Може се плаши да не и го преземеш. Ете си го запознала кога сте се сретнале случајно. Јас не сакам ниедна другарка да ме запознае со дечкото нејзин. Нека си имаат време за себе, први тие да се запознаат. Ти зошто сакаш да те запознае? Немам идеја.
Можеби дечкото не сака да се запознава со нејзините другарки. Сум била во таа ситуација, тоа беше причината. А другарка ти очигледно е загреана за него чим споделува дешавки од врската со тебе, па затоа можно е во него да е проблемот, а таа не сака тоа да го каже.
Не знам што па ти толку ја напнуваш да ве запознае? Ако сака и кога ќе сака она тогаш ќе ве запознае. И да 4 месеци е рано.
Може да појасниш малку? За што се јавува таа љубомора, кога? Јас не им давам значење на таквите или од инает им спомнувам работи кои ги прават пољубоморни и ги нервираат
Пиши лп Ја сум љубоморната обично.Имав ментал брејк даун пред некој ден Другарка ми у курац ја отерав.
Зависи во која смисла. Јас имав љубоморни другарки во средно. Љубоморни затоа што сум била поубава, сум имала дечко, подобри оцени и слично. Секогаш ми правеа ствари позади грб и слушав озборувања. Ги отерав у курац и јас. Не зборам со нив до ден денес.
Да не пишувам во погрешна тема ќе прашам овде. Со мојата најдобра другарка се дружиме 10 години.Таа знае многу тајни за мене и јас за неа.Се чуствувам пријатно во нејзино друштво. Проблемот е што понекогаш таа се исклучува од светот.Ќе се скара со нејзините дома и го исклучува телефонот и ја нема со денови. Пред некој ден ми се јави да искочиме другиот ден и другиот ден и ѕвонам ми вика ќе ја средувала косата утре да одиме, го прифатив тоа и утрето и ѕвонам не крева и ме побара дури два дена подоцна и ми кажа имала проблеми. И јас имам проблеми и секој човек, ама колку е ферски јас да се спремам за искачање, а таа да не ми крева на телефон и да не ми пише ништо. А ако отидев на договореното место без да и се јавам што ќе правев. Како би постапиле во оваа ситуација?
Иста другарка имав и јас Јас спремна, средена пред врата ми се јавува и ми вика ај друг ден да искочиме ми се јави тој и тој морам да одам и реков само добро и секое наредно искачање и каснев по 15 минути намерно ама помали бевме тогаш така да.. Иначе според мене нареден пат кога ќе искочите кажи и дека ти смета во последна секунда да откажува план , треба да стои цврсто на тоа што го кажала и ако има некој проблем слободно да ти каже за да и олесни и да и помогнеш. Ни се десило на сите нешто да ни искрсне ама сега на секое.. Не верувам дека погрешно ќе те сфати чим десет години се дружите,едноставно кажи и директно што ти смета и види што ќе ти каже на тоа.
Како што ти кажа @Kimberly11 следниот пат зборувај со неа. Но јас сакам да додадам што и да е не и' се лути, можеби навистина има некои проблеми и психички не е добро. Не сум дозволила во толку ептен последен момент да откажам, но и јас често сум имала денови кога не сум сакала никој да видам, а сум била договорена. Само поддршка ми требеше и некој да ме разбере без да ме осудува, а сега никој не остана. Без разлика што сте толку години другарки, те молам не ја осудувај одма без да сфатиш што е проблемот.
Прво тоа ме кочи што викаш најдобра другарка ти е, а незнаеш какви проблеми има и ја снемува по неколку дена. Не викам дека мораш до секоја ситница да знаеш ама тоа не ми личи да се мали проблеми. Си ја прашала ли и знаеш ли што всушност се случува со нејзе кога ја снемува? Со мојата најдобра другарка имав таков однос што буквално знаевме се, за секоја минутка од денот. И јас/она се дешавало да откажам/е во последен момент излегување ама секогаш ја знаевме причината за тоа, колку и да не/е оправдано.
Финансиски причини се во прашање или недоразбирање со родителите.Знам што е проблемот, но не е до толку за со денови да не може да пише или да се јави. Проблемот е што со друг се скара и после мрази се живо, а јас во тој случај не сум воопшто виновна.
Во тој случај нема што да ја мислиш туку директно со неа искрено разговарај. Десет години се дружите и можете да си кажете директ се лице во лице.
Јас имам слична другарка и ја имам сфатено дека е таква, дека може да ми откаже секој момент и не се лутам. Ја имам прифатено и кога ќе се договориме не се спремам дури таа не каже дека е спремна. Ни на крај памет не ми паѓа да прекинам другарство со неа ради шо ми откажува кафиња. Мене таа ми е прва вистинска блиска другарка, се дружиме од мали и не постои нешто поради што би престанале. Сеа зависи и тебе колку ти е дојдено до нејзе чим го ставаш во прашање другарството заради излегување.
Чудно е тоа со оглед на фактот што ти е најдобра другарка, нема потреба да го крие. И не е рано 4 месеци кога тие се најдобри другарки, јас со моите другарки прва прилика се запознававме со дечковците.
Јас ја разбирам, подобро да олади глава отколку да излезе таква надвор од колосек и да ви преседне излегувањето. Е сега што не ти пушта бар една порака не сум ок, толку три збора за да знаеш на што си тоа е лошо. Ако можеш да ја убедиш, да се договорите само да ти пише не сум ок и толку пред да исклучи мобилен. Објасни и многу ќе ти значи да знаеш на што си.
Во моја генерација имаше вака другарка на најдобрите другарки не им го покажуваше дечкото. Сите ја оговараа зад грб ете ја се плаши да не и го преземе некоја, буквално сеир и маваа, а она уста не затвараше за него и само на слика од мобилен им го покажуваше. Прв пат го запознаа кога ги викна на свадба, смешки живи
Пубертет? Сигурно имате околу 16 години. Јас бев како вашите другарки. Ако се изнервирам нешто гасам телефон и не можат да ме најдат три дена додека не ми помине. Ама со таква најдобра другарка, кога веќе тоа се случило еднаш, еве два пати нека е, зарем ќе се договориш и по трет пат да одите некаде? Со мојата се знаеше дека ако треба да излеземе во 20 часот на пример за сигурно ќе и кажам во 19, не сум можела унапред да планирам за сигурно. Сега на 25 години можам и еден месец унапред да испланирам. Детски слатки проблеми со таа што не го покажувала дечко и. Па како сакавте да ви го покаже? И на телефон е доволно. Ќе му мерите димензии во 3д или сакате енергијата да му ја осетите? Што има да ви го покажува ко демек саат купила па ќе ви го покаже. Да ви го покаже бе?
Како што кажав веќе 10години се дружиме, значи ако сакав да ставам крај на другарството одамна ќе го направев тоа. Не е работата што нема да излеземе туку што на некој начин прави будала од мене, а јас секој пат го премолчував тоа бидејќи ми е најдобра другарка и не сакам да ја изгубам. Излезени сме од пубертет и затоа и се нервирам поради некои такви постапки да изгледаме несозреани. Двете сме по 20години. А што да правам таа ме вика да одиме негде и јас прифаќам и често знае да го исклучи телефонот и да не дојде бидејќи се скарала дома.