1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми и совети во врска со пријателството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од poppie, 21 јануари 2010.

  1. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека ќе се смени таква ќе си остане , или ќе ја прифатиш таква или прекини пријателство. Нека не те спречува тоа што се дружите 10 години ,ти ме си должна никој да трпиш и толерираш .
     
    На Elf и Принцезичка1 им се допаѓа ова.
  2. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.432
    Допаѓања:
    4.624
    Сакам да слушнам мислење, а можеби и некој се има најдено во слична ситуација. Мој многу добар другар, да не речам како брат ми е, почна од ептен ретко и рекреативно пишење џоинт, да го прави тоа ептен често. Јас често му преговарам дека лицето му е сменето, очите позатворени, но никако не ме слуша.

    Како да му укажам дека не е добро? Страв ми е да не го навлече тоа на друго нешто да проба...
     
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.799
    Допаѓања:
    38.199
    Пол:
    Женски
    Во понеделник на другарка на дете беше прв роденден, славеше во ресторан само со фамилиите и така и ни кажа, дека ради вирус не кани многу народ само најблиските, што е и правилно, ама потоа дознав дека ја поканила и една од другарките која и е старосватица нејзина и со дечко и кој и е ептен нов и кој другарката(мајката го има видено само еднаш). Мене ми падна ептен криво ради тоа пошто сме другарки од деца, откако сум тука јас сум таа што и прави друштво за се и шетање и дружба кога и е преку она од се и едноставно сите овие месеци сме заедно и не можам да сфатам како можеше да го покани дечкото кој не го ни знае пред мене, јасно ми е дека нели демек другарка ми да не е сама, ама во вакви услови јас да сум попрво би ги поканила двете најдобри другарки без мажи и дечковци и ќе објаснам зошто(немало место наводно). Ај да речам ради ризик не поканила никој што не го гледа секој ден, не е така оти мене ме гледа преку еден ден, уште потрагично е што нареден ден славиле уште еднаш со сите први братучеди на нејзе и маж и со деца, преку 30 души, што значи воопшто не бил проблем вирусов. Никогаш не замерувам за вакви ствари ама стварно криво ми падна, сега после цела недела како не ми пиша ни на торта да одам дома барем(му купив поклон на детето) јас и пишав има ли торта за мене како на шала, ми врати нема, не остана ама дојди на кафе кога сакаш, мислам да не и пишев немаше ни да ме викне. Нејсе не знам како да постапам да одам и да прогледам низ прсти или да не одам па нека се чукне во глава зошто.
    Патем има и предходно вакви испади, не знам дали е намерно или едноставно не размислува како постапува ама стварно ми е безвеза.
    Исто беше и на свадбата кога маж ми не беше тука и не стави на маса со другарите на брат и сосем на другата страна од салата(мене и уште една другарка со дечкото), кога имаше доволно место да не стави пример со луѓе што се знаеме и живееме со нив, а нивните маси беа празни.
    Стварно не знам како да постапам.Што мислите?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    Сум се нашла во слични ситуации. Зависи колку ти вреди како другарка. Ако мислиш дека може ете не сфаќа што прави, тогаш отиди со поклонот и кажи и дека те повредила таа нејзина постапка, па види што ќе каже и како ќе реагира.

    Друга алтернатива ти е да се вложуваш колку што добиваш назад. Ако те гледа само како друштво за шетање кога и е досадно, тогаш и ти така ќе се однесуваш. Ќе ја викаш кога ти е досадно и нема да се замараш понатаму со неа.

    Највеќе боде очи тоа што не ти се јавила цела недела, а пред тоа сте излегувале да шетате секој втор ден. Дали само ти ако ја побараш разговарате? Или ти повеќе си се вложила во другарството од неа или таа почнала да те зема здраво за готово. Знае дека си секогаш тука за неа, па гледа да им угоди на сите други. Ти секако тука ќе бидеш, не мора да се грижи за тоа. Затоа треба да разговараш и да расчистиш на што си.
     
    На raww и 1209 им се допаѓа ова.
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.799
    Допаѓања:
    38.199
    Пол:
    Женски
    @Bezimenka90 па да обично јас ја барам, ама го препишувам на тоа дека има дете и е зафатена...може и не е така. Ние како што кажав сме другарки од деца, 4 другарки сме од кои две бевме/сме во странство и малку се оддалечивме со тек на време, а бевме неразделни, сма пак ќе кажам дека се оддалечивме ради нив, оти секогаш, ама секогаш беа со дечковците, јас и другата другарка што е у странство исто се дружевме без прекини, ама тие секогаш беа со дечковците, не не оддалечи далечината. Ама сега ете од април како сум тука пак ја осеќам блиска, оти стварно е како порано, мислам јас никогаш не ја ни осеќав отуѓена, може она има други чувства.
    Не мислам дека и да и кажам ќе разбере, да бидам искрена отсекогаш беше чудна, со некои испади и слично, не размислува( мајка и е со психоза и на моменти се понаша како неа, мислам дека има наследено некој ген) греота е да зборам вака ама со другарките одамна го приметивме тоа, па ете непромислено прави работи, ама пак не сум должна да и простувам за секој испад. Може ќе идам ќе однесам поклон на детето, оти веќе секако е купен и тоа не е криво и ќе се понашам ладнокрвни и веќе не ја барам јас. Имам и други две другарки кои се од друго друштво ама тие ми се најблиски па со нив ќе продолжам да се дружам, а и реално маж ми ми е доволен у најголем дел од времето, секако не се излегува.
    Фала сепак
     
    На mal.ecka и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  6. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Во ред е да отидам кај другарка на роденден која у претходни дешавки ми има јадено трици?
     
  7. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Ти има јадено трици ? Што треба да значи тоа поубаво изјасни се.
     
  8. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    52.563
    Пол:
    Женски
    Вака, имам една другарка од детството (не знам дали сѐ уште можам така да ја наречам) со која не сме комуницирале со месеци. Последно се дружевме лани околу мај-јуни. Навидум сѐ изгледаше океј, но не ќе да е така. Последно ко се дружевме зборуваше за нејзиниот роденден летото, но поради некоја причина не ме покани (а го славеше, имаше слики објавени од нејзини другарки). Потоа заминала Германија, па се вратила, ништо не ми кажа, а обично сѐ си кажувавме како другарки. Бидејќи дел од нејзиното семејство ни се комшии, ѝ кажувале на мајка ми па таа мене ми кажа и така дознав.

    Оттогаш еднаш случајно ми се јави и рече демек ќе ме барала (а тоа повеќе изгледаше колку да се најди во муабет) и еве оттогаш поминаа 4 месеци од неа ни трага ни глас. Мене незгодно ми е да ѝ пишувам и да ја распрашувам прва секогаш. Ја имам прашано еднаш да не има некаков проблем, негираше.

    Е сега, таа не живее овде туку во град што е многу блиску, ама дознав дека доаѓа редовно тука и не ме бара. И дечко ѝ е од овде. Не можам да сфатам зошто не ме бара веќе долго време и не комуницира. Јас сум човек што сака closure и што сака да искомуницира ако има некој проблем. Ова нејзиното буквално е ghosting.

    Бидејќи ми се наближува роденденот решив да почекам да видам дали ќе ми честита и ако ми честита да ја отворам темава. Ако не, да не се надевам повеќе на ништо.
    Чудно ми е, секогаш кога доаѓала тука ме барала, сега иако поредовно иди воопшто не ме бара.

    Дали вие би раскинале секаква врска со ваков пријател или би дале уште една шанса? Многу ми е незрело ова нејзино однесување бидејќи не знам на што сум. Разбирам и обврски и живот и проблеми и крајно да не сака да се дружиме, ама секогаш сум за искреност и комуникација наместо вака.
     
  9. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Баш незрело. Ништо, дистанцирај се и ти од неа и готово. Јас искрено не би се ни трудела да го подобрувам или спасувам "пријателствово" бидејќи веќе е исчезнато. :?:
    Неколку пати ми се има и мене случено ова, се разбира сум ја барала вината во мене долго време а всушност тие само биле неискрени. Глупост, ама од грешките се учи.
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    @Amellie13 читајќи ме потсети на Џим Кери во cable guy :)
    upload_2021-2-18_23-31-13.gif

    Шала на страна, да сум на твое место по она што го пиша не би се трудела воопшто. Вистински другар те кани на роденден, те бара па макар и само да те праша како си.
    Добра страна е што сами си ги бираме другарите
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    41.820
    Пол:
    Женски
    @Amellie13 лошо е кога човек е чувствителен и се приврзува, но за жал не секогаш е возвратено. Јас спаѓам во тие кои се приврзуваат, некогаш и на другар од градинка ќе се сетам и ми е криво шо барем едно здраво не велиме.
    Идејата со роденденот ти е добра, со тоа што јас не би пишувала одма на оваа тема. Ако честита јас би започнала општ муабет, а тек по некој ден би и' пишала пак и тогаш би ја прашала.

    Со многу добра другарка од клас вака се разделивме, луѓето ќе ме прашаа зошто и не знаев да кажам. Кога бев до степен да ми е многу жал за таквата разделба ја седнав и најотворено ја прашав (знам дека си посрамежлива, и јас сум ама еднаш мора да се собери храбрсот). На крај испадна таа мислела дека јас не сакам да се дружам, јас обратно, едноставно недоразбирање.
    Јас би била толку директна што би прашала дали причината е тоа дека можеби и' сум досадна, можеби не гледа ништо заедничко, се' ќе си прашам без страв од одговорот. Подобро да ја знам вистината отколку да си се прашувам дали и каде згрешив.

    Мразам кога на луѓето им е страв да се соочат или не им е важно, па ајде ќе се криеме. Не мора да ме сака, не мора да се дружиме ама кажи. Или ако си има личен проблем (кој не мора да го соопшти) нека кажи дека и' треба малку простор.

    Само директни прашања, без напаѓање нормално.
     
    На cresa-jagoda, Amellie13 и edna_malecka им се допаѓа ова.
  12. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    52.563
    Пол:
    Женски
    Морам да признаам дека често ми е страв да одам директно, ама ќе мора изгледа, ако сакам ситуацијата да се реши. Ми изгледа како јас само да се трудам секогаш, а таа чека на мене. Ова со идењево тука и со тоа што не ме бара не можам да сфатам, ама тоа е, не секој се замара да искомуницира. Можеби дека јас ова не би му го направила на друг ми е чудно.

    Како и да е ќе пробам да отворам тема (ако воопшто честита роденден), па што сака нека е, нека се лути.
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BrokenWings16

    BrokenWings16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Бевме најблиски....И овој период околу 3-4 месеци..Се повеќе се дружи со една друга другарка, мене ме избегава...Кога и да ја викнам да испаѓаме, се зафатена е не може..и секогаш кога испаѓа со онаа другата, ми праќаат нон стоп слики..Не ми е проблем тоа нека се дружи со кој сака...Ама бевме најблиски...Тотално ништо не и згрешив...Али ии секогаш сака со машки да испаѓаме...А сами ние нее...И сега таа што се дружи повеќе секоја вечер со машки испаѓаат и затоа.. Можеби подобро што не се дружиме...Не сум на нивен ниво да ги менувам бар секоја вечер :) Али помалку ми е тешко без другарки...Немам ск кој да испаднам...
     
  14. BrokenWings16

    BrokenWings16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    И поранешни другарки сум ги откачуела пошто немале време за мене, и не ме ценат и биле од корист..И на крај мене пак не ме бараат а заедно и јадевме и сее делевме како сестри...Веќе сум полнолетна ии многу осамена..Времето ми е за испаѓање, а не меѓу 4 зида мн ми беше тешко..Па морав да споделаам...Може би се од инат ми прават и ич не ме сакаат :(
     
    На Limpan му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Како се справувате со луѓе кои сакаат само да се жалат и да бидат жртви?

    Имам една ваква другарка и не знам што да правам со неа. На почеток беше супер забавна особа, се жалеше и тогаш ама јас само мислев дека има блага депресија и гледав дека си умислува работи од досада и седење дома.
    И средив да се вработи кај мене во фирма, ја запознав со луѓе, секој ден ми висеше на гости, нонстоп ме бараше за искачање и се лутеше ако ја откачам за некој друг итн. Јас само мислев дека е изгубено девојче со некои проблеми кои ги решила на погрешен начин и правев се за да и помогнам. Но, како поминува времето почна многу да ме гуши, до толку да не сакам да ја видам. Зборев еднаш со неа за ова, ме олабави малку ама сега пак нонстоп ми пишува, ме прашува нешто, да шетаме, да пиеме кафе, да идеме на ручек. Јас сум со бебе и немам толку време. А кога ја викам кај мене седи по цел ден, абер нема за идење. Муабетите се само жалење, само негатива, мене ме прашува само за неубави работи, ми ја црпи цела енергија и депре сум кога се гледам со неа.
    Знам дека советот би бил да откачам токсичен човек ама некако жал ми е, не можам да бидам толку сурова, а од друга страна нејзе и се наредија коцките ептен и таа пак само лошото го гледа во тоа. Веќе немам ни што совети да и давам, се и кажано и таа упорно на секое гледање ги повторува проблемите што некогаш ги имала. Ништо позитивно нема во девојката последните две години.
     
  16. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Секој од нас за миг у животот поминал низ некоја ваква ситуација/фаза.
    Некогаш ги надраснуваме луѓето со кои сме се дружеле од рана возраст, не разделуваат различните интереси, желби и општо, животни патишта.

    Оваа биди сигурна дека не ти е другарка,
    вистинските другарки не те оставаат туку така. И води се по ова, секој пат кога ќе ти прифали нејзиното друштво. Таа изгубила другарка, ти си изгубила некој кој само фигурирал у твојот живот.

    Немаш ли братучедки некои приближно на твоја возраст со кои би можела да излегуваш понекогаш?
    Другарки од средно, факс, работа можеби?

    Имав слична ситуација на твојата, различни причини поради кои шо го прекинав другарството, на почетокот ми беше жал али сеа викам фала Господе шо се исчисти ѓубрето само од мојот живот.

    Све се средува, коцките се редат, гледај да не се бедираш зошо тек така нема да привлечеш други, нови луѓе :)
     
    На Limpan и BrokenWings16 им се допаѓа ова.
  17. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Иам ваков примерок у блиска околина.
    Многу ја сакам, долго време се знаеме и дружиме, али последниве година дена,
    дружењето со неа, ме истоштува у најмала рака. Се нервирам, издишувам воздух и скоро на секоја нејзина реченица враќам со иронија.
    Од страна знам да и го шлапнам, као се шалам демек, ама ја потсеќам каква беше порано, и кажувам дека е сменета и барам почесто да и ги видам забите (глупа фора за да се насмее).

    Искрено, приметувам дека сум оладена, на пример и да го имам целото слободно време на светов кога ќе се вратам дома у Ск, одбирам да преседам сама место да ја викнам неа на пијачка. Избегавам да седиме сами, зашо тачно знам на шо ќе се сведе муабетот. Нејзиниот ‘тежок’ живот, траумите од порано, лошите одлуки и раскинувањето преку кое не може веќе четврта година по ред да премине. Као мене да ми е све мазно и наредено.. i wish it was.

    Не прекинувај да се дружиш али пробај шлапнувај и шо мислиш, може ќе и го размрдаш малце мозокот за да сфати шо несвесно ти праи.
    Е ако и тогаш си продужи со црниот облак над тебе, најдобронамерно те советувам да почнеш да лупаш игнор. Едноставно не вреди. Имаш бебе, сопруг, еден тон обврски и чувај си ја енергијата за ствари шо на крај ќе ти донесат лично тебе сатисфакција.

    Друг спас од овој најлош вид на цицачи, не постои, нажалост.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.411
    Пол:
    Женски
    Vakvi lugje shto se pravat zhrtvi ne mozham da podnesam! I negativni, cela energija ti ja trpi so eden zbor toksichni!
    Vo red e da ima depresiven period i da se pozhali na drugarkite, ama celo vreme samo negativa ne mozham da podnesam. Aleegichna sum na lugje koi glumat zhrtvi!
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    @Izaabella @Lady D ❤️ Фала ви што одвоивте време. Конкретно изворот на нејзината депресија и проблемот на којшто се навраќа на секое гледање е абортус кој и се случил пред 9 години, во средношколските денови. Ниту била посакувана бременост, ниту со дечко и сакале да се земат, едноставно се случило и одлучиле дека треба да абортира. Значи ја разбирам, може траума и останало ама 9 години? Па жени имаат спонтани абортуси, да не зборам за најстрашното итн. Get over it. И беше страв да оди на гинеколог од тогаш, месеци и месеци работевме на случајот step by step да се спрема психички, ја држев за рака додека ја гледаа на ехо. За на крај кога соопштив дека сум бремена пак да плаче за нејзиниот абортус |( Си има време и место за се.
    Крај краева, сто пати и реков да си оди на психолог. Не можам, мака ми е да го слушам истото и истото да се вергла нонстоп. Веќе не ми е ни жал, напорно ми е, досадно ми е. Детето не ми го ни погледнува, му нема пружено рака да го допре, да го земе. Имам чувство дека се гледа со мене да си ја истресе нервозата, да си се изназбори, кафенце, ручек и ај дома кога дечко и ќе се врати од работа. Си пополнува време.
     
    На Miss666 и Izaabella им се допаѓа ова.
  20. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.843
    Пол:
    Женски
    Па ете ја имам една таква, што ја замарам секој ден со мои тешки проблеми, али ме трпи, и ми помага.. да излезам од оваа тешка ситуација. Чак не би ми сметало да ми пишува цел месец околу негативни работи, и околу проблеми, драго ке ми биде ако можам да ја извадам од тој пеколен и хаосен живот. Би дала све од себе да успеам во тоа, затоа сме другарки нели да си помагаме во све, и во добро и лошо да бидеме тука една за друга.