Доколку сметаш дека тоа се одразува на вашето пријателство (верувам дека да) треба да разговараш со неа . Но доколку за неа е тоа прифатливо и во ред мислам дека не е океј да и зборуваш против родителите , ти како другарка можеш да и дадеш поддршка или совет но не треба да се мешаш во нивните семејни односи.
Имам другарка што туку почнавме само да се дружиме, 3 месеци и за тоа време, еднаш и го дадов телефонот, после гледам, сите машки што пишуев она ги фоловнуе после ми кажуваат, едно друго..Или пак ке кажам некој шо ми се свиѓал, или ми е свиѓа после ми кажуе како го сретнала, им се пушта едно друго..И сите ја озборуваат дека е К***а... Сакам некако да се одалечам од неа, стварно не ми се допаѓа тоа што го прави..Утре и дечко да имам она ќе му се пушта, ептен е отидена некако, уште на 14 ггод односи имала, едно друго мн е распуштена, ја ценев многу ама после тоа тешко, сега сакам да се спасам од неа
Секој што би и го кажала, дека го свиѓам и слично она му пишуее, го адднуе на снап, не знам со кој мозок само...И секој ден трча по коли, по мотори само тоа и е у глава..
Вервам дека сте помали па ќе кажам следново: Не биди како тие сите озборувачи и никогаш за девојка/жена не употребувај курва во речникот. Истото важи и за распуштена, отидена. Секс на 14 е нејзин избор се надевам, за мене и за тебе можеби е рано, за неа не било и тоа е тоа. Викаш сте другарки, би и' ги кажала овие зборови во лице? Не. Знаеш дека вреѓаат. Затоа немој ни тука ни било каде. Бидејќи ти пречи нејзиното однесување или кажи и' што ти пречи (да се разберите со убаво без вреѓање и карање) или само оддалечи се.
Ии кажав не разбира се смеее, само и после пак ми кажува истото..Ги викала дома да одат еден мој бивш ии претходно што свиѓав и и кажав и сега пак дозна нешто..Некна у град беше со мене и од кога го виде тој сега што го свиѓам викаше да сме оделе кај него да се позз не знам што аххаха бог да чува.. Иначе нема врска дали сум девојче па да не кажуваме, кога е тоа вистинатаа и плус не ја ни сакам за другарка чим е таква ке си најдам нова и тоа е тоа ..Фалаа сепак
Не е фер да се оддалечиш од нејзе без никаква причина. Ништо лошо не си видела од девојчето. Тоа што има строги родители не е причина, туку баш напротив треба да се дружиш со нејзе колку што може повеќе, за да не остане без друштво без нејзина вина. Треба да си и поддршка, не дозволувај да се почувствува отфрлено.
Здраво, сакам да ве прашам за мислење во врска со другарка. Се дружиме сигурно некои 7-8 години активно. Секоја недела барем по еднаш излегувавме да се видиме, а бевме и во скоро секојдневна комуникација. Стварно си се разбиравме и сложувавме. Е сега пред пола година таа си фати дечко (претходно немаше ништо сериозно освен некое мување или one night stand) и буквално исчезна. На пораки ми враќа по два дена и безброј пати не ми ни има вратено. Претходно говорни пораки си праќавме на месенџер, но бидејќи се ми ги оставаше на seen веќе не и ни праќам. Ќе види дека има пораки од мене и само ќе ми рече еј после ќе ги слушнам, ќе си раскаже нешто што сака да се пофали, ќе ги изигнорира моите и ќе исчезне неколку дена од месенџер. Многу ме повредува тоа однесување и ми предизвикува лутина. Исто така откако е со дечко и кога и да сме биле излезени 90% од патите он ќе и се јави и она ќе го викне, некогаш и без да ме извести, оп тој се појавил. Детето е фино, не ми пречи во никој случај ама како сијамски близнаци се. А имам и јас дечко, ама не се однесувам како да не можам да дишам без него. Сега и јас малку се дистанцирав и поладна сум па ме интересира ваше мислење дали правилно постапувам или грешам. Инаку единствена другарка ми е
Правилно постапуваш. Ако сакаш разговарај зошто се сменила со тебе прашај ја да не си ја повредила некако, ама и немораш.
Абе гони ја шо се замараш. Кулирај едно време сама па ќе најдеш нови со тек на време. Она ти направила услуга шо се тргнала, не ти требаат такви.
Јас мислам дека сега уште и е интересно во оваа прва посериозна врска и светот и се врти околу неа. Имам куп вакви примери заради дечкото трпи пријателството. Лошото доаѓа после кога ќе се скараат и таа ќе бара утеха во тебе, а дали ќе најде тоа од тебе зависи. Тогаш ќе си ја сфати грешката, само да не и биди касно
Незрела другарка имаш.Продолжи си со живот ти,со дечко ти посетувај настани.Дружи се со нови друштва.Можеш и сама,не само со дечко ти.Обнови некои стари контакти,од основно,средно,од маало деца. Ова ти е еден вид лекција,да знаеш какви другарки/и има.Ништо страшно.Не треба на себе да си ја вртиш грршката.Не си ти крива воопшто.Мене како машко ми се има слично случено,но и полошо.Вие женските бар позрели сте и побрзо созревате од нас,машките.
Изгледа како од корист дека била со тебе и кога си фатила дечко, не те познава. Знам еден куп такви случаеви, а го имам осетено и на своја кожа. Јас од таквите се дистанцирав и веќе немам контакт со нив.
Фала ви на сите за советите Она е дефинитивно свесна дека запоставува се живо и диво, ми има и сама кажано знам дека скроз сите другарки ги запоставив ама па убаво ми е со него. И мило ми е што и е убаво ама ќе си ги изгуби сите други. Јас дефинитивно ќе си се повлечам и ќе си бркам работа, си имам факултет, дечко, семејство па верувам ќе си дојдат многу нови вистински пријателства.
Нејзина одговорност е тоа што ќе ги изгуби другарките и контактите.Сепак сме луѓе и знаеме да грешиме.Можеби нешто и се случило(немил настан,или друга причина) и можно е пак да те побара,а можеби и не.Но,ти сама треба да си одлучиш што ти е приоритет.Така да,сега стави ја на пауза,не ја контактирај,ако пише,одлучи си дали ти е приоритет нејзино дружење.
Мислам дека вреди да се обидеш затоа што ти се братучеди, фамилија. Да беа пријатели мање више, се менуваат низ животот ама фамилијата останува. Сега нормално не по секоја цена, ама дај уште една шанса, барем да знаеш дека ти имаш направено се што е до тебе. Зошто пријателите во секој момент може да си отидат ама фамилијата останува.