам со саати и саати, туку разумно... Јас од никогаш не сум можела да ги сфатам ваквите луѓе, кои ги мерат по цел ден туѓите домови |( Обично изговор им е изјавата од типот - "па јас не работам или не учам и слободна сум по цел ден" ...Да...Ама земи читај нешто или седи на нет или прошетај се до некаде и било што......Ти Твити најубаво кажи и декка имаш некои ангажмани или обврски, ама НЕ додека е кај тебе, туку по телефон или случајно ако ја сретнеш некаде...Да испадне работата - ти зборам ќерко сети се снао :?: И едноставно заклучувај си врата и не отварај! Јас на никого не му висам дома, ниту пак сакам некој драгоцените слободни саати што ги имам, да ми ги ремети...Постои телефон и фино лепо може да се јави...Најмногу мрзам кога ми ја нарушува некој приватноста во соопствениот дом! Сакам определен дел од денот да си ги облечам моите розеви памучни пижамки, да си облечам розеви чорапки, да си ги ставам пижамките во чорапите, да си се испружам на креветот со сите четири во вис и да си пуштам нешто интересно на ТВ да си гледам и да си кулирам...Е богами ваквото задоволство не давам никој да ми го ускрати...Го заслужувам....
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Како да ја тргнам од мојот живот

    Следниот пат кога ќе ти дојде на врата едноставно кажи и дека не сакаш да се дружиш со неа и немаш време за неа. Едноставно без да се замараш
     
  10. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Како да ја тргнам од мојот живот

    Tокму така,кажи и дома приватност немам,не можам со моиве да си направам муабет,им сметаш,малку ако може да се дистанцираме :D :) и веке ако се побуни,јас би ја пуштила мајка ми,само таа ке среди,озбилно нека и кажат твоите,прави се зафатена,и заклучувај врата ;) :D
     
  11. pa.ki

    pa.ki Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Како да ја тргнам од мојот живот

    Е баш ваков проблем има братучеда ми,кога и да појдам јас или било кои други роднини таа е таму и најтрагично е што само седи кафе ,сок ручек и ништо не зборува ко некоја саксија е и само вегетира и тоа се случува години уназад во меѓувреме девојчето се омажи и роди и пак е редовна кај тетка ми,дури кога се мажеше и се смеевме на тетка ми од кај неа да не ја земаат за невеста и не знам како ја трпат јас да сум ќе му ја смислам нешто не трпам такви работи
     
  12. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    Како да ја тргнам од мојот живот

    Еј ама последно време луѓево стварно се понашаат ко озрачени! :^) :D

    Јас фала Богу немам вакви личности ама мојата најдобра другарка има... замислете од сестра и некоја школска другарка од средно (што се немале видено ни чуено со години) и дошла пред некоја недела на врата и и рекла: дали може да останам кај тебе некое време, се искарав со моите! |(
    И она ја примила као на ден два а ене ја уште кај неа си седи абер нема да замине... и уште си нарачува желби, што сака за јадење, каков шампон да купат, бојлер си пушта кога сака... абе Бог да чува.
    Остај се, и мене ми е незгодно да одам кај другарка ми, а таа па кутрата секој ден иде кај мене и се жали дека нема мир и слобода дома :worried: Мене не ми смета што иде пошто ми е другарка и комшивка и се знаеме од мали нозе, како сестри сме ама ете таа девојка го поремети нивното семејство а еве сега и на мене влијае.

    А tweetygirl ти да пробаш да ја пратиш мајка ти кај мајка и нејзина? Нека поразговара она со неа, нека ја праша што е работата, зошто малата нејќе да се прибере дома. Сеа може глупо ќе и биде на мајка ти да ја прашува жената такви прашања ама па јбг вашето семејство е вмешано тука.
     
  13. pumpkin

    pumpkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    119
    Како да ја тргнам од мојот живот

    И јас имам ваков проблем! Има едно девојче кое што не можам да го откачам никако!!! Доаѓа кај мене, и како прво корне на пот, чорапите и мирисаат одвратно :puke: После нејзе не можам да си ја излуфтирам собата!!! Башка, ќе дојде, и одма запнува:може на фб да се стаам, може ова, може она? Не знае муабет да направи, и викам едно, она сосем десето сфаќа, а 15 кажува...Кога ќе лупне некој несврзан муабет, не можам да ја трпам! Плус, шири таква негативна енергија, тоа е незамисливо дури...Значи, се на се, не ми е другарка и не можам да ја поднесам, и очајно ми треба совет како да ја откачам...Сум ги пробала сите форми на избегнување, кога ќе дојде не и правам муабет, си излегувам од соба на подолг период не кажувајќи и дека ќе се вратам одма :D , се заклучувам :fubar: ама таман ќе ми се приоди во wc или пак ќе ми се пријаде, или едноставно треба да излезам од соба бре, и ме начекува!!!!! :doh: Уххх!!! Спијам по цели денови, ја терам мајка ми да лаже дека не сум дома...И не ми досаѓа на мене само, туку и на нејзе, дневно доаѓа БУКВАЛНО 17 пати!! Што е многу-МНОГУ Е!!! Не можам повеќе да издржам! И викам, имам за учење, и ќе ја снема на пола саат, па пак ќе ми се нацрта на врата...Еднаш па, со братучетка и ми се тупосаа по цели денови, а јас девојчето не го ни знаев како прво, и ми викаат ај вари кафе! Ај си реков, ќе сварам, не е проблем, и си седиме јас и мајка ми надвор, они си го земаа кафето и си се пикнаа во соба, пред компјутер! Ја и мајка ми вакви :o wtf?!?! Им вика мама ајде излезете надвор, ние тука седиме, они не не...Три секунди не поминаа и слушам се кикотат нешто...Кога гледам-што ќе видам...Го истуриле цело кафе по стол, врз тастатура, на подот лом!!! Па уште едната и вика на другата ќути ќути!!! еее доста беше...им се развикав и тоа асално па им текна да си отидат! АМА другиот ден ете ги они на врата, уште у 7 саат,ме разбудија, како тропаат на врата!!! Друг пат па, јас бев излезена, а мајка ми си легнала да спие, кога, во 1 саат ноќе, и тропала на врата, и жената станала, мислејќи дека сум јас...И кога ја гледа нејзе! Се стресла...Пазете ја причината зошто дошла:Мајка и и рекла да се јавиме на брат и да купел бурек?!?!?! :@

    Извинете за долгиов пост, ама морав сликовито да ви ја опишам мојата ситуација, иако има уште мноооогу да пишувам, ама знам дека ја претерав уште одамна!
     
  14. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Како да ја тргнам од мојот живот

    :o Леле пампкинннн.... Останав без зборови!
    ЈАс на твое место би идела директива! И така не ти е другарка, ти е гајле ако се налути, кажи и го ова што ни го кажа на нас. Кога ке дојде со смрдливи чорапи , кажи и - ти смрдат чорапите, цела соба ми мириса, и избркај ја. Речи и да и оди, дека е многу досадна, на што личи тоа по цели денови да дреме кај тебе, си имаш ти обврски неможеш со неа да тросис време.
    КОга она е без осет и безобразна, биди и ти. Такви луѓе се стварно неподносливи. Таа нема свој живот, па сака твојот да го живее...
    Лупни и се у фаца како што ни кажа нас, па да видиме дали ќе и текне да дојде пак.
     
  15. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Како да ја тргнам од мојот живот

    Разбирам дека станува збор за неподносливи и наметливи луѓе но кога е до толку отидена работата тогаш не мора да се биде фин! Мора да има и исклучоци кога ќе се покаже заби со цел да се спасите од толку ненормално нападни луѓе!
    Она доаѓа у 7 сабајле па ти не треба да ја пуштиш да влезе! Речи и ,,спијам јас у ова време и друг пат не ми доаѓај толку рано,, Кога веќе толку сакате да ги тргнете од вашиот живот тогаш уште кога ќе ја видите дома кај вас речете и дека немате време да седите со неа и дека се спремате за излегување! Мислам кога е до толку отидена работава и ви го реметат денот такви натрапници тогаш се нема потреба да се биде фин и културен!
    Ако тоа се случи повеќепати и досадната ја примети вашата негостопримливост мислам дека ќе се освести и ќе престане да ви досаѓа! Ако пак не се освести тогаш не е само досадна туку и душевно пореметена! Не е возможно нормален човек да биде толку нападен кога јасно му се става на знаење дека е непријатен гостин!
     
    На mila85 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. pumpkin

    pumpkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    119
    Како да ја тргнам од мојот живот

    Ете гледаш, се занесов во раскажување на дешавките со неа, па сум заборавила да кажам дека е ќерка на една пријателка на мајка ми! Ама нема везе тоа, кога го истурија кафето, не само јас, туку и мајка ми им се развика и ги избрка, ама сабајлето дојдоа колку што можеа порано! А за нозете, кога е топло, носи патики без чорапи, кај мене немате поим!!! Врата ширум отворена, прозорот исто, промаја шиба, ама неее! Си се осеќа тоа, ич гајле си нема! А едноставно немам срце така да и кажам, отворено, иако многу (МНОГУУ!!) пати сум се обидела, ама не можам! Па и викам:детее, не ги носи патиките без чорапи, се замирисуваат нозете...Она само:aaa па шо ми е гајле! Шо сака повеќе од тоа јас не знам...
    Иии ме вика за во продавница 10 пати дневно, и секогаш ја откачувам, од почетокот наоѓав разни изговори дека не можам, сега едноставно само и викам не сакам и толку...И пак по старата приказна си тера...Јас кога сум мртва гладна па ме мрзи до продавница да идам, не па на нејзе да и правам друштво...А зашто? За од тие 10 пати одење, 5 се за смоки, а другите 5 за сок! Па купи еден пакет смоки и не ме замаарај бе човече!!! И точно така, нема свој живот, па сега мене ме замара со нејзините глупости...Баш вчера, ми се најави дека ќе дојде!!! Wow останав без зборови, па затоа не се прибрав дома до 5 саат, цел град го исшетав, нозете ми отпаднаа, а за тоа време дошла 4 пати за да ме побара...И само што стигнав, уште не сум влегла внатре, и ја слушам ИДЕ!!! Се скрив и и викам на мајка ми кажи дека спијам! И си отиде. А стварно ми се спиеше, пошто немав спиено ноќта, ама исто така немав ни јадено сабајлето, па решив да јадам прво...Па луѓе ме фати на јадење!!! И си седна девојчето, јас не и обрнав внимание, си јадам...Не ја ни поздравив...И си ќутиме така ко телиња, на оваа не и текнува да си иде..И и викам, ај ќе идам да си легнам, ми се спие уште! До кај 10 саат уште три посети извршила, нели, инспектор е она, па мора да истражи се! Скренав, сега седам во страв дека ќе се појави, кај и да е, редно време е веќе да дојде!!!
    Ама па не можам да и кажам не доаѓај вака во фаца, па затоа и манифестирам на секој можен начин дека не ја сакам, но ете, не функционира...Морав да ви се пожалам вака, голема мака си имам :D
     
  17. bestrasnost123

    bestrasnost123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    28
    Како да ја тргнам од мојот живот

    оваа ти е апла невоспитана и безобразна ццц не ми се верува дека постојат вакви луге ти најдобро е да ја игнорираш и да и ја скратис слободата што ја има кај тебе
     
  18. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Како да ја тргнам од мојот живот

    Еее, море за таквите само стап по грб! :devil:
    Најубаво земи заклучи си врата, не отварај нека си ѕвони и ѕвони, па на крај краева ќе и се смучи и ќе престане.
    Како може бре во 7 саат сабајле да ти ѕвони на врата.Арно ја трпиш и ти и твоите.
    Ааа море мене така некој во 7 да ми заѕвони, ај мајка ми не толку, ама татко ми лом ко ќе се изразвика нема да и текне кај мене во куќа да стапне :D .
    Па ај да беше мало дете 7-8 па и 9 години, ај да кажеш не разбира ама ова девојка голема.Па и башка и се чудам како во 7 саат сабајле станува.
     
  19. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    687
    Како да ја тргнам од мојот живот

    Позајми и пари, можеби ќе имаш среќа долго време да не ја видиш :?:
     
  20. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    74
    Како да ја тргнам од мојот живот

    Pumpkin што ако е ќерка на пријтелка на на мајка ти кога ви ја вади душата.... Фино лепо кажи и дека не можеш да ја поднесеш и да не ти стапнала во куќа више (јас се напнав само што го читав постов не па да ми доаѓа тоа на посета манијакално)